1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Професор го започнува предавањето со полна чаша во раката. Веднаш им поставува прашање на своите студенти. Што мислите, колку тежи оваа чаша?



    - 50 грама...100грама... 125 грама нагаѓале студентите.

    - Не знаете, но – не знам ни јас. И додека не измериме, нема ни да знаеме, рекол професорот. Но, јас всушност сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи ако ја држам вака подигната чашата неколку минути?

    - Ништо! – одговориле студентите во еден глас.

    - Добро. А, ако ја држам цел час?

    - Ќе ве заболи раката, брзо одговорил еден од студентите. Тешко дека би успеале затоа што многу брзо ќе ви се укочат мускулите и ќе ви трне целата рака.

    - Многу добро, продолжил смирено професорот. А, додека се случува сето тоа, дали се променила тежината на чашата?

    - Не! – одговориле студентите повторно во еден глас.

    - Па добро тогаш, што е причината за болката во раката и грчењето на мускулите?

    Студентите се збуниле. Личело на загатка на која не го знаат одговорот.

    - Што треба да направам за да се ослободам од болката и товарот? – продолжил професорот.

    - Па, да ја спуштите чашата! – се чул одговор од едниот крај на училницата.

    - Даааа, тоа е тоа! Тоа е точниот одговор! – извикал професорот среќен.

    Истото се случува и со нашите проблеми, со нашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормално, и во тоа нема ништо неисправно или погрешно.

    Но, ако ги задржиме во мислите подолго време, ќе почувствуваме болка. А, ако го правиме тоа премногу долго, ќе почувствуваме блокада и нема да бидеме во состојба да правиме било што друго.

    Секако, многу е важно да размислувате за одредени случувања, или доживувања и така да извлекувате вистински заклучоци. Но, важно е и да знаеме како да се ослободиме од тие проблеми на крајот на денот... како да ги пуштиме да паднат во вода пред да потонеме во сон.

    Така ќе се заштитите од голем стрес и напор, и секое утро ќе се будите свежи, ведри и одморени. Ќе бидете исполнети и лесно ќе се издигнете над сите животни предизвици.

    И затоа имајте секогаш на ум: На крајот од денот – пуштете ја чашата!
     
  2. RockyAngel

    RockyAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Професор на час по филозофија наредил неколку предмети пред него. Кога започнал часот, тој зел една голема празна тегла од мајонез и започнал да ја полни со топчиња за голф.

    Потоа ги запрашал студентите дали теглата е полна. Тие потврдиле.

    Професорот зел кутија со камчиња и ги истурил во теглата. Ја протресол лесно теглата. Камчињата го пополниле празниот простор помеѓу топчињата за голф.

    Повторно ги запрашал студентите дали теглата е полна. Тие се согласиле дека е полна.

    Професорот зел кутија со песок и ја истурил во теглата. Секако дека песокот ги дополнил сите празни дупчиња во теглата. Уште еднаш прашал дали теглата е полна, а студентите тивко одговориле „Да“.

    Професорот зел две чаши со кафе од под масата и ги истурил во теглата, а песокот го впил кафето.

    „А сега“, прашал професорот?

    „Сакам да замислите дека оваа тегла го претставува вашиот живот. Топчињата за голф се важните нешта – вашето семејство, деца, здравјето пријателите и вашите омилени пасии – работите кои ве потсетуваат дека иако изгубите сè, вашиот живот се уште ќе биде исполнет. Камчињата се останатите работи кои се значајни – вашата работа, куќа, автомобил. Песокот ги претставува сите мали нешта.“

    „Ако го ставите песокот прв во теглата, нема да има простор за камчињата, ниту пак за голф топчињата. Исто така е и во животот. Ако ја трошите енергијата на мали нешта, никогаш нема да имате простор за нештата кои ви се значајни. Посветете внимание на нештата кои се круцијални за вашата среќа. Играјте си со децата. Правете редовна контрола на здравјето. Отидете на вечера со партнерот. Лудо забавувајте се со пријателите. Секогаш ќе има време за да ја чистите куќата, или да ја носите колата на поправка.“

    „Погрижете се прво за топчињата за голф, за нештата кои се навистина значајни. Поставете ги своите приоритети. Останатото е само песок“.

