Форумџика на годината

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Колку врева се крена против законот, а многумина поим си немаат ниту што има во истиот. :^)

    Мое мислење е дека треба да се воспостави некој ред околу абортирањето.

    Па, што е ова, девојчиња од 17-18 години, по 4-5 абортуси имаат !!!??? :x
    Таткото не ни знае дека е татко, а има право да знае, нели бебето е заедничко, кој ти дава право да решаваш само ти за судбината.
    Или и воопшто не се знае кој е татко.

    И така младите се многу распуштени, легнуваат со кој ќе стигнат, не внимаваат на болести, на тоа дека ќе останат бремени.
    Нема никој да ги едуцира за тоа што е сексот !
    Си мислат, со колку повеќе се легнам, толку сум попосакувана, поатрактивна, поискусна.
    Си го креваат лажно егото, а се упропастуваат како личности.
    Немаат поим за морал.
    Па, ако не можат родителите или училиштата да ги воспитуваат, нека се задумаат малку со законот.

    И не само тоа, туку се запрашал ли некој како му е на плодот, кој е Божји благослов (кој многумина го бараат, но не можат да го добијат), како и е на таа мала душичка, кога вие ќе ја убиете, кога ќе ја исфрлите од утробата право во канта за ѓубре.
    Ако мислите дека не го боли, и не пати, се лажете.
    И замислите како вие сте родени, некој ви ја дал таа шанса, се жртвувал за вас.
    Сега луѓето се пресебични.
    Си мислат само на себе и на своите задоволства. Жртвувањето, грижата и помагањето станаа странски зборови.
     
    На glosipgirl, Gordana10, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Законот за прекинување на бременоста (Службен весник бр.87/13) е донесен.Ние може тука да си збориме до утре сабајле.Јас сум против Законот и освен што млатев празна слама тука на форумот, не презедов ништо друго.Не им се придружив на групата луѓе кои протестираа пред собрание, не кренав јавно глас и сега нема што да ми биде криво.А да си признаам со оглед на ситуацијата, немаше многу да сменам.Член 11 од Уставот на Р.Македонија гласи:Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.Член 41 став 1 гласи: Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.
    Ако е поднесена иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на горенаведениот закон, се надевам дека ќе падне.Можеби сум профеминистички настроена но не можам да го намалам чувството на гнев и беспомошност кога го читав Законот.
     
    На Lolo5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Добро како може така да си размислувате, тинејџерки имаат по 3-4 абортуси, дај да ги скротиме малку.
    Како прво, што ви е на вас гајле кој колку абортуси има? Не велам дека е добро тоа што некоја абортира почесто отколку што се пука, но како може да навлегувате до толку во туѓа интима? Правото на абортус, па и да е стотти пат, е на тој што ќе го одгледува тоа дете (или во случајов нема да го одгледува), а не на вас, снашки на чешма. И така треба и да остане, и за тоа треба да се бори секоја една жена, затоа што е потенцијална жртва на истиот. Како може да оправдувате абортус ако е од силување, а да не оправдувате несакана бременост? И двете се несакани бремености. Едната се случила насилно, другата акцидентално. И двете се пред се, психички товар за жената. Самиот абортус е психички товар, и не верувам дека некоја оди на абортус среќна и насмеана. Додека не се едуцира населението, тоа е решението, за жал, па вие размислете колку ускратувате нечиј единствен излез и единствена шанса.
     
    На hermosa, Lolo5, Anne.B и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако е така, тогаш зошто има закон и правила за венчавање и разводи ?
    Нели и тоа е нечија приватност и интима, што има мене да ми е гајле дали некои двајца ќе се заедно или не ?
    И уште еден куп вакви примери ги има.
    Ама ако оставиме се на тоа, приватно е, ќе настане еден хаос, зошто денес веќе не постојат морал, етика, воспитание, култура !!!
    И затоа мора да постојат закони за да има ред.

    И никој не рече дека нема да има абортус, само нема да е така преедноставно како што било.
    Кога веќе си спремен да имаш секс со некој, биди и спремен да си ги поднесиш последиците и одговорноста. Како кон себе, така кон таткото и кон зачнатото бебе.

