Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Груевски во 90тите? Негови марионети во 90тите? Па во 1990 година Груевски имал само 20 години! Немал абер тој тогаш од Вмро. А и ти во 90 тите не си имала повеќе од 7-8 години. А овде пишуваш како да си била сведок на сето тоа.
     
  2. temjanushka

    temjanushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    DALI BI MOZEL G.PREMIER DA MISLI MALKU I ZA NEVRABOTENITE LICA? ZASHTO NE NAPRAVI BESPLATNO VOZENJE DO ZAVOD ZA VRABOTUVANJE? PRET TOA NA 4 MESECI SE PRIJAVUVAVME A PAK SEGA NA 2 MESECA.PA AJ VI SE MOLAM KAJ BEZ NIKAKVI MESECNI PRIMANJA PA USHTE POCESTO DA SE PRIJAVUVAME. MOJ PREDLOG SO KARTONCETO VO AVTOBUS I TAKA IMA DATA DEKA TOJ DEN MORA DA SE PRIJAVISH I BAREM DA NE PLAKAME PREVOZ .
     
    На Isaak и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Треба да ви е срам да зборувате за олигархија бидејќи благодарение токму на режимот на Груевски се создава најголемата портокалова олигархија за која најдобар доказ е партискиот клуб на милионери на ВМРО ДПМНЕ. Градоначалници, министри, и други функционери од власта пријавиле имот од неколку милиони евра, и после тоа не е олигархија.
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    МОЛАААААААААААААААААААААААММ? За 5000 повисока пензијааа? :D лелееее ме изнасмеа сега добро :D слушај срце можеби си повозрасна од мене како што си пишала во еден пост и затоа повеќе знаеш.Ама те молам за пензија да не ми каживаш.И ЈАС ЗИМАМ ПЕНЗИЈА!!! И не е ни приближно толку качена колку што кажа ти ;)
     
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    8.198
    Јас во почетокот бев за Никола Груевски па дури и гласав за него бидејки навистина човекот се трудеше да направи нешто.Ми отвори факултет во роднот град, ми ја покачи стипендијата и пензијата која ја зимам,ми даде ваучер за компјутер како апсолвентка , овозможи бесплатни курсеви по информатика и јазици, почна да гради и да го реновира градот.Тоа се факти кои не може да се оспорат.Но, постепено почнав да го менувам мислењето, не дека во целост добив негативно мислење за него туку не ми се свигаат работите кои започна да ги прави.
    Прво факутетите кои ги отвори немаат врска, тоа е се само за да се наполни државната каса.Ке имаме многу образован кадар а малку работни места кои ке одговараат на струката која ја завршиле.Нема никакви критериуми од областа на знаење за да се запишеш на факултет.Замислете некои личности кои ги познавам( не е навреда или потценување) ама навистина не се за да се запишат високо образование бидејки немаат доволно основа за да се надградат се запишале на факутет бидејки се финансиски мокни и можат да си го дозволат тоа.Тоа ми е најболната точка.Завршив фалутет и зошто за к....(да не бидам офф топик) работам на работно место кое воопшто не одговара на мојата струка.Некој друг што има пари и врски исто ке заврши и веднаш ке го вработат.
    Грујо дигна кредити за да го гради Скопје, а постојат луге кои немаат пари за да го сврзат месецот крај со крај.Освен тоа стави данок на се(не е ставил уште и на воздухот кој го дишеме).Има и уште многу работи кои ме разочаруваат и затоа почнав да го менам мислењето.
    Сега да дојде ред да гласам за никој не би гласала, сите си го земале делот.За во иднина не знам можеби некој ке ја стекне мојата доверба. :?:
     
  6. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Некако се наметнува тоа кога сакаш да одговориш позитивно на прашањето на темата, и кога сакаш да објасниш „зошто“ позитивно се изјаснуваш, без да сакаш кажуваш „во однос на што“ повеќе ти се свиѓа. Можеби затоа не можеме да се држиме строго до темата.

    Ај да пробам да одговорам без да мешам:

    Мислам дека е трудољубив, сака да постигне, сака да исполни- инаку не ветува, или не ветува со сигурност. Политиката ја води добро, ама малку околу него се трудат да бидат верни на Владината програма, и за некои работи нема реална претстава, а сам не може се. Изгледа добро, млад, современ, доволно конзервативен, ОК е. Статусот -!?! Па мислам дека му одговара, го одржува, а и повеќето од народот без проблем му го почитуваат!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Машки
    Како беше она,..''птед фактите молчат и боговите"...освен нормално, тие кои и на брашно се смеат...

    Факт е дека владеењето на Груевски има две етапи,..една до самитот на НАТО во Букурешт и една после...Во првата етапа евидентна беше разликата во начинот на владеење од сите предходни влади... што резултираше со позитивна политичка па и до некаде економска ситуација...која дaлеку беше од дора но некако беше надежна...факт е дури и опозиција на чело со председателот на РМ во тој период немаше аргументи да се спротистави и ако се сеќавате беше очајна и буквално прегазена...
    По неуспехот во Букурешт пред се на Америка да ја убеди Грција да не става вето,..ситуацијата се измени пред се во меѓународната политичка и финансиска подршка која ја добиваше владата,..а факт е дека сме зависни од таа подршка што дефакто значи дека со земјава управува надворешен фактор без разлика кој ја извршува власта,..се наметна името како услов и работите драстично се изменија...Као да се разочара Груевски, као да се изгуби еланот и почетниот ентузијазам...почна да се тапка во место и тој застој направи проблеми кои нормално се рефлектираа и на економијата...
    Факт е дека моменталната економска и финансиска ситуација е лоша ако не и најлоша досега,..но факт е дека и целиот свет беше во невидена досега економска криза, што не може да биде единствениот изговор на Груевски за лошата ситуација, како што не може да биде лошата ситуација аргумент за осуда и лошото владеење на Груевски,..пошто е факт дека никој не ја избегна кризата а ако то му успееше на Груевски сигурно ќе добиеше Нобелова награда за економија...
    Факт е дека кој работи и греши,..но тоа во друга прилика... :)
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Значи јас стварно се обидувам да ги разберам сите што го подржуваат и оправдуваат Груевски, но најискрено слабо ми оди. Наведувате дека е виновна опозицијата, крадела и оставила празен буџет. Пишувате била виновна економската криза, затоа економијата ни е никаква. Кажувате виновна е Европа, не ни пуштале финансиска помош. Виновна е и Грција, не блокирала за евро интеграциите. И се тоа е во ред.Пази богати сите виновни, само тој што е навласт е чист како солза! Нека се виновни сите тие, но да ја амнестирате сегашната власт и премиерот за катастрофалната ситуација во која се наоѓаме, стварно не ми оди никако. Груевски е тој што доби мандат од народот, во негови раце е целокупната власт во државата. Зошто толку многу ветуваше, ако и самиот бил свесен дека опозицијата му оставила финансиски пустош, ако и тогаш бил свесен дека името нема да го даваме. Зошто? ЗА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ! И после овде ќе читам дека мислел на народот. Ма не мисли на ништо освен на власт и на пари. Во Македонија до сега не се појавил политичар кој што навстина мислел на народот! Сите си мислат само на фотељите и манипулираат со луѓето.
    Затоа многу пореално би било одсега па натаму сите подржувачи на Груевски, напишете си искрено, да јас го подржувам Груевски затоа што ме вработи или ми обезбеди стан или вработи некој член од моето семејство, тоа многу полесно можам да го сфатам и разберам, отколку продавање демагогии и убедување во нешто во што ни самите не верувате, а тоа е дека Груевски остварувал и мислел на народот, дека вработувал и отварал нови работни места.

    И да ова не се однесува на никоја форумџика конкретно, ова е општо за сите подржувачи на едната или другата политичка гарнитура!
     
    На crazyinlove19, Phyramide, elygj и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Хаха, кого носи на бањи? Они пензионери што имаат партиски книшки? На кого покачил плата? На оние што имаат партиски книшки? А што е за него тоа живти се? Ко да фрла 1 денар на улица, е тоа е тоа за него. А кој ги гледа овие што работеа во Стоковната во Трговски? Сега што со нив? Ни пензија зимаат ни ништо. (Знам лично, баба ми работеше таму, се додека не го затворија). А оние од Железара? Што е со нив? (И тоа знам лично, дедо ми работеше во железара). Дава он бесплатни бањи и доручек, само на оние од кои има корист. ;)

    Е тоа сакав да го искоментирам. Можеби ќе помислите Што можам јас да знам за моите години, Дека не треба да коментирам на овие теми, и слично, ама тоа беше моето мислење. И еве, во школо парно немаме, се мрзнеме, ВАЖНО компјутери имаме. Не дека ги користиме компјутерите, маусот прашина ми фати, тастатурата скапува под клупа, мониторот за огледало ми служи, да се средам после физичко. И тоа интернетот, незнам каков е. Како може дома да си имам постојано интернет, а во школо еден час имало, еден час немало интернет. Затоа не ни ги пуштале |( . Па јас цел ден на компјутер седам ниту еднаш не ми падна интернет. Незнам, искрено незнам зашто ни се тие компјутери.

