-Монасите од Тибет спијат исправено -Динамитот е направен од кикиритки -Anatidaеphobia е фобијата дека некаде, некако, те набљудува патка -Единствената храна која не скапува е медот -Бубашвабите можат да живеат со отсечена глава до 9 дена… после тоа умираат од изгладнетост! -Turritopsis Nutricula медузите се биолошки бесмртни -Ако ајкула се отпреврти – паѓа во кома -Најдолгата изнесена затворска казна изнесува 10 000 години -Во Франција е легално да се венчаш со мртов човек -Hippopotomonstrosesquippedaliophobia e фобијата од долги зборови - Aдолф Хитлер во 1938 год. е избран за човек на годината од страна на магазинот Тајм. - Најдолгиот бокс меч траел 110 рунди. - Најчестата човечка лага е „добро сум„. - Жирафите ги чистат ушите со својот јазик,кој е долг 45 цм. - Aко изедеш премногу моркови, има голема можност бојата на кожата да ти стане портокалова. - Првите високи потпетици биле правени за мажи, не за жени. - Зениците на окото се зголемуваат за 45% кога гледаш нешто што ти се допаѓа. - Во Microsoft Windows не можеш да крстиш папка Con. - Кучињата можат да разликуваат преку 50 различни зборови - Ако вриштиш 8 години,7 месеци и 6 дена,ќе создадеш доволно енергија да стоплиш еден филџан кафе,епа пробајте - Човековото срце,создава со чукањето притисок,кој може да испрска крв до 10 метри - Ако ја удираш главата од зид еден саат се трошат 150 калории - Сомот разликува 27.000 вкусови - Некои лавови се парат повеќе од 50 пати на ден - Пеперутките го одредуваат вкусот преку нозете - Најјак мускул од телото е јазикот - Морската звезда нема мозок - Поларните мечки се левучари -Забите на дабарите никогаш не престануваат да растат -Црвите имаат околу 9 срца - отворачот за конзерви е измислен после 48 години од измислувањето на конзервите. - мачката е единственото домашно животно кое не се спомнува во Библијата. - пенкалото го измислил хрватскиот научник Славољуб Едвард Пенкала. - најкратката војна во историјата била помеѓу Англија и Занзибар во 1896.Траела 38 минути. - Дамаск е најстариот непрекидно населен град на светот. - лилјакот е единствениот цицач кој може да лета. - лилјаците секогаш свртуваат лево кога излегуваат од пештерата. - зборот „Хималаи„ на санскрит значи „престојувалиште на снегот„. - зборот „цигара„ има шпанско потекло и во превод значи „штурец„ - во Јута (САД) птиците имале првенство на минување на сите автопати. Електричните јагули се во состојба да предизвикаат краткотраен струен удар со напон од дури 650 волти. -Мравките никогаш не спијат -Камилите имаат трислојни очни капаци за подобра заштита од песокот. -Клукајдрвецот може да клука по кората на дрвото и до 25 пати во секунда. -Стаорецот е во состојба да живее без вода подолго од камилата. -На крајот на песната “A day in a life” од легендарните The Beatles, снимен е ултрасоничен звук кој може да го чујат само кучињата.Снимката е направена специјално за Шетландскиот овчар на сер Пол Макартни. - За време на војната во САД кога војската се враќала назад од борба без жртви на голема табла пишувале О(null) K(killed) од таму е и фразата О.К - Биле потребни 22 века за да се пресмета далечината од Земјата до Сонцето. А требало само некој да се сети и да ја измери висината на Кеопсовата пирамида и да ја помножи со 1 000 000 - Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир умреле на ист ден иста година 23 април 1616г. - Комарците имаат заби - Слоновите се единствените животни кои не можат да скокаат.(ќути среќа) - Деснаците во просек жиеат 9 години повеќе од леваците. - Во Пентагон има двојно повеќе WC-а од потребниот број. Според тогашните закони на САД морало да се прават посебни тоалети за белците и црнците. - Спомениците на коњаници кога коњот е со двете предни ноѕе во воздух, означуваат дека ликот загинал во борба. Ако само едната нога на коњот е подигната значи дека ликот загинал од повреди здобиени во битка, а ако коњот стои на земја со сите 4 ноѕе значи дека коњаникот починал од природна смрт. - Кралевите (или по нашки поповите) во карти означуваат по еден голем крал од историјата. Пик – Крал Давид, Треф – Александар Велики, Срце – Карло Велики и Каро – Цезар - Кока кола оригинално била со зелена боја.