    Еден од студентите ја кренал раката и запрашал: „А што е со кафето?“

    Професорот се насмевнал. „Драго ми е што праша. Тоа е само тука за да ви покаже дека колку и да ви изгледа вашиот живот исполнет, секогаш постои простор за неколку шољи кафе со пријателите!“
     
    На bornthisway и Srculence--91 им се допаѓа ова.
  3. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Многу се поучни текстовиве. simply, i love 'em.
    Продолжете да поставувате. :)
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • 20.jpg
      20.jpg
      Големина на фајлот:
      60,1 KB
      Прегледи:
      387
    На FortuneTeller.xD, Celest, unique123 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Внимавај што посакуваш!
    Еден ден, еден човек влегол во ресторан, а со него бил еден огромен ној. Келнерката ги запрашала што сакаат да нарачаат. Човекот нарачал хамбургер, помфрит и кока кола.“ А, потоа се свртел кон нојот „А, ти?“

    „И јас истото!“ – одговорил нојот.



    После некое време келнерката се вратила со нарачката. „Тоа би било $9,40 долари“.

    Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толкав износ.

    Наредниот ден човекот и нојот повторно отишле во истиот ресторан. Повторно нарачал „хамбургер, помфрит и кока кола.“ и се завртел кон нојот: „И јас истото!“ – одговорил нојот. После некое време келнерката им ја носи сметката и им наплаќа $9,40 долари, а господинот од џебот и извадил точно пари до цент.

    И така сето ова преминало во рутина. После 2 недели, повторно дошле во ресторанот.

    „Вообичаеното?“ – прашала келнерката.

    „Не, денес е петок! Ќе земам месо со салата и пиво“, рекол господинот.

    „И јас исто“ – рекол нојот.

    Набргу келнерката се вратила со нарачката. Тоа би било $32.65 долари.

    Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толку пари. Овој пат келнерката не можела да одолее на љубопитноста. „Простете, но како тоа во џебот секогаш имате точно толку пари колку што ви е сметката?“

    „Па...пред неколку години го чистев таванот и најдов стара ламба. Ја протрив и од неа излезе дух кој рече дека ќе ми исполни две желби. Мојата прва желба беше во џебот секогаш да имам точно пари колку ќе ми бидат потребни за да ја платам сметката. И желбата ми се оствари... секогаш кога купувам нешто во џебот ми се појавуваат точно толку пари колку што ми се потребни.“

    „Па тоа е извонредно!“ – рекла келнерката. „Повеќето луѓе би барале милиони, а вие вака ќе бидете богат засекогаш.“

    „Токму така! Без разлика дали купувам млеко или автомобил ,секогаш ќе можам да ги платам.“

    „Добро, а зошто нојот е секогаш со вас?“

    На тоа човекот воздивнал и рекол “ех, тука е штосот... мојата втора желба беше покрај мене до крајот на животот да имам „пиленце“ со долги нозе и голем задник кое секогаш ќе се сложува со сè што ќе кажам!“
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Облог

    Една средовечна жена отишла во главната Канадска Банка носејќи огромен куфер со пари. Таа инсистирала да зборува со претседателот на банката во врска со отварање на сметка, бидејќи, „се работи за многу пари!“.

    После неколку минутно нагодување, вработените на банката конечно ја пуштиле во канцеларијата на претседателот (потрошувачот е секогаш во право, нели!). Претседателот на банката ја запрашал колку пари би сакала да заложи.
    - $165.000 долари, одговорила жената и ги истурила парите на неговото биро.

