Форумџика на годината

Разлетана наелектризирана коса

Дискусија во 'Коса' започната од baguf4e, 30 мај 2010.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    9.120
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ја мијам косата ја мијам со шампон и балзам за волумен од авон оној на адванс техникс но секогаш ми е мн. разлетана утредента кога ќе станам (понекогаш ја оставам природно да се суши,а поретко ја сушам со фен).Никогаш не ја оставам мокра и така да легнам на спиење....Советче?? :$
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас после миење ставам спреј од Глис. А ако ти е многу наелектризирана стави силиконски капки и ќе се смири ;)
     
  3. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Ставај помалце шампон и не ја миј косата толку често.
    Остави ја нека се измрси малце....
    И можеби тие шампони не ти одговораат на косата :^)
     
  4. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Пробај со восок, но внимавај да не ставиш на коренот, за да не ти се измрси! Поззз
     
  5. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    стави на четката со која ја чешлаш косата лак, па потоа исчешлај се ;) :D
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.685
    Стави силиконски капки или масло, било какво, само малце за да не ти се измрси, неколку капки ...
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Багуфче, мојот фризер вели дека тоа е можно од миењето на косата со премногу топла вода.
     
  8. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Сигурно е од пречесто миење, или шампон кој не ти одговара, секогаш го користиш истиот , или менуваш често? Стави лак на четката и така чешлај се, и не ја миј толку често некогаш пушти ја да се измрси малце, бидејќи не е убаво пречестото миење.
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    4.917
    Земи влажни марамчиња и исуши ги. Кога ќе ти е наелектризирана косата, само помини ја со сувото влажно марамче. Или можеш да ја поминиш со крем/восок за коса... или ако немаш при рака, крем за лице или раце ;) :hai:
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Баге, доколку уште не си нашла решение можеш само на четката пред да се исчешлаш да прснеш парфем или лак за коса и да се исчешлаш. :) Јас правам вака секогаш, а ако е многу наектрилизирана, прскам лак на рацете, па поминувам со прстите низ косата. ;)
     
    На Jasmin19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Мене ми се електризираше обично од фенот, ама сега купив еден со јони , супер е, немам таков проблем.
    Ама ти од друга страна пишуваш дека ретко ја сушиш со фен.
    :^)
    Што знам, некое средство на Нивеа против електризирање на косата и би било во ред мислам.
    Или можеби не ти одговара шампонот.
    А не ја плескај многу со восоци, капки и такви додатоци, од електризирана коса можеш само да си навееш друг проблем - мрсна коса. :devil:
    (од искуство ова).
     
  12. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Баге :D Јас мислам дека ти е од шампонот.И јас ја користев таа колекција и да ти кажам косата ужасно ми беше наелектризирана.Пробај ако не смени,миј се со некој друг.Или пробај ги претходно наведените совети,како ти одговара така.
     
  13. Ridis

    Ridis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Наелектризирана коса

    кога ќе се избањам ја оставам косата да ми се исуши и после си легнувам кога ќе станам сабајлето од спиење и косата ми е крената цел ден у вис ;( ве молам помогнете ми незнам дали е до шампонот, незнам до што е ама ве молам помогнете ми :$ позз до сите
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Наелектризирана коса

    Можеби ти е од шампонот ако често ти се случува, смени го шампонот па ќе видиш резултат. По маркетите има и средства за тој проблем, па можеш да разгледаш дали ќе најдеш нешто.
    Јас приметувам само во зима кога е ладно и кога носам дебели блузи (од волна ли се, памук ли појма немам) кога ги соблекувам знае да ми се наелектризира косата, ама тоа е само моментално дејство.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    57.010
    Пол:
    Женски
    Наелектризирана коса

    И јас го имам овој проблем. И не е до шампонот, каков и да користам ми штрчат неумни влакна |(
    Вака ја средувам: На тенок чешел (оние што се за тапирање) прскам лак за коса. Само не треба многу да се напрска, сосем малку е доволно. Нешно со чешелот поминувам кај наелектризираните влакна во коренот на косата. Треба да се внимава зашто ако ставиш многу лак - косата ќе ти се залепи, и не треба класично да чешлаш, туку само површински да поминеш со чешелот (не да го ставаш целосно в коса).
    Сфати некој што сакам да кажам? :D
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Наелектризирана коса


    ДААААА, правиш облак од лак за коса и поминуваш или застануваш во него :rofl: Или, прскаш лак за коса на далечина од 30-40 цм и не ја чешлаш туку и со прсти можеш да ја обликуваш
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.484
    Додека е полу сува испрскај ја со лак, ќе ти остане на место така. Мене порано ми успеваше, потоа прекинав да користам, ми се потроши и ме мрзеше да купам друг. :D
    И избегнувај фен. :) Особено ако имаш виткана коса! :!:
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    По некоја случајност и мене од шампоните Advance tehnique од авон ми се разлетуваше косата .
    Имав од тој во зелено шише Daily shine, го фрлив во канта ,не одговараше за мојата коса.
    Мојата коса е чудна ,ако и ставам маска наместо да ми спласне и да биде потешка мене ми е ваква
    [​IMG]
    :D
    Користам шампон и регенератор од Shauma за нега и регенерација и немам гајле ,
    само мал проблем ми прават антенчиња од влакната кои ми паднаа пред зимата како листопадна грмушка бев едно време .
    Малку неубаво изгледа бидејќи подолг период паѓаше и имам влакна со различни големини али ќе пораснат .
     
  19. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    И јас го имам овој проблем... А дојде есен , зима косава ми е катастрофа!! Многу ми е наелектризирана ни лак ни гел ни помада ни ништо не помага :( :( неможам да ја трпам цело време ми се мотка околу лицето ме нервира .. незнам шо да и направам ... а и вој период обично некако по сува ми е косата врвовите поточно..
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847

    Пробај со спрејов за оштетна коса. Имаш и за фарбана и за нормална, во сите поголеми маркети се наоѓа по цена од околу 150 денари. Ја омекнува и и дава влажност. Мислам дека ќе ти биде подобра. :)

    [​IMG]
     
    На Hell0.kitty му/ѝ се допаѓа ова.