Статистиката на населението се однесува на нумеричките податоци за населението кое е предмет на набљудување и служи за следење и анализа на демогрaфските и на социјалните промени и причините што влијаат врз структурните промени на населението. Промените во структурата на населението секогаш настануваат како резултат на директното влијание на природното (наталитет и морталитет) и механичкото (миграции) движење на населението. Во 2011 година, стапката на наталитет изнесува 11.1 ( живородени на 1000 население), а бројот на живородените деца, во споредба со претходната година, е намален за 1 526 деца или за 6.3 %. Просечната возраст при склучување прв брак е 25.4 години за невестата и 28.3 години за младоженецот. ...Сите ја знаеме оваа актуелна тема што излезе во јавноста пред некој ден. И доколку вака продолжи колку ќе ни биде населението во иднина. Што мислите зошто се случува ова,како последица на што? И како да се спречи тоа?
Поместени се границите за брак. Има толку многу работи да се направат, и на некои луѓе не им текнува да го направат тој чекор. A други пак ги спречуваат условите, немање работа и сл. Како и да е. Нели викаат, треба да родиш едно дете за маж ти, едно за тебе и уште едно за татковината. За да се зголеми наталитетот. Јас до негде помогнав. Може некад ќе го родам и тоа третото. Ајде сега вие сте на ред.
Како што тргнале работиве незнам за едно 100год дали ке има и македонци,Албанците се множат,а ние нешто господа изиграваме,прво викаме финансиски да бидеме добри,и се прашувам што ако никогаш немаме доволно пари,тоа значи дека не треба семејство да имаме така? Како порано живееле наши баби дедовци а? што тие да не имале повеке пари,или подобри услови? Но се сменија времињата нашиве девојки не сакаат обврски,да бидат домаќинки,туку сакаат да си бидат слободни,без обврски,епа тогаш што не чуди ова,ма полошо иде. Неважи за сите,туку за повекето девојки што гледаат амерички филмови,ботаства итн. Без навреда но морав да си кажам.
нели Груевски организираше кампања за 3 дете ке се добива паричен надоместок мотивација плус само кога би се сменила власта-избори се ближат,незнам што би било со тие кои го послушале, како би издржале на крај во оваа сиромаштија
Па тие што го послушале, и да се смени власта ( што не верувам дека наскоро ќе се случи), со закон им е загарантирано , и ќе си ги остварат правата до крај. Исто како за второ дете, што се смени законот , откако се бунеа зашто е само за деловите од земјата кај што ни е слаб наталитот, после нели го вратија законот на суд, и го прогласија за цела територија , и после некој месец го повлекоа, зашто веќе стануваше број за поголеми бројки, и остана само законот за трето и четврто дете, но сите тие кои во меѓувреме не беа родиле а чекаа второ дете, иако повеќе не беше на сила тој закон, си ги остварија правата, т.е. земаа пари за второ дете. Јас останав со второто бремена додека не важеше законот за скопје, дур бев бремена го направија за цела Македонија, а и го повлекоа набрзо потоа, и можам да кажам дека девет месеци сепак добивав пари наменети за второ дете. Некако секогаш ми се редат работите ко што треба.
Нашите баби и дедовци немале многу ... а биле семејства со по 5/7 деца. А ние денеска кај имаме колку толку, кај некој не се осдува за брак,ниту пак за второ дете.За трето да не зборуваме....за жал ова е реалност.
Да ви кажам или сте се слепи или слабо се фолирате со приказнава трето дете. Да ве прашам вас дали со плата од 10000-20000 месечно ќе се решите да ротиде 3 деца. А и тука е и проблемот не е само роди го па само ќе се гледа нема потреба од инвестурање во него колку за леб ќе иам да му дадам. Не бидете смешни со муабетите едно за мене друго за маж ми трето за татковината, како порано раѓале по 6 деца. Па баба ми не беше толку проста и многу поразумно гледасе на овие работи. Секое дете бара про внимане,труд, љубов,грижа, пари настарана што треба да му овозможиш се во животот. Не бидете смешни марионети на проективе на владата и само како дрвени адвокати да повтарате едни исти работи. Свеста на човекот е на повисоко ниво него порано. И албанците се опаметуваат и они полека престануваат да се "котат" што би рекле старите.
А сте чуле дека после првото ако родите близнаци не ви следува парична помош за трето дете? Зошто третото не било планирано!!!
