Јас еве си ставив чичково масло на косава и си смрдам низ дома,наводно добро било против опаѓање на косата.Какви ќе бидат резултатите по извесен период на користење ќе ве известам.
Опаѓање на косата се случува од повеќе фактори,преголем стрес,генетика,лош начин на исхрана,здравствен проблем,хормонален дисбаланс и во согласност со тоа се случува тоа што се случува.Е сега различен фактор причинител за опаѓање на косата,различни ефекти,ако е генетски ништо живо нема да ја врати косата назад,ниту пак ќе се намали опаѓањето,ако се работи за хормонски дисбаланс со терапија може да се среди,стрес по шест месеци сама се регенерира итн итн...
Исто така опаѓањето на косата е поизразено на премин од зима кон пролет и од есен кон зима,а најмногу почнува да расте од премин од пролет кон лето и од лето кон есен...така имам прочитано,а и забележано кај себе дека навистина е така.