Леле темава ме изнасмеа Јас сум во оние брзи какачи, влегувам седнувам и додека си мочкам во исто време си какам и толку се бришам, пуштам вода, си мијам раце и ајт.
Кога и да си тажен само отвори ја темава и Офи и останатите феминки ќе ти го направат денот поубав! Пред да си го кажам сопствениот ритуал, морам да кажам дека не стигнав ни до третата страна веќе ми се прикака од постовите. Инаку јас спаѓам во оние што споро какаат, иако имам многу брз метаболизам, уште не сум завршила со јадење мене веќе ми се прикакало. Епа пред да влезам во мојата одаја, си земам се што можеби ќе ми притреба во текот на мојата авантура. Најчесто си земам слушалки и мобилен и си пеам, си земам огледало и чупам веѓи и слично. Пола саат минимум морам да се задржам во веце, пред да започнам да какам, морам да си завземам убава позиција. Воедно можам и да си дремнам додека седам на веце шоља. Јас знам и откако ќе си се искакам да си седам така и да гледам бледо наоколу. Не читам етикети и составот на некои производи, досадно ми е тоа, некогаш знам и да разгледам што има за перење. Инаку морам да признаам повеќе пати сум размислувала на темата: Како шмизлите какаат и како си го бришат газот. И секогаш си се смеам ако си направам некое филмче во главата.
Е незнам дали е кај вас така, ама јас обично чекам многу да ми се присере и да почне ректумот да ми плаче... И после седнувам и чекам едно: ШЛАП! Ооооох, колку олеснувачки момент... се осеќам ко Буда.
Значи дефинитивно нема веке на форумов приватност па да ми кажуваше некој немаше да верувам дека се отворила ваква тема За мене, немам посебни ритуали, брза сум, влегувам, завршувам работа без проблем и напрегање , пуштам вода, мијам раце и излегувам.. за помалку од минута... И многу се нервирам оти веднаш после јадење ме протерува, ке завршам со ручек и одма во канцеларија, а некогаш и на незавршено јадење, ми доага Единствено, често ми се случува сабајле веднаш после будење, на мала нужда, од што сум уморна и ми се спие да си подремам на шоља , работата секако е завршена за 3 секунди, но јас си се заборавам и си дремкам така.. Исто ми се случува и да учам додека сум во голема нужда..како се учи вие не знаете...никаде не ми е толку удобно за учење како у веце. ни кревет ни кауч ни ништо...а и одма сфакам се ама затоа газот црвен после, и грч у нозе и се.. Инаку да го нема учењето, не се задржувам у вц, како што пишав, готова сум одма, нема читање на шампони, решавање крстозбори читање на книги и сл.. шљуп и чича мича готова је прича
Слушалки и мобилен и музика си слушам. Или некоја книга си читкам. Ама обично кратко трае така дааа...
Саја ме потсети пред две години кога во цела зграда ни менуваа цевки и не знам уште што, што значи сите бевме споени - у едно. Можете да замислите веце, позади мене ѕидот разурнат, само гледаш некои карпи, абе пејсаж мислиш во Јордан си, и се разбира тука ги дознаваш ритуалите на сите комшии наеднаш, кај некои и повеќе од тоа Е тогаш шољата ми беше провизорно ставена, не беше прицврстена. А јас не го знаев тој момент, дојдов покасно откако мајсторите завршиле работа. Се стрчувам јас, Спиди Гонзалес какач во веце, нали, како му ја седнав на шољата, настана момент на изненадување, кога ме занесе уз вршење на експресна нужда, со нозете и сосе шољата ќе ме однесеше во карпите позади мене, па богами и кај комшиите директива да не се фатев за вратата! Опасна работа. Пцуев и мајстори, и комшии и шоља и кафе и све! Башка што отпосле се визуелизирав како, во полош случај, паѓам директ кај комшијата на глава. Surpriiiise! Само знам дека комшијата имаше ритуал на - Кај си до сега? - Добро бе ке*ам! - Па ајде бе јадењето се олади. - Еве идам. И слични дијалози
