Форумџика на годината

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Македонија, Македонија, Македонија...ајде ќе излеземе на еден масовен ама така јак масовен протест, добро може и само ние од форумов и ќе скандираме некое време ваљда ќе не чуе некој Грк и ќе ги убеди другите да попуштат. И оп наеднаш и ние и они среќни и задоволни како после добар секс, зошто така мене ми изгледаат преговориве. Нешто пософистицирана форма на садо мазо, пошто нели ЕУ надгледува што значи имаме и воајери... :$
    Е сега јас се запрашувам што ли улога имаме ние, овие не лажат со членство само за да им дадеме анален на Грциве т.е. тотално да не заебат па после ке бидеме к*рви Македонски без идентитет и така ќе можеме до бескрај. Но што знаеш, после можеби флексибилноста во менувањето на ставови може да придонесе + бенефиции, можеби и Уганда ќе се заинтересира да не прими во некој проект а ние само да смениме некоја придавка на името. Но тука има и негативни страни, утре може некому ќе засмета и знамето и ние одма оп Пеинт и решен проблем... :lol:

    Не, не ... шега на страна ние сме јак народ 5 века сме ги трпеле Турците сеа неколку години проблеми со Грциве и одма компромис,каде беа нашиве политичари тогаш да склучеа некој компромис со Турците и тогаш кој знае како ќе се викавме али можеби сега ќе бевме во ЕУ. :!:

    Доволно е сарказам само ќе кажам огромно HE за компромис, ЕУ може и да почека а Грциве може само да штампаат нови книги во кои ќе пишува дека Македонија е Грчка провинција. Па ако е така тоа е исто ко сеа тутунариве од Прилеп да кренат востание и да ја освојат Македонија = логика = 0. :(
    Затоа најпаметно ќути си трај си, и прај се будала додека не им здосади на Грциве да се инатат или во најлош случај да им проработи логиката па да почнат правилно да размислуваат. :wasntme:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Лелеее, и што ќе се случи ако влеземе во ЕУ ?
    Ќе ни израснат рогови, тоа ! |(
    Незнам што се запнале нашиве политичари да си го гураат носот кај што не треба!
    Па добро, и слеп човек ќе примети дека не мотаат околу малото прсте ..
    Македонија она, Македонија ова, утре преговори, задутре преговори .. |(

    Сите се прашуваме, што ли се случува на тие фамозни преговори ?
    Еве што се случува .. Оди наш Грујо да исправа криви дрини кај Фуере, се фаќаат за раче и се кезат пред новинарите, потоа одат во некоја соба и двајцата пробуваат да сврзат некој разговор.
    Грујо: I Grujo, want Macedonia to became a member of EU!
    Фуере: I Fuere don't want Macedonia to became a member of EU!
    Грујо: Macedonia will be a member of EU!
    Фуере: Don't beg me to kick you!
    Грујо: Do it ((прави) Брус Ли стајл )

    И така се лупаат едно пет часа, додека Грујо не изгуби и додека не ја каже тајната лозинка ''Уџи слободно види дали дишем'' и веднаш на врата се појавуваат шминкерки, го напудруваат Грујо, му го зачистуваат костимот, му дават шеќер и вода и излегуваат со Фуере надвор. Повторно се кезат пред новинарите .. И секако со поглед се договараат дека ќе има уште една бам - бум партија ..

    И повторно Грујо оди да врши преговори ..
    И повторно Грција ја гази Македонија ...

    Ете така! Нека престанат веќе тие преговори! Џабе! Македонија нема да влезе во ЕУ додека постои Грчката политика ...
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli-karameli

    eli-karameli Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Како прво многу од вашите ставови и размислувања се погрешни.Најголема грешка е тоа што во однос на оваа проблематика овој народ е многу малце информиран. Патриотизмот не значи слепо верување и држење само до тоа НЕ ГО ДАВАМЕ ИМЕТО. Исто така патриотизмот не значи цело време да се навракаме кон минатото и да правиме ретроспектива на историјата. Како сто прочитав викате ЕУ не терала да го смениме името!! ЗАБЛУДА! ЕУ не не тера да го смениме името,ЕУ ни викаат решете си ги проблемите што ги имате со вашите соседи,зошто за да пристапиш за влез во ЕУ потребно е да влезеш "чист". Името е НАЈМАЛИОТ ПРОБЛЕМ што го има оваа земја, т.е тој е еден од проблемите.Во сите извештаи добиени од ЕУ спорот со името е на последно место,а пред него настапуваат неефикасен јавен сектор,централизиран јавен сектор,лоша економија,политизираност на секое поле итн.Така да да ни е името само проблем ние ке бевме на коЊ.
    Народот само збори ЕУ,НАТО а колку од тој народ во суштина знае што претставуваат тие организации?!Било кој од оние што поминал извесен период во странство,знае што значи животот таму.Само луге кои не ги поминале границите на оваа земја мислат дека се што е најдобро е тука.Се лажете,толку само ке ви кажам,и ако не поради вас сменете си ги тие слепи верувања најмногу поради некое подобро утре,поради подобар живот не само за вас него вашите деца.
     
    На Masnoli01, BoaVista и dan1 им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи јасно ко ден е дека кака држава сме во г*мна до гуша и дека има уште еден мал милион проблеми не само внатрешни туку и покрај оној со Грција може да искрсне и некој нов на пр. со Албанија. Немаме ниту стабилна економија, ниту добар процент на вработени, немаме стабилни меѓуетнички односи, судството и здравството се за нигде. :smirk:
    Проблемот со Грција може да се реши за кусо време но поентата не е во тоа, ние како држава не сме спремни за во ЕУ имаме еден куп други работи кои треба да се средат, а не ние ко слеп за стап сме се фатиле за проблемов со Грција.
    Точно дека ЕУ носи бенефиции, подобар животен стандард и.т.н но ниту државата е стабилна, ниту политиката и економијата ни се доволно стабилни за да се носат со критериумите на ЕУ. Или во најлош случај моментално ЕУ за нас не значи ништо затоа што преку ноќ ништо не може да се смени.
    Изнаоѓањето компромис и промената на името би довеле само до губење на идентитетот на државата и македонската нација, поголем раздор и во голем степен народен бунт поради тоа што има доста Македонци кои не сфаќаат дека решавањето на проблемот кога тогаш е неизбежно. И јас сум еден од тие патриоти и велам НЕ за промена на името но кој ме прашува мене, но и да ме прашува сепак ќе имам став кој е подложен на компромис, затоа што не може вечно да тераме вака. Плус компромисот би ни донел можеби подобра ситуација, но пред се да се решат сите проблеми кои се на листата и вајда тогаш ќе бидеме постабилна држава спремна за во ЕУ.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Мене ми е најсмешен фактот што истата таа Грција која го создаде овој проблем со името,беше земја која не ги исполнуваше сама критериумите за влез кога се формираше ЕУ.Се направија отстапки за таа да влезе,имаше големи отстапувања по повеќе основи наречени индикатори на конвергенција-макроекономски цели за влез во унијата (да не е менуван девизниот курс 2 год.пред пристапувањето,стапката на инфлација да не е повеќе од 1,5 процентни поени над просекот,каматната стапка на долгорочните обврзници да не е поголема од 2 процентни поени над просекот,буџетскиот дефицит да е 3 процентни поени од БДП,јавниот долг не смее да биде поголем од 60% од БДП).Рака на срце,еден блед поглед ни сведочи колку сме ние предалеку од тоа да ги исполниме овие цели!Јас како економист си ги потенцирам економските критериуми повеќе,бидејќи реално сум порелевантна нив да ги коментирам,ама знам дека имаме и негативни коментари за судството,корупцијата и др.ама овде на форумов си има експерти од овие области кои се посоодветни од мене за коментари од нивна бранша.
    Македонија не е созреана за влез од ЕУ,од проста причина што не ќе успее да ги прати промените кои тоа би ги повлекло.Се сеќавате како се одрази влезот во ЕУ на една Словенија,колку им опадна стандардот на обичните граѓани кога им пораснаа невидено трошоците и цените,а каде сме реално ние луѓе?!
    А за името сум остро против да се менува,во никаков случај да не се дава географска одредница,тоа е најсигурен пат кон губење на идентитетот.А ние и онака сме си стално во будалесто подредена позиција,еве и во случајов МПЦ и СПЦ.Нашата црква,поточно Охридската Архиепископија постоела 400 год.пред Пеќската Патријаршија па ние отидовме да им бараме да не признаат???!!!Пусто Македонче кога ќе се научи да се цени само,ќе го сватат сериозно,вака ќе си чекаме некој да не созали,или припои,бидејќи за големо разочарување доста наши сограѓани сонуваат за тоа да не води др.и да сме под некој од соседите-територијално :puke: .И дури се умилкуваме да сме дел од НАТО ќе праќаме да гинат наши луѓе за туѓи интереси,ама тоа ти е.Не сум јас против прогрес и влез во ЕУ или др.моќни фактори на светска сцена,ама реално треба да имаш исполнети услови за влез,а не само да сакаш да влезеш.Дали ако не учевте ќе завршевте на училиште само поради тоа што сакавте да завршите?Секако не.На овој свет само љубовта на вашите мајки е безусловна,се‘ останато треба да се заслузи!
     