1. Научниците тврдат дека луѓето кои сонуваат почесто имаат поголем коефициент на интелигенција. 2. Сонот трае од две до три секунди. 3. Човековото лице се состои од 14 коски. 4. Најмалата коска се наоѓа во увото. 5. Забите полека почнуваат да растат 6 месеци пред раѓањето и се најтврд дел од телото. 6. Просечен човек има околу 6 килограми кожа на себе. 7. Мува во куќа може да преживее околу 14 дена. 8. Киселината од желудникот е доволно силна за да разгради жилет (сепак немојте да пробувате да голтнете) 9. Аргентина го добила името по латинскиот збор “аргентум“ кој означува сребро. 10. Кикириките се една од состојките на динамитот. 11. Запалката е измислена пред кибритот. 12. На Нов Зеланд има 17 пати повеќе овци од луѓе. 13. На Земјата, секој ден е подолг од претходниот за 0,00000002 секунди, заради намалување на земјината брзина. 14. Ајнштај почнал да зборува на 6 години. 15. Кравата може да се опијани ако се храни со јаболка. 16. Хитлер и Наполеон имале по еден тестис. 17. Грчката химна има 158 строфи. Не постои грк кој ја знае химната на памет.
Браво за темава Англискиот збор queue (редица, опашка) е единствениот збор во англискиот јазик кој што се изговара исто и кога ќе се отстранат последните четири букви од него. Првата трансфузија на крв е извршена во 1667. година кога Jean- BaptisteDenys направил трансфузија на околу еден литар овчја крв во телото на петнаесетгодишно момче. Ноктите на рацете растат четири пати побргу од ноктите на нозете. Се предвидува дека денешното светско население од шест милијарди луѓе до 2080 ќе нарасне до 15 милијарди. Месеците што почнуваат во недела секогаш ќе имаат „петок 13“ Доколку не би се употребувале прехранбени бои во неа, кока колата би била зелена. Камилите имаат три клепки за да се заштитат од песокот во пустините. Во државата Небраска е забрането со закон да се кива или подригнува во црква. Човекот се раѓа со 300 коски, но како возрасен бројот опаѓа на 206. Ако некои црви не најдат храна, се јадат себеси. Најстарата гума за џвакање е стара 9000 години. Бакингамската палата во Англија има повеќе од 600 соби. Кралицата Елизабета се сметала себеси за пример за редовното одржување на личната хигиена. Изјавила дека се капела еднаш во три месеци без разлика дали тоа и било потребно или не. Еден човек по име Charles Osborne икал цели 69 години. Библијата покрај тоа што е најпродаваната книга исто така е и најкрадената книга во светот. На африканскиот континент се зборуваат повеќе од 1000 јазици. Збирот на броевите на спротивните страни на коцките за играње секогаш изнесува седум. Чоколадата може да биде смртоносна за кучињата бидејќи лошо влијае врз нивното срце и крвоток. Зголемената употреба на електрична енергија предизвикува промена на земјиното магнетно поле.. До 2327 година, северниот пол ќе се наоѓа во Канзас во САД, а јужниот близу Јужна Африка. Мажјаците мајмуни од родот rhesus можат да висат на гранките закачени на своите пениси. Во 1813. година еден уличен мимичар од Париз се заглавил во својата замислена кутија и како последица на тоа умрел од глад. Адолф Хитлер бил вегетаријанец и имал само еден тестис. Првичната инспирација за Барби куклите потекнува од фашистичката пропаганда во триесеттите години од минатиот век во Германија. Куклите биле произведувани со цел да се импресионираат девојчињата со идеалот за „ариевската раса“. Димензиите на „Барби“ се според димензиите на Ева Браун, љубовницата на Хитлер.
