Имам долга коса и понекогаш сакам да си направам некоја интересна фризура. еден од моите трикови всушност тоа сите го знаат наместо фигаро може косата да се навитка на крпчиња....... кажате ни некој ваш трик..... ако не е тајна.
Како ја виткате со крпчиња, јас ја виткам со преса и маме и е... лом ја напраив...тоа ненормално ја гори косата
^ со обични плетенки некако ко sвоно ми станува косата по облик, дали дека ја скратив сега пократка ми е..ама со внатрешни плетенки се добиваат прекрасни локни, мераци!
Ќе си ја извиткаш со фигаро тоа е еден трик Ќе ја свиткаш косата навнатре и долу ќе ја зацврстиш со патенти Ќе ја носиш во пунџа
Обожавам таква коса. Најчесто тоа го правам откако ке ја измијам косата и преспивам со плетенките. Следниот ден имам прекрасна накршена коса. Мојата е долга и сакам да ја виткам и да биде по слободна и дива. Надополнувам со тоа што правам една внатрешна плетенка како Лорен Конрад и изгледа ептен убаво !
јас откако ќе ја измијам ја врзувам косата во пунџа и ја оставам така подолго време некогаш и преспивам и потоа е целата накршена
Јас ја виткам косата во повеќе мали вакви плетенчиња http://www.youtube.com/watch?v=tV8-1-ggLf8 и преспивам со нив, или евентуално ако немам прилика да преспијам, ја мокрам со малку водичка, ја плетам и ја оставам така неколку саати. По расплетувањето на плетенкиве ефектот е wow - се добиваат прекрасни кадрици, џоа со фигаро правени, ама без оштетувања и тормозења на косата.
Хммм .. јас сум пробала со крпчиња или евентуално со парчиња од весник или сл. - многу убаво ми испаѓа косата, виткана ммм.. тој трик за виткана коса го правам кога не ми се иде негде на фризер или пак немам време. иначе ми стои подолго време. имам и други трикови, али сега баш и не ми текнуваат.
Додека косата е врзана ноќе..се оштетува освен што се накршува..затоа јас не го практикувам тоа,а со крпчиња е многу лесно да се извитка и не се оштетува косата.
јас ја виткам со фолија.. на малку влажна коса земам еден прамен го извиткувам со фолија ... откако ќе ја направам истата постапла на целата коса ја сушам косата 5-10 мин со фен и потоа ја оставам да одстои уште 10-20 мин (зависи колку време имам) и ја одвиткувам прекрасни локни излегуваат
O My God !Не требеше типов да и ја растурат доолку ..изгледат како трофазна да ја имат акнато..многу е разбушаена ептен Да не бидам офф со крпчиња имам пробано и имам испаднато како офца и појке со нив никогаш..