Ова треба да го знааат оние студенти на кои им е потребна утеха по неположениот испит. Па видете зошто паѓаме на испити! * Годината има 365 дена за учење * Кога ќе земеш дека има 52 недели, остануваат само 313 дена. * Во лето отпаѓаат 50 дена, бидејќи е претопло за работење, затоа остануваат 263 дена. * Спиеме 8 часа дневно во една година, кога ќе се соберат тоа е 122 дена, значи остануваат 141 ден. * Ако ништо не работиме еден час дневно, тоа се 15 денови помалку, значи останувааат 126 денови. * Сите поминуваме 2 часа на оброк и така губиме 30 дена годишно, па ни остануваат 96 денови во годината * Дневно поминуваме 1 час на телефон зборувајќи со фамилија, пријатели, кое ни зема 15 дена и остануваат 81 ден. * Испитите и тестовите ни земаат 35 денови во годината, па ни остануваат 46 дена. * Земаме околу 40 дена годишен одмор и доаѓаме до бројка од 6 дена. * Да речеме дека сме болни најмалку 3 дена, со што ни останува само 3 дена за учење. * Ако излеземе само 2 пати, ни остана 1 ден. * Ама тој ден ви е роденден..затоа... Со среќа на испитите!
glow ама не секогаш е поради наша вина, некогаш ќе научиш се, ќе се откажеш од некои од горенаведените и ќе вложиш труд за да научиш и пак паѓаш. зошто капацитетот на професорот за положени во таа сесија бил 10 студенти, а ти си немал среќа да се најдеш меѓу нив own: