1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сме “економски патриоти“?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 23 јули 2014.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не е темата за етничките проблеми што ги имаме со нив , ами од економски аспект .. Не знам дали нашите или нивните иселеници повеќе вложуваат во бизниси , не можам да најдам податок. Ама како и да е добро би било да развиваа бизниси со парите од странство а не во недвижности и калашников. :D

    Ама чисто се сомневам , вака шпекулирам ама не сум чула за многу успешни албански бизнисмени.
    За кадарот јасно е дека го немаат , а знам на што целиш со мабетот ама нема врска со темата .
     
    На sajonaramucaca и imelda им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Јас сум за економски патриотизам но во светски рамки! :D На тој начин трајно би се извлекол о декономските кризи. Малце Берово, малце Хаваи, малце Шведска, па Тајланд и Лаос, па натпревар во скокање со кенгурите во Австралија...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Зошто да останеме ограничени и секоја година да летуваме на исто место во државава? Зашто сме економски патриоти? Зошто доколку имам можност не си дозволам летување на место кај што не сум била, на некое далечно место. Зошто секоја година би одела во Охрид или Дојран, кога можам за тие пари да одам во Грција, Бугарија, Албанија? Точно дека во Грција е скапо, 10 евра од ноќевање, ако имаш среќа и за 8 ќе најдеш, зборувам за овие поблиските места. Во кафана да седнеш во Грција ти требаат пари, да. Една пица е минимум 20 евра, пиво од 4 па нагоре. Ама, нема да јадам пица таму, ќе јадам тука. Таму ќе јадам гиро од 2 евра. Нема да одам по кафани таму, ќе одам да се прошетам, да видам. Глупо е тоа како некои размислуваат и ја стават политиката на прво место, ја мразат Грција и им се чудат и ги навредуваат оние кои таму одат да се сончат и да се бањат во морето.
    Кога беше поплавата во Србија, ние Македонците најмногу пруживме помош. А како ни вратија тие? Кога имавме некој спортски натпревар пред некое време со нив, на трибините излегоа со грчки знамиња и натписи Македонија е грчка. Ете колку беа благодарни што им помогнавме кога најмногу имаа потреба. За разлика од тоа, во Грција добро се однесуваат со тебе, зашто им оставаш пари.
    Јас би отишла во Грција уште 100 пати, моите пари кај сакам ќе ги трошам.
     
    На fast_and_curious, mal.ecka и Lavander им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Овој "термин" се кладам дека само во Македонија го има. |( "Економски патриоти"...

    Зошто да шетаме низ светот, зошто да се полниме со искуства, зошто да гледаме различни култури, зошто да се полниме со знаење, зошто да се образуваме надвор, зошто да прошируваме видици, зошто да се стремиме кон повеќе, зошто да запознаваме нови луѓе кога си можеме да си останеме затупени во мозоците, закоравени, ограничени, со балкански менталитет и супер да ни биде. Охрид ви е доволен за цел живот. Нема Турција, Египет, Шпанија, а па за Грција да не слушнам. По еднаш, два пати до Маврово и Берово, неколку пати до Дојран и доста ви е, нема многу, многу шетање. Да бе, да видите бел свет, да видите како функционира таму животот, па после да се буните тука ова не чини, тоа не чини, ова не е како што треба, тоа не треба така. Супер си живееме. Тишина. Глас да не слушнам.

    Некои луѓе навистина немаат ни пари за да шетаат којзнае колку, тоа е веќе приморана ситуација. Ама свесно, при можности и при доволни средства да не прошетам кај што сакам и кај што ми се може низ светот само зашто треба да сме "економски патриоти" - НЕ, НИКОГАШ.
     
    На calliope, Bridget, jovanovska94 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Го нема тој термин само во Македонија, во Србија е измислен, уште еден „бисер балкански“ од држава.

