Дали користите колор шампон и што мислите дали ја оштетува косата ? Јас ја имам правено косата црвена неколку пати и понекогаш кога ми е во репче сеуште има по некој прамен со црвена нијанса. Барав ваква тема, но не можев да најдам. Доколку е дупла - закатанчете ја.
Имам користено повеќе пати, црвена, розева, сина, виолетова боја. Сега падната ми е бојата, но набрзо пак ќе направам некакви прамени. Колор шампонот го користам затоа што не сакам да си ја горам косата со фарби, и така ми е оштетена од пеглање, лакови и слично. За оштетување, може и ја оштетува косата, но за разлика од фарбите, мислам дека сепак е подобро и помалку ја оштетува и гори косата. Еднаш дури и вратот си го обоив со колор шампон.
Јас сакам да пробам со колор шампон , бидејќи не сакам да ја оштетувам косата со фарба.Имам светла боја на коса , ептен свелто смеѓа накај плава ...ама сакам уште малку да ја осветлам .Дали некој има користено плав колор шампон ? Една другарка ми кажа дека не фаќала бојата со плавиот , и дека немало промени кај неа во бојата пред и по нанесувањето Паа сеа незнам дали да пробам , сакав со кна таа е убава за косата , ама нема плава кна ...
Има плав колор шампон, а тоа колку ќе ти фати зависи од бојата на косата. Јас ставав еднаш, но јас имам кафеава коса и не фати. Бидејќи викаш дека ти е посветла пробај има шанси да излезе.
Неа може не и била толку светла косата, па не и фатило или била истата нијанса. А ако сакаш да ја осветлиш, можеш и со преливи да го направиш тоа.
Јас имам плава коса. Пред неколку години прво ставив плав колор шампон и посветла ми беше . Ставив за кафеава коса по некое време и малку потемна ми беше . Ама ич не сакам и не пробувам веќе , едвај ја чешлав косата ..Инаку некој ако има кафеава коса , ако стави плава , нема да и биде ко на сликичката .. него некоја мала нијанса посветла .
Па да и на другарка ми и е кафена , а мојата е доста посветла од нејзината скоро плава ...Па ќе пробам да видам што ќе излезе фАла ...а шо марка колор шампон користите ? нез кои се најубави
Имав користено од Палете црвена боја и зошто имам темна коса првиот пат не ми фати добро но потао наредно боења беа успешни..Но бојата на косата ми се смена,не е како што викаат дека шампонот паѓа целсно и си се враќа природната боја на коса..Сега преминав на фарба и не користам повеќе..
И јас исто имам користено од палете црвена боја и многу бев задоволна, и дава убава боја и прекрасен сјај на косата а тоа дека сопствената боја ти се менува од шампонот не се согласувам. Хмм.... Како може од шампон да ти се смени бојата. Иначе мене целосно ми пагаше некаде после 4-5то миење
Јас сакам да пробам да ставам некои праменчиња ама уште неможам да се одлучам .. а имам нешто како светло костенлива боја *како мало имав плава баш плава (жолта) и ми потемна и сега не е многу темна но не е и светла средна и има некој користено колор шампон ама да има ко мојаава коса
Еј а да ве прашам, од каде го купувате тој од Палете и колку пари е ? Јас купувам од една парфимерија во ГТЦ, но не е од Палете.
Па јас во Веро го купував.Али го има и во некои парфимерии.Али тоа во Бт,за Ск незнам..Ако видам каде ќе пишам
Вајлд, овој новиов од Гарние, Color and Shine е всушност колор шампон, не е фарба, бидејќи не содржи амонијак. Се нанесува исто како фарба, а на косата и дава многу убав сјај, мекост и мирис. Содржи арган масло, и брусница мислам, и не мириса како класичните фарби. А мислам дека и Палет имаат нешто слично, само не сум сигурна. А оние Палет во ќесички се фактички само преливи и служат чисто за прекривање на израсток и давање сјај. Можеш да пробаш и со нив, ама повеќе ќесички ќе ти требаат. И потешко е да се најдат одредени нијанси. А вака со Гарние имаш поголем избор. Имаше додуша порано многу убави колор шампони на Wella, како пена беа, така и се ставаа на косата, како пена, исто како да ставаш шампон, само на сува коса. Паметам имаше една многу убава нијанса, Indian Summer се викаше, многу убава црвеникава боја беше - а за сјајот, да не правам муабет. Не знам зошто ги нема, не ги прават повеќе?!
Досега не сум ставала на мене колор шампон,ама мислам дека е многу подобро така на пример ако сака некоја црна коса прво да види како ќе и стои со колор шампон,бидејќи директно со фарба е лошо во случај да не и стои,затоа што црната мнооогу тешко се покрива со други фарби
Ана поубаво нешто не сум видела од Колор енд шајн. Косата ми ја направи мека, со сјај и мириса преубаво, а трае дури до 28 миења. Фала многу уште еднаш што ми кажа.
^^Баш ми е драго што си задоволна. Јас бев презадоволна. Ама не очекувај дека летово ќе ти трае бојата до 28 миења, од сонцето побрзо избледува, без разлика што користиш. Како и да е, сјајот и мекоста се задржуваат во секој случај подолго време. И јас се мислам пак да си ставам