Vero center *mislenje Многу е смешно. Воведниов пост е, Wow. Немам зборови. Не поттикнува никаква дискусија. Админите нека го поправат насловот, и воведниот дел, или клуч.
Vero center *mislenje Топ е мене ми се свиѓа...денес прв пат бев и баш без пријатно изненадена.Повеќе е за сетање јадење и пиење него за шопинг ама убаво изгледа
Vero center *mislenje А што бара темава во Мода и стил ? Некои веќе си го искажаа своето мислење во врска со новиот трговски во друга тема, не би требало да се отвара нова тема за тоа , а и да се придава толкава значење .
Океј е сега. Сменет е и насловот, и локацијата на темата, па ќе оставам соодветно мислење. Во Веро центарот бев, вториот ден откако го отворија, или третиот, не е важно. Народ, еден куп, гужви, плач од бебиња, несовесни мајки, кои се тегнат и тепаат за ташни додека децата, зборувам за мали бебиња, се оставени кај касата во колички, и плачат..А на мајките ич око не им трепнува, е браво! Немав многу време да прошетам низ бутиците, а и мразам гужви, клаустрофобична сум, мислам дека ќе се задушам помеѓу сите тие луѓе, и ќе се чувствувам како дел од прашинка, ќе се изгубам..Па затоа седнав во МЦД со друштвото, и да, Лилит беше во право за таму, сендвичите се поголеми од стандардните, а тие што се на каса, сељачишта со тапија. Во тоалетите не се како стандардните тоалети низ Скопјево, се одржува хигиената, и на секои 5-10 минути поминува хигиеничарката да ги исчисти, барем тогаш, сега кој знае што направиле. Купивме што купивме, и кога дојдовме на ред да наплатиме, ни викаат одете на горниот спрат да ги земете работите, па ајде се влечевме од едниот до другиот крај, и тој горе ни вика, одете доле. Are you serious?! Кретенче глупо. Океј беше, во глобала. Супер..а може и до гужвата беше. Ќе поминам пак деновиве.
Бевме со другарка ми пред некој ден. Гужви големи, ама стигнавме буквално секој дел од трговскиот да го прошетаме. Сите продавници, бутици, џиџимиџарници, парфимерии, Мекдоналдс за да каснеме... Бидејќи другарка ми студира архитектура, цело време трговскиот го гледаше од тој аспект и и се допадна, а богами и на мене. Си се подновивме со многу работи, најмногу од Jumbo, а има и доста добри парчиња облека во бутиците од кои дефинитивно ќе си купам нешто за есен/зима.
За продавниците , само New Yorker е . Не можеш тамо да шеташ , идеш во една продавница само , ако јадеш јадеш и толку е . Сепак би требало повеќе продавници . Вториот пат кога бев во бутикот , ништо не останало , особено машка облека .Се испоџапале луѓево кој како стигне . По мерак ми е во Рамстор да прошетам
Многу врева за ништо. Половина комплекс го зафаќаат Jumbo и New Yorker. И супер маркетот. Многу малку продавници. Делот кај кафичите подзамирисува на моменти од Self Service јадењата. Тие подвижните ленти подобро ќе било да биле скалички. Ем бавни ми се некако. Ти на најгорниот кат се шеташ со ќеси, а долу некој си купува месо или влошки и ти мафта - Ееееееј, на попуст е! Сега добрата страна, ново е и од поглед на архитектурата убаво е проектирано. Толку.
Не знам да дефинирам точно зошто, ама некако не ми се допаѓа. Јас уствари општо се ежам од вакви затворени шопинг центри А New Yorker не го сакам ко марка, значи се на се, не ми се ни исплати да идам во новото Веро, едино ради супермаркетот, ама па Рамстор ми е поблиску ако веќе морам да бирам меѓу двата.
Јас си купив неколку работи од Џамбо, имаше и многу евтини, и поскапи работи. Се наоѓа од се по нешто, ама во глобала евтино беше
Ок е, ми се свиѓа. Единствено што фали е некоја клупа за седење! Во секој шопинг центар тоа го има, али Македонија јебеш га. Вака те обврзуваат да седнеш и да нарачаш за пиење, кај ќе се изнадаваш пари по бутици, џамбо и веро уште да плаќам за пијачка, а се уморуваш да сакаш да потседнеш. Голем минус за тоа, другото е супер.
Јас сум задоволна од овој трговски. Ок е ,требаше нешто вакво. Меѓутоа сметам дека не е баш многу добро плански осмислен. Премногу голем празен простор. Но, како и да е, трговски + не ни е од зијан
Ми се свига. Добро е. Пицерии продавници бутици од све по нешто и доста е големо. Има многу гужва се нервирам ич не ја сакам гужвата! .
Џамбо е отворено! Бев во средата. Убави и интересни работи има само немојте да ви се случи на рафтот да видите една цена на некој артикал, а на каса истото да ви кажат дека е за 80 % поскапо! Тоа на другар мој веќе втор пат му се случува во Џамбо. И најголемиот дел од робата е кинеска.Мене баш и не ми се допаѓа најискрено. И целиот трговски тука(во тоа Веро цените се поскапи од другите Веро маркети)...За чевли не ни видов некоја асална продавница, а за тоа отидов најмногу... И мноогу простор неискористен.
Да да отворено е Џамбото уште пред една недела најмалку А за целиот трговски мицлење - па 3 дуќани цел трговски - тапа...на толкав простор можеле поише дуќани да стават а и плус да донесат некои фирми што ги нема , вака едниствено Њу Јоркер и Џамбо вредат во целиот трговски