1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Во случај да е темата дупла, канта. Или ако не е сместена на прво место.
    Во темава сакав да кажуваме некои смешни случки или нешто што сме правеле или кажувале како мали. Еве пр. јас како мала сум отишла во продавница и сум побарала Пола и пол леб. :lol:
    Како мала кога мајка ми чистела спанаќ ја сум земала еден лист, и сум и рекла на мајка ми: Е што лажете, каде има тука железо? :lol:
    Како мала јуфките сум ги викала кори.. и сл.
    Можеби темава одма ќе добие клуч, али ај јас да си пишам. :$
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Како мал/а..

    еве сега јас ќе ви раскажам една доста интересна случка поради која и ден денес се смеам до солзи...
    како мала сум била многу бесна и црвлива. и еднаш кога мајками мијала садови сум и досадувала (тоа секогаш сум го правела) па ми дала росфрајтно тањирче за да си играм, демек. а братми што е поголем од мене спијал тука во дневната, ама он од секогаш тврд сон ептен има...и јас тањирот и со сета сила „ТРААС“ по глава на братми а он мртов ладен нити па се разбуди и се превртил на другата страна :D :$
     
    На Osamena devojka, LadyInTheDark, Lile_05 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Како мал/а..

    правев такви глупости што незнам која прва да ја кажам :lol:
     
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    368
    Како мал/а..

    И јас бев мн блесаво детиште :))
    Татко ми ме има врзувано за креветче зошто уште не сум можела да одам а веќе сум се прекачувала и сум се симнувала од него... тоа цел живот мислам ќе ми го збори хх
     
    На girl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Сега ми текна. Како мала многу сакав да гледам ракомет со татко ми.. И да навивам. И еднаш: Ајде Индира Краставица! (Карстратович) :$
     
    На Osamena devojka, Umbrella22, martine и 13 други им се допаѓа ова.
  6. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Како мал/а..

    Некој ме прашал како се викам и сум викала БОЖЕ :rofl: и сум имала БОЖИЊА ( едни патки гумени ) и под перница ми спиеле :rofl:
    Не сум сакала да какам во вц и кога имало гости ја позади кревет со нокширот си какам :$ :rofl: |(
    На баба на тепих и се искакав :rofl: :rofl: хахаххаа
     
    На LittlePinky, Elena69221, Foreveryoungiwannabe и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Ова ме потсети, јас како мала прашував дали може да одам до вц. :tmi:

    Еднаш отидовме кај една моја другарка, и зборевме демек на духовите. :lol: Духу, ако си тука дај ни некој знак. И во тој момент бие промаја, и се затвара прозорот. Ние што да ти кажам, упрпани до даска.. :o
     
    На Osamena devojka, LittlePinky, Elena69221 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Како мал/а..

    Во мојата зграда имавме домафон, и некој звонеше одоздола...јас трчам и викам "кој
    д*ка
    "...и еднаш кога се бањав се искакав во кадата :$
     
    На girl2, baguf4e, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Како мал/а..

    ми текнува еднаш се шетав со дедо ми и ми купи едни бомбони во пакување лименка и со вкус на кока кола и јас истрчав до најблиската чешмичка и ги потопив со цел да ги претворам во кока кола :$

    исто така се бесев на држачите на завеса над кадата и тие паѓаа :D
     
    На Alesii и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  10. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Како мал/а..

    Мене цака цок :) Кога сум одела по гости секаде сум си барала сокче.
     
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Како мал/а..