Не е само CON..неможе ни PRN, AUX, CLOCK$, NUL, COM1, COM2, COM3, COM4, COM5, COM6, COM7, COM8, COM9, LPT1, LPT2, LPT3, LPT4, LPT5, LPT6, LPT7, LPT8, и LPT9.
Еве мал прилог кон темава: 1. Елвис Присли имал природна руса коса. 2. Во Вирџинија, сите кокошки секогаш несат јајца во 8 часот наутро и секогаш го напуштаат гнездото во 16 часот 3.Во 1938 според магазинот Тајм, Адолф Хитлер бил изгласан за маж на годината. 4. Црвите што живеат под земја може да имаат до 9 срца. 5. Фирмата Нинтендо прво поседувала такси компанија. 6. Мажите имаат поголеми шанси да бидат погодени од гром од жените. 7. Clinophobia е страв од одење во кревет. 8. Сите планети ротираат во спротивен правец од движењето на стрелките на часовникот освен Венера. 9. Просечниот човечки организам содржи доволно железо за да се направи шајка со должина од 7,6 цм.
Фактопедија - Aко изедеш премногу моркови, има голема можност бојата на кожата да ти стане портокалова. - Првите високи потпетици биле правени за мажи, не за жени. - Зениците на окото се зголемуваат за 45% кога гледаш нешто што ти се допаѓа. - Во Microsoft Windows не можеш да крстиш папка Con. - Најчестата човечка лага е „добро сум„. -Црвите имаат околу 9 срца -Забите на дабарите никогаш не престануваат да растат -Динамитот е направен од кикиритки -Anatidaеphobia е фобијата дека некаде, некако, те набљудува патка -Единствената храна која не скапува е медот -Бубашвабите можат да живеат со отсечена глава до 9 дена... после тоа умираат од изгладнетост! -Turritopsis Nutricula медузите се биолошки бесмртни -Ако ајкула се отпреврти - паѓа во кома -Половиот орган на свињите има форма на отварач за тапи! -Најдолгата изнесена затворска казна изнесува 10 000 години -Во Франција е легално да се венчаш со мртов човек -Hippopotomonstrosesquippedaliophobia e фобијата од долги зборови -Sophohobia е страв од учење -Една голема банана има повеќе калории од Кит Кат.
Најмалечката птица на светот е колибрито. Тежи околу 1 грам. Мечките можат да трчаат со брзина до 50 километри на час. Слоновите се единствените животни кои што неможат да скокаат. Поларните мечки се леваци. Крокодилот неможе да го исплази својот јазик. Мачките имаат 32 мускули во своето уво. Тигрите не само што имаат крзно на пруги, туку и кожата им е таква. Научното име на којотот е Canis Latrans што во превод значи “куче што лае“. Змиите можат да гледаат низ своите очни капаци Клукајдрвецот може да клука до 20 пати во секунда. Тоа што е најчудно - немаат главоболки. Нивните черепи имаат воздушни делови кои служат како перничиња за заштита на мозокот. Богомолката е единствениот инсект кој може да ја заврти главата 360 степени. Кај пеперутките, сензорите за вкус се во стапалата. Вкусот на храната го одредуваат со стоење врз неа. Најјакото животно на светот е мајскиот бумбар. Може да подигне 850 пати повеќе од својата тежина. Фламингата се розови затоа што главно се хранат со школки. Летачката жаба има кожа помеѓу своите прсти која и помага при лебдење. Многу змии никогаш не престануваат да раснат. Ова е една од причините што ја менуваат својата кожа. Нилскиот коњ може да остане под вода до 30 минути. Basenji е единственото куче кое не лае. Кравите се потат преку нивните носеви. Кучињата не можат да ја проценат големината. Затоа, сите кучиња може да бидат опасни. Една врста на пајаци е наречена според Харисон Форд. Глувците, китовите, слоновите, жирафите и луѓето - сите имаат по 7 вратни пршлени. Полжавите може да спијат по 3 години. Делфините спијат со едно отворено око.
