Не знам дали ова е типичен рецепт за селско месо но јас си го правам вака: Сецкаш кромид (еден тон), се става многу али ти по вкус можеш колку сакаш, го ставаш на тивок оган да се пржи, да омекне, додаваш ситно сецкан морков, можеш и пиперки, домати,печурки, не е грешка но и без нив се може...На крај го ставаш месото, се пржи малку па се додава вода-колку да се налее сето, затвараш со капак и го оставаш скрос на тих оган околу 2 саати...Да не заборавиш зачини На 15 мин. пред да го извадиш од оган му додаваш брашно кое претходно го разматуваш во топла вода (1 или 2 лаж. брашно во мала чаша топла вода)...На крај излегува ммммм...кај ме потсети ми се пријаде...поздрав!
Абе секој си го прави на како што си знае Јас го правам вака: прво сецкам кромид и запржувам, го додавам месото исецкано на коцки и вода колку да облие и го оставам така да си крчка. Кога водата ќе изврие додавам свежи печрки, моркови сецкани на кругчиња и додавам томатео сос, зачинувам и оставам да крчка. Понекогаш ставам и брокула. Абе месото и печурките ти се главни намирници за селско месо и се друго по вкус можеш да си додадеш!
Да не повторувам едно те исто ама освен печурки и свинско месо јас си ставам и телешко месо -исецкано на коцки и/или мали ќувтиња - плескавички. Зачини по желба, и не ставам запршка туку сето тоа се крчка и на крај пропржува или втора варијанта која ми е полесна - сето тоа го крчкам во крем супа од печурки за да на крај ставам во релна да се потпече малку. Одозгора обавезно ситно сецкан магданос и луто пиперче (сакам луто)
Дефинитивно мое омилено јадење! Знам дека мама вака го прави, еднаш ја гледав: прво сецка кромид и го става да се пропржи, додава сецкан морков и сецкан патлиџан и се тоа заедно се пржи. Во друг сад го пржи месото, потоа го додава кромидот, додава сенф малку, зачини, вода така повеќе и става печурки ( јас го сакам со повеќепечурки поубаво ми е) и сето тоа така се прави околу 2-2ипол саати
Леле, еднаш мајка и на цимерката ни пушти Селско месо и не можевме да се донајадеме колку само вкусно ни беше! Преубаво јадење!
не сум пробала но, дали ќе биде вкусно ако покрај споменатите состојки и покрај кечапот (или томателото) на крај ставиме павлака? Ако некој пробал нека каже сакам да пробам ама не и да утнам
Мојот рецепт за селско месо е без кромид, но дефинитивно највкусен рецепт што некогаш го имам пробано. На ситно се сецка свинското месо и се става во тава за пржење. Откако ќе почне да се пропржува, се додаваат шампињоните и повторно заедно се впржуваат. Откако месото ќе ја промени бојата, се додава малку вода, а потоа зачините, вегета, бибер и една лажица сол-буковец. Штом водата почне да врие, се додава 1 голема лажица мајонез, 1 лажица црвен пипер и 2 лажици брашно, а кога ќе почне да се згуснува, се додава уште малку вода и смесата се истура во земјена тава или тавче за печење, се става во рерна и се крчка додека не фати коричка одозгора.
Јас вака го правам-свинско месо се сече на помали парчиња,а по желба се додава и пилешко-стек.Го посолувам месото,а потоа сите парчиња ги провалкувам во брашно,а потоа ги ставам во врел зејтин -не се пржат целосно туку онака 5-7 мин.Потоа додавам печурки,сенф,вегета ,бело вино,оригано,бибер и малку водичка.Го оставам да прокрчка 15-20 мин,му додавам една чаша кисела павлака,а потоа го префрлувам во земјена тава и оди во рерна. 5 мин.пред крајот,додавам одозгора рендан посен кашкавал(не горчи кога е посен ,другите даваат горчлив вкус).Супер е ,овој рецепт со години е на маса кај мене за разни собирања со друштвото и досега е само фален.
Јас го правам така што прво сечам кромид ( повеќе) ама многуу ситно сечкан дури како рендан,тоа го пропржувам и потоа додавам ситно сецкани моркови и печурки ама печурките не баш ситно тоа се пржи и по некое време малце да омекне го додавам предходно маалце поварено свинско месо на коцкички и на коцкички саламурен стек...тоа се пропржува ставам и вегета бибер и ловоров лист и кога убаво ќе се запржи го делам во земјени тавички мали и го ставам да се пече.Пред да биде готово околу 5 мин му ставам парчиња кашкавал(колку да се стопи) ии ее прекрасно прсти да излижеш....Кој и да го има пробано се има воодушевено.
Гледам сите прво сецкаат кромид па после се друго... Јас НИКАКО не ставам кромид во селско месо, ми дава вкус на манџа, затоа пржам само месо на коцки, свинско пилешко телешко (мешавина) и печурки и нешто сувомеснато за шмек (на пример врат, печеница или сланина на коцки). Се се пропржува заедно и на крај се префрла во земјена тава со една кесичка супа од печурки растворена во една чаша вода, тоа му доаѓа како сос. ВНИМАНИЕ: Бидејќи супата е концентрирана само во една чаша вода, немојте да го солите месото, може минимално да го посолите, во спротивно јадењето ке биде пресолено. Добар апетит!
Еве јас како го подготвувам. Свинското го сечам на мали парчиња и го маринирам со малку зејтин сенф бибер и сол. Потоа го пропржувам со малку кромид лук и печурки, додавам малку бело вино, специјална ќесичка за гулаш, една до две мали чаши вода, и го префрлувам во slow cooker минимум 7-8 часа. Но, кога немам време, ставам на најјако, и оставам да се крчка 5 часа. Преубаво е, и ви препорачувам да пробате. Само немојте да претерувате со зејтинот и солта, бидејќи и онака свинското месо е тешко за варење.
Како бре Ваље 7-8 часа, на електричен шпорет или на дрва ? Многу е штознам.На рингла го правиш или во релна .. што е многу, многу е сигурно е поубаво ама не ми е јасно толку многу време па нема ли да се превари, не е телешко ама и тоа побрзо се вари. Еве јас како го правам http://moirecepti.mk/post/селско-месо-4 , мислам дека за селско се важи и онаа свинско пржено со праз и зелени кисели доматки.
@Winter Lady Како што пишав и погоре, готвам во slow cooker (Coral). Тоа е електрично тенџере со керамичка облога, слично на експрес лонец. Бавното готвење кое трае неколку часа овозможува задржување на сите хранливи состојки, а храната ја прави повкусна. Преварување нема. Еве, ќе прикачам и фотографија за да биде појасно.