Јас често си правам маски за лице низ дома од овошје, природен сок од моркови и сл, бадемово и маслиново масло...
Ја отворив оваа тема за да си споделиме искуства и рецепти за домашни маски за лице и за која примена се ( флеки, брчки, суво лице, акни,итн)...
Еве што најчесто користам
**Лимонов сок за белење флеки**
Свежо исцеден лимонов сок од половина лимон разблажен со млака вода. Ставете 2 пати повеќе вода од лимоновиот сок затоа што лимонот е јака киселина и може да ви го иритира лицето. Во почетокот моче да ве прчи малце ама не е страшно. Оваа маска е убаво да ја нанесете навечер пред да си легнете и да ја оставите до наредниот ден, или додека сте дома минимум 1 час... Не ја препорачувам за сува кожа.
** Сок од моркови со бадемово масло**
Свеж сок од моркови и неколку капки бадемово масло ( го има по аптеки) за лифтинг . Јас ја оставам маската додека не се исуши, понекогаш ја оставам и подолго.
** Маска од јагоди***
Гмечам една јагода и ја ставам на лице додека не се исуши, незнам конкретна намена ама знам дека јагодите се богати со антиоксиданси и киселини, па не верувам дека е лоша, ја храни кожата. Кога имам витамин Е ставам и тоаво изгмечената јагода..