^ Слоновите се единствените животни кои што неможат да скокаат. До можеа, ќе имаше бааги земјотреси...
-Клукајдрвецот може да клука до 20 пати во секунда. Тоа што е најчудно - немаат главоболки. Нивните черепи имаат воздушни делови кои служат како перничиња за заштита на мозокот. -Кога се бакнуваме, во функција се 29 мускули од лицето. Тоа всушност е ефикасна вежба, која го затегнува лицето и го спречува појавувањето на "обесени образи". -На едно предавање на некој професор (кој бил многу значаен) дошле повеќе од 1000 луѓе. Предавањето било закажано во 14:00 часот, но професорот дошол дури во 18:00 часот. За тоа време си отишле повеќе од половина од луѓето. Меѓутоа кога тој се појавил бил во пијана состојба, што било повод да си заминат уште луѓе, и така останале уште стотина. Професорот почнал да и зборува секакви нешта на една убава девојка и по таа случка почнале и последните луѓе да си одат, па така останале само 9 луѓе. Тогаш професорот застанал пред катедрата и рекол: "Вие ги положивте двата најтешки испити. Трпение и храброст. Вие заслужувате да ме слушате. -Шансите бебе да се роди на 29 февруари се 1 спрема 1461! -Во San Francisko (SAD) се наоѓа најизвитканата улица на светот - улицата Lombard. Таа е едносмерна улица која има дури 8 остри кривини. Позната е по тоа што по неа често се одржуваат некои „чудни“ трки. -
Фактопедија Цивилизираниот свет од изминативе 3.500 години историја, само 230 години живее во мир. Најголемото дрво на светот Шерман, е високо 91 метар. Земјините тектонски плочи се движат со иста брзина со која расте и човечкиот нокт. На Земјата, секој ден е подолг од претходниот за 0,00000002 секунди, заради намалување на земјината брзина. Гепардот е единствен од родот мачки кој не може да ги вовлече своите канџи. Кечапот потекнува од Кина. Пчелите и желките се наглуви. Шах-мат на арапски значи “кралот е мртов“. Болката во телото се движи со брзина од 110 m/s. Најголема светска фирма е индиската железница. Има повеќе од милион вработени. Ајнштај почнал да зборува на 6 години. Прв e-mail преку Интернет е пратен во 1972 година. Скарата ја измислил Леонардо да Винчи!? Кравата може да се опијани ако се храни со јаболка. Хитлер и Наполеон имале по еден тестис. Грчката химна има 158 строфи. Не постои грк кој ја знае химната на памет.
Фактопедија Џиновскато чоколадо кое е тешко скоро четири и пол тони, а е изработено од ерменска компанија “Grand Candy ”, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемата чоколада во светот. Чоколадната табла, висока 560 сантиметри, широка 275 и тенка 25 сантиметри изработена е од темна чоколада. За неговата изработка која траела четири дена, биле потребни 500 килограми какао и околу 300 килограми шеќер во прав. "Grand Candy" со овој потег го прослави и својот роденден за 10 години постоење а влезе и во Гинисовата книга на рекорди, изјавил претставник на компанијата, Карен Варданијан.
Зборот Yahoo e кратенка во оригинал од "Yet Another Hierarchical Officious Oracle". Го имаат измислено дипломците на Универзитот во Станфорф : David Filo и Jerry Yang. Google го добил своето име од зборот Googol, што претставува број со 1 и сто нули после единицата. Во 2002, уредниците на World Almanac ги избрале десетте најдобри знамиња на државите од целиот свет. Македонското знаме завршило на второто место. На прво место завршило знамето на Бутан, а на трето место знамето на Кирибати. Останатите поМигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, кои се сметаат за најголеми писатели во своите земји, умреле во ист ден - на 23 март 1616 година.зиции до десетто место ги добиле Бразил, Канада, Јапонија, Швајцарија, Сејшелите и Франција. гуштерите геко можат да одат по вертикално поставено стакло мачката има 32 мускула само во едното уво Во Кина повеќе луѓе зборуваат англиски отколку во САД Бадемот спаѓа во фамилијата праски. Ако носиме слушалки би ги зголемиле бактериите во нашето уво. Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, кои се сметаат за најголеми писатели во своите земји, умреле во ист ден - на 23 март 1616 година. Десничарите во просек живеат 9 години повеќе од левучарите. Една просечна личност се смее 15 пати дневно Кога би викале непрестајно 8 години, 7 месеци и 6 дена би произвеле доволно енергија во звучни бранови да се загрее филџан со кафе.
