Плетенките уште од минатата година го достигнаа својот врв. значи има повеќе видови и начини за тоа како да сплетите и да ја направите плетенката? јас обожавам плетенки, посебно онаа внатрешната како венче што се прави малку глава ме боли од неа ама издржувам некако колку вие девојки сте ЗА плетенките, и колку често ги правите? можете да постирате и слики освен вашето мислење еве некои од мене
Плетенки ми плетеше баба ми кога бев мала, ама тоа беше ехеееееее..... Сега не се осудувам да си сплетам, пошо на мојава коса тоа не е ни изводливо. Можда ако ја сплетам дури е водена, ама не сум пробала.
Mene mi se bas interesni i mene baba mi,mi pletese koga bev pomala a potoa dolgo vreme pokratka kosata ja nosev i nemozev da si pletam.E sega mi e mnogu dolga i mozam da eksperimentiram,bas sega vo posledno vreme si pravam pletenka na repceto ke go fatam visoko i na strana i si pravam pletenka,inaku mnogu sakav vnatresna,no neznam sama da pletam treba na baba da i recam pak da mi splete
хехех абе на сите бабите им плетеле како помали. И мене ми плетеше баба ми и како мала често носев плетенки Сега ретко, некогаш во школо барам од една школска да ми плете таква „ рибина коска“ ако знаете на која мислам, бидејќи многу убаво ми изгледа.
Сакам да си плетам плетенки и често си правам некои интересни фризури со внатрешни плетенки на страна,напред како венче,обична на страна,внатрешна обична или пак рибина коска.Интересно ми изгледа.
Рибина коска .. јас па не сакам плетенки за мојата коса, аа обожавам да им плетам на други и знам секако да плетам, целата во круг да ја сплетам отстрана да почнам а сето тоа внатрешни ама немам кандидати
Баш денеска си ја сплетив косата. Пеглана ми беше па ја сплетив во две плетенки обичнина десната страна, една под друга.
Сите бабите ги плетеле, не сум јас подолу Ама и сега си сакам, па често пати знам да и седнам на мајка ми во скут и да ја помачам со свилениве конци мои кои се плеткаат како луди . Да, сакам внатрешна плетенка мноогу, си ја носам и навечер такја понекогаш, елегантна ми е, сега ја скратив и одвај чекам пак да ми потпорасне косата за да ми стои во плетенка. Само венче на страна некако не ми стои . И знам да плетам, прашајте ја братучеда ми на неа се учев
Сакам летово да си направам плетенки ама ситни во коцка .. е сеа незнам каде да идам .. сакам и нешто додаток со природна коса малце да ми дојде до половина .. ако знае некоја нека пише во кој фризерски салон да идам и колку пари ќе ми земе ..
мене ептен ми се свиѓаатѕ плетенки, особено во последно време, кога се повеќе почнаа да ги прават. Дури и за матура имав внатрешна плетенка на страна, со пунџа доле. дефинитивно летово ќе се носат плетенки, по опуштени и разлетани. Штета само што незнам сама да си направам внатрешна или онаа рибина коска што ја викаат.
Лелеее многу сакам ваква, како се прави??? знам дека е невозможно да се објасни вака, ај ќе побарам некои клипови.
eve sega si nosam vakvi.....pletenki si gi pravam od videata ili mi pomaga sestra mi.... http://www.youtube.com/watch?v=VkUo6JQu ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=s2n5XkFh ... re=channel http://www.youtube.com/watch?v=teGaA0Uu ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=xIuACR3o ... re=related
Хмм интересна тема..И мене баба ми плетеше кога бев мала..Сега ретко..Сакам да се научам да ја плетам плетенката рибина коска..Но незнам..Далии некој знаее ? А и внатрешна сакам
Мојата моменталное сплетена вака ... значи ја измачив сестра ми да ми ја сплете пошо не знае да плети и мораше со мои инструкции да ја плети инаку има ептен многу убав изглед ко ќе ја погледнеш одзади и од страните а напред е нешо ептееееен најс (не сакам да се фалам ама мн е убава, ако имате некоја долга коса замолете некого да ви ја сплети преубаво е )