Добро Nevermore, не се нервирај, најубави се тие на мајка, устиња сега има на мониторов, не можев да се воздржам а да не ги бакнам Јас гласам за Тројцава ми се не можам да се одлучам за еден. Шала на страна, јас ќе си ги постирам харизматичните политичарки, макар што првава е е повеќе Спојлер је*озовна отколку харизматична
Гледам го нема нешто эастапено.. Типчина во секоја смисла, човек со стил и со голема хариэма. Лидер во секој поглед, приэнаен и поэнат во целиот свет, како никој после него од овие простори .... Јосип Броэ Тито
1. Бранко Црвенковски 2. Љубе Бошковски 3. Мендух Тачи А најантипатични - Бонева Силвана и онаа од Битола Анета не ми текнува презимето од дпмне.
^^^Овој ти е најсекси ВМРО-овец, можда и воопшто политичар во земјава, не сум размислувала за темава , не би го за харизматичен политичар класирала ја, али кога го гледам и не мислам многу, така да мене ми свеедно, хот е, секси вери секси индиид
Како ли можев да го заборавам Значи човеков просто ме купува додека зборува, заљубена сум во неговиот интелект, секогаш ми е занимлив за слушање и читање, просто се чудам како е возможно толку интелигенција во едно човече да се собере Му ги имам повеќето колумни што ги објавува исчитано, се губам додека ги читам, какви не фрази и зборови користи, внесува во некој свет на интелигенција...
Уффф Офи каква тема ми дирна,многууу болна Човеков има речник, ма каков речник цела вујаклија има у тоа главата негова и пријатен е за слушање ама... Професор ми е на факултет, што има едно книгиште окулу 500 страни, преполно со такви комплицирани фрази, странски називи и изрази, а да биде уште поболно дава прашања и од фуснотите, и мора асално да набубаш 500 страни... Затоа во Август наместо на плажа Најубава ќе биде со книга у рака па нормално би било желдникот да ми се иритира секогаш што ќе го видам. Не е тој лош, тој си е одличен ко професор, мене мрзата ме уби... И да се навратам на темата Иво Ивановски ми е секси, така безобразно секси Од овие постариве Ѓорѓе Иванов е човек со извонредна харизма, но очигледно камерата не го сака. Во живо е да ти е мерак да го слушаш, толку начитан и паметен, патем и толку реален човек ретко на денешницава. Следен на листа е Срѓан Керим, одличен дипломат.
Да? Јас имам слушнато дека бил низок многу, а и на еднооки така го претставуваат... Го немам видено за жал во живо, ама многу го обожавам, движеча интелигенција е! Не е некој убавец, ама купува, човеков со зборови, просто оргазам доживуваш додека го слушаш Мада и за арогантен и дрзок си е, рака на срце Никогаш нема да заборавам на "Џорџе бе, абе Џорџе" и "Абе каква програма бегај таму" А и на прајслес моментот "Му ја честитам победата на Ѓорѓе Иванов, и нека и е Господ напомош на Македонија" Најубава, а каков е како професор? Јас сакав да си го додадам на Фб ама има премногу барања. Штета
Ехх Офи што не кажа, ќе те земев на предавање да си поуживаш малце зошто одлично предава, сакал нејкел ќе го слушаш, кажува и по некој гаф понекогаш, знае да се сопне и сл. но воглавно одличен професор. Заебано е што бара детално да го знаеш предметот, и што како што кажав прашањето може да биде и дел од фуснота. А она со Џорџе, ехх плука по него а заедно имаат издавано книги патем она книгичено од 500 и нешто страни што го спомнав е нивно тие двајца му се автори предаваат исти предмети, поточно еден а се учи во два семестри во првиот Ѓорѓе требаше да ни предава ама нели претседател па неможе па дојде само на едно предавање и кажав и тој е одличен (но очигледно камера не го сака). А Фрле (така си го викаме на факс) е неверојатен, ај ако во некој од следниве семстри ме предава ќе те земам со мене, да остварите блиска интеракција
И јас гласам за Срѓан Керим. И Шеќеринска ја сакам, бидејќи ја знам не само од пред камери и во неофицијални изданија, а и од контакти со новинари. Бар за мене беше 24/7 отворена и ја сакам поради Секретаријатот од тоа време. Жак Ширак од странците ми беше се дур не излегоа скандалите, а го мислев за ех чиста суза, но пак де кога ќе го видам харизма си е харизма. Тадиќ уф. Кога беше на „крунисувањето“ на ел Хорхе го видов од поблиску и ако на тв ми изгледаше wow сега ми е по wow.
Број еден- Бранко Црвенковски Може лепота нема,ама харизма богамиии да!Абе некако мушкарчина ми е онака баш! Број два- Иво Ивановски Овој па обратно лепота има,харизма нула. И во живо е многуу поубав ,некако камера не го сака баш.Со ќерка му бевме заедно во болница,па ако ништо ми ги разубавуваше болничките денови човеков.Фала му Број три-Чедомир Јованович Ај еден "странец".Дечково има и лепота и харизма ,а и одличен политичар е во секоја смисла на зборот.Обожам да го слушам кога збори.А и не баш дека мижам дур го слушам