Плачењето е корисно ! Неодамнешни испитувања потврдиле дека плачот, плачењето, е навистина корисно и може да помогне побрзо да зараснат рани. При испитувањето, извршено во Русија, кај стаорците чии очи се иритирани, помалите рани зараснале за 12 дена побрзо отколку кај другите. На универзитетот во Минесота, САД, е утврдено дека солзите се природен начин на исфрлање на токсини од организмот произведени од емоционален стрес. Овие солзи имаат различен хемиски состав од оние што се произведуваат со иритирање на очите, вклучувајќи ја високата содржина на протеини. Преку солзите се ослободуваме од хормоните и другите „стресни хемикалии“ кои се таложат во нашето тело кога сме тажни. Овој заклучок се темели на фактот дека солзите кои ги испуштаме кога плачеме се разликуваат од основната солзна течност, која ги подмачкува очните јаболчници и ни помага да го изостриме погледот, како и од рефлексните солзи кои ни помагаат да отсраниме туѓо тело од окото. Солзната течност, на пример, многу повеќе помага при фокусирањето отколку самата леќа. Оваа течност исто така содржи белковини и останати состојки кои ни помагаат во уништувањето на бактериите. Солзите пак кои настануваат кога плачеме содржат 25 проценти белковини, но воглавно во вид на хормони, па можеби на тој начин нашето тело се ослободува од вишокот на хормони, па затоа ние чувствуваме олеснување. Три видови солзи: 1. Рефлексни. Ги штитат очите од иритација и страни тела (мушички, прашини). 2. Емоционални. Психолошка реакција која наводно е единствена само за луѓето. 3. Постојани – задолжени да ги влажнат очите
1822 година, кога американскиот професор Клемент Мур на своите деца им ја изрецитирал својата песна "Извештај за посетата на Свети Никола", се смета за денот кога е создаден митот за ДЕДО МРАЗ. Всушност, многу одамна Свети Никола живеел во топлиот и сончев град Мира на Медитеранското Море, во денешна Турција. Кога бил млад, неговиот татко починал и на Никола му оставил големо богатство. Наместо да го потроши на себе, почнал анонимно да им помага на сите кои им требале пари, а посебно на децата. Потоа, Никола станал епископ во Мира во Лиција, денешна Турција, каде што извел неколку чуда, вклучувајќи го и спасувањето на морнарот од давење и воскреснувањето на три деца кои ги убил лошиот касап. Потоа ќе ја започне церемонијата на делење подароци во знак на помирување меѓу паганите и христијаните и не сонувајќи дека ги удира темелите на единствената планетарна церемонија. Легендите велат дека тој обичај, на денот на Христовото раѓање, на децата и на сиромашните да им се делат подароци. Современиот лик на Дедо Мраз е создаден по пат на еволуција Во 1863 година, карикатуристот Томас Наст го нацрта Дедо Мраз со разбушавена "брада и мустаќи" и го облече во крзно од глава до петици. Во овој цртеж, Наст го прикажува Дедо Мраз како некој кој прави играчки, но никогаш не се одлучи за неговата големина бидејќи на неговите цртежи тој варира од џуџе до џин. Сепак неговиот цртеж од 1881 година е многу близок до денешниот Дедо Мраз. Ликот на Дедо Мраз, иако се уште не стандардизиран е се повеќе присутен во доцниот 19 век. Тој е прикажуван како голем и како мал, обично бил полничок, но понекогаш и со нормален или виток стас, се облекувал во крзно или во штофени одела во црвена, зелена или пурпурна боја. Но подоцна целата претстава за Дедо Мраз е речиси стандардизирана (црвеното одело и капата; белите мустаќи и брада; и румени образи и нос). Вреќа полна со играчки, голем стомак и весело смеење се неизбежен дел од неговиот имиџ. Не може да се замисли гледање добар филм без добро друштво и огромна количина на пуканки, најпопуларно мезе во светот. Во прилог ви доставуваме неколку податоци кои се однесуваат на овој пченкарен производ: - пуканките пукаат бидејќи зрното содржи влага. Кога се загрева, водата се претвора во пареа. Но, лушпата не пропушта вода и поради тоа пареата од внатрешноста на зрното не може да излезе. Притисокот расте и некаде на температура од 175 степени – пукаат; - во една пештера во Мексико, пронајдени се испукани зрна пченка стари преку 5.000 години; - индијанците верувале дека во секое зрно пченка живее дух. Затоа, кога ќе се загреело зрното, тоа почнувало да скока и да пука, бидејќи духот сакал да излезе од врелиот дом; - се верува дека индијанското племе Вампаноаг им ги подариле пуканките на колонистите и оттогаш се прошириле насекаде; - првата машина за производство на пуканки ја направил Чарлс Криторс во 1885 година. Фабриката работи и ден денес; - во кино, пуканките се продаваат од 1912 година. Приходот од нив, речиси секогаш е поголем отколку приходот од влезниците; - американците годишно јадат толку пуканки, што може да ја наполнат Емпајр Стејт Билдинг 18 пати.
Еве неколку интересни нешта најдов на Интернет : * Три парчиња интегрален леб дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените за 30 – 40%. * Броколите помагаат во спречување и лечење на дијабетис, затоа треба да бидат присутни во нашето секојдневно мени. * Научниците тврдат дека аеробикот има позитивно влијание врз зглобовите заболени од артритис, не само заради тоа што ги зајакнува мускулите на колената. Ваквиот тип на вежби го стимулира создавањето на ендорфини, супстанци кои ги намалуваат болките. * Тестовите докажуваат дека калиумот и магнезиумот го намалуваат ризикот од мозочен удар. Овие елементи ги има во доматите, зелените зеленчуци, бананите, грозјето, интегралниот леб, какаото, лешниците... * Имунитетот се подобрува со добро расположение и смеење. Луѓето кои се среќни и оптимисти поретко добиваат инфекции. Смеењето го продлабочува дишењето, па во белите дробови навлегува повеќе воздух. Бидејќи се снабдува со поголемо количество на кислород, мозокот создава ендоморфини – аналгетични и анти-воспалителни супстанци. * Колкот е најсилниот зглоб во човечкото тело. Тој е, исто така, и најстабилен зглоб поради совршената меѓусебна поставеност на карлицата и бутната коска. * Според проценките, очните мускули се движат преку 100 000 пати во текот на 24 часа. Многу движења се случуваат ноќе, додека сонуваме, што опфаќа околу ¼ од вкупното време на спиење. *Ако џвакате гума за џвакање(мастика) додека лупите кромид, нема да ви течат солзи! *Косата и ноктите кај човекот продолжуваат да растат уште кратко време по смртта. *Сината боја има смирувачки ефект. Мозокот, додека гледаме нешто сино, испушта хормони за смирување. *Кога се вцрвенувате во лицето, и пределот на стомакот исто така црвенее. *Петлите не можат да кукуригаат ако не го истегнат вратот. *До врвот на Ајфеловата кула има 1 792 чекора. *Луѓето кои пишуваат со десна рака(десничарите) храната повеќе ја џвакаат од десната страна, а луѓето кои пишуваат со лева рака(левичарите) од левата страна. *Повеќето фудбалери за еден натпревар претрчуваат околу 10 километри. *„ТИТАНИК“ е првиот брод што користел СОС сигнал.
