ќе ја ставиш надвор во некоја кутија убаво ќе и постелиш,ќе и набавиш песок за таму да врши нуж да,лесно ќе се привикне.ќе ја галите само надвор мачката,и никако пуштање дома оти лом ќе ти направи влакништа насекаде.многу сакам мачиња
Вака значи ке зимам едно маче у среда али пошто живеам у стан мајка ми ми прави проблеми значи цела фамилија хејта мачки а едино ја ги обожавам,е сеа мислам да си го исчувам надвор позди зграда цело време ке е под мој надзор освен коа сум во школо имало 1 месец и ке го ранам секако со млеко и цуце т.е. шприц па ај ке ве молам вие поискусните дајте ми совети што како треба со маче кое има 1 месец
Значи ми треба помоош Многууу сум среќна Мачката моја се породи пред 4 дена и незнаевме кај се породи, само знаев дека у гаража и денеска конечно открив каде е породена. Ги видовме јас,мајка ми и татко ми и беа три и многу малечки и убавкиии ^^ Дали некој може да ми каже послем колку време почнуваат да се движат, да гледаат ? И некои предлози за имиња, машки и женски ^^
Вие само обезбедете храна и свежа вода на мачката и немојте многу да ја вознемирувате на почетокот за да не ги премести. По некое време ќе почнат да шеткаат и да си играат надвор.
здраво на сите лјубители на животни.пишав пред некое време дека ке земеме маче.овие денови треба да ми го донесат.неколку дена дремам на интернет и собирам информации и да ви кажам немир ме обзема.бремена сум 4 месеци а мачето го имам ветено на керка ми уште пред тоа.ме вознемируваат информациите за токсоплазма што го содржел изметот и неговото влијание врз трудниците и плодот.страв ми е свесно да не си наштетам.мачето ке го чуваме во двор.дали има некое средство за заштита или прочисуванје?ве молам пишете ми
Точно поради таа причина претходно пишав дека чистењето на песокот со измет треба да го избегнуваат трудниците, но сепак вие мачето ќе го чувате надвор и нема да имате таква обврска. Во секој случај и заради вас и заради доброто на мачето, треба да биде заштитено од внатрешни и надворешни паразити. Од внатрешни се прочистува со таблетки кои се даваат на одредено време по точно препорачана доза во зависност од возраста и тежината на мачето. Од надворешни се штити со ампули или ремчиња, чие дејство исто така трае определен период (особено е важно да биде заштитено во пролетниот и летниот период кога има најмногу болви, крлежи...). Одржување на хигиена (пр. задолжително миење после контакт со мачето) и би требало се да биде во ред. Спојлер Иако е мала веројатноста нешто да не е ок, ако имате дилема и ако се плашите, заради ваша сигурност одложете го земањето на мачето.
Имам една мачка од комшиите ми доаѓа на гости почесто. Ја засакав инаку обично не сакам мачки бидејки се злобни. Спојлер Cat's are selfish
И јас денеска си зедов маче, 1 месец има и незнам што да му правам. Мјаукааа, цивка хехе и незнам што сака да кажи. Му направив кутија со врата, песок и ставив и во едно каначе млеко благо ладно и ставив. Другоо ? Да ми кажите совет некој или некоја страна, кај што пишува мрдањето со опашка што значи на пример... И незнам дали да го оставам со мене в соба вечерва, прва вечер му е. СОВЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕТ!
Луѓе сакав да земам маче едно од комшии. Мачката им се породи пред неполн месец, ќе чекам да потпораснат секако, ама мене ми е дека со комшииве сме куќа до куќа. Прашав и тука на форумов, ми рекоа да немам гајле, дека нема врска што сме толку блиску. Прашав и едни други луѓе, тие па ми викаат дека мајкава може да си го земе назад мачето, и да не се навикне мачево воопшто на мене. Внатре неможам да го чувам, така да во двор сакав.. Што мислите? Да земам од кај нив, или барам од друго место?