    Како мала бев многу немирна и во центарот на вниманието,ногу сум била интересна,но кога се роди помалото братче сите се разбира нему му обракаат внимание и јас така еден ден сум го ставила во количка и го однесов во паркот се скрив зад едно дрво и чекав некој да го украде :fubar: ..Моите дома и полиција викнале им ги нема децата а па татко ми викал : ај батерфлај ке ни ја вратат кој и да ја украде и ке плати дури ама тоа малото :lol: уфф колку котек изедов тогас.
    Или па дома кога бесе време за јадење јас скрисно ке излезев надвор и ке отидев кај една комсика и и викав да ми направи јадење ама секој ден тоа го правев лелее кој срам било тоа за мајка ми ама јас стандард,лугјето си знаеја и секој ден ме чекаа за ручек,ке се најадам па и усте на вратата ке и казам утре сто да ми зготви :rofl: тууууу колку котек и за тоа си добив
    еднас па си игравме надвор со децата и едно девојче несакасе да ми ја врати барбиката (моја бесе да се разбереме ! ) и јас викнав полиција :fubar: :lol:
     
    На LadyInTheDark, stejsi2005, Kimberly11 и 31 други им се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Како мал/а..

    ...сум била океј дете.
    Мислам, немирна тоа се подразбира, кое дете не е.
    Сум сакала да цртам на ѕидовите, тоа ми било специјалност.
    Играв танго со дедо ми и ковавме шајки.
    Сите се радуваа на мене, а сега ретко кој ме понесува од фамилијата.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Како мал/а..

    Па, како многу мала сум била мноогу мирна, не сум плачела за глупости, не сум барала огромно внимание. А, како што растам некако сум мнооогу неодлучна дали сакам да бидам мирна или луда, па еден ден сум дама а еден лудача.
    Од сите игри што сум ги играла ( мижи мала, кривулица, брканица, триаголник, штркот бара боја, ластико, скокање на јаже, кралот и кралицата и многу други ) во паметот најмногу ми остана времето кога по цела вечер си седевме по тротоарите и си велевме 'кој прв ќе помине по улицата ќе ми биде сопруг/најмногу го сакам..'. Безвезе времиња!
     
  14. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Како мала праев многу глупости. Еднаш надвор ми беше досадно и натерав еден другар да јаде песок. Го излажав така фино, што во кутија за бомбоњера што ја најдов на улица си стаив песокче и го послужив. Умрев од смеење од фацата афтер убавиот оброк :)
    Имав симпатија во влезот кај што се доселив, значи имав 5 години и секогаш го прашував дали ме сака :) Еднаш си праевме муабет, јас на тераса он надвор, и ми текна у моментот дека ,многу оддамна не сум се искакала во гаќи хахахаха и така си какав јас, сум му праела фаци и се сеќавам он си го затна носот зашто многу смрдело хахахахаха.
    Еднаш коа спиев кај баба ми, а таа си има проблеми со срцето - и‘ се прикраднав позади грб тивко, со прстето ја боцнав неколку пати, па оваа кога спиште и кога ми удри две три по газот, многу се смеев ми текнува.
    Еднаш на еден другар му земав пластична змија, шо стварно изгледаше како реална и и‘ се избацив на мајка ми во кујна додека миеше садови, (живеам на приземје и цело друштво ме чекаше под прозор и пратеше ситуација) значи кога и‘ ја покажав, онака ја фатив за опаш и оваа мрдаше, мајка ми ја скрши чинијашта што ја миеше и спописка силно, а копиљациве се пукнаа од смеење..
    Има многу дешавки ама пред малку ја слушнав песнава, што оддамна ја неам слушано и ми текна како си ја пеев хахахахахахаха
    http://www.youtube.com/watch?v=Zj-8q0kq ... ture=share
    Ти си она што го сакам бејбе КРАВАР биди обиди се кај мене хахахахаха
     
    На presiosaP, Foreveryoungiwannabe, bal0n43 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Како мал/а..

    И јас сум била многу, многу мирна. :D Нит ме карале нит ме тепале, ама сум имала моменти кога сум одлепувала.

    Знам дека како мала мразев да јадам ориз со копани. До ден денес тоа ми е едно од најнеомилените јадења. Ама, баба како баба, упорна, како тоа да не и јадам ориз со копани.

