Мене ми е глупост ова, али ај. Има многу поважни работи што треба да се направат. На пример, со тие пари што ќе се дадат за проектов, можеа да ги средат сите улици во цела Македонија! Па срамота е на сите страни дупки, и тротоарите исто. Многу подобар изглед ќе му се дадеше на градот, е тек тогаш да се мислеше за споменици! Ебати споменикот, коа до него поминуваш гледаш дупкишта на сите страни. И контејнери нека се донесат како во странство, со затворени капаци и поубави на изглед, на пример во Виена се темно зелени и со нога газиш и се отвара капакот, нормално да не фаќаш со рацете. Посебен за хартија, посебен за ѓубре. И ме нервира што се инвестира само во Скопје. И после зошто сите од другите градови доаѓале во Скопје да живеат и работат. Па сте виделе како е и што има по другите градови? Ништо. Него, тоа е друга тема. Битно спомениците да се стават. А улиците тротоарите и ѓубрињата не се битни. Ова ти е како човек со посран газ стаил машна. Се дотерал, а газот му е посран. Џабе му е оделото.
Целиот проект е утка. Кој видел фајде од споменици, како прво позеленеа истите, за кои се платија толку многу пари. Има постоечки проблеми, на кои треба да се потрошат истите пари, не да се создаваат нови. ај сега уште цедете ги парите за поправање на споменицте...
не се согласувам со скопје 2014, можат парите понаменски да се искористат ама владата не можи да гради фабтики ова е капитализам ама можи да ја подобри бизнис- климата во државата.
Само уште ајфеловата кула фали за да бидеме мал Париз. Палми ни посадија, плажи ни направија сега луѓето ќе се истепаат кој прв да оди да се сонча.Глупости невидени и нечуени
Скопје во 2014 ќе биде една прекрасна метропола со вистински европски знаменитости кои се симбол за нечија историја, победа, битка. Нечија, но не нашата. Капијче тука, чичко Стоилко онаму, Аце овде, Гоце онде, куполи тук таму, шмизли, чистач на кондурчиња, мајка Тереза и секаков ми ти барок и рококо прошарани со прекрасни зелени палми. Лас Вегас на Балканот. А Савана ќе банкротира. Кој сака да шета до Прага или Виена е будала, се ќе си имаме на купче. Македонско, најубаво и најоригинално. Не знам дечки, ама да фатиш такси и да му речеш - до Триумфалната, е тоа е веќе нешто! Ама тетка ми битно ќе се нервира по болници, ма што бре, барем ќе шета испод капије јбт и ќе се истуфка и ќе истури нервози токму таму. Ете така. Ал је леп овај свет. Доџе ми да Спојлер пувнам од убавини. Само не знам на кој да му кажам благодарам што вака убаво ми го воскреснува градот (смајли што става прсте во уста и се мисли).
Леле бре, дали ја слушнавте изјавата на Коцета на ТВ за палмите. Па добро бре, кој ли му дал школо на тој човек па после се друго? Од каде спаднал забога? За Скопје 2014 што да кажам, денес бев по работа во СК трескаат автобусите по дупки низ улиците, што е што е, на 2 метра од истите дупки има триумфална капија. Триумфот на простотилукот!
Шмизлите тргнале накај атентаторите, зад грбот на Гоце пливачката се брчка во вода, а онаа другана се прашува до кога ќе чека за да скокне од ОКО, на Ченто му свират свирачите..а тој кренал рака високо горе ..и сега дал се весели или ги кара сеирџиине во тренд што катаден пари трошат...незнам, ама Александар ќе пресече (кај и да е), па ќе му каже на Даме да ги спроведе преку постарион и побав нов камен мост до финансована полиција на распит...а таму во позадина филхармонија свири ли свири. Како бе девојки нема концепт??????? Има , има! Него, коцкана што убава беше...ај Коце врати ја жити се. Спојлер Заборавив да прашам - Се сликате до спомениците? хихииии ние да
Значи Скопје 2014 баш и не ми се свиѓа, ама како шо вика Тончи нека биде 2034, нека се среди општиот хаос во нашата мила Македонија па после да се ставаат споменици... Прочитајте го она што го има напишано Тони Михајловски и ќе видите колку е само многу моќно пишува и за Скопје 2014 http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/675882/index.htmlпрочитајте многу е добро
Децава забегаа од играње Cityville на ФБ!!! Мајко мила уште палми фалеа. Еве им еден поздрав од мене по повод палмиве http://www.youtube.com/watch?v=5-UumEsNMJY
