1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Може. Мислам дека некаде прочитав и дека постапката е скратена, односно не се чека по година-две.
     
  2. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Да ако еден од родителите ти е бугарски државјанин тогаш рокот е 6 месеца, но начинот на аплицирање не е исто како на оној по потекло.
     
  3. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Пред 1 месец се јавив а документите ми се средени само чекам да одам. па ми требаше од суд за неосудуван од мвр за тоа дека нема никаква постапка кривична на мое име, извод, и произход тоа е мислам и лекарско.
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ќе ти бараат документ за БГ потекло. Сега најново им е тоа. Зошто многу од Македонциве вадат БГ пасоши.
    А сега по уште најново испрашуваат за БГ историја, празници, датуми, војсководци, бранители итн....

    Јас сакам бугарска возачка да си извадам сега. Другиве документи освен возачката и здравствената картичка, све ми се бугарски. Живјела Бугарија. :P
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Татко ми има извадено бг пасош уште од 2003 година, а лани поднесовме и јас и брат ми. Во јуни бевме на интервју, и еве уште си чекаме. Нема врска дека пократок е периодот за чекање, исто е како за сите.

    Ама за деца под 18 години е пократка постапката, за нив се чека до 6 месеци. А ние бидејќи и двајцата сме полнолетни ќе си почекаме.

    Туку јас сакав да прашам, еве на пример кога на мене ќе ми излезе пасошот, како може дечко ми да има корист од тоа? Во смисла, ако се омажам со него, дали и тој автоматски ќе ги добие потребните документи за работа во странство? Или тоа не важи за Бугарите кои добиле вакво "вештачко државјанство"?

    И ако може да ми го дадете тој линкот каде се проверува до кое бројче се стигнати излезените пасоши. Каде се проверува точно? Знам дека е на страната на Министерството за правда, ама не можам да се снајдам.
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Мислам дека само за Амерички пасош важи тоа.
     
  7. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Ова е линкот за проверка
    https://mjs.bg/emsg/
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Преписката се намира в задължителна процедура за съгласуване със заинтересуваните институции.

    А ова што значи? Си тече постапката така ли?
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Да. Значи веќе мрднала од дополнителната проверка и се чека одобрение :)
     
  10. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Имам прашање во врска со мкд-бг пасоши при патување и правење влез-излез од Македонија. Може некој со бг пасош и искуство да ми пише лп? :)
     
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Што те интересира?
     
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Срам да им е на сите македонци кои ја продаваат националноста за пасош
     
  13. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    До каде е ситуацијата со издавањето на бугарски пасоши?Имате ли некоја информација?Дали уште бараат дополнителни документи?
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Не, туку срам да им е на таквите како тебе кои плукаат по другите луѓе, не знаејќи им ги мотивите поради кои вадат бугарски пасош, или иселеничка виза.
    Тоа што имаат двојно државјанство не ги прави помалку патриоти.
    И пасошот не е мерка за патриотизмот.
    Патриот си ако безусловно ја сакаш земјата, како парче.
    Но факт е дека од таквите чувства не се живее.
    Леб си треба ;)
     
    На Theodora2014, Nati.P, Gordana10 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Нема за што да се срамам јас туки сите вие кои милслете како да ја напуштите државава заради еден пасош а после кога ќе има попис кога ќе испадне пола источна македонија се бугари и тап етети и бугарски јазик уште тоа ни фали ...па после ќе ни е друг крив сетете се 1997 го што се случи су увезени државјани само тоа,....
     
    На Baby-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Не знам зошто некој би се срамел поради тоа што се обидува да ја напушти државата.
    Ако некому му е тука добро, секако дека би останал.
    А некому, ако вадењето бг пасош му е единствен излез од бедата, зошто да не.
    Ако ти размислуваш со чувствата патриотски, друг размислува рационално.
    Државата нуди работни места за сите? Сите тука имаат добар живот?
    Верувај, поголем дел од населението живее на раб на егзистенција, под секое човечко достоинство, и мислиш дека тој би размислувал- И да гладувам, патриот ќе бидам?
    Сите сакаме, барем скромен живот, без некои луксузи, но ако бг е единствен начин за постигнување на тоа, јас сум за.

    Кај мене во фамилија, имам еден член со бг пасош, кој работи надвор од границите на Македонија.
    За работата која моментално ја работи зема 1 700е плата, а за истата работа тука земаше 25 000 денари!
    Можеби за тебе вака лаички не е некоја голема разлика |( , ама во пракса е друго.
    Имаш прочитано оглас на интернет за работа во странство? Ако да, не се сомневам дека си приметил дека последниот услов за истата е поседување еу-пасош.

    Во ред е да си патриот и да ги сакаш убавините на земјата, ама се сомневам дека навечер кога ја потпреш главата на перница и ги склопеш очите, размислуваш околу тоа колку си патриот, а сите други со бг пасоши се подмолни. Или размислуваш како утре ќе обезбедиш леб за семејството, и дали до 15ти ќе земеш плата да ја изведеш сопругата на вечера по повод годишнина од брак. ;)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    ок твое мислење немора да се караме околу тоа јас си кажав што мислам ок а да сум сакал ќе земев и јас бугарски пасош .Знам што кажуваат за да го земаат таму пасошот демек тука у македонија не им е добро се малтретирани и на крај треба да дадат изјава СО своја волја се откажувам од македоснкото државјанство и станувам бугарин зарем другите у македонија неможат да го направат тоа а?
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    хх прашањето ти е..
    Секако дека можат да го направат тоа.
    А причините зошто да/не, претходно ги наведов ;)
     
  19. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Несакам да цитирам зафаќам простор ок ти мислиш така јас поинаку и сето тоа е добро од рвоја страна
    а за мене не е не ги сваќам јас така работите може да се оди во странство и без бугарски пасош..
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Може да се оди и со македонски пасош, само што престојот трае 3 месеци во странство, така да доколку човек оди на тој начин, ќе треба на секои три месеци да се враќа, па повторно да оди во странство, а со бугарскиот пасош, се знае дека може да се остане подолго време таму, така што од тој аспект, ако човек се реши да земе бугрски пасош, не е ограничен со времето.Затоа и повеќето си земале бугарски пасош.Како што кажа претходната членка, странците, секако, си бараат еу пасош, иначе ништо од бизнисот.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.