Почнете први а јас за тоа време го спремам рефератот ....колку да не е без ништо еве за почеток-ДА ИМАМ КУЌА
Нешто лалеззз ни се распиша во последно време Паааа имам многу неостварени желби сакам да патувам, да имам базен дома ... ич не ми текнува во моментов сега ако ми текне после ќе пишам
Еве иста тема se-i-sesto/sto-bi-sakale-da-imate-vo-zivotot-a-nemate-t1319/ што јас ја отворив за желбите
да одам на брод да видам многу места да зараборам пари веспата да ја заменам со едно opel tigrice и да му докажам на моите колку вредам ќе ми треба многу сила и упорност знам
немам :/ не дека сите ми се остварени или сл. само не поставувам претешки. и не се онака надевам дека ке падне од небо туку сум упорна. ако веке зборувам моментално работам на една цел со голема упорност, знам дека ке почекам малце и не се откажувам и да паднам - па што ако.. но не сум онака нон-стоп преокупирана туку само спонтано, додека го живеам животот заедно си ја остварувам полека и целта
Да одам во Санкт Петербург, Кјото, Париз, Ница, Москва, Виена, низ Африка... Ма, да го прошетам светот! Да не се ограничувам многу
Да си купам боксерски ракавици, да ме запишат на бокс и да се тепам во ринг - да бидам некој познат боксер/боксерка хихихи , после да одам во Австралија. Ова ми се најголемите желби што ги имам во моментов. А онака други споредни што може набрзо да ми се отстварат се да си купам мобилеен на touch и некое поскапо парфемче, по можност од Бритни.
Да станам одбојкарка.. што е можно да се оствари во иднина. И што не е можно, да го свртам цел свет! Да го прошетам секој мал град, секое населбиче! Се се се! Да идам на некое журче, ама онака безграничено време, а не моиве до 1.. 2.. 2 и 15...
Да прошетам низ Европа, потоа и другите континенти. Да се подобрам во одбојка. Да ги направам сите околу мене среќни.
Да го прошетам целиот свет, да нема место каде што не сум отишла. Да напишам книга, и да ве викнам на промоција. Да ги посетам сите музеи во светов, сите егзотични места. Да присуствувам на сите рок концерти на моите омилени изведувачи. Да отидам и на гробовите на мртвите легенди. Да станам моден дизајнер и да основам бизнис. Да...да...да...Можам да ги искоренам сите лоши особини кај човекот. И светски мир. Насекаде!