Па не би требало, ако барем малку можеш чувај го внатре некое време барем 1 недела за да си ги заборават мирисите (барем така викаат, ако не земи си од друго место) Јас порано стално чував мачиња.. Еднаш кога чував една мачка, ми се омачи, имаше три малечки и мала 10 години дали имав ги продавав едно маче 50 денари и си купив прашок против болви за мачката А исто после таа мачка чував бел мачор, многу ми беше убав!! Ама најсмешно е што цела година не му се познаваше ку*ето и мислевме дека е женско и цело време Лина, Лина.. Оддеднаш го снема и мислевме била трудна, се омачила некаде.. кога доаѓа и само крева ногата и имаше нешто црвенко - мислевме рана е, кога тоа да ти било ку*ето и после татко ми си го прекрсти во Ѓоко хахахах и тоа ми беше последното маче што го чував.. Сега си чувам кученце, старо е 2 ипол години и многу ми е мило и подружељубиво, мачки веќе не сакам да чувам некако многу дволични животинчиња се, за разлика од кучињата.. Поздрав
Чував маче до пред 2 години и мнооогу грешка му го протоклував мрдањето на опавчето. Мислев дека е како кај кучињата, дека се весели, дека сакаат да играт. Кај мачињата било обратно, кога го мрдаат опашот најчесто се бесни, лути. Може да се случи да го мрдаат и кога сакаат да ти рипнат „да фатат плен“ Млекцето треба да му подзгрееш, млако да му е. И моето кога го зедов беше месец дена старо и неможеше сеуште да си јаде од канчето, па му купив шишенце со цуцла и така го ранев. Нека го со тебе во соба. Можи ќе те буди ноќеска од цвикањето, но штом си го зела ќе му водиш рачун. Ќе се научи каде му е јадење, ВЦ Мојата се научи сама вратите да го отвара ))))))
Така ќе направам со млекцето, фала. А за во друга соба да го чувам немам услов, во салот има скали за на 2 спрат, и тарасата е отворена 2риот спрат не е направен, нема ни пенџере ни врата.. Да го чувам со мене, ми е страв да не ми легни на уста кога ќе заспијам или на устата на мм, бидејќи е мало си ја бара мајката.. незнам
Да сум на твое место би се плашела да не ми се покака во уста Е така... недела-две ќе трчкаш по него, таму гомце, онаму гомце... Пред да легнеш однеси го во двор или на тераса да си заврши работа.
Прво е многу малечко..ако имало мајка си требала да почекаш барем уште извесно време да се почне да се осамосталува пред да го земеш. Другоо млеко мачки не се препорачува да пијат, ни млако, ни ладно..многу многу пати имам објаснето околу тоа (тука, тука, или тука). Подаборавете на навиката да им сервирате млеко на мачки како главна исхрана. Спиење на уста и какање било каде не е одлика на мачките, веднаш се учат на вршење нужда во песок и нема потреба од трчкање ваму-таму како што се случува на пр. со кученца во почетокот. Единствено ако е проблематично мачето поради многу малата возраст. Бидејќи е многу мало треба да му биде топличко на местото каде што лежи/спие, може да се стави шишенце со топла вода.
Заспа покрај вратата, во собата кај што сум јас, го покрив со стари трењерки, му ставив шише со Немногу жешка вода, пред него вода свежа и млекце.. немам друга храна во моментов затоа сепак млекото му го ставив. дали е во ред дека секогаш пред него му ја носам хранава или да го оставам да се навикни кај кутијата да оди само.. што мислите?
Нема потреба да ја носиш храната и водата по мачето, слободно стави ја на некое место кое ќе му биде пристапна секогаш и ќе си се научи таму. И дали му обезбедивте место за извршување на физиолошки потреби? Важно е сега да почне да се навикнува да јаде. Обидете се прво со потечна храна (има мали ќесички од 30тина денари за мали мачиња на пр. ова или ова или каква и да ви е достапна и не мора да му ја давате цела одеднаш зошто е многу), потоа можете и со сува храна за мали мачиња или пак да ја мешате едната со другата. Млеко не не не, евентуално ако сакате подобро е јогурт, кисело млеко...
Denes mi donesoa macee 20dena staroo..samo so go pustivme vo sobata vednas otide pod krevetot i ne saka da iskoce sto da napravam? [mod-kirilica:3kgwd0nm][/mod-kirilica:3kgwd0nm]
..Или тргнете го креветот за да го извадите, сигурно е преплашено од новата средина и премногу е мало за да биде одвоено од мајката на 20 дена и самостојно да се храни, мочка и сл....
Го подинав креветот и истрча како стрела и а види човек се крие цел ден не е јадено... нема спас за него изгледа