Ај да си ја спомнам и ќерка ми.. А бе јас вакво дете немам видено, обожава да оди во купатило, каде и да одиме она обавезно мора да оди во ВЦ и како е можно , обавезно и се кака Инаку спаѓа во групата на Слоу Родригез какачи, додека се накани да заврши работа јас комотно кафе ќе си испијам и тоа со две цигари. А ритуали си има многу.... си пее, си кине тоалетна хартија и си игра со неа, си игра со стомачето, си влага во филмчиња и сама си прави муабет..итн.итн. додека да заврши работа ќе ти се присере само што ја гледаш... А па фацичето кое го прави кога се напнува-крај , се вцрвува, стиска дете а гомцето нејќе да излезе, очите џамлии... ама затоа па после чинот обавезно вика -уффф ама се изморив Некад ќе заврши работа и уште си седи...и викам -готово мама, а таа -не, уште имам... а нема врска...готова е, само дреме над шоља...е тоа ме вади од такт
Уф...се изнасмеав квалитетно! Кај мене...ко дождот у Африка и со радост го дочекувам,документи ќе си земам за у канцеларија ко што велите...Спиди и разочарано...си поседувам да подпрочитам некоја декларација и си ги листам документите овај весниците,барам кратка интересна содржина и тажно станувам.Така во сесија,сите се фалат леле на шоља најубаво учам и јас жива среќна трчам со книгата во рака и ... толку,не успевам ниту да сфатам до кај сум била со учење. И друго нешто...дури за никаде е...ама посилно е од мене,удрено бааѓи и често се случува...кога и да седнам се некоја религиозна содржина ми се мота во глава.Абе веруваш,не веруваш,јбг,зезнато е,шубе те фаќа дури! И задолжително ако ме затече некој да влага дома и е во ходник,викам,коооој еее...и го чекам да се макне од ходник,со судни маки така...и продолжувам...за кусо де...се сепнувам,не могу!Културна сум!
^^Ау познато ми е! Сеа, живеам сама нели, ама кога имам гости, внимавам ептен. Инстантно се менувам у братучедот на Спиди Гонзалес и ја почнувам Ла КокараааЧА! Евентуално маскирам ситуација, им велам - Аууууу што јака песна, ова треба да се попушти! И телевизорот иде до даска а јас фаќам кривини А на работа вецињата ни се Ally McBeal style, поголема глупост никој не можел да измисли. И така дури колешката нема гајле да се ис....и и ис...а звучно и сочно, јас трпам А морам бре морам, ама не можам. Се молиме взаемно со Мистер Хенки, а јас се молам да останам конечно сама.
И мојата ќерка е иста. Никогаш до сега се нема десено да излеземе во град, а да не се појави ВЦ проблемот. Среќа што веќе во секој трговски си најдовме добри тетки па сега од врата знаат зошто сме им влегле во дуќан .... порано глумев и као божем нешто барав, а сега директ. Имам едно видео со какачки момент, многу е смешно и би го ставила да го поглендете, но со оглед на тоа дека сум убедена дека овој форум ќе живее и кога мое ќе биде голема девојка, не би било во ред да ја знаат како какачката
Дур сме на тема млади какачи, да ги поздравам сите што ко мали после какање викале: „Мамоооо, готовоооо, дооојди да ме избришеееш“ (како рецитирање песничка)
