1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите на вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 29 јуни 2010.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Како се чувствувам, така се однесувам=не ги чувствувам како мама и татко, не ги именувам со мама и тато .
    И мислам дека искреноста е доблест која се поретко ја има во денешно време. Од една страна и вика мамо мамо, а од друга страна една на друга мамичето си го прекаруваат, е затоа не ги бива пола заедници. Треба да си искрен пред себе и другите. А старата госпожа како милува да ја именуваат ич не треба да ти биде важно.
     
    На Momichka и butterfly4 им се допаѓа ова.
  2. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Angel како шти кажа и сама се е ствар договор.Јас ги викам мама и тато,мм моите ги вика баба и дедо и верувај воопшто не ми е тешко,ако ете нив ги прави среќни тоа.Како што напоменав имам млада и современа градска свекрва(не се фалам)мислев дека нема да и е битно тоа,ама ете сакаше и немам ништо против,и мене ми беше тешко од почеток,ама се навикнав.Они може не сваќаат дека со тоа не се постигнува ништо,мислам ако не се почитуваме меѓусебно,џабе се.Останало како некоја традиција и ние тоа неможеме да го смениме.Сепак секој си знае за себе и како сака нека си прави. :)

    п.с со нив си имам коректен однос,фала Богу,се разбираме,тука се за нас во секое време,па мислам и го заслужуваат тоа(спрема мене),а и многу повеќе. ;)
     
  3. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    69
    Можеме, можеме.... :lol:
     
    На Momichka и Hipica им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Да нема забуна, јас ова го немам напишано а е во мој цитат вметнато, внимавајте кога цитирате!
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Ги прашувам тогаш пресни свекор и свекрва како е снаата?А тие а супер е + многу е добра вика мама тато,многу е добра :D Значи само мамо тато ако викаш тогаш си добра.Ех да беше се толку лесно,луѓето понекогаш се задоволуваат со ситници.
     
  6. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    69
    AngelOfArh извини, не е намерно.
     
  7. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    b]утре името на детето[/b] - Томку така очекувам да се движат работите.
    Мора да имаме некоја средина. Моите родители немат проблем со чичо и тета, ама да.. до луѓето е :) јбг на некој мора да ми се погодат и тие :)
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Едни мајка и татко имам јас. Нема што да ги викам неговите така. До вчера ми беа тетка х и чичко у а сега мама и тато. Туф туф :D
    Мене еднаш ми искоментира свеки дека не ми е тетка и си го доби точниот одговор прво од мене "јас си имам мајка", па после и мм и објасни :D . Затоа сега ја викам по име, а некогаш и никако, туку му викам на мм кажи и на мајка ти. :D
     
    На Ferfelina, senza.parole, Momichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.581
    Пол:
    Женски
    некоја снашка не сакала на свеки да и рече мамо .ставила свеки вода на шпорет да врие- за кафе да направи ама ја заборавила.снаата ја видела ама како да каже,треба да и се обрати Ч
    -еј,ви. вода ври.
     
  10. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски

    Јас разбирам дека дека родителите на мм не се некои обични тетка и чичко.
    Да, ние сме дел од една заедница. Ако одам до дуканот по сладолед, секако и за нив ќе земам. Ако јадеме некаде, јас инсистирам да се јавеме да прашаме дали се гладни да земем за нив.
    Ние сме дел од заедница, и така и ги сметам и почитувам.
    Доста се фер луѓето, а релативно сум и јас.
    Ама ова традицијата ми е преку глава. Се се душа чекам да имам деца и да им викам и јас Баба и Дедо 8)

    Не е тешко да кажеш мамо, или претпоставувам дека не е тешко, ама многу ми е вештачки :x
    + мислам дека ако сега паднам на брашното, ќе добијат многу сила и за детото ќе прават многу притисок да се вика по нив.
    :emo: тоа најмалку сакам.
     
    На toogood и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Јас и сега не викам никако само на име,брука сум,знам :lol: Како да викнам тетко,чичко,неможам,дури мислам дека побрзо би им рекла тато и мама него тетка и чичко,како другари ги чувствувам искрено,да не знае човек како да се обрати.А познаваќи ги знам дека ќе очекуваат да им викам мама и тато а исто така знам дека знаат дека душата не ми дава да се обратам ни на едниот начин ни на другиот.Незгодно ми е.Не ми е јасно како би било најправилно :?: Ех традиции и очекувања,цел живот со ситници ќе се расправаме и замеруваме како тоа да е најголем проблем.
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, јас сум од оние кои би ги викала мама и тато пред било што друго. Тетка и чичко ми е бескрајно глупаво, по име не доаѓа во предвид затоа што не личи, па не сме другари. Вака ем ми е решено највеќе ми одговара да ги викам и воопшто не ми пречи како на други девојки на пример, ем (барем сега за сега) навистина ги гледам така. И решен проблемм. :D Ќе ми биде мило ако и тие сакаат така да ги викам, знам дека не би ме терале ако не сакам такво нешто, не се такви луѓето, но сеуште не знам каков ќе им биде ставот знаејќи дека сакам да ги викам така. :D
     
