Јас би сакала да ве прашам нешто...Имам носено надградба на коса која ја ставав во диор пред година и нешто,ме чинеше 200 евра,но испадна ѓубре.Веќе во диор не сакам да стапнам за било што,да не зборувам за понашањето на вработените (со исклучоци).Едвај успеав да ја износам еден месец,целата ми се окупа остана по едно влакно од секој прамен,таму кај што беше силиконот мојата беше целосно затестена и оштетена па морав да ја скратам многу.Со еден збор од готово си направив версија како што би рекле постарите.Имам плава коса и поради честото бојадисување не можам да ја пораснам.
Имам слушнато дека во Скопје ставаат коса со типли која може да се вади и да трае подолго,не ја оштетува природната коса,па дајте информација за тоа каде,како и колку квалитетна надградба со типли има?Слушав нешто и за шиење со конец?