    Претседателот нормално, бил многу љубопитен од каде дошла жената до толку многу пари и ја запрашал „Госпоѓо, изненаден сум што шетате наоколу со толку многу пари во вас. Како дојдовте до овие пари?“

    „Правам кладби“ - му одговорила жената.

    „Кладби? Какви кладби?“ - прашал претседателот.

    Жената го предизвикала, „епа, на пример, ајде да се кладиме во $25.000 долари дека вашите мадиња се коцкасти.“

    „Хахахаха“, се изнасмеал претседателот, „Тоа е глупава кладба. Никогаш нема да добиете таква кладба!“

    Жената била упорна, „Добро, значи, ја прифаќате мојата кладба?“

    „Секако“, одговорил претседателот. „Се кладам во $25.000 долари дека моите мадиња не се коцкасти!“

    Жената на тоа реплицирала, „Добро, но бидејќи се работи за многу пари, може ли да го донесам мојот адвокат утре во 10.00 часот наутро како сведок?“

    „Секако дека може“, одговорил претседателот сигурен во себе.

    Таа ноќ, претседателот станал многу нервозен во врска со облогот и поминал долго време пред огледалото проверувајќи си ги мадињата од сите страни. Детално ги прегледал и бил дефинитивно сигурен дека нема шанси да му се коцкасти и дека ќе го добие облогот.

    Следното утро, точно во 10.00 часот наутро, средовечната жена се појавила со својот адвокат во канцеларијата на претседателот на банката. Таа го запознала адвокатот со претседателот и го повторила облогот. „$25.000 долари дека мадињата на претседателот се коцкасти!“

    Претседателот се согласил повторно со облогот и жената го замолила да ги спушти пантолоните со цел сите да можат да видат. Претседателот се согласил.

    Жената гледала од блиску и го запрашала доколку може да ги почувствува. „Па, добро“ рекол претседателот, „сепак $25.000 долари се многу пари, па претпоставувам треба да бидеш целосно сигурна.“

    Токму во тој момент, забележал како тивко адвокатот си ја удира главата од ѕидот.

    Тогаш претседателот ја запрашал жената, „Што е проблемот со твојот адвокат?“

    „Ништо, освен што се обложив со него во $100.000 долари дека денес во 10.00 часот наутро ќе ги имам мадињата на претседателот на Канадската Банка во мојата рака“, одговорила жената.
     
    На Aleks96, white.kitten, Chocolate.me и 6 други им се допаѓа ова.
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Сигурно ви се гледа долго, ама ќе се изненадите од крајот. ЈАко е. :D


    Странец

    Неколку години откако јас дојдов на овој свет, татко ми се запозна со еден странец кој штотуку беше дошол во нашиот град. Отсекогаш беше љубезен со сите па многу брзо го покани странецот да живее кај нас со нашето семејство. За многу кратко време го прифативме и од тогаш тој живее со нас.

    Додека растев ниту еднаш не се запрашав за неговата улога во нашето семејство. Во мојот детски ум тој имаше посебно место.
    Моите родители ме воспитуваа по сите основи: мајка ми ме научи да разликувам добро од зло, а татко ми ме учеше да бидам послушен.

    Но, странецот, имаше посебна улога. Тој можеше да нè држи со часови заедно со своите авантури, мистерии и комедии.

    Кога сакав да научам нешто за политиката, историјата или науката тој секогаш ги знаеше сите одговори за минатото, ја разбираше сегашноста и се чинеше дури и дека е во состојба да ја предвиди иднината.

    Го однесе моето семејство и на првиот значаен фудбалски натпревар. Знаеше да ме насмее и растажи.

    Странецот никогаш не престана да зборува, но тоа изгледа не му пречеше на татко ми.

    Понекогаш, мајка ми тивко стануваше и доаѓаше во кујната каде беше тивко и мирно, додека ние останатите се стишувавме едни со други за да чуеме што има тој да ни каже. Денес се прашувам дали таа некогаш потајно се молеше странецот да си замине од нашиот дом.

