Ајде да си опишеме наши незгоди кои ги предизвикал прдежот. Или пак, незгоди на нашите блиски Ете, зашто Црешичка се налути за мислењата дека дури 2 страни сме напишале за нејзиното мислење, овде отварам нова тема за да си се исповедаме ние, или пак, да ги озборуваме дечковците кога им се случувало да ослободат гасовита агрегатна состојба пред нас Не прифаќам `дечко ми не прди пред мене` како одговор Да пишуваме исклучиво за прдловците, па и за нас самите Дечко ми си има навика да си прдне пред мене, и мака нема. Порано на почетокот му забранував, му викав дека е непочитување спрема мене, како изговор за да не ми смрди Ама со текот на времето се помирив, и му дозволив, која сум јас да одам против природата ? Сега си потпрднува, ама со осет, а најмногу ме нервира кога ќе прдне па ќе излезе од собата, е тогаш се вадам од кожа. Зошто да не прдне кога веќе ќе биде надвор Јас пред него немам прднато, не ми е згодно да го испуштам, а и предходно пред никој дечко не сум имала толкава слобода по тоа прашање. Тие работи си ги чувам за себе Вие... ?
Лелеее, темава! Ова е сосема обратен случај на она - жена му на Колумбо, сите ја зборат а никој не ја видел. Значи сите знаеме дека си го правиме секој еден од нас ама никој не го збори. Да ви кажам право, само со еден дечко си прдкавме заедно, ко у Шрек. Џакузи си правевме у када. Ихаааа натпревар кој повеќе, кој погласно! Ама тоа затоа што бевме заедно 6 години, па сега за 6 години ако и прдешките треба да си ги криеме, се најубаво Кога живеете со некој, тешко дека ќе сокриете една толку природна појава. Сакале нејќеле, ќе пропеете, поетски кажано, сите еден ден. Мене не ми е незгодно и другарки кога цивкаат пред мене, побогу ако се знаеме сто века, и сега и дошло, па Боже мој. Колку е тешко само кога ќе се подуете ко балон и после грчеви од стегање. Не е здраво, најсериозно. И секогаш се правиме ко да не сме чуле. Културни сме бре. А ми се има испуштено и мене еднаш, после Спојлер анален секс Што би рекла Мартина срцушот - значи ти му прдна а?! Епа сега што да правам, кога чачка кај што не треба, треба и да очекува бељи после тоа. Како и да е, гледам пред состанок да не јадам грав, грашок и друг јаткаст зеленчук, пошто како што би рекол Докторот од Балканска е - банка, онака флегматично - НИ - КА - КО, ама никако. Тоа само ќе ја уништи ерекцијата! У друг случај, сеедно ми е. Сама сум во канцеларија, пуштам клима и правам блажена фаца на - you really can't tell what I'm doin', can't ya?
Прво морам да кажам дека кога ја прочитав темата се сетив на нешто што сега ќе ви го кажам и не можам уште да престанам да се смеам. Вака, јас немам ништо против тоа, значи и во друштво со другарки ми се случило и намерно и ненамерно и со некои дечковци значи не со сите, зависи каков однос сум имала со истите. Имав еден дечко кој многу го сакав аххх кога ќе ми текне, ама ај тоа е за друга тема, и типот беше ... значи отворен до коска. И треба вечерта да се видиме и се слушаме на телефон, демек што јадеше гравче му викам, тој вика и јас исто(гарант петок било ) и значи вечер ќе има музика вика е како бе да не го сакаш таков целиот простодушен, ама срцка ми беше за тие работи. Поздрав до него
Ихааа, јас на сестра ми и прдев преку телефон. Извесен период беше кај дечко и во друг град, и ретко кога ќе се слушневме, ако ми дојдеше гасот во моментот, ја ставав слушалката поблиску и го испуштав, да чуе, та да не ме заборави Значи само пред сестра ми ја имам таа слобода, пред никој друг.
Темава --смеење до превртување од столче Значи коа почнав да идам со дечко ми, тој од самиот старт почна да ми прди, јас бев онака WTF, шо е со чоеков, зар нема ич култура, али после исто како Офспринг и ја си се навикнав па му ги поднасам нели пријатните ароми, поготово коа спиеме заедно, абе некој да влезе, ко у гасна комора ни е собата Кој не е навикнат, може и свест да изгуби. Иначе и мене ми се има еднашка десено и тоа беше онака несакајќи и умрев од срам, зашто се деси пред мајка му и сестра му. Си седам онака ја, си раскажувам нешто и наеднаш се подигнав од столчето за да се наместам поубаво, кога наеднаш ... Они две заќутеа, си се погледнаа и продолживме со муабетот. А порано имав и една другарка, која немаше никаков проблем да си прди пред мене, па дури и праев друштво и кога идеше у ВЦ, а не се знаевме долго време. Знам еднаш седевме кај неа собрани поише другарки и она нон-шалантно си го испушти пред сите и не рече ни збор. Во најмала рака очекував да поцрвене Како и да е јас пред никој ја неам таа слобода, освен пред моите дома. Јавно ни пред дечко ми не сум прднала,али затоа у спиење растур го праам Па од кај ќе знае дали е од мене или од него !