    Ме седнуваше на едно седиште, надвор ги броевме црните чавки или гугутки, и само на нив лапнував. На белите никако. :D А баба, ајде бабе, пи пи пи лаааааап. :rofl: Најтрагично беше што баба се отепуваше од барање црни чавки/што и да беа, и додека таа бараше, јас плукав ориз и копани зад седиштето. :rofl:

    Еднаш и текна дека редно е да зачистат и отпозади, кога, имаше што да види. Оризо-копанчеста каша. :puke: :rofl:

    Друг настан на кој живо се сеќавам, е кога мама ме носеше во градинка, се обидував да повратам, демек да ме врати. Има едно 100м од куќата до градинката, јас се отепував од ,,повраќање,, како за одење, така и за враќање. Кога ќе дојдеше 14ч не сакав да си одам, па повраќав. Сум нашла начин да го изразам револтот, во секој случај. :geek:
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Како мал/а..

    јас бев страшно ненормално дете. Челични нерви требале за мене по настаниве што ги имам правено сега кога ке се сетам.
    Еднаш во лето, додека мајками беше на работа, а бабами што ме чуваше до кај една комшика нешто ја викнаа, и начекав цел гардеробер од мајками на порта го закачив костуми све, и продавачка играв. Исто мајками е многу мераклија на цвеќиња, сите адами од дома надвор на продавање, со цена 50 денари - од секогаш сенс за бизнис сум имала :D
    Друго јас 5 години, сестрами 2, додека се свртиле ме снемало со неа за рака, низ главна улица сум поминала за на базен да одам :up:
    Друго цуцуле што го имам направено е на враќање од градинка се испуштам од рака од мајками, трчам во продавница земам нешто и да ме нема, да не знае дали да плаќа дали по мене да иди.
    Хмм.. друго сестрами кога имала само 3 дена и имам ставено огромна заџвакана мастика во уста, нели со дада ме учеле се да се дели, ке се удавела.
    Друго, си имам пикнато капсула внос некоја што сум ја нашла, и не сум кажувала што сум направила ни од разно, а дека стопена поим немале што се случува.
    Следно дека полно машки имаме во малото, многу често игравме војници, и јас како наредник сите пушки кај мене им ги собрав да стојат, да им ги доделувам како ке сакам, па после со мајките на кавга еден по еден идеа.
    Исто на едно од тие другарчиња со стапче го имам мавнато кај што не треба од кај острото, на неклој начин да речам го имав закачено, хардкор звучи :) но се беше во ред.
    Со сите кармини од мајками ремек дело на зид во градинка иамм направено, и друго што ми текнува е дека дома зедоа јагне да се коли, порано како што се правеа, и живо заклучено во визбата. И јас хуманитарец со една другарка заедно, ножето и го одврзавме во нозете, и го пуштивме низ врата, бабами го бркаше до којзнае каде. Леле мислам дека ќотек имам јадено неизмерливо е колку. Единствена надеж ми е дека децата мои нема како мене да бидат.
    И да напоменам, јадење само на телевизор ако сум седната одозгора. Иначе ни под разно да јадам.
     
    На presiosaP, Umbrella22, angelche16 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Како мал/а..

    Па како мала сум била центар пажња се до 4 год.Сум шарала по ѕидовите со пенкало,ии еднаш додека спиел татко ми сум го треснала со палката СТОП по главаа,имало и малку крв :^), подоцна си добив братче и станав како одговорна за него па така што кој и да дојдеше да го види јас застанував пред него и не давав да го гледаат :D
     
    На Lady-Love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Па и јас бев мирна, но со неколку откачени моменти.

    Само едно ми текнува :$

    Бев градинка, и требаше да јадеме, а јас нон-стоп на едно исто место си седев. И еднаш едно друго девојче ми седна на столот. и реков дека јас таму седам секогаш и да стани, оваа не нејкела. И јас што ке правам. И го повлеков столот, таа падна, а јас гордо си седнав 8) :D
     
    На monnn, GoodGirl99 и Lady-Love им се допаѓа ова.
  19. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Како мал/а..

