Кој светски или македонски политичари/ки имаат најголема харизма, според вас! Постирајте слики, мислења... еве ќе почнам јас: Македонија- Бранко Црвенковски Русија- Владимир Путин Америка- Џорџ Буш и Бил Клинтон
Маргарет Тачер - Челичната лејди бивш премиер на Велика Британија. Моќна, прекрасна, амбициозна. А и хемичар е по струка И се восхитувам. Сликава е од помлади години. Српскиот претседател Борис Тадич. Многу харизматичен човек. Силвио Берлускони премиерот на Италија. Иако ги надмина 70тите, сеуште добро се држи. Од нашиве и нема баш некој кој ми влегол во око. Ама ајде ќе го кажам Имер Селмани.
Дечки, мене ме мрзи да постирам слики, па вака само по име ќе ги наведам, моите најхаризматични политичари - Бранко Црвенковски - Српскиот претседател Борис Тадич - Покојниот Жељко Ражнатович-АРКАН - Тони Блер - Кондолиза Рајс - Арнолд Шварценегер(мислам дека сеуште е гувернер на Калифорнија) - Радмила Шеќеринска - Министеров наш за информатички технологии, Иво(не знам како се презиваше ) - Па и Црногорецов Мило Џуканович..... Има и други ама не ми текнува ви моментов
Зошто бе сите сте го навеле Бранко??? Јас кога му го гледам тоа лицето со лузни ми иде да Јесте да е многу речит, ама харизматичен
што ако му е лицето со лузни?? го гледаш ли кога излегува на митинг каква харизма од него блеска?? ми иди да земам да гласам за него без да размислам ама... СТОП! јас многу сакам да го гледам Бранко! единствен е!
пардон??? освен криминалец, Аркан беше и политичар... затоа нема да згреши никој ако го вметни тука, јас го заборавив ама еве сега...
Lilit Аркан беше политичар, само други работи беа актуелни кај него(Аркановите тигрови, Фудбалскиот клуб Обилич, воените злосторства, па бракот со Цеца итн....), па затоа некако е во сенка неговата радикална политичка партија, којашто Аркан ја имаше основано.
Ех,сега ја претеруваш.До таму стигнавме физички да гледаме кој каков е и што има?Ако е за тоа кажи кој е совршен а? Грујо случајно?! Збориме за харизма..а дефинитивно Бранко ја има.И оние што се за него и против и оние кои го сакаат,обожаваат или го мразат признаваат дека е човек од политиката со харизма, кој не гледам друг да ја поседува.
Можда и да бил,сепак повпечатлива му беше криминалната кариера скриена зад други форми на дејствување. За некои идол,за некои ѕвезда,за мене криминалец. Де де ко втор братучед да ви е ми скокнавте за Аркан.
хехе, ме насмеа со ова “втор братучед“ уживај Лилит, не се караме, само Аркан беше политичар и затоа морав да забележам... А за тоа дека беше криминалец има убава изјава дадено “Бев од другата страна на законот, но на никој не му го посакувам тоа!“ Јас се тешам со тоа дека е жив. Многу ми се допаѓа тој човек!
Ѓорѓи Спасов... го обожавам!!! најхаризматичен човек, прекрасен говорник, со самата појава зрачи позитивно. Декан е на нашиот факултет, исто имам слушано неколку предмети кај него па обожавав да одам на негови предавање и да го слушам, просто да паднеш на газ од неговиот тон на глас, изразување, став, движење.... цел зрачи со харизма.
Сакав и јас да наведам неколку харизматични но овие ги засенија моите па решив да проговорам за нив. Жељко Ражњатовиќ Аркан за некого криминалец за добар дел од Србите на времето бог.Опеан во песните Аркан и неговите делии.Тој кажа подобро еден ден како лав , него сто дена како црв.Беше скинат од подземната мафија која подоцна и самата заврши бедно.Добар дел од Србите сеуште велат дека е жив. Харизма имал а дали ја има недокажано. Како Бранко наш не може секој... треба да се знае да се умее.Сакале вие или не долги години требаше а добар дел од народот се уште не го разбрале.Харизма во изобилство кој колку може да ја сфати, разбере. Маргарет Тачер Челичната Дама.Така челична на времето многу мажи свитка ... па покрај неа се осетија како бескичмењаци ... Топ 3 Харизматични За кого како за некои закон Додека имало овци ги стрижеле на свој начин. Е да и тоа треба да се знае и во стрижењето народот смртник пронашол харизма
Julie -што ма не зезај кажав јас дека ние народот смртници и во црната хроника може да пронајдеме харизма Ај што му фали види како е згоден Со МВР нема не зезај