кажете маски за лице зошто јас барам барам и нигде не наоѓам. уз пат сакам да ве прашам да не знаете како моиве образи да ги смалам некако
Draga anste . Znachi ubavi i kvalitetni maski mozes da najdesh vo 0riflame koj gi ima za site tipovi na koza i vozrasti. A isto taka mozesh da naredish i krastavi4ki po celo lice ili sama da si napravish nekoa prirodna maska ) A, sto se odnesuva do smaluvaneto na obrazi... toa e nevozmozno znaesh i samata No mozesh da probash so pudra vo praf i rumenilo malku da gi prekriesh nedostatocite...! Pozzdrav
какви маски за лице користите,дали повеќе преферирате да користите домашно приготвени маски или пак пакувани(купечки) и ако знаете некој рецепт за приготвување на домашна маска споделете со нас.
Маска за природен лифтинг Добро изматете белка од јајце,нанесете го на лицето и оставете да делува 15мин.Потоа измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантен крем.Резултатите се видливи 2 часа по миењето,а ако ова го повторувате неколку пати неделно резултатите се трајни. Оцетен раствор против акни Во половина литар зовриена оладена вода,додајте една супена лажица јаболков оцет.Со вата наснесувајте го растворот секоја вечер пред спиење и цревенилото ке се намалува веке по вториот ден,а исто така ќе се насмалат и акните. Магдонос против митесери Со ситно исецкан магдонос трите ги местата кај што имате митесери.Потоа на врела вода испарете го лицето,одкако сокот од магдоносот ке насвлезе во порите,тогаш митесерот полесно ке можете да го отстраните. Маска од авокадо за сува кожа Измешајте две лажички мед со пасирано авокадо,лажичка јаболков оцет,снег од една белка,три лажички маслинов зејтин и три лажички крема која има неутрален ph фактор.Смесата се држи на кожата 20 мин.потоа лицето се мие со млака вода.Маската и дава на кожата влажност мекост,а есенцијаслните киселини кои ги има во авокадото го обновува ткивото на кожата.
Маска за чистење на лицето Во сад измешајте две лажици пресно млеко и исцедете околу една лажица лимон. Додадете бражно колку што е потребно да биде погуста смесата, за нанесување на лицето. Треба да стои од 30-45 минути.
Домашни маски за лице Јас често си правам маски за лице низ дома од овошје, природен сок од моркови и сл, бадемово и маслиново масло... Ја отворив оваа тема за да си споделиме искуства и рецепти за домашни маски за лице и за која примена се ( флеки, брчки, суво лице, акни,итн)... Еве што најчесто користам **Лимонов сок за белење флеки** Свежо исцеден лимонов сок од половина лимон разблажен со млака вода. Ставете 2 пати повеќе вода од лимоновиот сок затоа што лимонот е јака киселина и може да ви го иритира лицето. Во почетокот моче да ве прчи малце ама не е страшно. Оваа маска е убаво да ја нанесете навечер пред да си легнете и да ја оставите до наредниот ден, или додека сте дома минимум 1 час... Не ја препорачувам за сува кожа. ** Сок од моркови со бадемово масло** Свеж сок од моркови и неколку капки бадемово масло ( го има по аптеки) за лифтинг . Јас ја оставам маската додека не се исуши, понекогаш ја оставам и подолго. ** Маска од јагоди*** Гмечам една јагода и ја ставам на лице додека не се исуши, незнам конкретна намена ама знам дека јагодите се богати со антиоксиданси и киселини, па не верувам дека е лоша, ја храни кожата. Кога имам витамин Е ставам и тоаво изгмечената јагода..
Сум читала дека за природен пилинг на лицето најдобро е кафето,односно талогот од кафето.Откако ќе го испиете кафето на лицето нанесете од талогот и оставете го нека постои 2-3 минути.Потоа лицето исплакнете го со ладна вода.Ова повторувајте го 3-4 пати во неделата.Се уште не сум го пробала,но моите блиски кои го пробале ми кажуваат дека има резултати.
Исто за пилинг јас користам палента со малце млекце, многу нежно го масираш лицето и ја оставаш да се исуши после тоа само го плакнеш лицето. Исто за акни имам прочитано дека е добро чај од босилек како лосион, не сум пробала ама ќе пробам и ќе ви кажам. Јас најчесто како маска за акни растварам едно лажиче сода-бикарбона со млака вода и нанесувам на лицето со памукче и оставам така да стои дур не ме фати сафра, па плакнам со млака вода.
Vo edna fantasticna kniga koja ja procitav a se vika ubava zena imase dosta maski za lice no edna ja primenuvam vekje dolgo vreme i e mnogu efikasna ja obozavam a toa e samo MED da stoi 15-20 min a potoa da se isplakni so topla voda OBAVEZNO PROBAJTE SUPER E
за акни и воспаленија- обичен квасец се раствора со малку млеко како паста да биде и се остава на лице додека не се исуши ја обожавам оваа маска исто и грозје и јагоди ми се супер а од мајка ми белка и лимон против пеги...делува и за мрсна кожа исто и магдоносот и доматот како облоги за сува- мелени бадеми и млеко
За луѓето кои имаат мрсна кожа и кои секако имаат проблчем со акни и мозолчиња им препорачувам кога имаат акони да ги премачкаат со лимон или со лук ( навистина лукот непријатно мириса меѓутоа навецер пред да си легните премачкајте и ке видите дека има резултати) навистина делува
Многу често наместо пилинг користам јогурт со мелени ореви. Уште подобро и од пилингот ми делува. А во недостаток на ореви, ставам и само јогурт на лицето, посебно ако ми е многу иритирано после капење. Вреди да пробате
Маска за лице најдобри ми се на мене тие од гарниер ,ги има во поголемите маркети ,од мед , прекрасна маска негде се двизи цената околу 74 денари мислам
баш ке побарам од таа маска јас користев од орифламе добри се ја имав од алги од домат и глина од мед и млеко ама сега сакам да сменам.а исто за домашна маска можеш со јајце да се намачкаш на лицето многу го затегнува и со краставици наредени
добра маска е онаа со млекото квасецот и медот се промеша да се добие густа смеса ставиш на лицето и после 10 тина минути измиеш со топла вода и лицето е позатегнато поубаво
piling so kafeaf sheker i bademovo maslo izmeshajte go vo dlanka i nanesete na liceto so kruzni blagi dvizenja .extra e