Се мислев каде да ја ставам,па одлучив овде... Насловот кажува се...Има буквално секакви реклами денес ама некои треба да се забранат со закон. Како на пример,рекламата на Always! Можеби рекламата не е толку глупа но песната е нешто најдебилно и најодвратно што го пуштиле на ТВ. Спојлер Зборувам за рекламата со типките во бутикот: "Види колку добро изгледам (Се суши веднаш без никаква трага!!!) " Исто така глупава ми е и онаа за Малиот Мочко. Незнам зошто,напорна е!
Мене онаа со детето што и вели на мајката „мамо ми се к*ка“ Првиот пат кога ја видовме дома бевме седнати сите со гости на ручек и слушаме и сите Ај тоа, па направија и продужеток на рекламава со цело маало дојдено да к*ка побогу во нивното купатилце миризливо убаво
Ауууууууу ме потсети!!! Сакам да какам кај Коле. Нема некоја глупа реклама да му побегне на мојот радар... Таа со Том и Џери за пестициди што врти веќе 15 години на А1.
Најглупави ми се рекламите на Фанта. Незнам дали само јас имам такво мислење или стварно се глупави. Ако можат да се сместат во реклами, во едно купче оние од предпарламентарнине избори.
Оние рекламите за прашок на Марија и нејзиниот пансион Толку се глупави ... Од никаде го вади прашокот, на фризер, во судница и сл .
Верувај му на дедо внучко.... мислам за кожувчанка е рекламата, или било која и да е што е кралица на водите.
Не ми текнува на тв реклама, ама ми текнува на радио реклама. Со Џеврие, нешто у стилот - ќе ти купи синко мајка, и гаќи, и ѕиври и све... Многу грдо.
Кожувчанка, рама маргарин и морам да ја спомнам радио рекламата за техомаркет (дури и жена му му била од техномаркет )
1. Екстремно природна- на Пелистерка рекламата ептен досадна реклама ми е.. 2. Ред Бул ти дава крила хахахах
И мене рекламите на Фанта ми се глупави некако, не се интересни изгледа не можат да измислат нешто за да ги направат интересни
Баш барав ваква тема... конечно е отворена. Мислам поглупи реклами од нашиве нема... толку значи некреативни луѓе постојат! Глупави ми се: Кужувчанка- да му веруваш на дедо, Глејд ваљда беше - сакам да какам во тоалетот на Коле, новава од олвејс влошките - глупо пеење, „се суши веднаш вау“, па имаше една реклама за брашно во стил еден пар у кола се вози па полиција ги застанува ко демек брашново е дрога, СИТЕ РЕКЛАМИ СЕ ПЕЕЊЕ ми се глупи... ауу има многу..сигурно ќе допишам уште некоја евеее глупа реклама... пеењево... уши да те заболат http://www.youtube.com/watch?v=Nd38BHXw ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=-zPeMXj4 ... r_embedded свашта......... http://www.youtube.com/watch?v=CWraGYW4 ... r_embedded а еве ја најдов оваа со брашново http://www.youtube.com/watch?v=tiLYXW7s ... re=related
1) Едно време во Рамстор киното пред да почне филм даваа реклама за некоја вода чиј текст беше Капка по капка, здравјенце! 15 минутно мачење на мојот мозок 2) Сакам да какам во тоалетот на Коле???? Ај не збори и јас исто 3) Рекламата на Факултетот за туризам и менаџмент, да ти се плукнам во тоа песната
А онаа рекламана за перфекс ми се чини беше.. на сред нива wc-то -.- сега во моментов мислам дали ние имаме добра реклама?
eeeee да... секогаш кога ја даваа се чудев со кој памет на тв тоа покажуваат... тој дедото се*е па му снемува тоалет, па трча ... аууууу мислам сите преклами од перфекс ми се глупи.. а и сум премтила пајчето на крај што го даваат испушта звук АВ! па после дечињава незнаат што прави куче, што пајче - па незнаат нормално...