Се продаваат ли вакви креди вo Македонија или ги има само онлајн ? Колку што знам се нанесуваат лесно и бојата паѓа кога ке ја измиеш косата .... Спојлер Ако има ваква тема или слична на неа бришете ја
Креди за коса ?! .. Прв пат слушам за вакво нешто бе, али незнам може ги има.. ... А дали не се навистина штетни..и тоа е прашање..
не знам каде можат да се најдат но сигурно ги има во македонија, еднаш мајка ми кога беше на фризер, фризерката и ги избоела белите влакна супер беше ништо не се познаваше, така да најдобро вие што сакате прашајте си ја фризерката од каде можат да се набават.
Прв пат слушам за вакво нешто, а делува интересно, ја црташ косата со креда и оп друга боја, само не знам колку се корисни за влакното. Кај нас не сум сретнала дека не сум се заинтересирала, можда има некаде.
Chalk бојадисување на коса Има ли во мк вакво Chalk бојадисување на коса не ја гори косата (барем јас така мислма ) А што мислете за тоа ? http://www.youtube.com/watch?v=QhRK9F_I2wg pozz
Chalk бојадисување на коса Ама е јако воа, само шо треба цело време да го правиш оти паѓа со вода. Иначе кај нас немам видено вакво ама кај и да е ке донесат
Chalk бојадисување на коса Може не ја гори,ама ја суши,што ти доаѓа исто. Кредата ја влече влагата од кожата и косата. Ова дури и е полошо од бојадисување со колор шампон.
Chalk бојадисување на коса Не ја гори корестеше една другарка од Шведска,а колор шампонот е супер,мене не ми ја суши косата,туку напротив и дава сјај,волумен
Chalk бојадисување на коса Се извинувам за оф топик, но да си прашам јас... Слушнав дека можело и со обични боици. Ги топиш во вода и малку на косата ги стискаш.. Мислите дека би можело да има ефект?
Chalk бојадисување на коса Па не знам другарка ти што правела или та во Шведска,па не си ја видела. Ама кредата ти е чист вар, во случајов обоен,а варот гори,па сега ти види,да не ти гуглам сега. На крајот ваши коси,правете што сакате,ама немојте да мислите дека не гори или не оштетува. Впрочем пробајте,па ќе видите. Може од еднаш нема да направи разлика,ама неколку пати толку е.
Chalk бојадисување на коса Јас имам 2-3 пати бојадисано неколку прамени. Еднаш со обични креди, а вториот пат со пастелни, ги зедов од Грција.
Сум слушнала за кредиве ама незнам дали би ставала на коса. Во ред е тоа што после паѓа бојата ама не знам дали косата се оштетуа?
Јас прв пат слушам за вакви креди. Мислам дека би биле добри за генерална проба пред вистинско фарбање во нова боја за да се види како ќе стои, во случај да доловуваат убави бои или за краткотрајно менување на имиџ бидејќи одма може да се измијат.
На You Tube видов дека косатам може да се шатира и со креди, за оние кои сакаат само за 1-2 дена. Еве и турторијал: http://www.youtube.com/watch?v=cYjdjLCC ... re=related Па ако сте пробале пишете дали сте задоволни или не. Инаку јас планирам да пробам денеска.
Не мора да биде баш со креди за кса. Јас пред малку си ја набоив со исушени темперни боици. Ги има се купуваат и многу се ефтини (за темперните бојци зборувам). Сега си ја исчешлав косата и имам прекрасна зелена боја. Пробајте. Се што треба да направите е да ја наводените малку бојата и пременот и потоа да триете со бојата.