Колку овнови се потребни да сменат сијалица? Само еден, ама потребни се многу сијалици бидејќи овновите се неспретни и груби и кршат сè што ќе им дојде при рака. Колку бикови се потребни да сменат сијалица? Ниеден, биковите не сакаат промени, нивните омилени активности се јадење и одмарање. Колку близнаци се потребни да сменат сијалица? Два секако! Ќе трае цел викенд, но кога ќе завршат сијалицата ќе раскрене низ дома, ќе збори француски и ќе свети во која боја сакате. Колку ракови се потребни да сменат сијалица? Само еден, но ќе му требаат 3 години емоционална терапија за да го преболи губитокот на претходната сијалица. Колку лавови се потребни да сменат сијалица? Што? Што ти е? Лавот не менува сијалици! Тој ќе побара светлост од други сијалици да го осветлат на сцената додека обожавателите му ракоплескаат. Колку девици се потребни да сменат сијалица? Да видиме: една да ја извади, друга да запише кога прегорела и датум кога е купена, уште една за внимателно да ја заврти новата... И 10 за преуредување на куќата во која сијалицата се наоѓа бидејќи куќата е ужасно уредена. Колку ваги се потребни да сменат сијалица? Па.. Всушност и не знам, мислам дека се зависи од тоа колку е прегорена... Можеби само една Вага, ако се работи за обична сијалица или 2 ако не знае каде да купи нова сијалица... Или.... Аман веќе одлучи се! Колку скорпии се потребни да сменат сијалица? Кој сака ова да го знае? Зошто сака да знае? Да не прашуваат од полиција? За што ме обвинуваат? Колку стрелци се потребни да сменат сијалица? Сонцето сјае, животот е една голема гатанка... Уште не знаеме што настанало прво, дали јајцето или кокошката, а ти се секираш за менување на една глупа сијалица? Колку јарци се потребни да сменат сијалица? Ниеден. Јарците не менуваат сијалица освен ако во тоа не видат можност за добра заработка. Колку водолии се потребни да сменат сијалица? Ќе се појават 100тина водолии и сите ќе се натпреваруваат кој од нив ќе биде тој што на светот ќе му даде светлост. Колку риби се потребни да сменат сијалица? Што, снема струја? Оф леле! Превземено од crnobelo.com П.С. Ја стадов темава во Насмевка зошто сепак не е класичен хороскоп. Ако модераторките мислат дека треба да се премести нека ја преместат.
Колку девици се потребни да сменат сијалица? Да видиме: една да ја извади, друга да запише кога прегорела и датум кога е купена, уште една за внимателно да ја заврти новата... И 10 за преуредување на куќата во која сијалицата се наоѓа бидејќи куќата е ужасно уредена. ситничари и уредни како и секогаш
Колку стрелци се потребни да сменат сијалица? Сонцето сјае, животот е една голема гатанка... Уште не знаеме што настанало прво, дали јајцето или кокошката, а ти се секираш за менување на една глупа сијалица?
леле морам нешто да додадам.... мојот знак се манифестира многу чудно кај мене. јас сум од тие девици кој несака доцнење сака во секое време да знам што и како ќе правам. планирам за најмалку недела дена однапред кога каде и како ќе идам што ќе носам и дрн дрн.... но уредност и педантност оф не... собата секогаш ми е во благ хаус, знам да излезам малку несредена (мислам што голема работа ако ми штрчи влакно).. просто понекогаш се запрашувам дали сум девица во хороскоп затоа што педантноста која е нејзина одлика баш е моја слаба страна
Колку бикови се потребни да сменат сијалица? Ниеден, биковите не сакаат промени, нивните омилени активности се јадење и одмарање. Јас ќе кажам дека ова е само пола вистина
Исто мислам дека ова за биковите е полувистина. Баш сакам промени, и секогаш сум спремна да направам... Ама она за јадењено .. Нека кажат колешките од четот на колку време ми се пријадува
А денес гледам дека на Томас Алва Едисон му бил роденден. Епа ај после, како да не веруваш во хороскоп?
Па најверојатно педантноста ти се манифестира во опседнатоста со претходните нешта што си ги навела. П.С. Колку повеќе планираш,толку се поголеми шансите да се разочараш. ПОЗЗ