Суканици

Дискусија во 'Коса' започната од maja8, 14 декември 2010.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ суканици?

  1. За

    228 глас(а)
    45,1%
  2. Против

    278 глас(а)
    54,9%
  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Можеби сега мислиш дека суканиците се кул, и јас кога бев во средно беа во мода, ама тогаш мислев, а и сега тврдам дека една урбана млада и модерна дама не треба да прави такво нешто. Ти си девојче, облечи фустанче, стави кармин, облечи штиклички, направи си локни, сигурна сум дека имаш прекрасна коса, зошто да ја нагрдиш со парче измрсена и горена коса?

    Суканиците ми се повеке за машки...
    Тие ме асоцираат на нечисто. Кога ќе видам некој со суканици мислам дека никогаш не се бања, зошто од тоа „гнездо“ никогаш не може да се извади целата нечистотија...

    Биди ЖЕНСТВЕНА, зарем не си горда на себе што ја имаш привилегијата да бидеш женско? А жената треба да биде нежна, негувана и заводлива. Една суканица во косата зборува многу... Едно згодно женско газе облечено во машки панталони - сокрива многу... Дечкото кога ќе те гали по косата, верувам дека не сака да му заријат прстите во суканица...
     
    На Elena..T, inna2, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да прашам...?

    Маја, потполно си во право, но за девојките што негуваат таков стил. :)
    Не можам себеси да се замислам во тесни фармерки, фустанче или сл. бидејќи како прво, нема да ми стои. :)
    Далеку од тоа дека не сакам да ја испеглам или извиткам косата, обожавам долга и негувана коса, но често правам промени и мислам дека добро би ми дошла некоја ваква. :)
    А на дечкото нека му заријат прстите и мене ќе ми заријат во неговите суканици. :D
    Би на правила и рокеза да не ми беа клемпави ушите. :) Коса е - расте. :)
     
    На Rock\m/girl, ReggaeGirl97, BojanaLegija и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да прашам...?

    Не сакам суканици кај девојчиња, а и ради едно нешто не почитувам суканици .... вошкииииии.
    Со чесни исклучоци сите со суканици имаат вошки.
    Има разлика од една до 10 суканици во глава, ама како и да е суканицата ми е поим за нечисто, прљаво, вошки, нехигиена.
    Ај размисли уште еднаш :)
     
    На tessie, Elena..T и Angelche им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да прашам...?

    Не реков дека дефинитивно ќе ставам, :D туку дека ми беше мерак барем една на летен распуст. :) Ама бидејќи како што погоре рекоа дека нема да ми стои, реков дека ќе размислам убаво до идното лето има време. :)
    Ама со вошкиве искрено ме разубеди. :rofl:
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да прашам...?


    :) Ќе ти откријам една тајна... Докај 16 години воопшто не носев сукњи и фустанчиња затоа што мислев дека имам грди нозе - после некое време си ги засакав ноџињата и сфатив дека ми се најубави на свет, иако може не се совршени - мои си се... А тоа дека нема да ти стои фустанче и тесни фармерки знам дека не е точно. Секоја жена е убава, но треба да ја пронајде убавината во себе и да ја истакне. Незнам зошто велиш дека не ти стои таква облека, ако можеби имаш вишок КГ треба да инвестираш во себе, да се трудиш да постигнеш резултат, Ама тоа само ако сакаш....

    Рокеза незнам што е , и косата ке порасне да, ама ќе треба да имаш дупка некое време, а оние што ќе ги запознаеш во тој период, веројатно ќе те запомнат како ТАА СО СУКАНИЦАТА :lol:
    Како и да е знам дека нема да те предомислам.... Но до летоска(кога планираш да ја оствариш идејава) може да се сменат мноогу нешта... Ќе видиме... Позз :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    Сакам да прашам...?

    суканиците не ми се свиѓаат.. замисли одиш на некоја свеченост, свадба на близок роднина, носиш елегантна облека и суканици.. не одговара...

    а ако сакаш промена можеби добро би ти стоеле оние плетенки што ги прават со вуница (конец за плетење) , ке ги поносиш малце, ке ти помине меракот ке ги извадиш :)
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас не сум за суканици на цела коса, но како што спомнав, една би завршила работа. :) Но средена и умерена, не дебела.
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Суканица најгрдо нешто кај девојче и кај машки. Замирисани, недоизмиени, вошлосани :puke:
    навистина не го личи воопшто, на кој му истекнало таква глупост јас не знам. И грдо стојат премногу ко стапови на глава :puke: ГОЛЕМО НЕ за нив
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    И мене не ми се допаѓаат суканиците ни за девојчиња ни за машки. Како што кажаа поголемиот дел од феминките погоре, навистина оставаат впечаток на несредено и нечисто. А и посебно па кај девојче со суканици, мислам дека, женственоста се губи и исчезнува.
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Го делам истото мислењето како и повеќето феминки! Големо НЕ за суканиците! Ми изгледаат нечисто, неуредно, ко товар да си носат на галавата! Не сакам ни кај машко ни кај женско! И да не се повторувам... исто мислам како и феминките што пред мене коментираа!
     