Мене ми се случува некогаш да имам .... гасови веројатно последица од јадења ко гравче, зелка, итн... меѓутоа се водржувам секогаш, освен ако сум си сама дома, или сама во соба. Не ми се случило пред дечко ми, пред блиски луѓе, ниту ќе си дозволам. Ниту дечко ми прднал пред мене. Ниту ќе ми биде смешно ако се случи, дури трагично ќе ми биде. Да, мајка природа е, знам, мајката природа вика и дека мочкаме и number 2, и се' тоа, па ништо од тоа не правам пред дечко ми. Не сум од оние кои мочкаат и какнуваат со отворена врата и си прават муабет со дечкото или другарките. Ме вадат од такт луѓе кои гласно ќе се испрдат пред народ и фаца - се извинувам, не можев да го сопрам. Па девојката уште го гали, гули гули, прдле мое големо. Или обратно. Замислете - ти си моја пуфла. Романтика, ах... Како се водржуваш за мочање и голема нужда, така и за ова. Не знам како ќе оди и понатаму, во заедничкиот живот, ама ќе гледам и тогаш да се сопирам. Просто, ми нема ништо смешно во прдежот.
Со претходниот дечко имавме бе страшен проблем со тоа вратите. Ама во буквално сите станови кај што живееше, цели 8 години никако да му се погодат некои асални врати што не шкрипат. И се само рафално шкрипење си слушаш, дал си седел тој мирен, дал сакал в кујна да оди, в купатило, спалната, шкрип, шкрип, шрииииипппп. Крајот беше увек жестоко шкрипење, да се памети . Ала р’же не се д’рже. Мислам можеа и химната да ја отсвират, ама штета бе ние се разделивме, а јас не го натерав да ги обедини сите рафални шкрипења у еден фин оркестар. Сигурно и од филхармонијана ќе му позавидат. Пак и страшна беше тоа ареата, промаја сакаш направи, цел ветер собери го и пушти го да фучи низ соба, миризмичево се држи бе не се дава, вода не го пере. А, шо вика Пирамиткана, ма дал било грав ил’ било салата исто бре дејство имаше, иста арома низ станот си се ширеше од се’, само коа беа грав, леќа и сличните рафало-произведувачи, тогаш беше малку по така, PLS leave the building Evacuation in process 10, 9, 8,.... татаратата таратата таратата..... и никогаш не беше само едно, никогаш. У парови одеа. А, имаше еднаш по особен момент со тоа шкрипењето, кога по едно исклучително бомбастично шкрипење произведено од гравче на тавче, дојде да си седне до мене ама бидејќи јас лежев, пак тоа задничето некако многу в лице ми беше поднатртено, пошто демек до глава да ми седне, знаеш, и оно тоа беше моменат кога мислам сета љубов за него ќе ми излезеше низ уста. А, и јас си го имав проблемот ко Пирамиткана по едно искуство.. ал’ на несакање беше тоа, просто ин анд оут воздух у процесот и, што сакаш?!? Одма се осеќам ко на терен со конкуренцијата.. еј, мораше и од кај мене да се покажам по ѓаволите дека и јас можам да произведам воздух у јавност ! Иначе си се воздржувам, дама сум ! значи си прткам сама у удобното ми купатилце ил’ кај и да е де, нек е со пенџер за евакуација во случај на непредвидени минувачи.
Маж ми се опушта пред мене а знае и да се подмести убаво па да го отпушти Го карам го бркам од соба а он како мало дете ми вика НЕ БЕВ ЈАС! Да земеш да го тепаш е само А јас еднаш саглам се избрукав на петочки час по пилатес после порција грав за ручек не беше миризливо ама беше прилично засрамувачко Среќа групите ни се мали па јас на шала им искоментирав не готвам више грав у петок
Леле девојки какви описи имате Јас никогаш не сум прднала пред дечко ми и нема ни да си дозволам, ќе си отидам во веце кога ќе треба и готово.Не му се случило ни нему и искрено ако му се случи ќе му кажам дека неќам да се повтори.Добро, тоа може не може секогаш да се контролира, ама да му стане навика нема да му дозволам.Надвор ќе си седи И како што кажа Трендафилка, навистина не би ми било смешно ако се случи
оу мај гад, не ми се верува дека навистина отвори ваква тема на оваа тема се објаснив во едно друго мислење нема да се повторувам ме мрзи. прдкање има само од негова страна, од моја никогаш во овие 3 години со него, и нема да има
На маж ми ,насабајле омилена му е да ја засвири ,,Нек ти јутро мирише на мене" . Нормална работа си е ,ама со мерка да е. Никогаш на јавни места,пред луѓе итд... Јас кога бев трудна ,абе тоа не се сопираше,цело време,поготово во последните месеци ,ептен прдле станав.И сега по малку,ама само малку и да се испофалам добри филтри имам ,не мириса чудо едно. А сестра ми ,пуна е финти. Ми викаше кога бевме деца,ај повлечи ми го прстот,ми се укочи =и имаш тешка артилерија.
За дечко... хммм... си прдишкаше и тушкичкаше едно златичко миличко, ама онака здраво и без осет. Првиот пат кога испушти гасови, го загледав и ми вика - што ма, ти да не не прдиш? Во право беше. Од тогаш не го ни предупредував дека грав или лук имам јадено, сакав кога ке прднам да се знае дека не ми е џабе напонот. Нека мирише бе. трррррррр---тр-тр-трм! Ох, олеснување. И така редовно, на секое гледање, испушташе во просек по 3 прдежи, од кои фала Богу, само звукот го слушав. Си имам верен другар кој работи во кабина и не се срами кабината во гасна комора да ја претвори. Одам еднаш да го поздравам, таму на го*на мириса, го прашувам како трпи и зашто не се буни кај газдата... и вика, ако се бунам ке треба да ми монтира аспиратор, јадев лук и пиев црвено вино. Оф, ме потече од смеење. Кога јас добивам прдежлив нагон, а сум со блиски луѓе, ги предупредувам во крајниот момент, нормално за да не можат да се побунат, и пукам. ОГАН!!! И како бивало за прдење да се лути некој, а за подригнување не? Па и тоа е испуштање гасови и другото. Дури второво може да се подголтне и спречи, ама за првото тешко се наоѓа излез во кризен момент. Затоа, легализација на прдењето, рестрикции за подригнувањето! Ми дојде, што да правам. тррррррррррррррр-та-та-та-та-таааааааааааа!!!
Леле па и овие културниве!Ту бранат женска чест така што забрануваат прдење у нивно присуство! Радован прашува дали може ако нема каде да бега,а зеленее у тоа фацата од воздржување и му велам,чекај,отварам прозор,ајде сега пуштај галабите на слобода,ама па и тивок ми е.Како дете у забавиште! Ама да...знае да ми ја зацрни душата од време на време!Абе жал ме фаќа,ќе ми пукне од дуење.У главном си излегува културно,ние повеќе имаме проблем со хрчење. Поубаво нека прди,него ли да хрчи,бар здраво е!А у присуство на друга раја,сам си е свесен дека не смее и дека е непристојно,нема шо тука јас да го васпитавам.Мразам некултурни луѓе,а и тој бога ми.Сме се погледнале и подстиснале кога сме биле у присуство на такви. А јас лично...па јас лично му правам мит дека некои жени никогаш не прдат!Не можам,не ме пушта душа,не знам зошто! Сум била у ситуација да си расипам стомак кога сме биле повеќе денови заедно,да станам зелена ко трева,веќе ти мава на расположение,ама не,се воздржувам!Сериозно мава на расположение...дегистивен тракт опасно е врзан за сите могучи расположенија,на се влијае тој,а и тој му влијае на расположението.Ко Пепе и бисерите се! Морам да научам да се релаксирам зошто неповолно влијаеше на мојот систем јадење лесковачка па палачинки,па пуканки,утредента пак некоја пица...и такви денови у континуитет,а јас зелена у фацата,веќе не ми се ни јадеше,само болно си лелекав во себе,дома,дома,сакам дома.Може и бев на работ да колабрирам... Пууу ама стегнати женски читам,бре!Ај вие,ве разбирам,ама да ви смета тој,маж!А пробале секоја могуча поза од кама сутра,ма доверба,ма љубов,ма све... Прдне ли,шлап една,говедо едно,да не ти се повтори,инаку ти раскинувам! А инаку по тема, заедничко одење у тоалет.Ноу веј!Јас дома кога сум у ходник ако осетам некој дека стои или се шуња,чекам да си замине па да си отворам весникот,а па не во нечие присуство,а па не уште негово.Јас дури ни пред другарка ко помали не сум сакала и не сум можела,а сите си барале друштво за мочање...да им ја држи вратат,ту,бре!
