Па вака имам виткана коса.. и користам детски шампон, бадемово масло.. и пена за коса од тафт плавата со портокалово капаче.. задоволна сум.. но сакам да сменам некој шампон.. вие каков шампон косите за подобри локни, балсам?
zdravo...jas isto imam vitkana kosa, i istata pena od taft ja koristam, a sampon od gliss za kafeava kosa i mnogu sum zadovolna
И јас имам доста виткана коса. Сум сменила повеќе шампони, и сите ми одговарале. Убава ми е косата и доколку не ми се обликува убаво тоа е поради пената. Можеш да пробаш некој шампон, по твој избор. Разгледај во маркетите, кој ќе ти се допадне, тој
Вака сега: Јас имам ептен виткана коса (природно како федерчиња ми се прават). Се капам со Вош‘ен‘Гоу сами ради тоа шо не ми прави првут. А за подобро обликувае користам крем за коса Хоби. Супер е. http://www.alibaba.com/product-free...1&pt=10&newId=248171010&cids=null#breadcrumbs (користам од тоа со портокалово капаче)
Хипи а каде може да се најде тој крем?Зш не сум видела таков по маркетиве.И јас имам виткана коса и ме нервира кога нема убаво ми се обликуваат локните а пена не користам повеќе зошто многу крута ми станува косата..
Девојки сакам малку промена во бојата на мојата коса. Имам светло кафена долга,бујна и кадрава коса, колку и да звучи добро сепак доаѓа лето и сакам малку да сменам ,да внесам свежина ..Имате ли некој предлог? да ми препорачате некои фризури и бои за коси кои ќе делуваат поживо за ова лето? покажете ми слики или нешто слично .. tnx однапред
http://www.femina.mk/убавина-и-мода/коса/фризури-пролет/лето-2010 сигурно некоја ке ти се допадне има преубави!
И јас имам многу виткана и густа коса често велам неможам да ја приберам. Ги користам од Авон шампонот и регенераторот за виткана коса и сум презадоволна. Не ставам дополнителни глупости. Доволни ми се овие 2 работи. Косата ми е супер и не ни помислувам на исправување.
Јас исто го користам тоа со портокаловото капаче косата кога ја ке ја измијам внатрешните прамени ми се виткани а онака оддозгора ми е само бушава кога ке ставам од од Хоби ја врзам во пунџа онака невнимателно згужвано фатена и ја пуштам кога ке ми е сува...но витканото не знам зошто после неколку часа почна да ми опагат локните...помош? и ми стане само бушава како не чешлана со денови..
Кремава е преубава, ја користам месец дена, ама косата никогаш не ми била поубава. Инаку се мијам со шампон од коприва, оние обичните што се, 60 ден литар и ми е најубав, сум пробала баш се но не ми чинеа.
Мене ми беше екстремно виткана порано, сега ми е само густа и виткана првите два дена откако ќе ја измијам, и после ми опаѓаат локни појма немам со што ја упропастив, ама сите шампони ги сменив и пробав и веќе баталив, почнав да ја пеглам и фенирам затоа што немам живци. Ама ај ќе го пробам кремов што толку го фалите, ваљда ќе ја вратам формата.
Извини,а ќе сакаш ли да ми кажиш од каде поточно бидејќи секаде го барав низ парфирмериите и сите велат дека прв пат слушнале за него
и јас ке се вклучам во темава пошо и јас имам многу бујна и виткана коса, понекогаш неможам да ја смирам, па некои локни се растуриле при спиење па нервирање па ау !! сеа при бањање користам било каков шампон и ставам балзам од Aвон ADVANCE TECHNIQUES со плаво капаче....а ако сакате поубаво да ги оформите локните....мене спас ми се силиконски капки !! пробајте може ке ви успее
Хоби може да се најде во рамстор, за во ск, а по другиве места не знам баш. го има по маркети ама незнам... а инаку за скротување на локните може да ви помогне скоро секој крем за коса ... од нивеа ..од дав... и од тамо што друго има...! за тие со цврсто влакно(црнечко) може масло за коса ...овие што се бадемово,оревово,кокосово,чичково итн ама претпазливо со изборот зашто немаат сите баш пријатен мирис и треба да се пази со нанесувањето зашто ако се претера косата ќе ви личи на (не)миена место обратно! а може и со бебешко масло за тело! па така на сигурно убаво ќе ви мириса! и пена за коса, ко најдобро решение, ама не мора некој со голема јачина за да не изглеа ко гелосана косата. средна јачина е доволна! Ај поздрав мај крли френдс
Јас како мала имав многу виткана коса, како оние макароните ко спирали што се ми беше. Од прво одделение некаде почна да ми се исправува косата по малку, и сега ми е помалку виткана. Проблемот е што кога ќе ја измијам ако не ја испеглам или исфенирам добива форма на триаголник и во долниот дел е многу надувана. Исто така, ако воздухот е влажен, веднаш ми се витка косата и долниот дел се дува Помирена сум со фактот дека никогаш нема да можам само да ја измијам косата и да ми биде супер како кај некои мои другарки, ама барем некој начин да има за полесно да ја обликувам и да не изгледа како триаголник
Виткана коса... Женски јас иам виткана коса .. ако може да ми дадете некои сликички за фризури ама онака по едноставни да не се мн претерани... Фала Однапред
maska za vitkana kosa aj ke ve molam ako nekoj znae nekoja maska,ili nekoj domashen recept za poubav izgled na vitkanata kosa da pishe tuka tnx
Јас знам еден рецепт за сјај на косата и го ставам кога не заборавам , има ефект , ама малце смрди. Се мешаат мајонез околу 1-2 супени лажици, во зависност колку ви е обемна косата и една жолчка од јајце. Се ставаат низ целата коса од корен до врв, ама така убаво да се напљаска нека постои половина час и измиете ја косата. Се става еднаш неделно. Поздрав