  11. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    суканици и кај машки и кај женски ми се :puke:... незрело дете па уште суканици..ПРОТИВ сум :|
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И од мене имаш едно големо НЕ како совет. Прво и основно се многу нехигиенски, а нема да можеш да ги миеш често (без разлика дали сакаш само една или повеќе) ова ти кажувам од лично искуство :lol: (имав една суканица во 8 одд).
    Размисли дека не се сушат брзо откако ќе се измијат и плус на внатрешниот дел му требаат до два дена целосно да се исуши. Од што останува влага мириса ужасно (што се вика скапува).
    Според мене, ние девојките треба да се потрусиме да имаме што е можно поздрава и понегувана коса, а не со сила да ја уништуваме :worried:
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јас пред неколку години,на летниот распуст,што знам мислам дека 17 год имав,си направив плетенчиња со вуница,една другарка ми ги правеше точно 9 саата (на два пати нормално).Стварно изгледаше убаво,интересно ама едвај ги додржав 10-тина дена.Ме чешаше бре,пука 40 степена,ми тежеа на глава :D
    Па кога ги вадев шо мака видов тоа е друга прича.Муабетов ми е дека толку мака а за толку кратко време.

    И не дај боже па суканици да ставам,ќе пцовисам по една недела.Не се хигиенски бре,бљак :puke: Стапови ќе носам на глава,како па да не,не ги сакам и крај,луѓе плачат за убава коса јас со сила да се унаказувам.Суканиците се прават од бес,од аздис не од нешто друго-индивидуалност покажување мало сутра.

    Туку на кој му прават кејф нека става,што се тиче мене и пердуви од пауни да ставаат на глава исто ми е,јас знам дека едно големо и сигурно не би!!! :emo:
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Изгледа од сите тука само јас сум лева....
    Зошто не? Млада е, бунтовна, нека прави што сака со косата.

    Јас пак напротив ги сакам суб културите, тие се убавината на градот... Една другарка Американка кога ми дојде на гости, единствена забелешка за Скопје и беше- `сите девојќи се исти`. И навистина кога ќе излезам во град, сите како јајце на јајце, уште па кога ќе влезам во дискотека ќе видам 10 девојќи во исти суќни, исти маички чевли, исти фризури. Глобално клонирање.
    По ретки се оние кои се двојат од стадото. Немаат сите храброст, бидејќи таму во стадото им е топло и проверено. Тоа се вика немање доволна самодоверба во себе.
    `што ако ми се смеат луѓето` :wasntme:

    Живеј си го животот бре, изрази си го духот!
    Една сум и единствена и нема друга како мене.
    А плус за коса--- баш како шго кажа Вајлд - РАСТЕ!
    Јас најубавото девојче кое го имам видено, една Англичанка, шеснаесетина години имаше и беше келава. Бричена глава, ама такво впечатливо лице, толку совршени црти, толку уникатен стил, никогаш во живот не сум видела нешто по карактеристично.

    Така да Вајлд, твое си е мило! ;)
     
    На Rock\m/girl, QueenElena, ku4ence и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Хахахаха :D Wild.Child се сложувам со тебе! Ни јас неможам да се замислам во сукња :^) кога ќе облечам веројатно ќе дојде крај на светот :lol:
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Леле кога ке видам некој со суканици толку ми е нечсист-гнасен :puke: . До сега не сум видела девојче со суканици, само машки и тие ми биле како да се избегани од дома. НИКОГАШ АМА НИКОГАШ не би направила суканици на главата, не дај Боже кога ќе имам деца детето да ми дојде дома со суканици, повеќе од сигурно ќе го истрижам на спиење
     
  17. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Секој си го фура својот стил. Јас сум ЗА за се' што е уникатно и различно. Јас лично сум вљубеник во ситни суканици и ми изгледаат баш убавко кога се врзани во пунџа. Е сега, малце се комплицирани за одржување, колку и да ги негуваш и бањаш, сепак, хигиената нема да е на завидно ниво. Во летно време држат многу топло на главата, а кога се водени, многу тежат. Ако можеш да ги надминеш овие недостатоци - зошто да не..?! А тоа дека ќе ти се уништи косата и сл. е чиста вистина. Ама косата расте непрестајно, ама па само еднаш се живее. :D Ако тие се твој личен одраз - go for it! :D
    Не мора да значи дека е некој гнасен затоа што има суканици на главата. Јас лично сум видела и многу средени иссукани девојки :D
     
    На blackup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    За мене е проблемот во тоа како да ја направам? :D
    Решив да правам една тенка, а кога ќе решам да ја извадам ќе ставам надградба само на тој прамен. :)
    Ептен многу ме копка - морам. :D Ако ми биде мене убаво - гајле ми е за другите. :) И мене не ми се допаѓаат многу работи наоколу.
    А за тоа што го кажа Хајди потполно се сложувам. Сонувам и јас за свет во кој сите се различни. :) Убавината е во различноста и мразам што сме сите како под калап.
     
    На dusicka.musicka, HeidiDiWalt и viki44e им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Има толку многу начини да се биде различен, освен со правење суканици ;)


    Вајлд, пробај една, знам како е кога човек има мерак за нешто :lol:


    А види на јутјуб, сигурно има некој туторијал како да направиш суканици
     
  20. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Секој си го одбира оној кој му прилега на темпераментот. Ако јас слушам реге и сум наклонета кон растафаријанската идеологија, или пак сум реинбоувец, њу ејџер, хипик...ќе си ја сукам косата како што сакам.
    Има луѓе на кои растата/ суканицата им е симбол со спиритуелно значење на пример.
    Ако сум панкер (не мора афирмативно ) но сигурно ќе користам панкерски примеси во стилот на облекување и слично...

    (Овде ги исклучувам сите позерки варијанти на злоупотребување стилови)

    Така да ДА ИМА но секој мора да си го развие сопствениот. Ако таа чувствува дека треба да има раста на косата, треба и да ја стави. Така се замислува, чувствува, тоа е она во овие мигови.
     
    На 1209, papagal4e и Offspring им се допаѓа ова.