    Татко ми управуваше со нашиот дом со одредени морални норми, но странецот никогаш не чувствуваше обврска да се придржува до нив.

    Прости приказни не беа дозволени во нашата куќа. Ниту од нас, ниту од нашите пријатели и посетители. Од друга страна, нашиот долгогодишен посетител лесно се провлекуваше со пцовки кои ги параа моите уши и го тераа татко ми да побесни, а мајка ми да поцрвене.

    Татко ми не дозволуваше либерална употреба на алкохолот, но странецот секојдневно не поттикнуваше редовно да го пиеме.

    Тој правеше цигарите да изгледаат привлечно, пурите – џентлменски, а муштиклите – префинето.


    Денес знам дека моите сфаќања за љубовта во голема мера се формирани врз основа на приказните на странецот.

    Од ден на ден странецот ги негираше вредностите на моите родители, но сепак многу ретко го замолчуваа, и НИКОГАШ не го замолија да го напушти нашиот дом.

    Поминаа повеќе од 40 години откако странецот се досели во животот на моето семејство.
    Мошне брзо се вклопи, па денес ни од близу не изгледа така восхитувачки како на почетокот.

    Дури и денес, ако влезете во куќата на моите родители и понатаму ќе го пронајдете него – како седи во својот ќош, чека некој да го сослуша, да зборува со него додека му ги покажува своите слики.

    Како се викаше странецот?

    Ние просто го нарековме – Телевизор.

    Во меѓувреме доби и сопруга. Ја викаме Компјутер.

    Нивното прво дете го викаме Мобилен телефон.

    А, нивното второ дете – Фејсбук...
     
    На crankyy и Lux им се допаѓа ова.
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Облог

    Ме изнасмеа ова хах
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Облог

    Јако :D Го имам читано на црно - бело
     
  10. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Облог

    Ахахха најбоље!!! :D
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Облог

    хаххахахаххаххахаххаах, алал да и е!! така треба со маживе кога се глупави...
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    КАКО НАЈЛЕСНО ДА ГО ОТКАЧИТЕ :)))

    ТОЈ: Хеј бејб, може да те почастам пијачка?
    ТАА: ОК, тогаш вака...за мене мартини а за моите 6 пријателки коктели.

    ТОЈ: Сакаш да гледаме филм заедно?
    ТАА: Не, тој филм веќе го имам гледано.

    ТОЈ: Еј малечка дали си за танц?
    ТАА: Хаххаахха дааааааа....сум.....ама не со тебе.

    ТОЈ: Каде беше целиот мој живот?
    ТАА: Упорно се криев од тебе.

    ТОЈ: Што би кажала кога би те замолил да ми бидеш девојка?ТАА Ништо. Не можам во исто време да зборам и да се смеам.

    ТОЈ: Јас сум моден фотограф и сега барам модно лице исто како твоето.
    ТАА: А јас сум пластичен хирург и сега барам лице такво како твоето.

    ТОЈ: Ех, кога би можел да го видам твоето тело голо, би умрел како среќен човек.
    ТАА: Кога јас би можела да го видам твоето тело голо веројатно и јас би умрела....од смеење.

    ТОЈ: Мислам дека јас би можел да те направам среќна девојка
    ТАА: Стварно? Веќе си одиш?!

    ТОЈ: Дали ова место покрај тебе е слободно?
    ТАА: Да. И моето е слободно, јас само што заминувам.

    ТОЈ: Дали веќе сме се сретнале некаде? Или можеби и два пати?
    ТАА: Еднаш можеби, ама јас два пати не правам такви грешки.
     
  13. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Облог

    хахаха паметна бабица!!
     
  14. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Облог

    хахахахаххааха јакоо :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Облог

    Типична женска :D . Никој не знае како ќе те зафркне жена освен ако не ја налутиш, или зафркнувањето и е бизнисот.
     
