1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 2 мај 2010.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    ајде еден совет :)
    помеѓу Блек ап [​IMG]
    и Sundance [​IMG]
    кое би го одбрале? Кое според вас е подобро? До сега сум користела само Блек ап и океј ми е, ама читам позитивни коментари и за овие на ДМ па ме интересира ваше мислење :)

    ПС: има SunDance со фактор 30?
     
  2. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    ^
    Има, јас го користев лани. Инаку, штознам, мене не ми правеше некоја огромна разлика, но сепак како за нијанса подобар би го одбрала Sundance. :)
     
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Им завидувам на оние кои лесно потемнуваат и не горат.
    Јас им припаѓам на оние другите, на кои им е потребна максимална заштита без која пепел ќе се сторам.
    А без 1000 ден, не поминувам.
    За ова лето
    -Крема Natures со 50 фактор. Италијанска крема со природни филтри на база на некои алги со растителен меланин, екстракт од кајсија и останати природни состојки. Веќе испробано. Заштитува, а и брзо потемнувам. Истата ќе ја користам и за лице.

    -Nivea 30 фактор-light feeling, транспарентниот спреј. Во Нивеа сум најсигурна. Освен тоа спрејот е најлесен за употреба без она досадно мачкање, триење...а плус не остава флеки на купаќите.

    -Deborah after sun -400ml.
     
    На Veki4kaa и Hipster им се допаѓа ова.
  4. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    кое масло за сончање од black up е најдобро она со спф 6,со спф 10 или пак она без спф и ме интересира дали има врска спф со потемнувањето т.е да не го забавува..можда е глупо прашањето ама па и не е :)...п.с немам мн светол тен.
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Sundance мене ми е поубав. Блек ап е ок, ама јас мислам овие се малку подобри и мислам подолго траат. Јас за Блек ап имам чувство после половина час како ништо да немаш на кожа. И поубава му е бе амбалажата, види што фино шарено мерак да ти е да се намачкаш.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    [​IMG] [​IMG]

    феминкиии :) ве молам дали знаете овие колку е цената ? Поздрав :inlove: :*
     
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.731
    Ги има некој користено на La Ligne во Кам што ги има? Како сте задоволни? Се мислам нив да ги пробам сега за одмор, ама не знам колку штитат оти сум бела и одма ќе изгорам, секако не темнеам воопшто. Или да си земам како и до сега Black up
     
  8. Monika.J

    Monika.J Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    дали некоја од вас ја има пробано кремава? и какви се резултатите? :o :D
     

    Прикачени фајлови:

  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.215
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    како сте задоволни од каротен кремите? се мислам помеѓу нив и тие на докторс што се? :?:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Оваа година фатив супер боичка благодарение на следниве производи:
    Каротен масло со 15ка фактор, мириса прекрасно, брзо се впива во кожата и ми беше сосема доволно за да не изгорам, имам некој среден тен, обично со 15ка не горам освен на деколтето и во близина на препоните.
    [​IMG]
    Одкако фатив боичка, после 4-5 дена продолжив да го користам во комбинација со оваа крема за интензивно потемнување, исто на Каротен, но бидејќи нема заштитен фактор ја користев одкако ќе нанесам од маслото и одкако ќе се впие убаво, исто и кога ќе послабо сонцето накај 6 саат. Прво кога ќе се нанесе остава пре убава боја на кожата, онака светкаво, мазно, мрсно, второ многу убаво мириса и трето навистина кожата поинтензивно потемнува, доказ ми е дека оваа година сум фатила најубава и најтемна боичка до сега у моја кариера :D Чини околу 550 денари, а ни пола не го потрошив, ќе се најде за наредна година, здравје. Економично е пакувањето и + дека е во кутија може онака да се изгребе до крај. Мана му е само што многу остава траги на купаќот, јас па кај со бели си ги уништив, не се ни перат. Баш планирав и да го употребувам низ градов за искачање, ептен убаво изгледа кога би се нанел на нозе, да ја истакне бојата + да сија! Ама ќе беше добро да не остава до толку траги во бронзена боја по облеката... Једина мана му е тоа. Како и да е топло го препорачувам.
    [​IMG]
    За лицето и деколтето користев крема со 20ка фактор на Кларинс, исто сум презадоволна, прв пат да не ми изгори носот и да не ми биде жар црвено лицето, иако никогаш и не го го сунчам лицето, освен кога сум во вода.
    [​IMG]
    Над сите тие чуда повремено знаев да си прснам и маслиново масло, секако прв слој на кожата ми беше маслото со 15ка фактор. Првично го земав маслиновото за косата, после излегување од вода ја прскав со маслиново масло за да не ми се направи метла и можам да кажам дека маслиновото направи чуда со мојава коса. Совет од пријателка ми беше тоа, си го ставив со шишенце со пумпичка и си ја прскав косата, па ми стана пре мека, воопшто не ми е оштетена, а не ми ни изгледаше мрсна. После плажа само еднаш ја плакнев со шампон и ми беше во совршена состојба, добро, уште ми е. Така да и маслиновото ви го препорачувам, ако не за сунчење барем за коса. :)
     
