1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Први Мај - ден за излети или за протести?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Boyfromtown, 2 мај 2010.

  1. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Значи која патетика сме тоа е едно чудо ;) .Додека денеска низ цел свет низ улиците имаше маршови,протести против работничкото угнетување и се поголемата сиромаштија кај нас се слави као овдека се е перфектно.Со тоа покажуваме каква сељачана,провинција со најнизок степен на образование сме.Па уште кога ги покажаа на вести сељачаната со тетоважи распржиле скара у сред река и цели гајби пиво ладат мислиш незнаеш што се случува.Па уште со недели се планира кај ќе се иде за 1 мислиш крај света е.Како овој народ никогаш да не видел кебап,пиво,скара како никогаш да не јадел ,не пиел така се однесува.Која простота.Па уште се прскаме колку вредиме и слично.По вакви работи ќе видиме колку вредиме и до кај сме.После сите кукаат,плачат немало работа,сиромаштија ,имало роаминг на работно место .Па со пржење кебап сигурно нема тоа да го смениш.За разлика од нас денеска цела Грција била блокирана од протести поради тоа што им ги скратиле примањата.Е по тоа ќе видиме на кое ниво и каква работничка свест имаат Грците,а каква ние па после подразмислете се дали сте у право зашто ги плукате.

    МОДЕРАТОР:
    Пишувајте ги мислењата без омраза и индиректни навреди.
     
  2. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    31
    А бе не можам да се изначудам на Бојфромтаун,....како можеш одма со вакви обвинувања тоа е чудо..па вакви празници се ретки...бог да чува ај па сега зошто народот уживал....Никој не демантира дека кризата е длабоко навлезена а посебно во сиромашните земји...и ај сега сите да се испоколиме ли треба.Па ете ти пример...и моите родители се работничка класа...не е секојдневно за нив да се соберат друштво да одат на планина да се издуват, да се потсетат зошто живеат, се трудат и работат.Па во ситниците и малите нешта се сладостите на животот....искрено се вратија со полни батерии, муабет, нормално скара...пиење со друштво итн итн итн...на секое живо суштество убаво би му дошло.А требаше според тебе сите да протестираат,???? Да се жалат, да ги има по вести...па ајде срамота.....И така секојдневно секакви протести на вести даваат, и сиромаштијата е ударна вест...Али на такви денови како вчерашниот поштувам...Нормално е...не знам што толку ти пречи масата луѓе да се рехабилитира од грижи, од обврски, од факултети, работа...или од секојдневието би рекла.Јас искрено дома останав....меѓутоа со пријатели машко женско друштво...и ептен убаво поминав...скара во двор, пивце, сонцето печеше со цела сила.....Убавини со еден збор.Треба луѓето да си уживаат со граница кој колку може и сака..Ваквите мали празници или да речам денови....многу значат за некои луге...На крај краева секој пати онолку коклку што ке си дозволи, а ужива онолку колку што може !!! поздравв
     
  3. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Boyfromtown e donekade vo pravo,toj 1maj ostanal od komunjarsko vreme i uste e taka,no dali 1maj e den za izleti,skari,i selska muzika?ne e,tuku e den na trudot,taka girl 23 ne si vo pravo,a ako sakas na izlet da odis mozes bilo koj vikend da odis.
     
  4. Lastbreath

    Lastbreath Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Браво друже во право си 1ви Мај е ден на трудот, а не ден за скари. Јас лани отидов на протест имаше 20-30души на плоштад , до пладне заврна и сите како да го очекуваа тоа и си се разотиоа по кафани. Македонецот е створен да збори колку е горд да е Македонец и да се удира во гради со тоа али кога треба на дело се крие и го нема нигде со образложение зашто јас да се замарам кога може некој друг. Така да би ги советувал сите што би рекле дека со твојов пост навредуваш некого да се запрашаат или да прашаат некого од постарите што значи 1ви Мај или барем што значел некогаш....
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Значи бидејќи 11 Октомври е ден на востанието, ние треба на 11 Октомври востание да кренеме, така?
    Драги Lastbreath, кај нас во Македонија секој ден е ден на трудот, затоа што луѓево работат и државно и приватно секој ден за да можам да преживеат, а 1 Мај е ден кога тој труд се празнува.
     
