Една од најдобрите маски кои сум ги користела се овие на Фруктис од Гарние, Instant melting, за фарбана коса и за русокоси. Одлични се. Маската на Орзене исто не е лоша Сакам да ги пробам на Лореал и на Глис маските. Секако, откако ќе ја дотрошам оваа од пола кило дома.
Јас коа зиам маска, зиам комплет со шампонот и регенераторот. Ама некако ми е досадно така па се мислам да мешам малку....како правите вие? се ви е од истата марка и линија или? користам шампон и регенератор дав, ама барем маската да ја сменам...
ако си задоволна од маската немаш потреба да ја смениш иначе многу ретко користам иста линија на производи...
маските на лореал се добри, сум ја користела жолтата, против кршливост на косата, а многу ми ја фалат и новата маска од лореал, тотал репаир 5. генера не ми се допаѓаат бидејќи премногу ми ја мрсат косата, овие од авон не сум ги пробала, гарниер се добри но и тие ја мрсат косата, глис исто така. Сепак зависи од косата, кај секој е индивидуално, јас лично сум најзадоволна од лореал и, секако, кене маските за коса, како и сите останати нивни производи http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... x=47&ty=56
само од глис маските ги имам испробано, супер маска, ја омекнува и освежува косата, а не се мрси толку бргу и не ја отежнува косата, а на потемната коса и ја обновува бојата. и овие едноминутните, од истите кај нас има поголеми пакувањеа и сите се покажале добри.
И јас ги имам користено овие на Генера,моментално ја имам зелената ама нешто мирисот не ми се допаѓа Не ми мирисат баш убаво па се мислам да ги сменам!
Па да ти кажам искрено и мене не ми мирисаат којзнае како убаво ама добри ми се за косата,порано имав голем проблем со разлетување,а од маскиве дефинитивно го решив тој проблем,затоа ги фалам
a moze li nekoj da mi kaze za kakva kosa koja e? zs neli ima razlicni boi.... a, i da ne znae nekoj kolku cinat? pozz i fala vi odnapred
Јас веќе со години ги користам маските на генера и супер ми се 500 мл, а чинат околу 120 денари. Моментално ја имам црвената,таа е за фарбана коса(иако мојата не е) ама супер ми е...ги имам користено сите бои и немам жалби.
Мене ми треба една добра маска за мојава изгорена плава коса. Сеа генера користам ама сакам некоја што ќе ми ја праи косата поспласната, а не разлетана Ме мами маскава на Гарниер, која цена е?Гледав денес во продавница имаше слична ваква само не во туба туку во шише се отвара нагоре 147ден.
Ја користам на генера и презадоволна сум. Ја користам веќе 4 години ефтина е, а и 500 ми. Имам долга права коса до половината никако неможам да ја расчешлам без маска, генера ме спаси
И јас ги користам истите маски за коса, само имам едно прашање, колку често си ставаш маска и дали ти се мрси косата од неа за пократко време???
Јас ставам на секое миење и како што напоменав имам долга коса до половината и маска ставам само на врвовите ако не ставам маска неможам да ја расчешлам. Ја мијам косата двапати неделно понекогаш и трипати и така да не ми се мрси од маската
најдобра маска за коса а сум ги користела сите и фруктис нивеа буквално сите сто мозе да ги видите во маркетите најдобра е орнезе за сува и остетена коса знаци оценка од 1 до 10 давам 20ка ихихиххи
Ке ве замолам за малку помош? Се офарбав лани пред нова година една до две нијанси посветла од мојата природна боја. Не ми беше по кејф фарбањето, го направив тоа само затоа што чув дека ако се офарба косата тоа поттикнува растење на нови влакна. Бидејки имам ретка коса, решив да го пробам тоа и ја офарбав. Од тогаш веке една година не сум се исфарбала. Проблемот е што таму каде што ми е офарбана, тоа се околу 10-12 сантиметри, косата е сува кршлива и личи на сено. А на коренот е сосема нормална Не се расчешлува и целата е како наелектризирана, не сака да се спои на пример во прамен... Знам дека единствен спас е шишање но 12 сантиметри се многу за да се шишам наеднаш па затоа се шишам малку по малку секој месец. Дали има некоја маска со која косата ке се расчешлува и ке биде мазна а не ваква како сено. буквално ваква ми е чаре?