    Шпанија, Египет, повеќето овде само на слика сте ги виделе. Не гледам простор каде би водела дискусијата освен ако не е летување во Грција, дали вреди да се оставаат парите во земја која ти ги блокира евро и НАТО интеграциите со тоа и шансата за побогат и побезбеден живот и земјата заради која се бламираме пред светот или сепак стандардот е толку мизерен па тоа е единствената опција за летување, покрај Охрид кој ви станал веќе досаден.
    За купување македонски производи нема многу што да се разговара, уште да имаше тука некакво производство.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Шансите за побогат и побезбеден живот сами повеќе си ги минираме отколку што тоа го прави Грција (не дека ги бранам Грците, политиката кон нас им е повеќе од расипана, но не се само тие виновни), ама тоа е друг муабет.
    Прашањето тука беше општо поставено, и прилично лошо формулирано. Како што daydream вика, секое излегување вон границите на државата е ново искуство, па дој кај и да сака да е. Дали било тоа одмор во Грција, Албанија, Бугарија, или малку подалеку, или викенд во Београд, Загреб, Рим, Париз или слично, убаво е да се прошета. Ако мериме и одиме само во историски пријателски земји, нема да стасаме далеку - Грците не блокираат, значи нема кај нив, за Албанците да не почнуваме, Бугарите не не признаваат, Турците пет века тука не поробиле, ама треба да се има и предвид дека Европа била главна за да ја распарчат територијата во балканските војни и да не ни ја вратат никогаш, дури и денес, ако Европа и САД сакаа, одамна ќе бевме и во НАТО и во ЕУ. Значи, да си седиме дома или да летуваме во Африка, друго чаре нема, иначе сме предавници.
    И да, Охрид станува досаден после недела дена.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Какво мешање баби и жаби. Бадијала е да се дискутира тука.

    Поентата ми беше дека освен за Грција, нема за каков „економски патриотизам“ да се зборува ако се земе предвид дека домашното производство е речиси пропаднато. Инаку мене јасни ми се мене сите причинители заради кои оваа држава ита кон амбис, и внатрешни и надворешни, исто како што на повеќето НЕ ви е јасно дека и грчката политика тука сносува подеднаков дел од одговорноста. Јас за Охрид немам воопшто пофални зборови патем и не ми е поим за добро поминато лето исто како што не ми се ниту Грција или Албанија каде не ни одам (не од патриотски причини, други дестинации ми биле поатрактивни). Толку, фала, пријатно.
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Е видиш, и мене за патување не ми е битно дали дестинацијата е патриотска или не. Така и за меден месец попривлечно ми се виде Санторини во однос на Мајорка (двете беа во опција).
    А поентата моја беше дека за економски патриотизам не може да се зборува за туризам, ВКЛУЧИТЕЛНО со Грција.
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Мене не ми е јасно

    Значи имаш цела држава чија политика е да ја уништи Македонија , те плукаат , навредуваат , те сметаат како обично ѓубре, кршат коли, понижуваат на било каков начин и воопшто не те признаваат дека постоиш како Македонец....

    И сега луѓе кога ќе ги третираш на тој начин , обично нели настануваат проблеми , пријавувања и остало.
    Во оваа ситуација наместо да се каже , не нема да идам и да давам пари на држава која сака да ме избрише од карта , се вика , ех па што , големо чудо ако ме плукаат и ми кршат кола , ќе идам пак , ќе дадам 500 евра не е проблем..... истото ќе го направат и други еве да кажеме 10.000 македонци , и 10.000 x 500 = 5.000.000 евра , а тоа не е малце , али доволно да се помогне на распадната економија и да се вложат нови средства за уништување на Македонија.

    И така , од тука ќе се научи дека Македонците немаат свое јас и дозволуваат кој како сака да ги третира и да си игра со нив.... али важно имаме селфи дека сме биле на некој од краците , тоа е поважно ....
     
    На okcenzi и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    И јас секогаш купувам македонски производи на пр полимарк кечапот е поефтин за 20 денари од витаминката, но јас сепак си купувам витаминка. И сите други производи кои ги имаме. Во грција не сум била и не сакам да одам, затоа што не ги сакам како народ. Но за туризам односно за еден одмор од 10 дена нема што да се глуми патриоти. Зошто не се лутиме кога се оди Египет или Дубаи, кога знаеме дека од тамо се финансира вахабизмот? А што Охрид да одам кога и за јавно ве це се плака 30 денари, за влез во манастир 50 денари итн. Во Охрид е поскапо отколку во ксамил. Да не се лажеме море е море, а ние го немаме ( освен егејско ако се рачуна сеуште за наше).