    Забегав малце од темата, ама нема врска.
     
  10. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не знам точно за ситуацијата за железара и стоковна, ама еден куп фабрики се затворија пред неколку години. Во една од нив работеше мајка ми, во една татко ми, во други пријатели. Стечајци без динар в џеб колку сакаш.
    Ај да ја започнеме приказната од почеток. Кривилниот законик во Република Македонија е донесен 1996та година. Во него „случајно“ се исклучени, избришани, казнените одредби за стопански и индустриски криминал. (Не сум правник, ама сигурно има правници на форумов па нека ме корегираат ако некој збор недоволно правнички го искористив). Во тој период, и потоа отидоа под стечај еден куп фабрики, директорите си ги откупија за без пари, десеткуваа од вработените, ги испратија дома под стечај, и работеа само со една десетина вработени. Профит за газдите брдо, за вработените плати- на шест месеци еднаш. И сето тоа законски, затоа што никаде во кривичниот законик не пишува дека тоа е казниво. Покасно е изменет казнениот законик, ама не важи ретроградно. Значи, направен е совршен криминал. Тоа е цел еден геноцид врз пола народ. Никој за тоа не може да одговара, сето тоа не било предвидено за казна, било легално. Авторите на кривичниот законик не биле најпаметните на светот па сами да го креирале. Имале примери од некои од понапредните земји, ама „свесно, и со умисла, избришале оние одредби кои Баба ти, Дедо ти, мајка ми, татко ми, пријателите ги оставиле без работа и без пари.

    Денес јас работам, плаќам даноци, одвојувам за државава како и секој млад човек. И, она што мене ми треба, се убави патишта, убав плоштад, зоолошка градина, компјутери во училиштето за моето дете.... Зошто од моите пари, од мојот данок, државава да им дава на тие стечајци??? Што сум јас крива за нивната ситуација??? Мене искрено многу ми е жал за нив, мислам дека никој не го заслужува тој начин на живот, ама ЈАС НЕ СУМ КРИВА ЗА НИВ, И ЈАС НЕ ТРЕБА ДА ИМ ПЛАЌАМ ЗА ЖИВОТ. Нека ги собери оние тогаш печени газди оној кој им наредил на креаторите на таквиот закон (со фалинки кои на некој му одговарале) нека им побара да донираат од нивните дебели сметки по светските банки за да им се исплати маката на овие луѓе и нека им се извини за неправдата што им ја нанесол. Можеби тогаш ќе имам добро мислење за тој политичар. Се до тогаш ќе ракоплескам на оној што купува нови гратски автобуси во кои се возам, гради згради со поповолни цени за оние кои имаат потреба од нив (државни, не од ФИКОМ), ми дозволува да земам добра кола за евтини пари од германија (не ги штити само газдите на салоните), имам интернет каде и да се наоѓам... Ова е тоа што мене ми треба за моите пари.

    Можеби ќе погодите кои се ликовите од мојава приказна, ама јас за нивно добро нема да ги спомнам!
     
  11. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Ц ц ц ц абе вие ВМРО-вци опасни сте :D
     
  12. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Само здрава логика девојче, само здрава логика! Никаква пристрасност не ми беше потребна за текстов! Можда ти е чудно, ама така е. 8)
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Кривичниот законик донесен во 1996 година, со мали измени во однос на казните, сеуште е на сила. Во него ниту се испуштени, ниту пак избришани кривичните дела против стопанскиот криминал. Главата 25 од кривичниот законик е посветена токму на кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и СТОПАНСТВОТО. Поточно членот 287-Злоупотреба на овластување во стопанството. Понатака во глава 30 се опфатени кривичните дела против СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ.Член 353- злоупотреба на службена положба и овластување.Член 353-в-Несовесно работење во служба.Член 354-Проневера во службаЧлен 359-а- Прикривање на потекло на несразмерно стекнат имот.Член 355- Измама во служба. Овие кривични дела како такви постојат во кривичниот законик уште од 1996 година и до ден денешен во однос на овие дела нема никаква измена, ниту во казните, ниту во однос на битието на делото. Измените на кривичниот законик главно се однесуваа на поголеми казни за делата против половата слобода и морал, беа воведени дела против компјутерскиот криминал, беше обезбедена поголема заштита на малолетните лица и др. Сега се прашувам, ако сегашната влада толку многу сака да се расветли вистината околу транзицијата и транзиционите политичари, зошто тогаш не го подржа предлогот за не застарување на овие дела. Зошто? Затоа што и во своите редови има такви кои затвараа фабрики и оставаа луѓе на улица. Друго, ниту еден закон не може да важи ретроактивно! Освен во случаите кога е поблаг за сторителот! Што би се случило во државата кога законите би важеле ретроактивно? Еве еден пример- јас навредувам некого, свесно со умисла, бидејќи знам дека за кривичното дело навреда е пропишана парична казна која сум спремна да ја платам. Во времето кога јас сум навредила некого во кривичниот законик за кривичното дело навреда била пропишана парична казна и за мене ќе важи тој закон кој важел во времето кога сум го извржила делото! Доколку подоцна се донесе закон со кој кривичното дело навреда се казнува на пример со 1 година затвор, тоа не може да важи за мене, затоа што во времето на извршување на делото таква казна не постоела. За пет години може ќе им текне кривично да ги казнуваат сите кои прават ајвар во двор. И што би се случило ако тој закон важи ретроактивно? Ќе ги бареме ли да се казнат сите кои правеле ајвар во двор во последните 20 години? А во времето кога тие правеле ајвар, тоа не било незаконски.
    Велиш плаќаш даноци и ти требаат убави патишта, плоштади, интернет. Дали знаеш дека 99% од патиштата во Македонија се изградени за времето на СДСМ? Плоштадите и спомениците не се градат од твоите и моите пари кои ги плаќаме во вид на данок. Се плаќаат од ЗАДОЛЖУВАЊА НА СИТЕ СТРАНИ, во време на сиромаштија и невработеност. Пишуваш и дека ти не си должна да плаќаш на стечајците, но должни се оние кои ти ги подржуваш- ДОЛЖНА Е ВЛАДАТА, зашто благодарение на стечајците и невработените дојдоа на власт, ЗАТОА ШТО ТОА ГО ВЕТУВАА ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА! Зошто не кажа владата во изборната кампања дека не е должна да се грижи за стеччајците кои тврдиш дека ги создал само Бранко(што е дискутабилно, зашто голем дел од нив има создадено и ВМРО), па да видиме дали ќе дојдеше на власт.
    И онака веќе претерав со должината на постот, за крај само ќе наведам за џабе се трудите да и го обелите образот на оваа власт. Ниту едно од основните ветувања не исполнија. Нели ќе не доближеа до ЕУ и НАТО? Не одалечија за 1000 светлосни години. Нели беа најдобрите економски експерти кој ќе направе економски бум?А не заглавија во сиримаштија и невработеност. Нели ќе го подобреа здравството? Го уништија и она што беше останало. За правосудството не сакам ни да зборувам! И сфатете веќе еднаш, не може цел мандат да се вадат на Бранко и СДСМ. Бранко направил ова, Бранко ова. Направил и народот го казни. Но што направивте вие? Ништо, исти сте како претходните, па и бетер.
    И да, ти уживај во глетката на спомениците, шетај по плоштадите, вози се во нови автобуси, сурфај на интернет од било кое место, шетај по зоолошките, додека стечајците, лозарите, млекарите и сите невработени се на работ на егзистенцијата. И не заборавај да ракоплескаш на оние што тебе ти овозможиле толку, а на друг не му овозможиле ништо, само затоа што тие другите во таква положба се нашле благодарение на ,,некој друг,,. И само порадио тоа, тие не заслужуваат да бидат згрижени од оние кои имаат ДОЛЖНОСТ да им обезбедат подобар живот. Или пак можеби тие ги немаат истите права како тебе? Мислам дека ваквата поделба е најголема мана на оваа власт и на сите нејзини подржувачи!
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Поприлично остро! Само што јас сепак мислам дека имам право на тоа!

    И не сум сигурна дека е се така како што велиш. Кривичниот законик е поприлично со измени. Член XXX-а, YYY-б итн. Многу буквички. Се се тоа измени, и тоа ги има поприлично во делот на стопански криминал. „Дај ми ги акциите, должен си прво мене да ми ги понудиш, по закон, за која цена и да сакам. Тек ако те одбијам, смееш да ги продадеш на друг, ама јас ќе ти ги земам за беспари, и ништо не ми можеш“. Ете така се изродија Свето Пивара, Штерјо Наков,...од обични шофери, најбогати луѓе во МК.

    Она што на ваков и слични начини е расипано, не се поправа така лесно. Немојте да ми кажувате дека Груевски ја спроведе приватизацијата, па барем до толку ќе сте фер, јас мислам. И не го бранам без пардон. Имам јас замерки до него. Само сепак кога ќе ги ставам на кантар сите работи- ма нема мерка да се измери разликата меѓу БЦ и НГ. Можам да ги разберам сите што дебело се збогатиле благодарение на БЦ, сите други- немам коментар. И додека одите на фудбал во „Арена Филип Втори“, на концерт во „Борис Трајковски“, кога ги шетате гостите од странство до Плаошник, ќе заминете без виза до Европа преку новиот Аеродром (наскоро) најголемиот на Балканот.... можда ќе ми дојдете на кафе ;) , во новиот стан од проектот „АРМ мој вистински дом“, проект кој ќе им обезбеди дом на над 1000 припадници на АРМ, меѓу кои и мажот ми... И додека случајно се одлучите сепак да одите до Дојран наредната година наместо до Грција- сетете се кој е заслужен за тоа!

    Груевски лично не ми дал ништо, не го ни познавам човекот (освен што го гледам на ТВ), ама она што ќе соберам и одземам- е ова!

    Предложи ми, BoaVista, на кој да ракоплескам? Имаш предлог?
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Дали транзицијата се одвиваше само до 1998 година? Што се случуваше од 1998 до 2002 година? Тогаш не се затвараа фирми? Тогаш не остануваше народ на улица или многу брзо го заборавивте тој период? Кој беше на власт тие години? Кој беше министер за финансии? Јас не викам дека немало криминал во времето на Бранко, имало и тоа како. Ама исто толку имаше и од 1998 до 2002.
    Ракоплескај си ти слободно на кого сакаш, поклнувај се пред кого сакаш, твое право е. Но додека ти ракоплескаш и се поклонуваш, затоа што ти го обезбедиле санбеното прашање, многу луѓе се на работ на егзистенцијата, без решено станбено прашање, без работа и со мизерна социјална помош. На таквите луѓе треба да им ракоплескаме кога протестираат и кога си ги бараат правата што им следуваат! А не да ги газиме со коли затоа што протестирале од маки, или да молчиме и да ги затвараме очите кога полицијата ги малтретира. Или пак уште пострашно, ЈАВНО ДА ИЗЈАВУВАМЕ ДЕКА ПАРИТЕ КОИ ГИ ДАВАМЕ ЗА ДАНОК ПОДОБРО ДА ОДАТ ЗА СПОМЕНИЦИ ОТКОЛКУ ЗА ЖИВИ ЛУЃЕ.
     
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Како што кажав погоре- многу буквички, и тоа на какви членчиња! :o
     
  17. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Срце мое, јас се поклонувам само пред огледало, а ракоплескам често, да. Знам да оценам добро дело, и да искажам благодарност за стореното со едно БРАВО!

    Знаете ли вие некогаш да пофалите добро дело? Или само ако ви се дозволи?
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Никој не треба да ми дозволи да направам било што во мојот живот. За разлика од тебе јас сум ПОЛИТИЧКИ НЕОПРЕДЕЛЕНА и сама си одредувам што е добро, а што не. Напишав за разлика од тебе, затоа што на вас, партиските послушници, не ви дозволуваат да мислите со своја глава. Секогаш го кажувате она што друг ви го сервирал во главата, пишувате затоа што од штабовите ве тераат да си ги браните боите на партијата. Повеќе не дебатирам на оваа тема, затоа што очигледно има дежурни лица од партиските штабови кои лечат фрустрации на други.
    А кога ќе има нешто за ракоплескање, прва ќе ракоплескам. Извини, али не можам да ракоплескам на сечење на ленти на салички кои вредат едвај 50.000 евра и тоа да го сметам за битен проект!
     
  19. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не планирам да си ги правдам мислењата, не знам на кои штабови мислиш. Не ме познаваш чудно е тоа од каде ти се информациите за мене!
    Дали после ова треба да сметам дека и ти си дежурна во штабот на СДСМ? Или по мојата чиста лична проценка дека сите што го бранат СДСМ се ќариле дебело за нивно време, значи дека бојата на парите те тера да ми враќаш на секое мое мислење со дирекна одбрана на Бранко?

    Не коментирам веќе ни јас. Мислам дека се исцрпивме тука, нема смисла веќе! И двете имаме свои причини зошто во нешто веруваме. Се гледаме на некоја тема каде ќе сме истомисленици!
     
  20. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Вику прозирна си.И те молам читај поубаво.Никој не го брани ни Бранко ни СДСМ.Ако е за тоа ти прва забега од темава и почна да ги споредуваш Бранко и Груевски,а Бранко воопшто и не се спомнува во насловот на темата.Ти почна да напаѓаш...
     
    На Phyramide, julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.