  16. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Тетовско љубовно писмо

    УБОО МОЕ ГОЛУПЧЕ

    Нејќем да те сакалдисуем, ама срцево ми Ќипе од муќе и сеќирације.
    Ја когај слушам што ми кажуа за тебе!
    Прееска го сретнав у "Чапчоо Сокаче" Петрета-Кандило од Коутук и ми кажуеше како те видеу на корзо у Скопје со некоа караконџула, што на образите и бузете турила по поу ока белило и црвило.

    Ти бар знаеш како сум наорлена на тебе, па тогај зошто ме тураш у гајле?

    Зашто ми праеш таквија збрќе. Ја сум ти рекла: Нејќем да се влечем по тебе ка партаука и нејќем да ме пуцаш ка јојо.

    Тија дејќе скопсќи, срчка да ги изеде, сараџа да ги отреби и рофија да ѓи дамлоса, што не остајле ни петеу у чаршија раат, а камоли тебе сурат мој напишан.

    Кандило ми вика да не берем многу гајле и ич да не се сакаудисуем, зошто тија биле како короконџуле и оцерени ка будалинќе.

    Ако е ова вистина - арно, ама ако са оплакнати еден дн ќе дојдем од апансас и когај ќе ѓи фатим, влакно на глава нема да им остаем, ќе ѓи искубем ка чафќе, и ќе ѓи напраем ка папајце.

    Ама ми се чини и ти си за утепуење, зошто когај доаѓаш у Тетоо и когај ќе ти брбнем за ниф, ка очите да сум ти ѓи извајла. Ќе почнеш да ѓи цпуеш боштум абер немаш за ниф. Ќе ми речеш дека мораш да идеш на "Два Бреста" на фурна да наручаш за утрента пастрмајлије, иако ти убоо знаеш дека пастрмајлијете ги прае Драго Топалот.

    Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си станау у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќи па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај.

    Имам многу да ти кажуем ама нејќем више преку писмо. Па те молим да дојдеш што побргу, жити мене, зашто више немоем да издржим појќе, сум станала ка коу лозјарски.

    За поздрав ти праќам по Славета "Цунибаба" малу орае, коштање, раќија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе.

    Сега на крај те цунуе шиесе и шес пута твоата осантерисана



    М Е Н Ч А
     
    На MiDnIgHtLaDy, Wild-GirL, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Најубавите Приказни .....

    Ваква тема не забележав ....
    Тука можеме да ги пишуваме најубавите приказни , поучни приказни интересни статии ..... :)
    Како на пример ....


    Приказна: пуштете ја чашата!

    Професор го започнува предавањето со полна чаша во раката. Веднаш им поставува прашање на своите студенти. Што мислите, колку тежи оваа чаша?



    - 50 грама...100грама... 125 грама нагаѓале студентите.

    - Не знаете, но – не знам ни јас. И додека не измериме, нема ни да знаеме, рекол професорот. Но, јас всушност сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи ако ја држам вака подигната чашата неколку минути?

    - Ништо! – одговориле студентите во еден глас.

    - Добро. А, ако ја држам цел час?

    - Ќе ве заболи раката, брзо одговорил еден од студентите. Тешко дека би успеале затоа што многу брзо ќе ви се укочат мускулите и ќе ви трне целата рака.

    - Многу добро, продолжил смирено професорот. А, додека се случува сето тоа, дали се променила тежината на чашата?

    - Не! – одговориле студентите повторно во еден глас.

    - Па добро тогаш, што е причината за болката во раката и грчењето на мускулите?

    Студентите се збуниле. Личело на загатка на која не го знаат одговорот.

    - Што треба да направам за да се ослободам од болката и товарот? – продолжил професорот.

    - Па, да ја спуштите чашата! – се чул одговор од едниот крај на училницата.

    - Даааа, тоа е тоа! Тоа е точниот одговор! – извикал професорот среќен.

    Истото се случува и со нашите проблеми, со нашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормално, и во тоа нема ништо неисправно или погрешно.