Може да се спречи само со одземањето на сите права на жената што се доделени со смената на системот од социјализам во капитализам затоа што денешните потенцијални мајки во поголемиот број случаеви се толку себични што за се имаат пари вклучувајки цигари,гардероба кој постојано се прати што е во тренд,постојано пиење кафе со пријателките а само за одгледување и воспитување на деца немаат.Со сите права што ги добија апетитите за власт над мажите се зголемија до толкава мера што на секоја девојка предност пред брак и деца и се добра плата,сопствен стан,сопствен автомобил и нормално кариера во работата по можност најмалку раководител а по можност и директор во некоја институција.Ете затоа има пад на наталитетот.Запрашај се само зошто во Шведска има голем пад на наталитетот каде социјалната помош за сите оние што не работат е 10000 круни месечно а детскиот додаток за секое дете е 2000 круни или претворено во евра 1000 односно 200 месечно а цените на храната од сигурни информации се како кај нас.Сите овие аномалии Шведска ги имаше многу порано а кај нас дојдоа многу подоцна поради смена на системот.Има и друг помал фактор кој ги спречува и оние малку што сакаат да имаат деца а тој е условувањето од газдите за губење на работното место доколку остане трудна или пак доколку не се вработени а одат на разговор кај некој газда прво прашање им се поставува дали имаат деца и ако немаат дали планираат да раѓаат.Ова второво може да се реши со закон и ригорозни казни ама првото само со домашно воспитување и со ништо друго. Ги заборави турските и индиските серии во постов. Ако по некоја случајност добиеш иселеничка виза за Шведска дали би имала најмалку 4 деца? Албанците престанаа да се котат благодарение на албанската Цеца односно косоварката Аделина Исмаили.Таа прва се соблече на нејзините спотови и сите млади албанки се запалија по неа бидејки е стварно згодна,им стана идол и почнаа да ја копираат.Од тој момент почнаа масовно да се дотеруваат и цивилизираат а со тоа и апетитите да им стануваат се поголеми бидејки почнаа да се освестуваат од сонот во кој беа заспани години наназад.
Со кој усул ги напаѓате девојките и жените општо, како биле незаинтересирани за брак, домаќинство или семејство? Знаете колкав е процентот на оние кои не сакаат воопшто да бидат мајки? Многу, многу мал. Причината поради која наталитетот е намален е јасна како ден - луѓето немаат пари и се плашат дека нема да можат да врзат крај со крај за да ги нахранат гладните усти. Немојте ве молам такви глупави и банални примери од минатото - како немале ништо, а раѓале по 5-10 дечиња, па преживувале. Да, секако, во тоа време, со тие услови, со маст и пиперна сол на улица, кога општествените разлики биле сведени на минимум, и секој имал шанса / можност да оствари нешто, доколку е чесен, вреден и трудољубив. Денес можеш да се раскостиш од работа и потрчување - и пак да не го добиеш заслуженото. Со кои финансии ќе го одржуваш домот, семејството, како ќе ги облечеш и нахраниш дечињата, да не зборуваме за екскурзии, книги, средно, факултет, итн, итн. Така што - не обвинувајте беспотребно, како девојки не сакале да се мажат и да имаат дечиња, еве јас сум 27 годишна без 3 недели, сакам и брак и дом и семејство, не сум кариеристка, не ми се лудува, не ми се троши животот на беспотребни работи и - не се осудувам за влезам во брачни води и да раѓам деца. Кога ќе има работни места, големи плати, солидни приходи, нема да има потреба од дебилни реклами и глупи кампањи, ниту залажувалки од типот - паричен надоместо за трето дете, луѓето сами ќе се репродуцираат, со мерак.
Убаво кажано и искрено жалосно е да се напаѓаат девојки или жени за брак,семејство,секој сака дом и семејство но од ваздух не се живее ке дрцнеш од работа а може и да не го добиеш заслуженото да не се повторувам убаво напиша Трендеафилка секоја чест барем нешто паметно кажано
Ако главниот проблем се работните места и големите плати зошто во Шведска,Норвешка, Холандија, Белгија,Швајцарија и слични држави има голем пад на наталитетот така што бараат странски државјани за да се покрие тој недостиг бидејки има слободни работни места?
Discofilman а да престанеше да ставаш пипер у секоја манџа, те сфативме, спаѓаш у категоријата женомразачи, нас жените за ништо не не бива само за пиење кафе и за празни маубети, така е Ај што историја поима немаш, туку шириш небулози и пишуваш глупости. Трендафилка ти го кажа нејзиното мислење а на за Шведска или тунгузија зашто бил намален нарталитот,ние па ич нема потреба да им се секираме сами си знаат. Темава беше за кај нас, Македонија, Гвујо се загрижил, неговата омилена категорија почнува да му се намалува , па се сврти на пораст на население, мора да се праат деца да има кој да гласа за него. Ај што прв и главен проблем се финансии за поголемо семејство, а што е со вниманието кое секое детеси го бара?