    Е сега би ја замолила феминката која ја отвори оваа тема, да отвори уште една нова тема за македонските производи - за наше добро и да си ставиме листа кои производи се наши или пак кои наши луѓе увезуваат производи. Ке отидам малку надвор од тема, но ви се извинувам бидејки ова сакам да го знаете.
    Орбит мастиките ги увезува истиот љочк кој ја финансира албанската Разбуди се. Да да добро прочитавте, со свој куршум ке се убиеме. Затоа јас никогаш не ги купувам орбит мастиките. Многу е битно и да знаеме кој ни увезува било каква стока и кого тој финансира.
    Според мене ова е економски патриотизам, а не летување за 10 дена.
    Пак ке се извинам што малку отидов надвор од тема, ама само малку.
     
    На Tanjamm и Abeja им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не не не, тука си грешка, си употребил еднина а треба множина. Не е само една цела држава (тука мислиш на Грција), туку тука влегуваат и Србија (кои од секогаш не понижувале како народ и се "збратимени" со грците а и не ни ја признаваат црквата, поголемо ѓубре се од грците), тука се Бугарите, да не раскажувам историја, ама и таму се краде на големо, можеби нема да ти ја сршат колата ама постои исто толкава шанса (како да ти ја демолираат грците) да ти ја украдат, па потоа Албанија, па еве Египет, Дубаи, Турција, како што веќе беше споменато што се финансира итн...
    Сите се фативте за таа Грција, како демек ако она не признае и одма не примаат во ЕУ, мед и млеко ќе тече, плати по 5000 евра ќе имаме. Не бе срцки, бетер ќе биде, можеби грците и услуга ни прават со вето на нашето членство.

    Туку, не знам дали сте приметиле, по српските, хрватските, унгарски, романските и тн. телевизизиски програми често се рекламираат домашните производи, се буди свеста кај народот за своето, а кај нас нема ништо од тоа (дали пак јас не гледам македонски телевизии од причина дека нема што да се види, поправете ме ако грешам во врска со рекламите).
    Кај нас не знае да се изрекламира својот производ, не знае да се поттикне народот да купува домашни производи, да се зајакне економијата, да се намали увозот на странски производи кога на домашниот пазар имаме доволно ист таков наш производ.
    По нашите телевизии се вртат реклами за шесто дете, за знаењето како моќ, владата колку ја намалила невработеноста (само привидно, тактички), па преку реклами ја запознаваме Македонија, па вип, телеком, уан реклами зборувај за толку денари...
    Наместо да се трудат да го зголемат стандардот, да ја зајакнат економијата, да го вработат народот за да има пари за да ги посети тие места што ги рекламираат, тие ни перат мозок преку телевизииве.
    Прво обезбеди го граѓанинот финансиски, па после кажувај му колку е убава Македонија и кои места да ги посети.

    Со празен џеб и со гладна уста не се шета.

    Madetolove кажи каде има сместување во Грција за 10 евра? :^) :o Да не мислиш заедно со уште две други другарки да платите по 10 евра, што би му дошло 30 евра од апартман?
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Морам само уште ова да додадам кое многу ме нервира. Често слушам и читам на многу теми како се купува се на бит пазар. А сите немири и сите оние кои протестираат и палат и рушат се тезгаџиите од бит пазар. Ние одиме кај нив пазаруваме, пари им оставаме, а после 2-3 дена тие ни кршат судови, ни напаѓаат полицајци, финансираат вахабистички џамии итн.Во ред знам дека е најефтино и дека секој нема пари за да купи поскапо, но разликата е сигурно од 10-50 денари за да се купи кај некој македонец. Има многу примери за кои може да зборуваме на оваа тема.
    Има и македонски медени срца, но ние упорно ги купуваме српските. Зошто? Незнам дали сте ги пробале,но нашите се некако повкусни и + имаме и посни. Фирмата која ги произведува е македноска со наши вработени и плаќа данок на нашата држава.

    Ким томато е Неготински.
    Брилијант зејтинот е Штипски
    Кристал маргарин, зејтин и др се Велешки
    Слаткото од смокви исто од кристал е незаменливо.
    Битолско млеко кај мене секој ден се купува, а тетовското само за готвење.
    Сирење се разбира здравје радово.

    Да не заборавиме што се случи со брашното и млекото од соседна Србија.

