Веќе втор пат во рок од еден месец на мајка ми и стигнува некаква си награда за патување во Шпанија, Бугарија или Грција Со платено сместување, само да си поднесе патни трошкови. Незнам од каде ја наоѓаат баш неа, и за каква награда станува збор... Дали некој имал искуство со ова?
Да се надоврзам на муабетов, и мене ми стигна ваква порака негде декември месец. Се јавив, ми кажаа само дека лица над 27 години или 26 не ме фаќајте за збор, можат да ја искористат наградата, секако патните трошоци и сите додатни си ги плаќаш сам. Само сместувањето е бесплатно. И ме зачуди, од кај баш јас? Пошто пораката беше преку bluezone за пораки што праќаш преку нет, али само една единствена порака имам пратено преку bluezone, ме зачуди многу.
Травел Груп, или веќе не знам под кое име, се истите оние Травел Хаус што ширеа превари на народот и откако еднаш ги разоткрија си отворија нова фирма, под ново име. Има пишувано на форумов за ова тука, па прочитајте пред да им се јавите. И Офи да ти одговорам на прашањето, имињата и адресите ги наоѓаат по рандом избор. Познавам луѓе на кои им стигаа такви писма на име на веќе починато лице.
Чудно, а мајка ми пак никако не праќала преку тоа Bluezone Од каде ли ја нашле, 2 пати стигнува ова во рок од еден месец Вика, "Подарокот го добивате по случаен избор" Едит, Артемиссион мислењево Ме потсети на ова http://www.southparkstudios.com/full-ep ... e03-asspen Кој го гледал - Знае!
Па не дека јас ќе одев, и све да ми беше платено пак немаше да идам. Не верувам на вакви ствари, само ме зачуди кај ме најдоа, и чисто и реков на мајка ми да праша. Јас припотресена дека на нејзино име е бројот мој, па да испита терен. Да се информираш - да, а на лепе(слепе) очи да одам негде - no thanks.
Не сум слушнала за овие, ама знам други агенции што нуделе вакви „поволности“, и на крај сумата што треба да ја платиш излегува многу голема, и всушност како сам да си го плаќаш патувањето односно не се исплаќа. Ти кажуваат дека ти си добитник, а да се распрашаш и пола Македонија се добитници. Од она што го знам јас, не треба да им се верува на ваквите.
аа за малку и јас ќе поверував..ми стигна пораката од блуезоне,и навистина помислив дека сум добила..дури и се јавив во агенцијата,ме повикаа да одам на разговор кај нивната канцеларија,тоа било тука негде кај Плаза..но ,откако се интересирав тука у фемина,ехее видов колку други „добитнички„ имало како мене..па затоа,не обрнав внимание ни на другите пораки кои ги праќаа..позз
Пред некој ден и мене ми стигна едно вакво "изненадување" на фејсбук. Од Агенција за млади Јупитер. Демек добитник сум на платено сместување во приватен апартман на островот Пат во Хрватска. Некој мој пријател играл па ме препорачал и мене као, бла, бла, бла.. Не верувам во вакви работи. Не се ни замарам да проверувам.
И сестра ми и една колешка добија преку ФБ патување ама до Банско од истата агенција, па еве ги гледам до сега веќе пет пати беа. Живи глупости!
патување од агенцијата јупитер Една моја другарка ја избрале од агенцијата Јупитер за неколку дена во Банско, Бугарија и можело да земи 5 луѓе, меќутоа има информации дека агенцијата била лажна, ветуваат дека е платено сместувањето во хотел, а потоа можело да побараат сам да си платиш... Дали некој има или познава некој друг со вакво слично искуство во врска со агенцијата? Благодарам
И мене ми падна такво патување до Банско,ама и јас слушнав дека било лажно.Денес требаше да ми се јават за да им потврдам дали ќе одам или не,ама сеуште ги нема.........може се попречени од протестиве .........како и да е јас секако неможам да одам така да нема да видам дали е лажно или вистинито
и на другарка ми требаше денес да и се јават ама не ја прашав дали и се јавија, бидејќи се одлучивме да не одиме