ТЕМА: Мрсна коса

Мислење 09 Ное 2010, 15:30

ANELIJA напиша:Дали некој го има користено Лореал шампонот белиот што е.....не знам дали е до мојата коса ама многу бргу ми се масни за 1 ден. Денска ја мијам до утре вечер мас. Ако има некој нека пиШе како му делувал на него позззззззз

Јас го користев и истото го имам приметено како тебе....Косата стварно ја прави убава ама многу брзо ми се мрсеше од него, сабајле ја измијам и до вечер ми е мрсна. :geek: Ми кажаа за еден шампон многу убав бил на база на пиво..само не знам како се викаше. Знае некој?
Аватар на корисникот
nice.girl9090

Сино цветче
 
41151
Мислења: 237
Зачленет: 21 Јун 2010, 20:18

Мислење 09 Ное 2010, 15:35

Шампонот се вика Орзене тој на база на пиво,јас го користев тој за мрсна коса,ама ништо не ми помогна,дури побрзо од вообичаено ми се мрсеше.
Аватар на корисникот
jarec6

Зелено цветче
 
697425
Мислења: 785
Зачленет: 11 Јун 2010, 19:59
Слика

Слика

Мислење 09 Ное 2010, 15:51

на сите што имаат мрсна коса им препорачувам да не користат никакви хемиски шампони,креми итн итн..Да си направат маски на природна база.еве неколку :

Маска од банана. Истолчете една банана, додадете едно јајце, 3 супени лажици мед, 3 супени лажици млеко и 5 супени лажици маслиново масло. Внимавајте смесата убаво да се соедини и нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 10 до 15 минути и измијте ја со лесен шампон.

Маска од јогурт. Со миксер, изматете една белка од јајце. Во текот на матењето додајте 6 лажици јогурт. Смесата нанесете ја од коренот до врвовите. Убаво масирајте и оставете да дејствува 30-ина минути. Измијте ја косата со благ шампон.

Сварете 2 - 3 моркови и убаво испасирајте ги. Смесата нанесете ја на косата и оставете ја 15 минути. Потоа измијте ја убаво со шампон и вода.
Аватар на корисникот
mar17

Сино цветче
 
7248
Мислења: 234
Зачленет: 07 Сеп 2010, 20:08
Moќта да придобиеш некој е многу помала од онаа да се обидеш да го задржиш.

Мислење 10 Ное 2010, 15:22

Да се мие косата најмногу 2 пати неделно -тоа помага сигурно и на мене многу ми се мрсеше секој втор ден ја миев :| ставав шампони за мрсна коса , регенератори незнам што не и џабе.
Промена забележав дури кога почнав поретко да ја мијам
Аватар на корисникот
kate-the-great

Жолто цветче
 
1161518
Мислења: 1321
Зачленет: 26 Окт 2010, 10:57
Добрите девојки го чекаат принцот на белиот коњ, лошите девојки го чекаат милионерот во црн мерцедес, паметните девојки сметаат дека и двата лика се измислени !!!

Мислење 13 Ное 2010, 15:43

Сакам да ве прашам колку брзо ви се мрси косата, зашто мене многу брзо ми се мрси. :( Кога ќе се избањам веќе следниот ден ми е мрсна, ретко кога имам среќа да не ми се измрси толку брзо. :( Знаете некое чаре за ова? :worried:
Аватар на корисникот
SexyLady

Жолто цветче
 
27093682
Мислења: 2363
Зачленет: 05 Сеп 2010, 15:33
СликаСлика

Мислење 13 Ное 2010, 17:11

И јас го имам истиот проблем, си купив шампон со хмељ за мрсна коса па ќе видиме дали конечно ќе има реултати :@
Аватар на корисникот
Mishela

Жолто цветче
 
1463838
Мислења: 1742
Зачленет: 19 Авг 2010, 15:17
Локација: where the streets have no name
And in this perfect weather, we'll find a place together ...

Мислење 13 Ное 2010, 17:15

Јас сега купив од Авон Advance Techniques - сино, и субрина и шампон. Некако е подобро со ова и + мнооогу убаво мириса, дури и од далеку се осеќа миризбата. Вчера стојам со еден другар во автобус и нешто ја тргнав косата наназад и ми вика: „Лелее, со што ја миеш косата. Преубаво ти мириса.“ :) :) :)
Аватар на корисникот
SexyLady

Жолто цветче
 
27093682
Мислења: 2363
Зачленет: 05 Сеп 2010, 15:33
СликаСлика

Мислење 13 Ное 2010, 18:22

Косата најмногу се мрси од пречесто миење но и од поголема количина на шампон.
Имав долга коса до половината и никогаш не ја носев врзана во репче. Кога излегував косата мораше да ми биде тазе измиена и да мириса на шампон, па така и почна бргу да се мрси и едно време морав да ја мијам секој ден, дури од утро до вечер се мрсеше. Фризерката ми препорача да не ја мијам толку често и да не ставам по толку многу шампон. Ми беше преку глава од миење, а фен не користам и решив да не ја мијам.
Замислете, издржав 3 дена првиот пат, главате почна да ме чеша, беше претерано мрсна, што морав да ја врзувам во репче. После се понавикнав и ја миев на 4-5 па дури и 6 дена.
На крајот мојата жртва се исплатеше и сега ја мијам на четвртиот или петиот ден, а косата не се мрси до третиот ден си е супер, после по малку се познава.

Колку и да ви изгледа неубаво мрсна коса, пробајте како мене, треба да ви успее. Имам другар што косата обавезно ја мие 2 пати на ден, некогаш и трипати, инаку му е како со зејтин полиена.
Аватар на корисникот
Tomcia

Сино цветче
 
6797
Мислења: 124
Зачленет: 27 Авг 2010, 02:08

Мислење 14 Ное 2010, 18:06

Долго време користев Нивеа (против мрсна коса)и ја миев преку еден ден,но некако како да ми се презасити косата од шампонот па морав секој ден да ја мијам затоа што ми беше катастрофа......и сега еве ја мијам секој ден а имам пробано секакви шампони (лореал,орзене,фруктис)и ништо повторно се мрси и се мрси :(
Аватар на корисникот
LaLence

Фем почетничка
 
27
Мислења: 3
Зачленет: 05 Ное 2010, 20:42

Мислење 22 Ное 2010, 22:22

xxAngelxx напиша:Hmm od aloe vera?? A ovoj?? i kazi mi kolku cini? pozz

јас го имам иститот шампон и го користев но немаше никакви резултата мозеби треба подолго време да се користи па ке се видат некакви резултати сега почанв па да го користам па ке видам како ќе делува и какви резултати ќе има.Еден ден ќе се решам и ќе си направам маска за коса ама од природна база :D да видам што ќе излезе
Аватар на корисникот
Pink.Princess

Бело цветче
 
1748
Мислења: 87
Зачленет: 17 Окт 2010, 18:33

Врати се на Коса

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Frosina93 и 15 гости

Site Meter