    И никаде никој не рече дека е забранет абортусот, кога причината за бременост е силување. Дури и Црквата тука го подржува абортусот со цел да се заштити жртвата психички, емотивно, и на било кој начин !
     
    На glosipgirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Каков закон има за венчавки и разводи? Има закон што ти забранува повеќе од еднаш годишно? Има закон што ќе ти забрани да се венчаш повеќе од три пати? Како го поврза тоа со ова не ми е јасно.

    И ниту јас не реков дека нема да има абортус, прочитај уште еднаш па ќе сфатиш, голема си за да ти се црта. И не, не е исто да бидеш спремен да имаш секс со некој со тоа да бидеш спремен да бидеш родител. Или не знам, можеби има посебни единки тука на форумов, што од моментот на губење на невиност магично стануваат поодговорни за себе и својот живот до тој степен да размислуваат да дадат дел од таа одговорност и на друг живот. Ај искрени да бидеме, почнавте да практикувате односи со партнерот кога почнавте да се чувствувате одговорни и спремни да бидете мајки или го направивте тоа зошто имавте доверба во партнерот и ви беше убаво? Мислам, не бидете лицемерни.
    Кога ќе се помирите со тоа, можеби и ќе напреднете со менталитетот. До тогаш, ќе се донесуваат примитивни закони и ќе се кршат основни права, а некој слепо ќе ги прифаќа.

    И да се редактирам, многу ми е интересен тој двоен стандард на црквата и на луѓето, кога бременоста е плод на силување оправдано е да се абортира, а во секој друг случај не е. Сега, има душа или нема? Убиство е или не е? Сперматозоидот се спојува со јајцеклетката при силување или не? Ама ај да не почнувам, не е за тоа темата.
     
    На An-na, galijan, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    А добро бре луѓе јас да ве прашам нешто,една жена што веќе еднаш абортирала толку ли е несовесна и неинформирана,не едуцирана и незнам веќе како да ја наречам а да не ја навредам да се заштити за следниот пат?Кога веќе еднаш си поминала низ тоа земи заштити се човече не живееш во 15 век.
    Абортусот не е заштита од несакана бременост па ајде сега 5 пати годишно ќе абортира.Јас не велам дека и покрај заштитата неможе да се случи да остане бремена ама 5 пати ваква случајност?
    Не велам дека жената нема право самата да одлучи што ќе направи со сопственото бебе ама 2,3,4,5, пати да го прави? Не велам дека законот си е супер и дека не се прави се по секоја цена да се зголеми наталитетот но,сепак и 3 збортуси до 20 години не е на арно.
    Жално е што малдите девојки многу ноншалантно се однесуваат на оваа тема и прво нешто при бременост е ќе абортирам,а уште пожално е што ''грешката'' ја повторуваат по безброј пати па сега крив им е законот дека смеат '' само'' еднаш,абе ајде.
    Некој спомна размислете колку ускратувате нечиј излез или шанса така? Па 6 пати на некој му е потребен излез или шанса?
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^^
    Црквата мислам дека и при силување е против абортус, бар колку што имам читнато некаде, кој знае точно нека каже/даде линк.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Какво скротување на тинерџејки бре, што ви е!!! Со ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ќе знаат како да се заштитат и ќе се намали процентот на бременост кај малолетни лица. Со законов само ќе одат да абортираат нелегално!
    А во одност на тоа што законов ја потценува жената и нејзината ментална способност, не сакам ни да зборувам... Жените се преставени како да немаат мозок и идат да абортираат еднаш на 2 месеца, затоа ни треба закон да го спречи абортусот. Ние жените нели, идеме на абортус ко на забар, без да размислиме за последиците од таа одлукам па треба да се советуваме со г-дин министер за он да ни каже како треба во животот...

    Ај мажине шо го изгласаа, ама идиоткине од пратенички нема никогаш да ги разберам, заедно со претседатолот што е ДОКТОР НА ПРАВНИ НАУКИ и знае кои права и следуваат на жената, кој го потпиша!!!!

