Како ослепела љубовта? Еднаш одамна, сите човечки чувства и човечки квалитети се нашле на едно скришно место на земјата. Кода Досадата се прозевна по трети пат, Лудоста, секогаш така луда, предложила: „Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник.“Интригата ја подигна десната веѓа, а Радозналоста, не можјќи да преќути, прашала: „ Криенка? Каква игра е тоа?“ „Тоа е игра “- започнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе го покријам лицето и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете.Кога ќе завршам со броењето, тргнувам во потрага и кој ќе го пронајдам последен, тој ќе биде победникот. Ентузијазмот заиграл, па следело Воодушевувањето. Среќата толку скокала што ги наговорила на игра и Сомнежот и Апатијата која никогаш ништо не ја интересирало. Но не сакаа сите да си играат. Вистината била против криењето, а и зошто би се криела? И онака на крајот сите ја пронаоѓаат. Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја, иако ја мачело тоа што таа не била онаа што се сетила да ја предложи играта. Вниманието не сакало да ризикува. „Еден, два, три... “ почнала да брои Лудоста. Прва се сокрила Мрзеливоста која како и секогаш само се фрлила на првиот камен на патот. Верата се качила на небото. Зависта се сокрила во сенката на Успехот кој мачејќи се, се искачил на врвот на највисокото дрво. Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, затоа што на неа секое место и’ се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокнала во кристално чистото езеро а Срамежливоста се пикнала низ пукнатината на едно дрво. Слободата го нашла своето место во дувањето на ветрот. Себичноста пронашла скришно место, ама само за себе! Лагата се сокрила на крајот на виножитото ( лаже! била на дното на океанот), а Страста во кратерот на вулканот. Кога Лудоста избројала до 999.999 Љубовта уште не пронашла скривалиште затоа што се било зафатено.Гледајќи ризик, скокнала, покривајќи се со прекрасни цветови. „Милион“ извикала Лудоста и ја почнала својата потрага. Прво ја пронашла Мрзеливоста зад најблискиот камен. Набргу ја слушнала верата како се расправа со Бог, а Страста од страв излегла од кратерот. Случајно тука се нашла и Зависта и секако Успехот, а Себичноста не требало ни да се бара.Сама излегла од своето скривалиште каде се покажало дека има осило. Од толку барање Лудоста ожеднила и во кристалното езеро ја пронашла Убавината. Со Сомнежот и’ било уште полесно затоа што таа не можела да се одлучи за скришното место па останала да седи на еден камен.Така Лудоста малку по малку, ги пронашла сите. Талентот во златното класје, Немирот во тревата, Лагата на дното од океанот, а Заборавот заборавил дека воопшто играле. Само Љубовта не можела никаде да ја пронајде. Ги пребарала секоја грмушка и секоја планина и кога веќе се разбеснила ги здогледала ружите. Застанала меѓу нив, зела суво гранче и бесна бидејќи не може да ја најде Љубовта, почнала да удира по прекрасните цветови.Одеднаш се слушнало болен крик. Трњата од ружите ги изгребале очите на љубовта.Лудоста не знаела што да направи. Го пронашла победникот, но Љубовта ослепела.Плачела и ја молила Љубовта да и прости и на крајот одлучила засекогаш да остане покрај Љубовта и да и’ помага. Така Љубовта станала победик над чувствата, но останала слепа, а Лудоста ја прати каде и да отиде. ( копирано од група на фб, се извинувам ако има некои грешки, ама ја преведував од српски на македонски)
за текстов а и за тебе убави теми отвараш Љубовта е секогаш победник иако слепа кај неа се развива друго сетило а тоа е чувството!
Фала Лукс Го прочитав на фб тестот и не можев а да не го споделам со вас. Мило ми е што ти се допаѓаат моите теми
По некоја случајност брат ми синоќа ме прашуваше дали ја знам оваа приказна бидејќи не можел целата да ја најде на ФБ. Прв пат ја слушав. Сега ќе му ја кажам Многу е убава и баш така е...љубовта е слепа и секогаш налудничава
Во животот без жена не се може, а со жена е уште потешко. Таков е случајот и со мажите. Но, не би било интересно доколку не би функционирале заедно. Ова се интересни факти од животот кој сигурно ќе ве насмеат: Бизнис математика * Паметен шеф + паметен работник = профит * Паметен шеф + глупав работник = производство * Глупав шеф + паметен работник = унапредување * Глупав шеф + глупав работник = прекумерна работа Математика при купување * Маж ќе плати 2 евра наместо 1 за нешто што му е потребно. * Жена ќе плати 1 евро наместо 2 за нешто коте не и е потребно. Општа еднаквост * Жените се грижат за иднината додека не пронајдат маж. * Мажот никогаш не мисли на иднината додека не се ожени. * Успешен маж е оној кој заработува повеќе пари отколку што може жена му да потроши. * Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж. Среќа * За да бидете среќни со маж, морате многу да го разбирате и малку да го сакате. * За да сте среќни со жена морате многу да ја сакате и воопшто да не се трудите да ја разберете. Долговечност * Неоженет маж живее пократко од оженет, но оженет маж повеќе сака да живее пократко. Шанси за измена * Жената се мажи и очекува тој да се промени, но тоа нема никогаш да се случи. * Мажот се жени и очекува таа да не се менува, а таа секогаш се менува 100%. Шема на разговор * Жената го има последниот збор во било која расправија. * Се што ќе каже мажот потоа е почеток на нова караница. Како да го спречиш прашањето: Кога ќе се жениш? Стари тетки доаѓале до Перо на сите венчавки, го гледале под око и кокодакале велејќи: “Ти си следен!“. Престанале кога тој почнал да им го прави истото на погреби. nemam komentar me iznasmea krajot na tekstot