    На ivancekitty и senza.parole им се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас истерав одмор со 30-ка од Леа(Фитофарм) и маслиново масло.

    Не горам лесно, и никогаш не сум користела повеќе од 30-ка. Леава ептен ме бендиса, ја земавме на промоција две шишенца едно фактор 30 едно 50. Почнато шишенце мене ми траеше цела недела, со мачкање по 5 пати дневно на цело тело, темелито. :) Откако фатив основна боја, последните два дена врз факторот си ставав и маслиново, не знам дали баш така требаше ама ризично ми беше да ставам само масло. Ако ништо друго, кожата ми е премека а имам фатено и одлична боја.

    Инаку се изначудив, во Грција видов девојчиња што во маслиновото цедеа лимон и така се мачкаа, ама ептен не ми беше јасно зошто. :?:
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    ^
    И јас така се чудев за лимонот и маслиновото масло.Па некни баш една девојка се мачкаше и ја прашав без срам.Ми кажа дека побрзо се потемнувало демек и ем штитело. :lol: :lol: :rofl: :rofl: И ефикасно било 8)
    Туку да јас да прашам.
    Девојки малку се лупам,па некој совет да се мачкам со нешто да се спречи ова лупењево? :lol: :lol:
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    За лупење пробај со вазелин. Јас ретко се лупам, ама другарка ми сериозни проблеми си има со сува кожа и доста се лупи. И препорачале вазелин ептен добро се покажувал.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackAntoanette

    BlackAntoanette Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    5
    дали некој ги пробал кремите за сончање од Леа? некакво искуство со нив?
     
  16. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Да ми препорача некоја феминка крема со заштитен фактор за проблематично лице склоно кон акни :)
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Обично овие креми се малку помрсни и потешки, па не верувам дека ќе најдеш некоја ефтина крема со заштитен фактор, а лице склоно кон акни.
    Имаш од Авене вакви креми, ако ти се даваат пари, од 800 ден. нагоре се, до кун 1200 ден.
     
    На Greenny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ти препорачувам детски крем со заштитен фактор од колекцијата на Bubchen ги има со 30 и 50.Разгледај низ аптеките,а цената е до 700 ден.Сепак детските колекции се тестирани на чувствителна и проблематична кожа.Јас имам искуство со кремот со заштитен фактор 50,бидејќи имам чувствителна кожа склона на црвенило,ама немам акни.Ми го препорача фармацевт и задоволна сум.Претходно употребував од Нивеа,ама овој е подобар за мојата кожа.Еве и слика

    [​IMG]
     
    На Greenny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Моите нови крема за лице и крема за тело со 50 заштитен фактор
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Мораа да се искористат попустиве :D

    [​IMG]
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.