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Тоа е разликата Хипица што во останатите развиени општества луѓето се борат секој трет викенд да им е празник и да можат да отидат и скара да си направат ,а не еднаш годишно.И тоа востание останало во историјата ,а борбата на работниците секогаш продолжува и никогаш не престанува..На запад секојндевно има протести,митинзи не организирани од партиите ко што е случајот кај нас туку од самите синдикати.Кај нас луѓето останаа 200000 без работа и никој ништо идат скара да печат на ливада и да ладат пиво.И како второ кај нас само ваков празник се форсирал секогаш посебно ова е југословенски менталите зашто одтоггаш луѓето се учени да го слават празникот на ливади и пасишта,а не на улица и пред влада зашто знаеме дека југословенската влада никогаш немало да дозволи таков протест нели Југославија била земја на работниците и тука работниците намле што да бараат ги имале сите права(у наводници).
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ех бре Бој. Татко ми да одеше секој трет викенд на излет и да правеше скари, сега не ќе пишував на форумов пошо не ќе можевме да си дозволиме интернет да плаќаме секој месец.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.098
    Не ве пратам многу,прочитав неколку поста и само можам да кажам дека би си го продале и името и се,доколку грците би ни дозволиле бесплатни викенди едно пет години...а со тоа може да се заклучи дека ќе се дадеме за 5 килограми сирење по било која тема...
    Не е точно дека луѓето немаат кога да одат по излети,туку останато им е тоа од социјализмот како традиција...и во петокот(саботата)биле уморни од работата од претходниот ден,но денес(вчера)смогнале сили со се сите салтанати да истераат викенд...а тоа може да се случува секој викенд,ако имаат доволно желба и расположение.Него кај нас секогаш се срада од синдром на стадо и мрзливата удобност е секогаш полесна.Додека цел свет вчера се дигна на протести,ние распалувавме скари,се пијаневме,уживавме,слушавме чаше ломим руке ми крваве,бај пас и слични...кога е навистина ден за повод да се крене баш таа работничка класа која не ужива удобност,ете како што истакнавте -моите родители се работничка класа,немаат кога друг пат- да го истакне своето мислење дека е незадоволна од сите услови за работа,платеност и слично...ама тоа е,секогаш по линија на помал отпор и мислиме дека некој друг ќе го стори тоа за нас...
    Се надевам дека и покрај се имавте убав викенд и не изгоревте,чумким сонцево ни беше јако.
     
  9. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Тоа е финтата Хипица што таткоти и татко ми ,мајка ти и мајка ми целиот живот молчат и трпат.Луѓето уште во 90 те да расчистија со лопови,политичари,рекетари на некој алчен директор да му летнеше главата на сред плоштат уште 50 празника со скара ќе имаше татко ти и мајка ти.У Грција цела влада е на штрек зашто знаат дека некој бргу ќе го јаде и ќе биде јавно бесен на плоштат зашто ги пљачкал константно,а не ко нас 200000 луѓе останаа на работа и уште лепат плакати на партии и уште се лажат дека истите што ги опљачкаа ќе им ги вратат фабриките и моралот.
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    леле , леле..Што ви е бре????????? бој, прво ок во право си, но ние не сме светот ние сме македонија, и не можеш на некој да му судиш зошто отишол на мај а не на протест. исти к.. и да протестираш, мајка ми работеше у годел, се затвори протестираа, а кажи што добија????????????? Ајде? Пари работа? Не! За овој мај добивме два коња на плоштад поклон зошто само тоа сме заслужиле. Луѓе се отепуваат од работа, па им дошол овој еден ден да се опуштат, можат, смеат, имаат пари и нека идат, кој неможе денес, може кога е слободен да отиде и да направи излет. Е сеа наместо за џабе да дремам пред влада на раскопаната улица, да се печам на сонце, знаејки дека тие внатре си ставиле тампони во уши, јас ке си седнам некаде и ќе уживам. Но, да имав бар еден единствен мотив дека нешто ке биде подобро во државава, да ке бев пред влада.

    Кога ке сум слободна , имам пари, можност да шетнам на излет викенд ќе го праам тоа, а место да штрајкувам, ке седнам покрај рекичка и боље ке вртам огласи за работа. А не да се вадам на тоа дека штрајкуваат.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.098
    Нема потреба плитко да се гледаат нештата и да се жестите за јасни работи,може да се гледа малце под површината.Обично не се согласувам со момчето по некои теми,но тука навистина вади добра поента и сосема се согласувам.Ок е ако сте си поминале супер и сонцето ве изгорело,но реалноста е трета.Во земја со 30 проценти (за кои се сомневам дека саншајн знае дека се толку)невработеностова однесување не е нормално и симптоматично.Дали се навикнавме на ситуацијата (што е лошо) или лажеме кога викаме дека е безпарица,дека економијата не ни чини...не знам.Ме загрижува и фактот пак што копиљана од 15 години разгоруваат скари,а немаат своја пара во куќа донесено.И да бидеме реални,овој празник е традиција од времето на комунизмот и е еден тип на носталгија.

