1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ниту еден миг од животот не е дел од филмска сцена. Никогаш не свири One Republic во позадина на вашите успеси, ниту гулаби полетуваат и никогаш нема одненадеж да се појави вашиот сакан и да ви чукне на прозорецот во моментите кога седите со навалена глава врз воланот прашувајќи се како успеавте толку да ја заебете работата.

    Никому не му е грижа за вашите проблеми и никој не сака да слушне каква неправда ви се случила. Никој и не сака да слушне колку сте биле успешни во нешто, тоа ќе го разочара зашто не е на ваше место, па ќе си проколне во себе и ќе посака тоа да ви биде последниот успех во животот. И тоа не се оние лоши, злобни негативци од филмовите, тоа е секој околу вас. Оние кои се покажале како непријатели, оние кои ви се прават пријатели и оние кои изгледаат незаинтересирано.

    Најдоброто што може да го направите кога ќе се најдете во некоја од овие ситуации... или подобро кажано... најдоброто нешто што може да го направите во секој миг од животот, е да имате успеси секој ден, за инает на сите околу вас и не пропуштајте да се пофалите и да се израдувате во моментите на успех, да се напиете и да се опиете, за инает на оние кои проколнале кога виделе дека сте успешни.

    На крајот на денот, пред да си легнете, само помолете се рајот и пеколот навистина да постојат, па посакајте сите оние кои ве проколнале, во вечноста на пеколот да си ја бараат клетвата.
    Оние кои не проколнале и не посакале никому лошо... бидете токму вие.
     
    На Carpisa, Libera, Daydream и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    Ќе биде. Верувај :) Сигурно ќе биде..
     
    На eliesaab и mynameislove им се допаѓа ова.
  3. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Сакам да кажам, онака најискрено... Обожавам да ве читам:)
     
    На okcenzi, eliesaab, ColoursOfTheRainbow и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    Онака најискрено и од мене, и јас обожавам да ве читамм :sun: и да видам што им се случило на девојкиве, и што имаат да кажат. Коа ве читам ваква сум си цела :geek: ... И ете това си сакум да кажам... :rofl:
     
    На okcenzi, MademoiselleB и Arthur им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.690
    Ми се причинува или маживе се програмирани да не реагираат на зборови,туку само на дела? Можеш да гњавиш и да објаснуваш до задутре,веројатно само шумолење на дрвца слушаат. А, ако се оддалечиш,тргнеш малку,одма приметуваат дека нешто не е во ред и свесни се каде зафркнале.

    Како човек да биде искрен и да си каже се што сака? Какви се овие игри,а,а? :D
     
    На sia.bella, AnaKarenina и Summerlover им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Замислете да се даваше среќата како кило компири. Како букетче цвеќе. Како чоколадно бонбонче.

    Замислете да се вадеше туѓата тага од нивните срца. Како плевел од земјата, како јогурт од фрижидерот, како лушпа од јајце падната во кајганата.

    Замислете да можеше да се трампа со туѓата болка - да земеш малку од неа и за возврат да дадеш малку радост.

    Оти го сакаш повеќе од себе, оти подобро ке ја истрпиш својата од неговата болка. Ја сфаќам мајка ми кога ќе речеше, ти ке паднеш, мене повеќе ме боли. Така ми е мене сега.

    Оти не можам да извадам нишка од срцево полна со радост и да му ја дадам. Оти не можам да ја извадам надвор неговата мака и да ја ставам на мојава душа. Оти не одат така работите.

    Можам само да ќутам, да трпам, да се надевам дека ке му биде подобро и да се правам кловн за да измамам една насмевка. Оти живеам за таа насмевка.
     
    На Carpisa, Ivy89, eliesaab и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе, едноставно, сакаат да се прават дека се попаметни од другите. Се сметаат себеси за најдобри и дека се во право за се.
    Епа, мили мои, не е така.
     