Хахахха се изнасмеав на темава. Јас спаѓам у категорија брзи какачи, влегувам набрзина се соблакам, у неколку секунди го слушам додека помине “шлуп„ моментот, се бришам, мијам раце и voala сум завршила работа. Некогаш намерно се задржувам подолго, бидејки таму ми доаѓаат најдобрите идеи за каков маникир да си направам. Ќе отворам огледалото, гледам у тоа лаковите и смислувам комбинации. Али воглавно несакам да поминувам многу време во ВЦ, па така тоа се само неколку минути. А мојов вереник, уффф нервоза ме фаќа кога ќе ми текне што прави. Си го зема кафето, цигарите и лап-топот и правец ВЦ, најлошо е што секогаш останува минимум 40 минути а некогаш и повеќе. А јас се нервирам, особено ако треба да одиме негде па ми треба козметиката или пеглата за коса а тој абер нема да излезе. Најсмешно ми е кога сме сами дома и се дере ко мало дете „Мацооооо готов сум“, ми иде да му -влезам и едно 7-8 заушки да му мавнам. Аааа и ќе заборавев, јас во туѓо ВЦ неможам да какам, сега најбрзо бев во Црна Гора на неколку дена. Јас во домашни услови во ВЦ одам 2-3пати на ден да си какам, тогаш 2 дена ништо, стомаков ми беше ко 6 месец бремена да сум. Остај обемот, облеката ми стануваше мала, особено фармерките а најлошо е кога ќе почнеа да ме фаќаат грчеви, ќути-трај момент Една вечер сите заспаа и јас викам сега е моментот да се испразнам , седнувам на шољата и се напнувам, мислам дека позеленев у фаца а тоа пусто г*мце нејке да излезе . Едно време затворив очи и си го замислував домашното наше црно-бело ВЦ, неколку минути така и слушам „шлуп“ и си викам „Ахаа, тоа е моментот што се чека“, и така завршив работа после 15 минутно фантазирање.
И јас сум брза, ама за тие неколку минутки обожавам да си читам налепници на шампони, пасти, сапуни.. Ама најлошо е на работа, има само еден Чиртон Чиртон - освежувач за воздух. Чиртон има специјално дизајниран спектар од карактеристични мириси за освежување на вашиот дом итн.
Да си дополнам : Некогаш кога ептен ќе ме фати зорт и не можам пола саат од WC да искочам земам оној ситнион чешел за вошки и со него првут си вадам
Тоа викање - секако дека ДА. Ама нервозно викање, не знам дали сте искусиле. Викаш, викаш, упорно викаш, и сеуште викаш, па почнуваш да се дереш, па добиваш нагони пак да сереш, освен тоа и по некоја солза од напон ти излегува и веќе чувствуваш потреба да ги казниш небришачите и со омразен говор ревносно искажуваш: “Мамоооооооооооооооо, ќе ми се засуши гомцето ако не дојдееееееееешшш... 10, 9, 8, 7... 3, 2, 1... мамооооооооооооооооо бе дојдииииииииии ќе ме боцка кога ќе седнуваааааааааааааааааам... “ Спојлер Ова сум јас на млади години, сега и комшиите ќе ме препознаат ако баратаат по форумов
Ах, да... После 10 прочитани страни со вашите патешествија, авантури, војни, блиски средби со смртта при терање нужда, ќе кажам само едно... Ах море жениии, пусти да останете!!! Толку, распрснати парчиња, ни трага, ни глас од сонот за една идеална жена... Ништо, најубаво за мене ќе биде да се насочам кон нешто ново, да трагам по нова идеалност... Идеалност која не вклучува нужди, потпрднувања и напрегања... Ајт, ојдов да чувам крави, ќе си ја растам мојата лична Милка. ПС. Да е иронијата поголема, задникот отсекогаш ми бил физички најпривлечниот дел кај една жена... ЈБГ, ќе си се „задоволам“ само со гради, очи и насмевка.
се согласувам со тебе . Гледаш некоја згодна девојка или ние жените , дечко и тука страст , одите дома , се соблекувате и онака страсно едно тррррррррррррррррррррррррррррррррррт...... толку убава а прдла или влегува во вц и ја нема саат време , и слушаш неартикулисани звуци...... мислам хелоооооо!!! нишо и ја се откажувам од совршенство , вака или онака на крај пак со некое прдле или серко завршуваме додека сум тука имаше видео каде дечко играше стрпитиз на девојче со прљави , гаќи. Вие што брзате пазете како се бришете хахахахахаха
Значи ако сакаме да бидеме совршени треба да престанеме да јадеме а со тоа да ги изнесуваме непотребните материи од организмот а со целото тоа да престанеме да дишеме ма дааајј!!