    А ако извадам еден просек од муабетот тука што се истерал,дали 3ца имаат со свој пот дома пари донесено ама ајде...
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Добро, ајде сега да не идеме у град, на кафе да не идеме у диско, зоѓто треба да се ѓтрајкува.
    Јбг, државата ни е таква, и нема да се смени со ѓтрајкови....
    Дали луѓево дремеа пред собрание во шатори?
    Колку време беа таму?
    Што добија??? Рачки од тапани! Што треба да се прави??? Да се седи дома и да се чека штрајк да се најави????? За тоа не сме криви ние, вие, мама тато или баба дедо, за тоа е крива владата. Сега луѓево ни пензија нама да дочекаат. Бидејки старосната граница е превисока.
    Еве јас лани за мај седев дома, неможев да си дозволам останав, ине значи дека тие луѓе што идат на излет дека спијат на пари, јас потрошив само 200 денари, сендвичи од дома, грицки, имав од предходно, секој си купи она што сака. Јас само си купив цигари и дадов пари за превоз.
    Фала муна бога сега за сега мајка ми работи, а и јас по нешто подрабодувам...идам на промоциии, кастинзи за да земам некој денар барем за цигари и за у град да имам, па затоа ке имам да си приуштам еден 1ви мај.
    Не е финтата да се препукувате и некои тука да се прават паметни, да солат памет како други ништо не знаат и се сомневаат бла бла....... Имајте свое мислење и дрќете си се до него тоа е ваше, ама немојте да се праите дека сте бог или кој знае што и дека вие сте за се во право и се знаете.
    Ова го пишувам во множина за да не спомнувам никој поединечно, и да не нападнам никој лично. Не ми се лутете.
    И молба да модератр админ или било кој ве молам да ја опоменете лилит да не го употреби уште еднаш моето име, јас кажам тој пост ми е избришан. Бидејки таа сите ги омаловажува.

    бој, за тебе ќе ти кажам до некаде си во право да, луѓево треба да се освестат малце, и кога веќе штрајкуваат да бидат поупорни, но не значи дека оние другите кои имаат работа( нека им даде господ на сите ) не треба тој ден да го прослават. Никој не ти става нож под грло да мораш да идеш на 1ви мај, тој што нема и да сака да оди нема да може. Затоа уживај сега дур можеш и не се замарај со вакви теми кои не треба да ги решаваме ние биди ми поздравен.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    А зошто пак први мај да мора да биде ден за протести? Зошто не се протестира секој друг ден?
    Туку мора да се збори само. Па кога има организирани протести дали некој се појавува? Не, туку се шуткаат два-триес души и тие се разотидуваат. А да има концерт на плоштад и ќоро и сакато ќе отиде. Секогаш треба да се тргне од себе, па после да се зборува за другите. Дали вие сте биле на протести? И зошто во нашава држава се збори само на празно, а ништо не се презима?
     
  14. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Вака се протестира .Само што ли ќе биде на 5 мај кога ќе протестираат сите грчки синдикати заедно
    [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/-wS0PjiBIo0&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/-wS0PjiBIo0&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube]
    А не вака http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95681 кога поптлатија дел од стечајците и овие што беа во шатори ги заебаа останатите стечајци.
    Или вака http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122400.Додека имаш проста,неписмена,мирна,послушна раја дотогаш партиите само ќе користат,а гледано реално Македонците се попуписмен народ со едвај две генерации писмени олуѓе па и од тука може да се бара ниската работничка свест.
    Гледајте само колегите Грци како го прават тоа секојдневно
    http://www.youtube.com/watch?v=cDD-Duk43mI
    http://www.youtube.com/watch?v=0mkHllEtR-8
    За разлика од нас со земја којашто има 30% невработеност
    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... ik-i-skara
    Страшно но вистинито.Бееееуууууу
     
