На глис сите се прекрасни, косата е многу мека и прекрасно мириса. Последно на Орзен користев и тие се добри
Речиси година дена не сум ја сменила. Инаку ме интересира маска за коса со ленено семе. Конкретно слушнав дека на Hair Care маската била одлична. Ако сте користеле, виделе или слушнале, ве молам за соопштение.
Ливинг, и јас и фрлив мерак сега. Добра ли е? И каде можам да ја најдам? Ако не ја земам оваа, тогаш или ке земам од лореал, ептен гледам ги испофаливте само незнам која има total repair, damage care, re-nutrition, nutri-gloss... кои се проверено добри? илииии keune маска
Јас ја користам total repair и задоволна сум. А оваа keune цена? И дали е убава,ако ја користел некој нека не информира.
А зошто јас постојано мислам дека маска за коса и регенератор е исто? Вака во нанесување, во густина, па и во резултат ми е некако исто.. мазна, лесно расчешлива коса..
Би требало да има некаква разлика Не верувам дека и двете се исто,само не знам шо е разликата Баш ме заинтересира сега,доколку знае некој слободно нека кажи Ефект јас повеке гледам од маската , а регенераторот ми ја мрси косата. Иначе во контекс на темата,ја купив зелена маска од Генера,ама паковката е цела зелена не како таа на сликите бела со зелено капаче,така да не знам дали има исто дејство со неа... Мене ми ја прави косата поубава и за тие пари вреди и тоа како...Полесно се чешла,ја исправува,потоа долго време косата мириса ,и дава сјај,ја прави мека,не ја мрси и сл....Значи мене ми е супер маската,и за цената е премија...Јас ја зедов 120 ден(500мл)
Можда малку каснам,но да си го искажам моето воодушевување кон маскава. Мојата не е оваа рипеир за сува коса,туку Curl Lock за виткана.Порано имав преубави локни,но за жал јас глупавата цело време ја пеглав и тие со време ми се изгубија,немаа облик Со маскава локните ми се препородија,почнаа пак да се формираат. 10/10. Туку,јас имам нормална накај масна ама тоа на коренот,од пола па до врвовите ми е сува,многу сува. Па,имам потреба да ставам уште една маска,освен оваа за виткана. До сега имав Фруктис онаа цела златна што е за многу сува коса,уште имам ама малку ми остана па мислам да ја сменам. Се мислам меѓу или Која да ја изберам,искуства ?
Конкретно за оваа ќе ти одговорам многу другарки ми ја препорачаа заедно со истиот ваков балзам дека била одлична па ќе ја пробам деновиве и ќе пишам
оваа би ти ја препорачала ја користев и мн ми се свиѓаше како ми ја прави косата нежна мека, пак ќе треба да си ја купам
Мене сега за сега најмногу ми се допадна маската од Гарниер онаа златната што е за сува и оштетена коса.. Некако косата не ми е толку разлетана како што ми беше порано
Elseve maskata za suva i ostetena kosa definitivno! kosata e mazna meka i preuavo mirisa.Pred ovaa ja koristev Dove ama so Elseve nemoze da se sporedi http://farm4.static.flickr.com/3327/334 ... 7e90e3.jpg
Ги користам маските на Генера веќе подолг период и навистина сум задоволна. Ми ги смируваат немирните влакна и косата е мека и лесно се чешла.
Ја купив оваа маска за проба и засега добро се покажува. Мириса убаво, а косата потоа лесно се расчешлува, мека е, сјајна. Косата ми се засити од претходната маска која ја користев 6 месеци наназад, па без спреј како Глис или Шаума не се расчешлуваше, без разлика што сум ставила од маската. Со оваа немам таков проблем. Плус, како за Пантен цената е многу пристапна, 170 ден. Од другиве страв да те фати, почнувајќи од Дав, Глис, Елсев на Лореал, нема ништо под 250 ден. за едно мало кутивче од 200 мл. Епа не оди побогу.
Косава ми е сува како никогаш до сега дај кажете некоја маска за екстремно сува коса да сте ја пробале и да има ефект
Има некаква маска за коса која ги дооформува кадриците, или слабо ? Маска, шампон, колекција, било што - ќе ми биде од корист, само да помага при оформувањето на локните, да ја спастрам некако мојата тазе брановидна коса (во лето секогаш ми е таласеста). Очајно сакам локни.