    И што е најлошо, ова е само почеток... Тек допрва плус ќе го менуваат да направат да биде невозможно да добиеш дозвола да абортираш....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако полагаш за возачки испит, кога ќе земеш да возиш кола треба да ја превземиш одговорноста која ја носиш во сообраќајот.
    Никого не го интересира дали ти си почетник возач, дали имаш искуство, колата дали е нова, дали ако ја оштетиш имаш пари за поправка или не.
    Едноставно се очекува од тебе да се однесуваш одговорно и принципиелно.
    Иначе ќе направиш хаос во сообраќајот, а може да има и жртви.

    Така е и овде, ти ќе си легнуваш со кој сакаш, и си мислиш себично само на себе си и твоите животни зацртани цели, бебето е жртва, зошто ќе биде убиено.
    Како може девојчиња кои не знаат најобичен ручек да направат, да си испеглаат маица, мајките трчаат по нив, види ти, се спремни за секс ???
    Иако за ништо друго не се спремни...
    Има една изрека, после еба*е, нема каење.

    И должност е на секој човек од секоја своја акција, да си ги сноси последиците и да превземи одговорност. Ако не си спремен на тоа, не ни почнувај.
    Затоа е денес толкав неред во се.
     
    На glosipgirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ех ех, сега. И на шофер кој е одговорен со години може да му се лузне стапалото од кочницата. :wasntme:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да знам зошто тебе те интересира тоа ? Зошто те интересира дали Французинката , Германката или Македонката , не сакаат деца .
    Ќе речеш да раѓаме оти Албанците ќе не изедат .
    Знаеш има луѓе кои не сакаат деца бе , има луѓе кои сакаат само едно , некои сакаат 2 , 3 или 10 . Ствар на личен избор . Која си ти да пропагираш кој што да прави со неговиот живот ? Дали ти ќе го чуваш тоа дете , дали тоа е твој живот ?
    Твоето лично право никој не ти го нарушува и не те осудува , затоа не осудувај и ти .
    Еве јас сакам 3 деца да имам здравје , ќе биде тоа некогаш ама ако некој не сака ни едно која сум јас да му кажам дека треба да има деца оти нацијата ни е загрозена.
    Погази ги твоите лични цели , прави нешто што не те прави среќен во име на нацијата .
    Кој апсурд |(

    И аман луѓе дај прифатете дека сите сме посебни единки со свои желби и надежи , ако некоја единка не се стреми кон истото што и вие не значи дека тој човек не чини туку дека е различен од вас .

    Конкретно за законот , не знам дали има луѓе кои имаат абортус повеќе од еднаш годишно . Ако има ги сметам за неодговорни спрема самите себе и неедуцирани .
    Ама мислам дека законот тука ќе има негативен ефект , тие ќе се снајдат некако , ќе најдат начин , кој може да биде фатален по нивното здравје .

    Серафима морав да те цитирам оти ми упадна во очи ова . Се сложувам со тебе дека абортусот е пред се душевен товар за личноста , а и ризик по здравјето . Иако нема врска со темата .

    Не ми е јасно ова што го зборуваш . Повеќе си упатена во религијата од мене , но гревот да се пренесува врз невино суштество и тоа да страда ради гревот на родителот ми нема никаква смисла и се коси со сите мои убедувања за Бог . За мене Бог е милостлив и на сите ни дава шанса живееме според нашата слободна воља по пат искушувајки не . За мене е несватиливо Бог да е одмаздољубив и гревот на мајката да го плаќа нејзиното дете . Прости ама ова што го кажуваш ми нема смисла . Може некој да има родител кој е монструм , а детето ли да ги плаќа гревовите иако живее праведно и е хумано и никому не греши . Не јас не верувам дека Бог би го направил тоа .
    Од се срце ти посакувам што побрзо да се израдуваш со детенце и да не се преоптоваруаш со вакви работи .
     
    На Lolo5, Hipster и Nymeria им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сериозно, ама најсериозно те прашувам, дали си сексуално активна и дали навистина имаш 25 години?
    Сообраќај со абортус и бременост се споредува, сосема валидно нели.
    Немам коментар за понатаму, дефинитивно ова е врвот.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Новиот закон за абортус тесно е поврзан со обидот на владата за зголемување на наталитетот.Затоа и се крена толкава врева.Законот како таков и не е толку лош и треба да и оди во прилог на секоја жена, но не и на македонската.Погрешен е пристапот на владата што на некој начин дозволи законот за абортус да го поврзе со наталитетот и тука ја замеша и црквата.

    Се изнесоа еден куп загрижувачки статистички податоци, за тоа колку се абортира , а од друга стана и статистички податоци дека наталитетот нагло ни опага.Се поврзаа два и два и се крена прашина.

    Можно е да се намали бројот на абортуси, а да се зголеми наталитетот не верувам.
    Потребно е да се стори многу повеќе за да се решат младите да добијат потомство.
    Прва загрижувачка бројка е невработеноста и тука е клучот за решавање на сите други проблеми.
    Не би требало да се чека ,треба да се дејствува и тоа брзо за да се добијат резлутати.
    Прво млади што се вработени а планираат семејство , се соочуваат со нечуствителни газди.
    Строги казни за нив. :!:
    Посебно внимание треба да се посвети на новосоздадените семејства.
    Посебно внимание да се посвети на млади кои се на возраст за склопување брак а се невработени .
    Биолошкиот часовник чука, не чека некој да се свести и да прави погрешни чекори.
    Вработување за младите, грижа за новородените, повисок животен стандард, водат кон зголемување на наталитетот.Со сила убавина не бидува, рекле старите.
     
    На Lolo5, mimiiiii, lolyta777 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски

    Зошто во Германија едно македонче да не основа семејство со тамошните бенефиции и стимулирања? Всушност реткост е да најдеш некој од дијаспората да нема свое потомство. Што е тотална спротивност од денешната ситуација во Р. Македонија.

    Повторно доаѓаме до муабетот дека македончето е врзано за стандардот кога е во прашање семејството. Менталитетот и обележјето на народот е разликата која ја бараш. Ние сме традиционални луѓе, сакаме софра и деца околу нас. Швеѓаните и германците обично ги палат други ствари.

    За рамковните е излишно да се дискутира. Во моменталната ситуација се далеку подобро ситуирани од нас. Впрочем и јас би војувала и би фрлала ракети и минофрлачи со јак вуфер за да седнам на столче и да клатам по цел ден на сметка на државата. Или заборави колку ги има во администрација, а колку допрва ќе бидат вработени?


    Ќе ти болдирам за да ми одговориш?
    Зошто не се донесе котрацепцијата на позитивна листа на лекови? Зошто едно апче Норвело е колку мои две дневници?
     
    На Lolo5, fox.megan и angelina1 им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Девојче, каква врска имаат годините ?
    Може да се случи 20 годишна и 50 годишна да размислуваат исто, ама и не.
    Така да, не се врзувај за годините, глупаво е.

    А, за тоа дали сум сексуално активна, не мораш да ме прашуваш *најсериозно*, тоа е интимна работа и срамота е да поставуваш такви прашања, не ти личи.

    Се сложувам потполно со Виножито1, ако во државава се обезбедат многу други работи (сигурност за работното место, додека мајките се на породилно боледување и слично), и младите побрзо ќе се решаваат за брак и за деца воопшто.
     
    На glosipgirl, vinozito1 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. Teodora29292

    Teodora29292 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    НЕ!

    Без разлика колку и да не убедува некој како тоа е убиство, како е спротивно со божјите закони и колку е нездраво за самата жена. Никој... пак ќе кажам.. НИКОЈ нема право да одлучува место жената.