    Но, ако ги задржиме во мислите подолго време, ќе почувствуваме болка. А, ако го правиме тоа премногу долго, ќе почувствуваме блокада и нема да бидеме во состојба да правиме било што друго.

    Секако, многу е важно да размислувате за одредени случувања, или доживувања и така да извлекувате вистински заклучоци. Но, важно е и да знаеме како да се ослободиме од тие проблеми на крајот на денот... како да ги пуштиме да паднат во вода пред да потонеме во сон.

    Така ќе се заштитите од голем стрес и напор, и секое утро ќе се будите свежи, ведри и одморени. Ќе бидете исполнети и лесно ќе се издигнете над сите животни предизвици.

    И затоа имајте секогаш на ум: На крајот од денот – пуштете ја чашата!
     
    На bigfish и thatsmysecret им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    За сите прдли, ајде малку да какаме. ^_^ Ако има некоја посоодветна тема за текстов, молам да биде преместен, мислам дека малку ја нарушува хармонијата на текстовите над него. :D

    ВИДОВИ ГОМНА

    1. Гомно Дух.
    - Знаеш дека си се посрал.На тоалет хартијата има гомна,но нема во шољата.

    2. Тефломско Гомно.
    - Кога ќе се исереш ,толку си чист и ти и тоалетната хартија,просто да неможеш да поверуваш.Мораш да се задлабочиш во WC шољата за да се увериш дека си серел.

    3. Лепливо Гомно.
    - Те потсетува на жежок катран.Го бришеш задникот 12 пати и пак не е чист.На крајот ја туркаш тоалетната хартија во гаќите,за да не ги замачкаш.Ваквото гомно остава трајни трагови на WC шољата.

    4. Нерешително Гомно.
    - Само што си го избришал задникот,сваќаш дека ќе мораш повторно.

    5. Тврдоглаво Гомно.
    - Ваквото гомно сигурно го убило Елвис.Не излегува се додека не се испотиш и поцрвениш од силни напрегања.

    6. Гомно-Тег.
    - Кога ќе се исереш полесен си за 5 килограми.

    7. Нестрпливо Гомно.
    - Подобро би ти било да стигнеш до WC-то за 10 секунди.Обично ја појавува главата пред да седнеш на шољата.

    8. Кинг Конг Гомно.
    - Ова гомно е толку големо што нема да потоне,освен ако не го “раситниш“ на ситни парчиња.Ова обично се случува во туѓа куќа.

    9. Гомно-Капач.
    - Кога ова гомно ќе падне во водата,прави огромен“водоскок“така што ти го наводенува задникот.

    10. Гомно-Желба.
    - Седиш целиот напрегнат,прднуваш неколку пати,но гомно нема.

    11. Гомно-Змија.
    - Ова гомно е прилично меко,дебело како твојот палец и долго барем половина метар.

    12. Гомно-Пловак.
    - Дури и по третото пуштање вода,тоа уште плови по површината.Човече! како да се ослободам од него? Ова обично се случува во туѓа куќа.

    13. Гомно од мексиканска храна.
    - Знаеш дека повторно ќе почнеш да јадеш кога ќе престане да те пече задникот.

    14. Гомно-Желка.
    - Ваквото гомно само исплашено ќе ѕирне од задникот и брзо се враќа назад.

    15. Банџи-Гомно.
    - Ваквото гомно некое време виси од твојот задник,пред да падне.

    16. Бавно Гомно.
    - Мора да седиш на шољата толку долго што ќе ти се вкочанат нозете.

    17. Гомно Џек Мевосек.
    - Ваквото гомно се залепува на влакната од задникот,а потоа нагло ги откорнуваш.

    18. Гомно за журки.
    - Огромно гомно што го сереш на журки.Тогаш пушташ вода и вџашено гледаш како нивото на водата во шољата расте.

    19. Распрснувачко Гомно.
    - Гомно што излегува во милионити делови од секундата.Потсетува на раќетен погон и ја прска целата WC шоља.

