Ве читам и некои пишавте дека ставате од маслата само на врвовите или само на дел од косата, а баш таму кај што треба она најбитното место-коренот го избегнувате. Маслата ставјте ги на цела коса, немате никаква штета од нив само можат да ви помогнат. Вие го негувате оној дел кој во секој момент можеш да го исечеш. Никако не го избегнувајте коренот и кожата на главата, баш тоа треба да го негувате, од таму искача новата коса.
И не се палшете дека нема да можете да ја измиете косата ако ставите од маслото на коренот, косата се мие без проблем, не останува никаква мрснотија. За поголем ефект кога ќе ја намачкате цела коса со масло, соберете ја косата и ставете кеса и на крај замотајте ја главата во пешкир. Маслото на коса нека ви стои најмалку 1 час, а ако имате време и повеќе нема никава штета.