    Како мала сум имала една доста интересна овааај гадна навика. :rofl:
    Малото дете се знае се е по бељите, па секогаш кога ќе сум направела некоја пакост мајка ми ќе започнела да ме кара , да увидам дека тоа што го правам не е добро. Е сега незнам што ми била финтата, но секогаш во тој момент кога ќе сум почуствувала незадоволство во мене и не ми се одело по газето сум :puke: по теписите дома, и тоа како за инат да се одмаздам за тоа што ме караат или пак не ми дозволуваат нешто. :rofl: Лудо дете.
    Maјка ми веќе и било смачено од чистење теписи преку ден, да не кажам секој ден :lol: и започнала да ме плаши со оние страшила со кои ги плашат сите мали деца. :lol: Јас мало дете исплашено сум видела-невидела и сум ја откажала таа навика. :rofl:
     
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Како мал/а..

    Сум била кога-како мирно дете, со најдебелите образи некогаш видени, но обожавани од цела фамилија.
    Миленичка посебно на мама и дедо.

    Повеќе сум уживала во машко, отколку во женско друштво. Сите другарки што ги имав како помала ми беа многу љубоморни, до ден денес не можам да сфатам баш на што, но се зезам дека било на милионите шноли што мајка ми ми ги ставаше во коса пред да ме испрати било каде. :D Едната дури ми ги крадеше на спиење во градинка, :^)

    Сум имала скромни желби кои што секогаш скоро ми ги исполнувале. Но, никогаш не дозволиле да станам размазена и разлигавена, ми удоволуваа со граница и со усул што се вика, а за тоа ќе им бидам вечно благодарна.

    Омилена играчка ми беше несесерчето на мама со шминките, едно време го чував како внатре да има богатство од непроценлива вредност.
    Арно ама, кога потпораснав и почнав да се шљакам со се` што најдам внатре, несесерот ми беше скриен некаде во длабочините на плакарот во купатило. :D

    Имам ЦД на кое што вртам чочек околу маса и тресам дебел бебешки газ без ни малку срам, што укажува на фактот дека сум била фрик по музика и денсање уште од малечка. Токму затоа, најомилени подароци ми беа касети со музика, фурав јако на Фанки Џи, Јована (неизнампрезиме), и Џогани. :D

    Се интересирав за многу чудни работи и секогаш бев првата која што креваше две рачиња за да оди во бавча со дедо и` и да насади нешто.

    Обожавав да трчкам боса низ штотуку измиен двор, да месам пита со баба (иако повеќе сметав и го јадев тестото :D ), да бутам прсти во ванглите полни со фил за торта (ова уште го правам, само обучена сум сега професионално и неприметливо да дејствувам :D ), обожавав да се пикам под маси на слави, затоа пред да си одиме моите губеа 10 минути барајќи ме. :D

    Итрица вешта, вечен поборник против попладневното спиење и јадењето пире со плескавици (а денес животов не можам да си го замислам без овие две :P ), прв пријател со животните пред зграда и најомилениот муабет ми беше со старите комшики.

    Цртаните филмови никогаш не ми беа омилени, затоа што прв таков пуштен ми беше Кралот Лав и се утепав од плачење па мислев дека сите други се такви. Токму и затоа се преориентирав на нешто за повозрасни, :D - шпански серии. Хосе Мигел Фернандо Хуарез де Перес фаворит ми беше, а бидејќи не знаев да читам, баба ми се жртвуваше и ми преведуваше нормално. Сега сум усовршена по шпански јазик и секако ги имам разработено сите можни тематики во серииве, па ако се онесвести некоја еднаш одма знам дали е трудна, дали ќе и најдат после некоја неизлечива болест или дали изглумила за саканиот да ја примети. :lol:

    И доста е, ако останам уште малку на темава, опасно ќе биде.
     
    На spacegirl92, ivana63, glorijaMKD и 2 други им се допаѓа ова.