Кај нас во Мекедонија е актуелно правењето бугарски пасоши и лични карти од страна на нашите граѓани. Се запишуват како бугарски државјани со цел да и се овозможи неограничен престој во државите на ЕУ. КОе вашето мислење за оваа тема позитивно или негативно?
Па тоа не е сега актуелно, туку уште пред 10 год. луѓето почнаа да вадат бг пасоши. А за тоа не се криви они, туку државата е крива затоа што не знае да обезбеди добри услови за живеење и работа на своите граѓани. Ако има овде добри услови, никој нема да оди во странство. Никој од што му е многу добро овде, не заминал настрана. Туку од што немаат каде, па мора да се снаоѓаат некако за работа па затоа вадат пасоши. Државата треба да биде загрижена за ваквата ситуација и да се потруди да обезбеди подобри услови за живеење и повеќе работни места во земјата. Штом имаш Бг пасош, можеш во било која земја на ЕУ да добиеш работна виза, подолг престој и што е најважно- платени придонеси и осигурување, затоа луѓето се решаваат на ваков потег.
Дефинитивно не го оправдувам ова. Јас двојното државјанство би го укинала. Ако некој сака пасош од друга земја - нека живее таму.
Татко ми ги имаше погдотвено сите документи за бугарски пасоши за цела фамилија. Јас бев против и го разубедив. Бев малолетна, но имав 17 години. Безвезе ми беше на некој документ да пишува дека сум Бугарка и државјанин на Р.Бугарија, кога гордо си носам македонски идентитет. И да живеам некогаш странство, НИКОГАШ не би се откажала од ова што сум.
Јас пак имам впечаток дека најголем мотив за вадењето на бугарските пасоши кај луѓето е купување на евтини 10-20 годишни автомобили и плаќањето на мали давачки за нив. Државава е преполна со застарени автомобили со бугарски таблички кои цела година се возат по нашите патишта, а еден куп средства се слеваат во буџетот на Бугарија. Иако, да бидеме искрени, дури и да беше 10 пати поголем буџетот на Македонија, повторно ќе имавме патишта преполни со дупки заради апетитите за нагло збогатување на нашите политичари. Да одговорам на прашањето, секако дека сум против бугарските пасоши.
Дефинитивно треба да се има право на двојно државјанство. ММ е србин роден во Македонија. Има двојно државјанство. Има повеќе причини кои го оправдуваат двојното државјанство. Ама ова со бугарските пасоши навистина беше претерано. Само ако навистина на некои луѓе им помогна за да го решат своето егзистенцијално прашање, што да кажам, можеби вредело. А денес кога имаме визна либерализација и полиберален закон за увоз на стари возила, што ќе се случи ако сите тие луѓе се отажат од бугарското државјанство?
onoj sto e protiv bugarskite pasosi verovatno nikogas nema otideno da raboti vo evropa i da se sooci so problemite od makedonskiot pasos.ako vo makedonija morate da trpite beda kako makedonec ili nekade vo evropa da ziveete pristojno kako bugarski drzavjanin svesten na toa deka ne ste bugarin tuku makedonec,sto bi izbrale?
Јас имам двојно државјанство , македонско и хрватско . Не разбирам зошто да не може двојно . Преку мајка ми извадив и пасош хрватски . Не знам зошто треба сега идам во Хрватска да идам да живеам зошто имам хрватско државјанство .
Јас пак имам впечаток дека најголем мотив за вадењето на бугарските пасоши кај луѓето е купување на евтини 10-20 годишни автомобили и плаќањето на мали давачки за нив. Државава е преполна со застарени автомобили со бугарски таблички кои цела година се возат по нашите патишта, а еден куп средства се слеваат во буџетот на Бугарија. Иако, да бидеме искрени, дури и да беше 10 пати поголем буџетот на Македонија, повторно ќе имавме патишта преполни со дупки заради апетитите за нагло збогатување на нашите политичари. Јас сметам дека луѓето се одлучуваат за бугарски пасоши за да ја подобрат својата егзистенција,со цел да отидат и таму да работот.Сега има безвизен режим но неможеме да престојуваме повеќе од 90дена а со бугарски пасош може да се престојува неограничено.Мислам дека тоа е причината што луѓето кај нас се решаваат да прават бугарски пасоши.
Јас имам двојно државјанство и не гледам ништо лошо во тоа . И покрај тоа што имам влез во секоја држава секаде сум странец ...и ако се уште и таму имам дом.МК е мојот единствен дом и јас сум Македонка .Но мојот покоен свекор ги остави своите коски во таа држава и си имаше свои права кој ги искористи.Така и мојот постар син е роден таму и до својата18 та година му следува многу нешта што државата наша не ги дава .Па после тоа како да се откаже од државјанството кое му следува .А за одлуката каде ќе живее оставено на него.
:y: Точно така. Со МК пасош можеш само како турист да отидеш со престој не повеќе од 90 дена, а со БГ пасош кога ќе те вработат веднаш и осигурување и платени придонеси добиваш.
иии?? со тоа што?? Причина е да земеш бугарски пасош?? Искрено многу се нервирам за овие работи. Сите во земјава се прават патриоти , а повекето имаат бгд пасоши само за да можат да работат. Ако толку сакате да работите, има амбасади бре луѓе, ако си квалификуван ке ти дадат виза и оди после работи. не вака се продаваме и тоа на Бугарија, која сите знаеме какви намери има кон Македонија. :n:
А како си свесен дека си Македонец ако сите ти се обракаат како Бугарин? И кога во сите документи ти стои дека си Бугарин? Е стварно се нервирам за темава. Имате многу начини да отидете во Европа да работите. Само најлесен ви е овој, па затоа си барате причини да си ги оправдате постапките.
Не сум против двојното државјанство затоа што и јас го имам.Родена сум во Словенија имам и совенечко и македонско државјанство. Немам ништо против ова актуелното да се прават бугарски пасоши бидејќи на крајот на краиштата кој како си се снајде во животот. Факт е дека ако нема тука работа за нив, нема да седат со скрстени раце, да немаат скапан денар,а патриоти во душата Не мора да значи дека со тоа тие се продале себеси, дека не се патриоти, и дека не ја сакаат својата земја.
Многу македнци отишле во странство да работат, ама верувам дека во душата се пвеќе македнци од нас. Имам двајца стриковци во Австралија и еден во Америка. Дури им се чудиме колкава македонштина има во нив, за разлика од нас...
Ќе надополнам дека тие таму ја негуваат нашата култура и традиција, се собираат на македонски вечери, во домот зборат македонски, децата знаат два јазика... Кога ќе дојде лето зошто не трчат да се одморат на некое море, туку доаѓаат во Македонија во родната земја и кај своите блиски. Што да прават кога таква е реалноста, земјата не обезбедува добар живот, нема работа, а деца се раѓаат, мора да се издржуваат Се согласувам со Инола што рече дека тие можат да бидат поголеми македнци од нас.