  15. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Бојфромтаун во Македонија никогаш нема да има штрајк и протести како ти што сакаш. А Први мај е празник на кој што се оди на излет, а не на протести (тоа кај нас е така-традиција). Зошто мора да бидеме како другите?? Зарем не може барем еден ден да се заборават сите проблеми и едноставно да се ужива??? Јас се надевам дека во Македонија така и ќе остане. А со протести нема да се реши економската и политичката ситуација.
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Уште тоа ни фали :x Наместо еден убав прв ден во најубавиот месец во годината да уживаме и да се потсетиме на нашите блиски, на тоа кои сме, што сме, што и со кого работиме, и колку таа работа ни е потребна за да можеме нормално да одгледаме една фамилија, ние ќе одиме од година и на први мај строго ќе урламе по улиците, ќе се истепаме како браќата Грци, ќе фрламе димни бомби и ќе вадиме пушки пиштоли за да стреламе некој невин човек кој врви по улица, и баш за тој ден кој ќе го исполниме со револт и протести, ние ќе смениме се. И нашата држава ќе цвета. Иронија. И не знам баш зошто сте се фатиле за тој 1 мај. Зарем малку секој ден имаме протести пред влада, па зад влада, па по телевизии, па синдикати. Зарем малку време изгубија учениците од тие штрајкови со кои ама баш ништо не се постигна? И битно беше дали се на 1 Мај или не? Па и не беше, гледате. Доволно се штрајкува и онака, доволно сме голи и золи ние Македонците, луѓето со душа го чекаат мај, за да одделат еден ден за дружба и ако треба и пијанчење. Еве ви конкретно татко ми, некни не славеше ден на трудот, туку за своја душа со неговата дружина се потсетуваа на своите младешки денови. Тоа е традиција. И да, добредојдено му беше тоа што беше неработен ден, па слободен беше да отиде, инаку немаше после 4 попладне да оди, сигурно. Па што има тука да се објаснува. Кој како сака така нека си прави.
    Пред некој ден беше денот на палнетата земја мислам, па оти тогаш не излеговме на улица да штрајкуваме против убивањето на парчето планета која што не крепи? И тогаш е ден за протести, нели загадуваме, треба да се спасиме?
    Ние можеме да протестираме колку сакаме, ама треба и да бидеме среќни што воопшто се празнува тој ден. Барем еден ден од годината работничката класа може да се гордее дека е спомната воопшто некаде.
     
  17. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Први 1 никогаш не бил празник во којшто се одело на пикник тоа било во комуњарско време зашто тогаш на народот ни по една основа немало да им биде дозволено да изразат револт спрема југословенската влада или КПЈ нели Југославија беше перфектна и еднаква за сите (жими да те лажам).А со молчење и тапкање во рамо у стил гласајте не нас ние кога ќе дојдеме на власт ќе бие мед и млеко ќе биде подобро а?Видовме на кое дереџе дојде народот од молчење и тапкање по рамо.Изгледа така и ќе си остане цел живот ама после не кукајте овој ви е крив оној ви е крив појдете си од самите себе колку вие самите се борите за подбора иднина :!:
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
  19. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Како прво ниеден Грк не се тепа таму помеѓу себе,како второ ниеден невин човек не е убиен таму ти за тој што мислиш е убиен од полицијата(државата по нечија наредба).Епа тоа е разликата тоа што ти имаш еден ден у годината да се издуваш,а некој што се бори можеби ќе има два дена ;) .Знаеш никогаш не се знае.Со молчење ама баш никој нема ништо да ти среди кога ќе му загрее под газот дека може глава а му лета ко што е сега пола влаа у Грција на штрек, а видиш како на друг начин ќе се решаваат.И кај нас НИКОГАШ,НИКОГАШ ,НИКОГАШ немало протести во прав смисол на зборот зашто 99% од тие протести никогаш не излегле од душата на народот и неговата волја туку биле претходно испланирани и подбуцнувани од партиите и нивните партиски активисти како сега што се овие пред влада што Бранко калкулира со нив и ги користи само.Истото е и со Грујо што праќа стечајци со кози пред штаб на Сдсм.Се додека постои овца народ што размислува само да се напие и најаде како никогаш у живот да не видел такво нешто секогаш ќе има и кој да те стриже,а бајаги не стрижат.Татко ти,татко ми и останати живеат како овци 364 дена и еден ден што ќе се опие и заврши на токсикологија подобар ќе му го направи животот или не?Човек не живее еден ден живее 365 дена у годината.Значи тебе некој ако те тепа 364 дена у годината,а не те тепа 365 ден ќе му кажеш фала што не те тепал тој ден така?И тоа за земјата планета е веќе друга тема само ќе кажам дека нема никакво загадување на планетата туку тоа се огромни игри за контролирање на економиите како што беше фарсата за глобалното затоплување,а -50 степени ;)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    А зошто ти не организираш некој протест, да те видиме? Кај нас сите знаат да зборуваат, ама никој со прст не мрда да направи нешто, секогаш оставаме на другите. И не мора баш Први Мај, може кој било ден да се протестира. И што дека се протестирало?! Секоја година кај нас протестираат те стечајци, те земјоделци, те работници и... нема ефект.
    А некој сака да оди на излет на Први Мај, затоа што можеби тој му е единствен слободен ден во кој може да ужива.
    Зошто на Нова Година, Божиќ и слично не се протестира? Мора баш на Први Мај? Го знам значењето и големината на денот, ама едно ќе ти кажам - немој да плукаш по социјализмот и времето на Тито - затоа што ако не беше тој, Македонија немаше да постои како држава. А тогаш имаше работа за сите, затоа што имаше фабрики, тогаш и образованието цветаше, здравството, економијата и се тоа. Не е важно што имало едноумие, и онака никој не се замарал со политика. А денес сите се политичари. Ама ај да не навлегуваме во политички води ;)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.