    Тоа што владата се занимава со небитни закони (ги средија сите други работи во државава па сега уште ова за абортусов остана) тоа е само колку јавноста да се занимава со нешто додека они крадат, пошо нели тоа за нато и еу веќе не пали.. ајде да му дадеме на народов нешто друго за да се плукаат меѓусебно и да се натпреваруваат кој ќе испадне поголема будала (во случајов, оној отец.. митрополит) он сеуште го држи првото место, рака под рака со министерот за здравство Тодоров. За него важи она "Ако глупоста имала нозе, тој ќе бил стоногалка"

    Значи Стоногалката и просветлениот очигледно имаат света мисија да го вратат народов а и здравството неколку века наназад, кога жените вршеле абортуси по дома, кога умирале од инфекции и кога црквата се мешала во работите на државата. :fubar:

    Тоа што некои се носталгични и што сакаат да живеат во минато, мене воопшто не ме интересира, него ме засега законов затоа што гледам многу негативни работи во него. Не само што ќе се погази жената, како жена и нејзиното право да избира дали ќе биде мајка или не, туку од друга срана ќе се зголеми бројот на деца без родители, кои многу често се жртви на оние просветлените...или цел живот останувааат сираци, без љубов, без топол дом... остануваат емоционално осакатени.

    Значи да резимираме.. на министерот и на оној просветлениот, децата и нивното здравје не им се битни, нити здравјето не мајките...(аман луѓе зар почнавте на слатки зборови да верувате.. мора да престанете со серии) нив им е битна БРОЈКАТА... за нив се се тоа бројки.. бројка на деца со кои може да се прават пари, бројка на луѓе од кои може да се купуваат гласови, бројка на пари кои ќе можат да се исперат пред очите на народот..


    Да ја оставиме политиката настрана.. причина за која е многу подобро да биде абортусот легален е тоа што ниедно дете не заслужува да има лоши родители, родители кои нема да го сакаат или воопшто да нема родители. Ниедно дете не смее да биде жртва ради неписменоста на одредени особи (министерот и останатите). Многу подобро е таквото дете да не биде родено, отколку целиот свој живот да биде малтретирано од родителите (кои можеби не сакале да имаат дете, али сепак се десило по грешка да имаат и да мора да го донесат на овој свет) или дете кое цел живот ќе биде сирак, нема никогаш да знае што е тоа родител, топол дом и внимание.
    Да.. убиството е лоша работа.. потполно се согласувам со тоа.. али ако треба да се одбере помалото зло.. тогаш убиството, односно абортусот или убивањето на фетусот во првите неколку месеци е многу подобра опција отколку осакатувањето и малтретирањето на новороденчето.
     
    На Lolo5, Hipster, Vetruska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Имаат врска годините со размислувањето, можеби 20 годишна и 50 ќе се согласат, но 25годишна и 15 годишна тешко.
    А немој да си сфатиш лично дека ме засега твојот сексуален живот, поентата ми беше дека такво размислување ретко кој што практикува редовен секс би имал. Извини што ме сфати погрешно и што мислиш дека ти буричкам во интима, верувам дека нема да ти смета доколку треба истиве прашања да ги одговараш пред комисија.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ве читам и не ми се верува, од сексот напраивте научна фантастика, невозможна мисија за која ти треба не знам какво научно знаење и способности :x
    Ту бре луѓе и за сексот ли најдовте да ја тупите и попувате, самите викате дека тоа се интимни работи, епа зашто вие носот го бутате каде не треба.
    Возење и секс, каква метафора, оуу, ни Шекспир не можел вака да ги спои и компарира.
    Кој сака пак ќе си абортира, ќе си има секс колку си сака, и нема никој па ни вакви закони да го спречат.
    Јас разбирам да се биде малку сексуално неисукусен на 15 години и да се апстинира, ама на 18, 20, 25?
    Од некаде мора да се проба и да се научи нели :D
    Не заборавјте сите ние сме имале прв пат, и на сите нас можела да ни се случи некоја грешка, од неискуство. Па со секој нареден пат сме станувале се поскусни и поискусни.
    Мајка ми вика, и Карапанџа ни је био Карапанџа кад се родио.
    Така и ние сите не сме биле секс божици па уште од прв пат да знаеме се во врска со сексот.
    Или па се чувате стрикно до брак, секс само за репродуктивни причини?
     
    На Lolo5, Nymeria, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Кога веќе одиме до крај да одиме, а не да бегаме. Јас само ти посочувам дека има многу фактори коишто влијаат на демографија и наталитетот. Немора да се повторувате сите овдека со те едни исти фрази како папагали, затоа што така ви е најлесно да избегате од својата неодговорност во животот којашто подоцна се рефлектира на сите, а не само на тебе.

    Кога ви посочувам примери и статистики и кога на истите тие немате одговор веднаш со тоа “ што тебе интересира зошто Германките и Французинките не сакале да раѓаат?“. Крајно паушално.
    Македонките не сакаат да раѓаат поради перење мозок на квази идеологии како феминизам коишто одамна им го испраа мозокот на западно европските жени. И, да, не живеат посреќно таму.Само се лажат дека живеат посреќно.

    Немој со тие детски муабети “секој има право да прави што сака со својот живот“


    Себичноста, промискуетноста, неодговорноста на поединци кога-тогаш секогаш се рефлектира на целата заедница заклучно и на мене. Тогаш ако јас има право да правам што сакам во животот зошто да не одам и да убијам некого? Тогаш да ги оставиме сите наркомани, убијци, алкохоличари, педофили, криминалци да прават што сакаат само затоа што имале право? Луѓето и светот опстанал , затоа што живееле во социјална заедница којашто функционира на некои вродени природни нешта, а не на индивидуализам.


    Нема жена на овој свет што несака дете. Незнам дали си ти чула воопшто во животот за “мајчински инстинкт“ којшто е природно вроден во секоја жена, а не наметнат од општеството? Таа жена што нема таков инстинкт таа има дефинитивно генетски проблеми во својот развој.

    Од моите 3 деца никој нема штета, ама од тие со 1 дете или без ниедно дете и те како сите имаат колективна штета. Научи да направиш разлика. И не само тоа што Шиптарите ќе не изедат, туку и пензискиот, здравствениот ќе крахираат, затоа и се зголемува старосната граница за влегување во пензија. Без солиден наталитет неможеш да имаш ни економски раст, затоа што млада популација е двигател на секоја економија. Затоа и земјите во Западна Европа се принудени да примаат емигранти од третиот свет, затоа што немаат младина и наталитет. Нема кој да им работи по фабриките.Нивната себичност и промискуетност веќе им се враќа како нож во грб. Последните 30 години во сите западно европски држави значително е зголемен криминалот и силувањето од страна на емигранти и тоа повеќето се врз жените од тие земји, а тој факт упорно се бутка под тепих за да не се нарушуваат меѓуетничките и меѓурелигиските одности.

    А, тоа е капак уште кога ќе се додаде дека 33% од новороденчиња во Македонија се на Шиптари, а останатите 17% се на Роми, Турци, Египќани и Босанци. Уште кога ќе се додаде и фактот дека најголем дел од абортусите ги прават Македонки со помал процент на Ромкињи.Значи Албанки, Турчинки, Ромкињи можат да раѓаат и да сакаат деца, а наши “принцези из Париза“ неможат, а?

    Вие не го ни прочитавте законот, а веднаш скокнавте, затоа што денес е кул да се глуми феминиста без никако да се погледаат и другите околности во општеството.Јас убаво кажав дека сум за абортус во одредени случаи како што е силување, здравствени причини по коишто е доведено здравјето во прашање на мајките како и детето ако е со психички и физички недостатоци, но повеќе сум за тоа младината да се преобразува и да се врати на морални и нормални вредности во животот со коишто нема да се доведува во состојба да абортира. Штом една 16 годишна девојка знае да носи штикли 15 цм и да се облекува како проститутка верувај дека и многу добро знае што е секс и какви последици носи истиот. Не барајте изговор дека младите девојки не се едуцирани. Едуцирани се и тоа како.

    Ние немаме дијаспора тоа да се резбереме. Останавме само тие што сме тука во Македонија, затоа што втора и трета генерација Македонци воопшто тешко можеш и да најдеш што стапуваат меