Се верува дека во Тибет живее најголемиот филозоф на светот. Еднаш го посетил некој дечко кој сакал да дознае кој е патот до срцето на саканата. Што го советувал мудрецот? Ако ви треба и вам ваква помош убаво прочитајте ги советите: Како да освоиш жена? 1. Миј си ги забите. 2. Немој пред неа да го чешаш меѓуножјето. 3. Кога одиш во тоалет крени го капакот, но не заборавај да го спуштиш после тоа. 4. Не шмацај кога џвакаш. 5. Немој да подригнуваш на глас. 6. Немој да прдиш. 7. Измиј си ги рацете пред да излезеш од купатило. 8. Немој да зборуваш грдо за мајка и. 9. Немој да пцуеш. 10. Секогаш смеј се на нејзините шеги, па макар и да биле лоши. 11. Немој да бидеш љубоморен, остави и го ова задоволство неа. 12. Немој да пушташ стомак и да се дебелееш. 13. Немој долго да седиш во купатило. 14. Немој да и велиш дека не знае да вози. 15. Научи да готвиш, да местиш кревет, да миеш садови, да и кажеш 24 пати во денот дека ја сакаш. 16. Остави ја да зборува со часови на телефон. 17. Запомни: Ти не сакаш фудбал и мразиш Формула. 18. Почитувај ја нејзината главоболка, но ако таа сака секс од тебе, веднаш исполни и ја желбата. И немој да си помислил да заспиеш! Гледај ја во очи и гушкај ја се' додека не заспие. 19. Бричи се секој ден за да не и ја повредиш кожата. 20. Јави и се, било кога и од било каде. Дечкото се замислил, па му рекол на филозофот: “Сега веќе ми е јасно зошто на светов има толку хомосексуалци!“ (копирано од Црнобело.мк)
Јас мислам дека не е толку тешко да се освои женското срце, само треба константност во љубовта, а ние жените ако сме доволно сакани од некого можеме веднаш да ги препознаеме тие чувства. Моето мото во врска со темава е - Не само дела, не само зборови... И дела и зборови
Би додала уште неколку Одвој време за шопинг со неа. Што се 5 саати шетање ? Ако си гладен не мора да го лижеш нејзиниот сјај за уста и пудра па да и се види природната (не) убавина. Почни почесто да го користиш бричот. Не е само време да почнеш да гледаш романтични филмови, туку и да НЕ и се смееш кога таа плаче на крајот . Не прашувај ја за бившите нејзини дали и колку ги сакала ако не си спремен да се соочиш со вистината. Не се фали со колку жени си бил. Таа сигурно имала повеќе мажи па твојата бројка ќе изгледа смешна и мала. Мора да ги мразиш сите нејзини непријателки, лоши колешки, соседки оговарачки, скарани школски другарки. И уште нешто , тие СЕКОГАШ имаат полош задник и помали гради.
Во денешно време ако имаш добра кола, вила на Водно и дебела сметка во банка овие совети за тебе паѓаат во вода Инаку морам да признаам дека квалитетно ме изнасмејаа
Мора да ги мразиш сите нејзини непријателки, лоши колешки, соседки оговарачки, скарани школски другарки. И уште нешто , тие СЕКОГАШ имаат полош задник и помали гради. ХАХАХАХА од ова нешто поточно нема. Има тие што ги мразам, да ги мразиш и ти. Инаку, ништо од бизнисот И да, имам поубав задник и гради, не само од нив, од сите Бреј, самобендисани створења
Хахаха... Значи, закон сме жените. Колку е само точно се’ ова. Речиси сите точки ми се посебни. Е добро де, не бараме нешо кој знае шо.