ГОДИНАВА НИ ДОАЃА УНИВЕРЗАЛЕН ПОЛНАЧ ЗА СИТЕ МОБИЛНИ Мобилните телефони во првиот дел од оваа година ќе добијат универзален полнач во вид на micro-USB конектор. Сите мобилни наскоро ќе можат да користат ист вид на полнач откако 14-те највлијателни произведувачи на мобилни телефони од Европската комисија ги добија деталите за универзалниот полнач, кој заедно го изгласаа во јуни, 2009-та година. Техничките спецафикации се базирани на micro -USB конекторот кој веќе неколку произведувачи започнаа да го користат. Samsung, Apple, Nokia и RIM (произведувачот на BlackBerry), се меѓу компаниите кои се согласија да го усвојат овој конектор. Micro-USB конекторот стана вообичаен откако 14-те произведувачи веќе изгласаа да го користат и притоа ги извршија неопходните подготовки. Конекторот на Apple за iPod веќе се користи за разни додатоци. Европската комисија проценува дека првите телефони со универзален полнач ќе се појават во првата половина на оваа година. Потпретседателот на Европската комисија Антонио Тајани ги повика производителите да се подготват за употребата на новиот полнач, пишува Telegraph. - Дојде време да индустријата си го исполни ветувањето и започне да продава мобилни со новиот полнач кој на потрошувачите ќе им го олесни животот, ќе го намали отапдот и ќе се користи во бизнисот. Тоа е добитна комбинација, изјави Тајани. - Некомпактибилноста на полначите не е проблем само за корисниците, туку се смета и за еколошки проблем. Корисниците кои ќе ги сменат своите мобилни користат нов полнач, а стариот останува неупотреблив иако е исправен, стои во соопштението на Европската комисија.
Дали знаевте дека всушност секој бренд носи скриено значење во неговото име? AUDI: Another Ugly German Invention (Уште еден грд германски пронајдок) BMW: Brings Me Women (Ми носи жени) FIAT: failure in the Italian ΑutomotiveTechnology (Утка во италијанската автомобилска индустрија) FORD: Fast Only Rolling Downhill (Брз само кога се тркала надолу) SAAB: Shape Appears Ass-Backwards (Личи на нешто само кога го гледаш од позади) HYUNDAI: Hope You Understand Nothing’s Driveable And Inexpensive… (Се надевам рабираш дека ништо не е истовремено евтино и во возна состојба) SUBARU: Screwed Up Beyond All Repair Usually (Толку заебано што најчесто не може ни да се поправи) VOLVO: Very Odd Looking Vehicular Object (Превозно средство кое изгледа многу чудно) PORSCHE: Proof Of Rich Spoiled Children Having Everything (Доказ дека богатите размазени деца имаат сè)
1. Грејач на кревет. Верувале или не, во лондонскиот хотел Holiday Inn Kensington Forum постои вработен кој ќе ви го затопли креветот. Не – тој не го прави со помош на јорган или греалки, туку лично легнува во креветот и го топли пред вие да сакате да спиете. 2. Истерувач на гулаби. Индискиот луксузен хотел Rambagh Palace плаќа двајца вработени кои во текот на целиот ден ги бркаат гулабите од терасите. Секако, без да ги повредат. 3. Читач на приказни за добра ноќ. Лондонскиот хотел Andaz нуди услуга да ви прочитаат приказна пред спиење. Постои и дрес код за вработениот – пижама. 4. Чистач на метални парички. Во хотелот Westin St. Francis во Сан Франциско сите парички се сјајни. Имено, од 1935 година постојат посебни вработени кои ги светнуваат сите парички во хотелот. До оваа идеја дошол тогашниот директор кој забележал дека белите ракавици на гостите се валкаат заради валканите парички. 5. Водич на патки. Во американскиот Peabody хотел во Мемфис има традиција – секојдневно шетање патки. Од 11 до 17 часот пред хотелот има црвен тепих на кој со водич шатаат патки околу фонтаната.