  6. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Јас не знам зошто политичариве не излезат пред народов и едноставно да признаат дека вака не бива! Значи, ако сакаме да влеземе во ЕУ, или ќе го мењаме името, или ништо од бизнисот! А од друга страна пак, што дека ќе влеземе, кога ова е почетокот на крајот на толку посакуваната Европска Унија...Жив пример дека не ја бива е Болварија (Бугарија :lol: ) Ете ја, ја примија и што се случи со неа? Рипна стандардот, да, ама само на цените, а платите си останаа исти, + им воведоа уште милијарда нови закони, а ние балканциве, нели, сме на прво место во почитување на законите.
    Не ми е јасно за референдумот...Груевски вика ќе го ставам прашањето на референдум, народот да се изјасни...Па баш ќе речеме дека не сакаме да го менуваме името....Е всушност тука не ми е јасно...Во овој случај каква опција имаме, никој тоа не го кажува? Најдобро ќе биде да си го бараме чарето или во Русија, или Турција, или пак нешто слично, ни јас не знам што...Да си ја заборавиме ЕУ ако сакаме да бидеме патриоти и да си го зачуваме името!
     
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    ма и Тунгизија да го стават името,пак ќе си бидеме исти...одамна не се замарам за политика,така да не ми чуе ако го менуваат!! :D :D
     
  8. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Македонија прифатила компромисно име пред самитот во Букурешт , но Грците не го бендисале - ова се вели во два документа на Викиликс, а ги објавува британскиот весник Телеграф.

    Документите, и двата од април 2008-тата пренесуваат став на американската амбасада во Лондон. А во преписката се вели

    Сега кога Македонија го прифати предлогот на Метју Нимиц , потребно е да се изврши максимален притисок за тој да биде прифатен и од Грците.

    Од Владата не ја негираат веродостојноста на Документите на Викиликс. Се што кажаа денес е дека секој решение од медијаторот Нимиц ќе одело на референдум.

    Извори за А1 велат дека станува збор за предлогот РЕпублика Македонија - Скопје. Во 2008тата на самитот на НАТО во Букурешт беа премиерот Никола Груевски и тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133942

    Веќе е таксано , одамна....
     
  9. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    ...или пак ова е уште една во серијата наречена “дефокусирање на рајата“...оваа со името е реприза, се врти 19 години...специјално само за даночните обврзници на Р.М. и Р.Г.
    Разликата е што во Р.Г. не им се допаѓаат репризите...па нешто мрчат од 2008 наваму... :D
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    да престанат преговорите! нема менување на име кое цел живот е наше, ако не им одговара нека тераат даље, џабе преговараме кога грците се јасни и си држат до своите цели.

    ајт у пичку матер и ЕУ и цел свет! :punch:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Колку само ќе се смени името :) Вие луѓе дали навистина мислите дека некој вас ќе ве праша? Името веќе е сменето, само ве лажат, а незнам до кога. А и да сакаат грците има да не збришат од лицето на земјата, а камоли за името... :D
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Точно е дека името е сменето уште 1993 а тоа е ФИРОМ.
    Иако официјалната верзија е дека тоа била некаква привремена референца, зборот привремено и 18 години треање се исклучуваат едно со друго.

    А самиот спор...има индиции кои говорат за договор уште во почетокот на “независноста“ меѓу политичките олигархии на Р.М. и Р.Г. за да се креира “проблем“ кој ќе се користи за дефокусирање на рајата од реалните социјални и економски проблеми од двете страни на границата...

    Еве што кажува еден од актерите на тие настани...

    http://www.tupurkovski.org/?p=714&lang=mk
     
    На zhap4e и DivineChaos им се допаѓа ова.
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    не зе џабе викаат„продадена душа„
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ја гледав темата извесно време и откако најдов нешто на нет, сфатив дека го имам и одговорот на прашањето од темава, а одговорот е: што е важно, ние сме пропалитет невиден како сме почнале далеку ќе дотуркаме...

    Значи многу ме нервира двосмислен патриотизам (не се однесува на никого од форумов, туку на оној кој го направил тоа што може да се види од линкот подолу)...еее треба да ни е чест што сме биле дел од Југославија, а не ние за Ацета сме се фатиле, тој ни е прапрапрапрапрапрапрапрапрадедо и тачка :D Не сме сакале да не викаат БЈРМ или ФИРОМ бегаме од тие референци ко ѓавол од крст...Богами, после она што може се види од линкот, ние не ни заслужуваме да не ставаат во исти кош со екс СФРЈ

    http://on.net.mk/makedonshtina/kade-go-snema-tito

    срамота еееј ... не ми е јасно кому и зошто му присметал тој благороден гест од Тито: прво ги вадеа буквите а сеа скроз го извадиле...а Ацето битно го глеам на секој чекор :lol: . Таков сме народ ние Македонците, патриоти сме само коа треба да ги буцнеме Грците, а не го цениме на пример нашето словенско минато, култура, традиција, писменост, тоа не се ни споменува...а па за времето на Бивша Југославија ич...Важно секој ден слушам дека требало да си останеме „Македонија“ затоа што Аце, Клеопатра и остала фела ни биле роднини по трилионито колено...да, да...а тој што направил најмногу за овие простори е варосана плоча, затворена книга, заборавена приказна...