    Ако купуваме наши производи, инвестираме во нас и во нови производи, како и работни места. Овие фирми не се државни па да се бунтуваме. Треба и мораме да ги купуваме.


    Фирми во македонија на кои други им се газди и кој знае што и каде финансираат на пр се:
    Везешари тетово- кои за да се вработиш кај нив пожелно е да знаеш и албански а по можност и германски. Партннери имаат околу 7 но ниеден не е мкд. Се наоѓаат во село Требош каде ги убија нашите бранители за време кризата. Но сепак барем плакаат данок на оваа држава.
     
    На Tanjamm и joy1 им се допаѓа ова.
  13. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Ние лани зедовме дуплекс за 40 евра (5 души бевме) од ден во стариот дел на Врасна,во втори ред беше куќата. Плажата не беше многу убава, имаше големки каменчиња, ама ептен блиску е Неа Врасна и таму е поубаво. Инаку местото е многу мирно.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Економски патротизам не е само да не одиш на одмор во Грција или на шопинг во Грција, затоа што не не признавале, а да одиш на други места.

    Реално, нашите соседни земји не не признаваат, кој името, кој јазикот, кој црквата, кој територијата.
    Според мене, поголем економски патриот ке бидеш ако купуваш макеоднски производи, отколку странски, што секако годишно е многу повеќе отколку 7 дневен одмор во Грција.

    За првата точка - одморот. Да речеме, работам 11 месеци ко будала, прекувремено, неплатено, преку викенди и спијам и сонувам за работата. Дванаестиот месец, со парите кои сум ги штедела ко луда, што сум си кусела од ситниците кои не се задолжителни, а даваат задоволство, одам на одмор (ова само посликовито, не одам цел месец на одмор, туку само да ја појаснам поентата). Е сега, за да сум економски патриот, треба да одам во Охрид, Дојран или Преспа, на езеро, или Маворо, на планина. Зошто да одам во Охрид, во хотел, кој ми бара над 30 евра по лице за вечер, кога во Грција, хотел со сопствена плажа и плус појадок и вечера, ми е 15 евра по човек? (ист број ѕвездички хотел).
    Никој не те тапша по грб и ти вика на ти 8000 денари плус и оди тука на одмор...за да надоместиш за трошоците, оти во Охрид е изгор скапо. Во хотел во Грција, пред да си одам и да платам на рецепција, ми ги минусираа сите коктели на плажа. Оти сме биле фини. Во Охрид може само да ми го наплатат мразот во сокчето плус.
    А зошто да одам во Маврово, да речеме Радика, со 55 евра по човек, само за спиење, кога во Банско, ист таков хотел, со 5 ѕвездички ми е 20 евра полн пансион?

    Факт е дека е премногу себично, ама хеј, 11 месеци работам и сакам да уживам максимум.

    Ама, за втората точка, па...страшно многу се трудам да купувам македонски производи. И така можеби надоместувам.

    Сосема е нормално да се оди надвор од државата на одмор, а тоа што ние не можеме да си дозволиме да одиме на Хаваи и Париз кога сакаме, не тера да одиме кај оние кои не не сакаат. Ко демек на Хаваите у несвест да паѓаат за македоницте. И се ке беше океј, ако парите се вртеа и странци даваа доволно во Македонија за туризам. Ама од горенаведените цени и причини, и тие не би дошле кај нас. Оти во Охрид кај некоја баба е поскапо отколку во Грција на плажа.

    Нека ги симнат цените малку, никој нема да оди подалеку. Уствари, ке одат сите. Секој сака да отиде на ново и поубаво место, и сосема е нормално да се оди надвор од државата.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.247
    Зошто да купувам од шиптар кој не дава фискална? Зошто да купувам на Бит пазар? Зошто со години да се оди на одмор само во Грција и Грција? На нас ни фали повисока национална свест. Сите балкански народи имаат повисока национална свест од нас и сите повеќе направиле за својата држава од нас. Ние само се жалиме државата она, државата ова, па ние сме државата. Многу Македонци кога одат во Грција кажуваат дека се од Србија, а се знае зошто. Ќе им кажат Грците дека нема Македонија, има само ФИРОМ.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Абеја , од сите години што сум патувал во Србија и што сум искачал и запознавал луѓе , никогаш ,ама баш никогаш не сум добил некој негативен коментар , или пак колата да ми ја кршат или слично , апсолутно никогаш .. Тоа со црквите што си имаме проблем , тоа воопшто не ме интересира , нашиве цркви не ни вредат 5 пари па да некој ги признава или слично , друго во Бугарија има проблеми али пак тоа се минимални и не толку за разлика од Грција каде што има огромна политика да не уништи

    За Турција и Египет не сум бил и неможам да зборам ... Не разбирам , да земам јас да кршам коли и плукам по луѓето и да ми идат кај мене на одмор ... секоја чест. :fubar:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не не, не го разбирам ова.
    Зошто ако некоја друга држава ми нуди подобри услови за одмор јас заради некој си партиотизам да одам во Охрид или Дојран? Зошто ако некоја држава има поквалитетни производи кои ги пласира на нашиот пазар да купувам од наше производство кое да речеме не е толку добро како германското?
    Нормално е дека имаме навистина одлични производи и јас би рекла дека повеќе ги купуваме домашните производи одколку увозните, Здравје Радово е одлична млекара и доста квалитетни производи нуди, Агроплод или Свис Лион, Винчини, Витаминка, Европа, Ким, Винариите итн верувам дека на сите ни се омилени и не ги менуваме. Тоа не значи дека јас треба само од нив да купувам и никогаш да не купам нешто од увоз на пример месните производи, увозните мене ми се далеку подобри од нашиве на Мик Свети Николе, Ука и други, па сеа ако не ми се допаѓаат нивните производи нема со сила да купувам само за да бидам патриот. Еј па можеби тоа ќе влијае малце и врз нашиве производители да си го зголемат квалитетот.
    Незнам зошто ги презирате тие што одат на одмор во Грција која не не признавала. И сеа што ако не не признава јас да неможам да си уживам на море и да поминам поефтино од Охрид? Тие прашања нека си ги решаваат политичките претставници што сме ги избрале. Доста со тие глупости дека ве деградирале кога сте оделе во Грција, таму гледаат да те услужат најдобро што можат без разлика од каде си, а не па да се расправаат со македонците. Додека не се уверите сами немојте со тие рекла казала муабети. И да Грците и Албанците, па и Бугарите што си летуваат во своите земји им е ок затоа што имаат море и прифатливи им се цените најверојатно. Како што ги гледав цените Албанија е дупло поефтина од Охрид и за храна и за сместување, а плажите се многу средени плус е море. Ние сме мала држава и еднаш ајде ќе отидеш во Охрид ама нема секоја година да идеш сигурно освен ако не си некој голем патриот.
    Според мене патриотизмот нема врска со желбата за патување и посетување на различни места како што нема врска и со вкусот на луѓето. Ако тоа што сакам да летувам надвор од земјата и што сакам германска пршута и сланина ме прави предавничка на својата земја I don`t care. Нема да глумам лудило.
     
    На simoncelicius и darcy им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.247
    Се сложувам. Во Србија сме добро прифатени, јас сум патувала и патувам секое лето таму. Во Бугарија исто братучед ми беше изненаден колку убаво и љубезно ги пречекале низ град кај што правеле пауза уз пат, им понудиле вода, кафе за без пари. Дури се зачуди дека биле многу фини. Ако морам да бирам прво би одела Србија или Бугарија на патување отколку Грција.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас лично и во Грција сум го имала буквално истиот третман. Љубезни, фини, позитивни, насмеани, секогаш желни за помош. Никогаш не сум била ни блиску до инциденти. Јас сум била културна, културни биле и со мене.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^И јас сум го имала истиот третман од страна на Грците. Културни, гостопримливи и фини. Конкретно ќерката на газдите едвај беше научила еден текст за да ни објасни кога ќе доаѓа собарката да чисти, што има во собата, каде е нејзината соба ако ни треба нешто, па дури ни препорача места кои би можеле да ги посетиме. Ова го кажа најмалку 10 пати, бидејќи се расштракавме во дворот.

    Сепак, тие се угостители кои печалат од туризмот, зошто би си бркале сами гостите? Крајно е нелогично, нели?

    Исто така, се запознавме со Грци, кои дошле тука на одмор и самите потврдија дека само поединци имаат таков став и однос кон нас, Македонците.
     
    На Abeja и Daydream им се допаѓа ова.