Ниту сум испуштила гас пред некој освен пред моите де (мајка ми и сестра ми) ниту пак планирам. Ниту пак некој мој дечко испуштил гасови пред мене. Само бившиов ми дечко кога и да отидев кај него беше сабоата гасна комора, апа ако не оставев врата и прозор отворени едно пола саат немаше шанси да поседам таму. Е сег една смешна случка, добро не баш смешна ама Некое 5, 6то одделение и собрани во село 6, 7 другарки и оп одеднаш нешто почна грдо да мириса. И кој беше, кој беше, никој не се кажува. Од тие имаше една многу ненормална другарка и одеше од една кај друга за да и го помириса задникот. И на крај не откри кој е затоа што цела соба беше миризлива Да се наодврзам на Лилит за во тоалет. Нема шанси да отидам со некој дечко во тоалет, па не сакам ни со другарки да отидам. Ептен на факс ако ете отидеме раце да измиеме или нешто такво, па ај да искористам да мочнам ама внимавам ништо да не се слушне. Една другарка се шегува на моја сметка - Аман ма опушто се, сите тоа го правиме. Да можеби сите тоа го правиме, ама не мора сите да знаат дека јас баш во тој момент мочкам.
Е темава ми го продолжи животот.... Па машко е, му се случува, ама чист вентил има (гледам и такво спомнато), така да, ништо страшно, не зацрнува душа. Не е претерано, ама си ја има таа слобода кога ќе си почувствува потреба да си ја олесни душичката пред мене. На почетокот ептен ме ирититаше тоа што се опушташе. Ама после ми стана нормално. Ама до ден денеска, кога ќе си цуфне, ја правам само оваа фаца значи стандард ми е, и обавезно викам по него, ама онака благо викање со смеење. И се тргам настрана, а воопшто нема некоја арома. Или пак додека спиеме и онака сум го гушнала и одеднаш... рефлексно се вртам на другата стана и коментирам нешто сама, се местам и легнувам. А кога станува збор за мене, се согласувам и се пронајдувам точно во тоа што го напиша и Лилит. Да, потреба е, но сепак треба да знае и да се контролира. Ми се има случено и јас така да позеленам, 3 дена во вц не отидена. Стомакот гајда ми се направил. Брза храна еден тон, газирани сокчиња, кафиња, сладоледи.... Зошто? Затоа што бевме сместени во апартман со ептен купатилото до дневна, е ај сега. И ќе го испратам до продавница, или ќе го замолам да не ми стои пред врата, обавезно пуштам чешма... И тоа е тоа. Не можам да си ја извршувам потребата кога некој ми стои пред врата, макар и чевлите си ги мести. Амааа си имам јас пак друг проблем... Си подригнувам. Ама не онака некултурно нели. Кога сме на јавни места или во друштво, си подригнувам нечујно, ама кога сме сами знам така фино на глас (ептен кратко е деее), ама ептен фино звучи. D Проблеми со желудник, ништо страшно.
Дали знаете дека во Германија забрането е да се ждригни но не и да се прдни. Значи Германциве нека ждригат колку сакаат
и дечко ми се нема гајле пред мене за тие работи а јас пазам - ам срам ми е еднаш пред излегување бев кај него дома и се зезаме, се гушкаме и сите тие работи по ред а он цело време прди а јас цело време го карам. ми вика- шо па ти да не не прдиш ? и јас сум викам - тоа сигурно нема да го направам пред тебе ! и излегуваме и скокам по скалите кај него и само се слушнаа прррррр лелее незнам како ми се испушти ! срам цела вечер ме зезаше ! а еднаш се глупиравме и ме крена али ме стисна за стомакот и прррррр (прднав ) ни сама не бев свесна колку ми беше срам а тој па се зезаше, интересно му беше xD
хахах и јас си се изнасмеав, ама темава е топ. Со мојов сопруг додека одевме имаше звуци само од негова страна, понекогаш, не ја претеруваше. Леле луѓе кога почнавме да живееме заедно кога се опушти човеков. Си признавам дека и мене ми се случува, ама најубаво ми е на само. Многу се нервирам кога ќе ми го сервира под кебе, леле полудувам, полека излегува миризбата и мириса 10 мин. Нема да ви се верува ама јас мајка ми никогаш не сум ја чула, а и мене некако ми е срам пред моите, може се случило ама си поцрвенувам. Се сеќавам кога бев мала мајка ми ми кажа една демек поговорка за прдешката... вака беше: „Кога си сам пуштиме, кога си во друштво сам си знам “ хехеххе Сакам да кажам дека не секогаш може да се исконтолира. Сега се присетив цимерката еднаш го испушти пред мене и само рече УФ ...мене ми дојде да се насмеам, ама се воздрзав и не кажав ништо...демек на „тошо“ се направив...а како поинаку би реагирала. Сигурно нема: ахааа прдна а? хаххахах
Нема така да речеш, ама воведи си парична казна за непочитување на собарски ред, кога таа ке прдне, си има донација во твоја каса, а кога ке ти се присака тебе да се испрдиш, оди до пазарче.