Здр Сакам да се шатирам ама незнам каде.Сакам да одам кај некој фризер - студио што нема да ме утне,а и нормално да не е многу скапо.Една другарка се шатираше во Диор ја одраа, а многу малку прамени и извадија.дури и не се приметува дека е шатирана.
Јас си имам лична фризерка веќе некои 6-7 години и оттогаш само она ми ја има пипнато косата, друг фризер никако. Јас имам долга коса, се шатирам 2 години по ред и ми зема околу 600-700 денари, што мислам дека не е толку скапо, со оглед на тоа дека стварно многу прамени ми вади, а и мачна е работата. Една моја другарка си се шатира сама дома, купува бланш од парфимерија и сестра и и вади прамени со фолија. А во домашни услови можеш да си извадиш прамени и со капа.
имам стварно многу убава коса никогаш не сум ја фарбала, не сум ја чатирала но сега стварно сакам да ја шатирам за летово. лани отидов на фризер и ме врати рече ,,,греота е таква коса да ја оштетиш,, што да правам?? се оштетува ли многу??
Јас веке пет години по ред се шатирам и секогаш одам кај една иста фризерка и сум многу задоволна.Два-три пати годишно и супер ми е фризурата
Да, се оштетува бланшот ја суши и и одзема живост,но ако користиш препарати соодветни како маска регенератор силиконски капки ќе е ок но не потполно здрава,исто така зависи и од основата дали ти е природната боја на коса или фарбана .....н о изгледа добро и сепак не е толку страшно...
Нормално дека се оштетува, бланшот е доста јак, ама еве јас 2 години се шатирам 2 пати годишно и користам соодветни препарати. Маска за фарбана коса, силиконски капки за суви врвови, регенератор за фарбана коса и слично. Не ми е оштетена, врвовите знаат некогаш да ми забегаат со расцветување, ама фризерката ми ги потскратува и готово.
Мој совет е да се шатираш само доколку планираш после редовно да се шатираш, зошто кога малце повеќе ќе ти израснат корените не изгледа убаво, а и потребно е многу време за да ти израсне косата за целосно да ти испадне шатираното.
шатирана коса девојки јас многу сакам да се шатирам али не знам се мислам зошто имам многу квалитетна коса да не ми ја оштети премногу ,претходно се имам фарбано кафеава а сега се немам скоро 2 години и сакам да сменам досадно ми е веке вака,па што мислите вие за шатирање на косата и добро би било ако би ми препорачале некоја добра фризерка во скопје поздравче...
шатирана коса Бланшот е една од најштетните работи, ако не и најштетна на коса што може да се стават како прво. Како второ шатирањето некако е излезено од мода, што е многу добро. Трето шатираното паѓа единствено со шишање! Јас се шатирав неколку години, 2 пати годишно, последен пат пред 2 години и уште имам бланш на косата. И се фарбав и ништо не помага освен ножици. Мој совет никако шатирање, ако имаш мерак офарбај се. Или пак шатирај се само без бланш. Купи неколку фарби пример плава, кафена керамидеста, светло кафена, темно чоколадо и со фолија вади праменчиња и направи ја косата во разни бои, кои преубаво ќе ти се прелеваат. Јас премалку бланш користев и едно 4-5 фарби, и покрај тоа што имаше малку бланш уште си стои дека имам долга коса
Јас еднаш се зезнав и никогаш повеќе.ми се допаѓа кога косата е шатирана во некои нијанси што се прелеваат така и мојава ја направив,не велам дека не ми искочи убава,ама дека пред тоа ми беше фарбана,морав цела година и тоа секој месец да одам да го средувам коренот ,ставав прелив за тонирање,чинеше околу 300-350ден,на 3 месеци ставав нови прамени одозгора,незнам хаос ми беше а плус да не зборам од бланшот каква ми стана ,џабе користев нонстоп,редовно и маски и регенератори и капки за коса...нема врска неможе да се спречи сушењето на косата.
Мое мислење е дека со шатирањето на косата жените изгледаат постаро. Пред неколку години на скроз кратка коса се шатирав со лешник,медови,кафеави прамени.Сега кога се гледам на сликите заникаде. Бланшот е штетен за косата.
Само со фарба се шатирам, не со бланш и мислам дека вака помалку се оштетува косата а и поприродно делува. Јас имам многу долга смеѓа коса и во комбинација со плава фарба изгледа одлично а и многу природно,сепак го добивам оној ефект на прелевање.Нема некој кој не дал пофални зборови
Еднаш се имам шатирано, пред неколку години. И се покајав многу. Бланшот падна со шишање ама премногу ми ја оштети косата. Многу ми ја исуши косата, никаква ми беше.
Како се користи прелив за коса, сакам да ставам сив или лилјаков за да се скријат жолтите прамени ама поима немам како да го направам, дали е тоа фарба за коса или преливот е нешто сосем друго? Ај луѓе хелп! :geek:
Преливот се измива и не е фарба за коса...ќе си нанесеш пример на праменчиња или цела коса..ќе ти трае најмногу 2 недели -уствари зависи колку често ја миеш косата-ако ја миеш поретко, секако ќе ти трае подолго
А како се прави, тоа е во вид на прав и се разредува со нешто или.... ајде кој користел сам дома, нека ми објасни
А можете ли да ми кажете на колку години прв пат сте ја шатирале вашата коса? Бидејќи јас имам 15 години и сакам да се шатирам.