Да, тоа ми беше зборот, темата е за наталитет / морталитет за Македонија, не за Шведска,Норвешка, Холандија, Белгија,Швајцарија или земја Дембелија. Демек, ги решивме проблемите кај нас, се селиме во Скандинавија, и нив да ги оправиме. Можеби и нив ги акнало рецесија, или можеби е до опаднатиот квалитет на живот во тие држави, менталитетот, временскиот период, whatever, не е ни важно. Што ни е нам гајле крај краева? Важното е дека кај нас - реално постои проблем, и истиот не се решава со обвинување на женскиот пол / род, како им мрткало газето, не сакале да се врзат или не сакале да бидат мајки и домаќинки. Бре мајката, од каде ја ископавте оваа статистика? Бесцелно е да се зборува на темава, млатење празна слама, диско-типче - еве, оставаме во твои раце, кога си толкав поборник на зголемување на наталитетот, почни од себе и полека решавај го проблемот.
Зошто не одговориш директно на прашањето што го поставив туку само ги извртуваш работите?Колку поголеми се правата на една жена во една држава толку е помал наталитетот односно има минус на население и обратно.Ако си толку сигурна во твоите тврдења стави облог со мене во што сакаш и ке посетиме 10 психолози што ти ке ги одбереш и сите 10 ке ти го посочат истиов пример со богативе држави. Не спаѓам во категорија на женомрзачи туку мрзач на невоспитани и жени материјалистки.
Ајде, каде да го ставам облогот - во Златна копачка или Вил Хил? Кој коеф. се нуди за победа? Што сакаш да ми кажеш, ама вака без заобиколување и обвинувања како јас заобиколувам - дека ако жената ужива одредени права - да гласа, да работи, да се издржува сама, да заработува - не и` требаат деца, маж, семејство? И тука си го посочил овој проблем кај богатите држави... а ние НЕ СМЕ. И ние го имаме истиот проблем. Чаре? Тука двајца едвај се крпат, со помош од тетки, стринки, мама и тате до гроба, на прсти се бројат жени кои се доволно финансиски моќни да се грижат сами за себе, сега па проблемот е во правата на жените. Абе не тропајте глупости. Смешно е, ем жално. А извини - што сакаш, да се вратиме во турско, жената да биде умна и послушна робинка, и да биде само машина за раѓање деца?
Простете на грубост, ама од прееска го читам и не ми се верува пак истот го кажа, да ни се одземеле правата? Извини ама тебе ти требаат 10 психолози човеку, каков средновековен муабет сврте, ццц не ми се врува што читам жими се. Да,многу права имаме точно, што убаво било порано кога жените биле буквално поневредни од животните, само репродктивно средство и повремено издувен вентил за мажите. Кривни сме ние не ни се раѓа 10 деца па као циганине и ние ќе ги праќам на контињер да се прехрант. Кој ви ги полни главиве со вакви глупости се чудам само.
Зборот е дека со добивање на сите права и слободи поголемиот процент на жените почнаа да ги злоупотребуваат поради материјален интерес.Дали знаеш колку млади девојки од источниот дел станаа проститутки во барови во западниот дел?Ако една девојка нема финансиски дали треба своето тело да го продава за пари?Еден куп мажи што не беа женети поради таквите девојки беа приморани да зимаат чесни девојки од Албанија за да им живне местото и да се наполнат училишните клупи во училиштето. Секоја чест за оние што не се такви но поради тие повеќето страдаат и оние чесните или народски кажано покрај сувото гори и суровото дрво и ги бие лош глас. Вистината боли за жал.Оди посети било кој психолог за да не бидеш во заблуда дека немало пари за да се ранат 2 деца.Никој не кажа 10 и не измислувај.
Јас не знам искрено какви ишјуз си имаш, ама последново нема врска со темава. Дали знам колку девојки отишле по бордели или да си го продаваат телото... што ми е бре гајле? За информација, проституцијата е најстариот занает во светот, постои од памтивек и ќе си остане, нема апсолутно никаков удел во наталитетот на една држава бре. Ти што си огорчен од вакви девојки - биди си, никој не ти забранува, ама навистина мешаш поими. А извини вака, женет си? Колку дечиња имаш ти? И бидејќи си запнал со правата на жената - дали заработуваш доволно да ја одржуваш куќата, домот и семејството, ти како маж, како столб и родител? Ако работи жената за да ти помага - ужива права, не сака да биде домаќинка, ако остане дома со дечињата, а ти си неспособен да заработиш доволно за двајцата, т.е. за сите, обвинета е дека е материјалистка... не ви се наоѓа крајот. Оди ти посети неколку просечни, не потпросечни, туку баш просечни македонски семејства, па после продавај демагогии. Луѓе не можат сами да се прехранат, и едвај со едно, камоли со повеќе дечиња. И поголем дел кои ги имаат - водат крпен живот. Ако за тебе тоа претставува идеален живот - некој не го сака тоа.