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Тетка и чичко навистина глупаво звучи,на име не ни се другари,мама и тато не ни се ни тоа.Значи се бара предлог како би било најдобро да им се обраќаме во иднина(за мене блиска иднина :$ )
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Па и за мене може да биде блиска судејќи по муабетите во последно време, ама ќе видиме не се знае. :rofl: Инаку не ми текнува мене друга опција. Не ни се ни мајка и татко, ама јас пак го гледам како најблиска опција тоа, зашто па тетка и чичко па ич не ни се, а ако гледаме реално бидејќи ти го земаш презимето на сопругот, влегуваш во нивното семејство (а некои и во нивната куќа), највеќе одговара тоа. Ако не ти одговара, подобро по име според мене. :D Или пак најреално, свекрво викај ја. :rofl: Инаку мојата бидејќи свекрва ѝ уште е жива, а се гледа дека била лоша жена и дека веројатно ја терала „мамо“ да ја вика, гледам колку избегнува да ѝ се обрати и дури и кога ќе ѝ се обрати ептен со сила стегнато е, апла се гледа дека со грутка во грло е, што и разбирам. Така да со сила убавина нема. :D Или ти лежи или не... Викаат љубовта прави да засакаме се на партнерот како да е наше што и сум осетила дека е така, ама оваа била ептен лоша жена, и без никој да ми каже јас ја намирисав и тоа стара е, поминало нејзиното па пак се осеќа. :rofl:
     
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Искрено и јас ги сакам премногу,блиски ги чувствувам.Таква личност сум или некого искрено сакам и го почитувам,или не го сакам и не го почитувам,незнам да не го сакам а да го почитувам поради тоа што му е на некој нешто.Кој како ќе заслужи.Не би ми сметало да ги викам мама и тато,макар што на почеток би ми било чудно.Но што ако не оди се како што треба па после не сакам да ги викам така,па да незнам како да им се обратам.Премногу размислувам а не треба :rofl:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Е добро де, како што кажа искрена си и не сакаш фарса, така и за тоа. Од почеток ќе видиш ако не ти оди, ќе им кажеш директно, најубаво. А ако ти опадне почитта кон нив од било која причина, тогаш не чувствувај обврска ни да им кажеш туку тие ќе треба да си знаат дека вашиот однос не е за мама и за тато. :D Постепено ќе си почнеш по име и штом не заслужиле нема ни да се замараш дали им смета или не и готово. Крај краева ако не живеете заедно и колку пати ќе мора да им се обраќаш па ти? :D Уживај не се замарај предвреме, се ќе си дојде постепено. Знам и јас сум таква, се замарам. :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Може и со еј и бе, абе, леле, не кон нив, туку онака во воздух, колку да ве чујат и обрнат внимание, да се свртат во ваш правец и кажуваш.

    Еееј, кафе ќе пиев, сум се заборавила. Да ставам едно и за тебе сакаш ли? Тууу, тоа ли е време? Да земам да пуштам машината да пере, имаш ли и ти нешто што сакаш да ставиш? Леле ич не знам што за вечера, имаш ли нешто на ум или енос да му ја мислиме двете.

    Лесно е. Јас мајката на снаа ми, нели сваќа ми е, и секогаш она по мене сваќе вика, еднаш ја реков на почеток и ми стана смешно, не можам, крај од мене сваќе, не верувам ни дека ме има приметено дека не ја викам никако, оти од тие е што се жали а немам чуено да ме оговара. Сега мамо е друго, чекаат свекрвите да чујат како звучи од ваша уста, па ќе ве осетат дека избегнувате. Тетко, чичко или на име нема никаква смисла. Мајка и татко во трето лице сигурно на никој нема да му е тешко. Како сине и дете што е разлика исто е со мамо и мајко. Барем чат пат колку да чујат нешто, а претежно и со еј примерите погоре ќе помине.
     
    На Ferfelina, Lovely93, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Mене ми е чудно она како можат снаите да си ги ословуваат свекорот и свекрвата со „тетка ____ и чичко ______“. Значи чудно ми е, не дека осудувам или нешто. Никогаш не би можела лично а и мене би ми било непријатно малку доколку имам снаа и така ме ословува. Ако ви е за да искажете почит, нема да искажете помалку почит ако ги ословувате со име, а им се обраќате со „вие“ на пример. А, да не зборуваме за тоа дека ословувањето е ситница во споредба со покажување на почит кон родителите на сопругот. Постапките се клучни.
     
    На Lovely93 и Hipica им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Е како бе до вчера ги викавте тетка хххх и сега наеднаш мамо или по име?
    Јас толку лесно не можам да се прешалтам.
    И добар дел од примерите на имелда применувам :D
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ова свек моја на сите им вика ова снаава не ме вика мамо јас и викам така да ме вика а она не ме вика мамо.
    Мама имам една и .
    И така еднаш и викам е добро оти ти мене не ме викаш ќерко туку снао? Е јас имам две ќерки неможам да те викам и тебе оти снаа си ми :^) е па тука и викам нема нејасно нешто,и јас имам една мајка и неможам тебе мамо да те викам оти се знае која е МАМА!.
    Така е тоа :D
     
    На Ferfelina, kukla21, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.