    20. Ветровито Гомно.
    - Тоа настанува кога ќе седнеш на шољата и прдиш толку долго и силно што веќе не ти се сере.

    21. Ходник-Гомно.
    - Ова гомно се јавува по долго трчање до дома и ќе те натера да се исереш во ходникот пред сопствената врата.

    22. Срање.
    - Сереш така брзо и го бришеш задникот така нервозно што ти снемува тоалет хартија,па велиш:“срање!“

    23. Гомно без крај.
    - Ова гомно тече како лудо и токму кога ќе завршиш и ќе почнеш да го бришеш задникот “проработува“ стомакот и почнува да паѓаат уште гомна.
     
    На De-lovely, Celest, karak и 3 други им се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Банкарска гаранција: Зошто богатите се богати?
    Следниов текст е вистинска приказна која се има случено во една банка во Њујорк. Прочитајте и видете како мудро работи мозокот на еден богаташ...

    Гаранција

    Влегува еден бизнисмен во банка во Њујорк и го бара службеникот одговорен за кредити. Му објаснува дека ќе оди на деловен пат во Европа две недели, и дека сака да земе кредит од $5.000 долари.

    Службеникот му одговора дека за да ги подигне парите ќе треба да остави некаков вид на гаранција. Бизнисменот без да се двоуми ни минута, ги вади клучевите од своето ново црвено Ферари, кое што патем е паркирано на паркингот пред банката. Луѓето го проверуваат возилото, и банката се сложува да го издаде кредитот со оваа гаранција.

    Откако заминал бизнисменот со парите, шефот на банката и вработените добро се насмеале, зошто бизнисменот го искористил своето ферари вредно $500.000 долари како гаранција за кредит од $5.000 долари. Откако биле средени сите документи, вработените од банката го ставиле возилото во подземната гаража на банката.

    Две недели подоцна, доаѓа бизнисменот, го враќа кредитот, и плус плаќа камата од $15.41 долари.
    Службеникот му се обратил на бизнисменот "Господине, многу сме среќни што соработувавме со вас, меѓутоа малку сме збунети. Додека бевте отсутни, Ве проверивме, и дознавме дека сте мултимилијардер. Не ни е јасно, зошто ви беше потребен кредит од $5.000 долари?"

    Бизнисменот слатко се насмевнал и одговорил: "А каде на друго место во Њујорк ќе најдам паркинг за моето ферари вредно половина милион долари, за две недели и тоа за само $15.41 долари?!"
    ;) :D :!:
     
    На pink4ever и Name им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    People come into your life for a reason, a season or a
    lifetime.

    When you know which one it is, you will know what to do for that person.

    When someone is in your life for a REASON, it is usually to meet a need you have expressed.
    They have come to assist you through a difficulty, to provide you
    with guidance and support, to aid you physically, emotionally or
    spiritually. They may seem like a godsend and they are. They are
    there for the reason you need them to be.
    Then, without any wrongdoing on your part or at an inconvenient
    time, this person will say or do something to bring the
    relationship to an end. Sometimes they die. Sometimes they walk
    away. Sometimes they act up and force you to take a stand.
    What we must realize is that our need has been met, our desire fulfilled,
    their work is done. The prayer you sent up has been
    answered and now it is time to move on .

    Some people come into your life for a SEASON, because your turn has
    come to share, grow or learn. They bring you an experience of peace
    or make you laugh.
    They may teach you something you have never done. They usually give
    you an unbelievable amount of joy. Believe it, it is real. But only
    for a season!

    LIFETIME relationships teach you lifetime lessons, things you must
    build upon in order to have a solid emotional foundation. Your job
    is to accept the lesson, love the person and put what you have
    learned to use in all other relationships and areas of your life.
    It is said that love is blind but friendship is clairvoyant.

    Thank you for being a part of my life, whether you were a reason, a
    season or a lifetime.