    На sweet-star, Elennaa, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Секој ден го откривам она во кое треба да верувам ,се разбира за мое добро :)
     
  9. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Stanav tetka :D Mojata najdobra drugarka se zbogati-stana MAJKA!! <3 <3
     
    На Ivy89, natemila, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.
  10. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    влезе оса вавтобус и јас како што се плашам од секаков инсект , посебно од оса почнав да пискам ко будала . си слушам музика на телефон и се пулам на десно го гледам детево мава со влечка во воздух :rofl: после ги слушам сите пискаат се дерат и ја гледам осата .. ко сум скокнала :rofl: хаах го фрлив телефонот и почнав да мавтам со тренерката , сите станаа и ги гледам овие назад се испотепаа :lol: овај зад мене вришти..умирам од смеење и мавтам истовремено ..и конечно застана осата кај едно дете на ташна и сите си ќутиме сега :rofl: ..[​IMG] ко скокна тој , ја фрли ташната кај мене , и ме акна по глаа .[​IMG][​IMG] , јас паднав се отепав и почнав пак да мавтам .[​IMG] осата кај мене јас со тренерката низ воздух манав 5-6 деца како и 3 по глава [​IMG] се вртам назад овај уште со влечка мава по воздух .[​IMG]
    и конечно ја избркавме :muscle: :muscle:
    сада мене глава боли и срце лупа :D
    bee problems
     
    На I.want.to.sleep, sweet-star, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  11. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Излезете 2-3 минути порано и автобусот ќе касни.
    Еднаш пристигнете точно на време и автобусот ќе ви замине пред очите - нормално.
    Aх Марфи Марфииии...
     
    На eliesaab, sweet-star, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Морам да ја прифатам сегашноста таква каква што е, а минатото да го заборавам... Но, има едно огромно прашање пред мене, :" Дали можам?"
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    83.825
    Пол:
    Женски
    Се плашам да кажам: Спремна сум,заминувам .
    Се плашам самата од себе како ќе биде и дали ќе се навикнам.Ги жалам и тешко ми е што ќе ги оставам сами без мојата помош а таа упорно ми вели :оди живеј си го животот не не гледај нас,можеме,ќе се снајдеме ќе издржиме и ќе се навикнеме дека нема да си до нас ... Ах бе мајка срцето ми се кине кога те гледам а не па да те оставам и да си ми далеку од очи...
    Како ќе се справам со оваа што го чуствувам во мене,сите се радуват во ваков момент а јас плачам затоа што неможам да го направам најтешкиот чекор,а тоа е да излезам од дома и да почнам да создавам мој нов дом,наш дом,дом со човекот кој го сакам и ми значи се.Како да најдам сила за оваа и да се справам со оваа неопишливо тешко чуство во мене...
    Тоа што не сум одлучна и решителна ме убива,времето ме убива а минува толку бргу ...
     
    На Daydream, Ivy89, Ketrin.Moon и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    денес денов ми помина лудо на спорт игравме кој одбојка кој баскет кој фудбал но бевме во сала 2 класа и кога јас расшутирана наваму натаму со топка за одбојка шутнав еднаш прва жртва другар ми право во глава ништо ми се заврти и ми рече полека бе малку :fubar: :fubar: шутнав уште еднаш и втора жртва едно девојче од другиот клас право во чело бам срека што не ја удрив по очила инаку ке беше баш интересно и третата жртва бев јас истиов другарр од пред малку со силна топка ме удри одназад кај колената и кога сум паднала брруки пред сите но помина важно си се намеавме добро и немаше некој тешко повреден :rofl: :rofl: :rofl: :lol: :lol: :lol: :inlove: :inlove:
     
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ме иритираат луѓе што за се се лутат.
    Се осеќам ко на јајца да газам кога сум со нив, случајно од нешто да не се навредат, случајно за нешто да не се налутат.
    Треба да пазиш што ќе речеш, како ќе го речеш, со кој тон ќе го речеш, па додека го кажуваш да припазиш и на насмевката каква ти е.... Оти ако им кажеш нешто со пола насмевка, готово, тешка навреда е тоа :emo:
    Асален муабет со вакви луѓе, нема.
     
    На cinderella5, mal.ecka, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам дали некогаш сум создала песна додека сум седела на удобна фотелја со лап топот пред мене. Најдлабоките чувства сум ги напишала на салфетка, автобуска карта, или згужвано парче хартија што случајно залутало во џебот. Додека сум пиела кафе, сум се возела кон дома, или сум чекала ред на каса.
    Така се раѓаат стиховите. Затоа што инспирацијата не прашува за време.
    Тогаш не размислувам. Само пишувам.

    Еднаш ме прашаа како после толку напишани песни, сé уште наоѓам идеи.
    Им велам: Веројатно сé уште имам што да кажам.
     
    На bittersweet, Daydream, Ivy89 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Никогаш немој да се срамиш ако се обидуваш и не успееш, бидејќи оној кој не успеал никогаш и не се обидел... Неуспехот никогаш нема да те стаса ако твојата решителност да успееш е доволно цврста... !!!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ми се поинтересни оние коишто се кренати до небо само затоа што тато и мама им се фаци во маало или пак оние коишто им се “пикаат“ и им се лигават со комплиментчиња на секој животен потег и виртуелен апдејт. Сум познавала такви, никогаш не сум им се улизувала, сум седела и на кафе со такви, сум ги почитувала се` додека ме почитувале и сигурно кафето со мене им било помалку напнато отколку кафе со такви луѓе коишто мислат дека цел свет треба да им прави услуги за слатките зборови и секоја насмевка им е премерена и со очекување однапред. И јас давам комплименти... но кога јас лично чувствувам потреба за тоа, кога нешто ќе ми се допадне.
     
    На eliesaab, Sanjichka007 и Valerin им се допаѓа ова.
  19. kissthedawn

    kissthedawn Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Треба да си го прифатам фактот дека интернетот е злоупотребуван за ширење на фрустрации.
    И да почнам да си ги споделувам мислите на лист.
    И да им ги повторувам на блиските.

    Толку имам да кажам.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Добро утро! :hai:
    Јас сум малку болна денеска, цела затната, со 300 хартии околу мене, капки за нос, апчиња за грло...едвај од кревет станав, па мама ме ослободи од денешните обврски на училиште и останав дома да одморам, ќе помине обична настинка. :)
    Многу мразам кога зборам затнато на нос, па речиси никој ништо не ме разбира, па апчиња да се пијат, па да внимаваш кога и на колку часа да ги пиеш и триста такви проблеми да речам. :D
    Инаку дојдов по нешто друго да кажувам, ама се заборавив, додека не ми отишла мислата, да напишам. :rofl:
    Нели пред 4 месеци ви кажав дека станав тетка за првпат :$ , мојата прва братучетка роди ќерка, но заради многу обврски, се погодивме да можеме тек вчера вечер првпат да ја видиме.
    Леле колку слатко бебе е, тој мирис на бебе, рачињата малечки, па кога ми се насмевна, дури успеа и за коса да ме фати. :rofl: Душичка мала, многу мирно бебе е, не плаче, сака кај сите во раце да оди, се смее само, смешко е. :inlove:
    Заборавив на сите грижи (ама грижи имам што да ви зборам, на пр. како - по историја па да си го поправам [​IMG] и некои такви слични проблеми и грижи, но нема врска), за некое време, избегав од реалноста, влегов во светот на бебињата. :lol: Како само со очите ја анализираше мајката, секој нејзин чекор, па се обидуваше да каже нешто ама само аааа или нешто такво ќе каже, чудно додека сме мали колку сме приврзани за мајките. [​IMG]
    Вчера пред да си легнам, дојде мама и ме гушна и бакна и ми вика за мене секогаш ќе бидеш мојата мала ќеркичка и кога ќе бидеш возрасна, за секој проблем, за се мене прво да ми се обратиш, и да си згрешила јас ќе ти кажам за грешката, секогаш мислам само за твое добро и секако нема ни да те карам ни ништо, ќе гледаш другпат да научиш од тоа и да не згрешиш повторно. :)
    Тешко на тој што нема мајка, а тој што ја има нека биде среќен и нека ја чува, колку луѓе би дале се за повторно да ја видат својата мајка, или пак татко, родителите се сепак најбитни во животот и се пред се. Иако мислам дека ќерките се секогаш по приврзани со мајките, а не со татковците, а до 3-4 години секој е приврзан многу со мајката, еве го брат ми со тато е повеќе приврзан, не дека не ја сака мама туку што знам ете така... :)
    Епа тоа е се изнакажав јас, имајте убав ден и гледајте да не се разболете вака, секој дел од телото ме боли, мислам се ќе ми откаже. [​IMG] [​IMG]
     
    На GirlRose, Lella и Valerin им се допаѓа ова.