Видете, значи, кога се создавала климата во земјава и во времето на зачетокот на првите форми на растителен свет, никој не се сетил да го консултира господинот Груевски, околу прашањето „дали е во ред во Македонија да нема палми?!?“. Впрочем, како воопшто смеело да биде дозволен таков пропуст, еден фјучер лидер, “прв помеѓу првите“, да не биде консултиран. Директен и незаконски упад во сржта на демократијата, осмислено, недозволиво, противзаконско и противУСТАВНО заобиколување на законодавната власт, И НЕ САМО НЕА, а и заобиколување на локалната власт - Градот Скопје, општината Центар и нејзините претставници од првиот ред на Груевската коњаница. Ние сме држава со море! Солун е наш и доколку, Солун не беше наш, ќе не имаше ли толку во Грција на одмор, на наше море?!? Ха! И, доколку се тоа е така, како смееме да си дозволиме да останеме без она што по секоја логика на нештата ни било безправно одземено, ДА ИМАМЕ ПАЛМИ!!! Ај, да ве видам сега! Затоа, јас одговорно тврдам дека палми во државата мора да има :geek: и најсетне некој превзема нешто во врска со неправдата, што му беше сторена на овој град, на оваа држава и не неговото вИличество господинот Премиер!!! И -->„ . “ (точка) по ова прашање! Тоа имав да изјавам, за остатокот од градските споменици ќе говорам, откако ќе се консултирам со мојот и ВАШ премиер господинот Никола Груевски!!!
А прво да се запрашаат само Скопје ли е град?! Еве кај нас Струга прекрасна природа,Црн Дрим,најубави плажи, езерото рај е! Ама кој и да дојде да прошета в чаршија одма куферите и назад од кај што си дошол или Охрид. Па срамотта е веќе! Градоначалник што имаме ни со прстот не мрда,а и во толку многу градови е така па ништо не се прави. И улиците во толку многу места што не се асфалтираат па не е Скопје само град. Сега без навреда за Скопјани ама баш најубави градови се Охрид и Струга (со најмногу природни богатсва и се најголема туристичка атракција) ,па ова и во интерес и на туризмот треба да се направи да се средат и овие градови,а и другите и тие треба, не е само Скопје град ќе повторам. Па наместо палмите може да се средат другите градови,а потоа нека се прави проектот со спомениците. Палмиве ми се глупост од тука до месечината и пешки назад! За голема жал Егејското Море ни е одземено па сега сме една точка во географската карта на светот која го нема и сега во држава каде што нема море ниту таква клима палми да има?! (смајли со човече што се крсти) Страшно... А за другово спомениците и сето тоа ми се допаѓа идејата ама прво нека се среди целава држава,а потоа ако може државата да си дозволи нека гради па на крајот и со спомениците ова баш е добро не сте ли патриоти не сакате некој да помине во Македонија па да го виде споменикот на Александар Македонски,Гоце Делчев(и на другите) да се знае дека Македонија имала и ќе има храбри луѓе. За ова потполно се согласувам ама тоа со палмите ми е чиста глупост.
Скопје до 2014 ќе биде Лас Вегас Го слушнав Коцета се гледа нашетан човек знае дека палмите потсетуваат на море Ама не ми е јасно кое море ќе да беше ова нашево Се смеам а зашто и да не нему му беше смешна изјавата па и сам си се смееше на истата .. Работава е за плачење место државава да оди напред тие садат палми и прават плажи ... како се друго да е во ред во истата па уште до палмите дојдовме. Ајде не вреди да се говори ќе видиме до каде ќе ја дотераат нивната замисла.Главно пари дебело се перат со истата .За народот смртник нема, истиот може само да се слика под палмите на обали мора и до спомениците со сомнителен квалитет .
Долго се прашував кој детал фали за Скопје 2014. конечно да ја достигне својата естетска перфекција. Ама естетите вмровски веќе ја нашле јаготката на шлагот, гомцето на купот срање, итд. ...ПЛАСТИЧНИ ПАЛМИ. Да. Остваруваме. ДА!
Една познаничка даде еден многу невкусен коментар денеска, баш морам да го споделам. Вели таа: "на што ќе личи тоа на плоштад, прекрасна финтана која на циганчињата ќе им дојде ко waterland " хмм
Дали тоа јас грешно чув и сум во заблуда или е сепак точна информацијата дека - палмите всушност, не биле вистински, ами - пластични?
^^^хаххаа не зезај Оффи не е ваљда И не е за смеење ама мислам дека се вистински, денеска некаде прочитав дека им годела скопскава клима па најверојатно се вистински. Ги видов од далеку ама неможе да се процени од камени мост.