    Треба да се гордееме што ни останал барем некој убав збор од тој голем човек кој ни пружи пар добри години како трета светска сила затоа што тој што направи во негово време, никој (ко шо глеам) не може да го направи...
     
    На crazyinlove19, Masnoli01 и Offspring им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Дефинитивно Европската унија нема да ни донесе подобар живот. Кај да е ќе се распадне како што веќе сите знаете. Името на една држава е нешто што нашите претци го чувале со копје и крвави раце што се вели! Како утре да се нарекувам? Што да им кажам за неколку години на моите деца пак?! Дека јас како нивна мајка сум северна македока или незнам ти таму што?! :?: По историја кое минато ќе го учат? Дека некогаш биле македонци ама поради нашите каприци сме им го смениле идентитетот? |( Никако бре! Ако треба нема да јадам ама името нема да го променам никогаш! Ах клети грци :@ :@ :@
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Само се чудам колку ли цивилизации во светов исчезнале поради менување на идентитет, а пак ич не ми е јасно како Александар Македонски бил Грк, не можам да разберам, па ако бил Грк, нема да биде Македонски :D :D :^) |( :D а пак нити татко му ќе се викал Филип, нити мајка му Марија ( која е со сосема друго/ погрешно име претставена во историските податоци како Олимпија ) кога веќе толку се сигурни Грците дека е нивни.Имаат некаде некаква грешка во толкувањето,а и богами во докажувањето на нивниот идентитет.
     
    На zhap4e и Marley им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е како теоријата дека словените дошле од зад Карпатите, а таму ни трага ни глас дека некад живуркале некои :D
     
    На XMaN, Marley и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^^... Токму така,.. аме некој не сакат да слушаат за тоа ...
    ....... па уште и да се замараaт логички да размилуват...

    http://www.youtube.com/watch?v=MGIDAKt4vyo
     
    На Gordana10 и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ех, Бакарната книга...вплеткана во многу мистериозни околности во кои некогаш била вмешана владата.Ја имам прочитано, фантастично и се воодушевив од нејзината содржина :D а и за Каменот од розета, која го содржи јазикот Коине ( а кога ќе го одвоиш зборот би дошло - Кои не? :D ) античкиот македонски јазик на кој зборувал Александар, за кои што Грците онака стандардно или да речам автоматски си кажуваат дека бил нивни стар јазик |( ( е ај сега цел свет е нивни |( , не може! :D )
    Бакарната книга ја содржи мистеријата за тоа каде е гробот на Александар, но напоменува дека е на Беласица, поради што сега скоро кога беше војната во Македонија, НАТО со хеликоптери се врткаше околу Беласица, не заради гробот, туку заради златото кое го има внатре.Теренот до гробот на Александар е неприоден, непристапен, невозможно да се стигне до него,според податоците наведени во книгата ( книгата мислам дека се уште ја има низ книжари,ама не сум сигурна, бидејки од одамна ја имам прочитано).Карактеристично е што книгата е стара со векови, оригиналот на книгата незнам каде е,но нашите академици во МАНУ тврдат дека е напишана во 19 век |( и секако дека нема врска тоа што е во книгата.Како може да е напишана во 19 век, а е од времето на римскиот император Септимиј Север??? Кое е тоа нивно тврдење, по што тие процениле дека е од 19 век? :^) |( Па сигурно немало римски императори во 19 век :D за ова нивно тврдење, немам друг коментар освен овие две прашања кои висат во воздух, неодговорени.

    Јас би направила да има една астална дебата за историја помеѓу Македонци и Грци, кога веќе тие се толку сигурни во себе, иако сум сигурна дека ќе изгубат и ќе се сплеткаат од што ништо не знаат.Само моите вакви можеби смешни идеи се и донекаде опасни :D Ние како народ можеме многу да направиме, само ако сме сложни, бидејки како единка никој ништо неможе да направи.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Каква е таа бакарна книга? Нешто поврзано за гробот на Александар ? Слаб ми е нетот па неможам да го погледнам видеото... А и јас имам некаде одамна прочитано дека гробот на Александар се наоѓал некаде на Беласица :?: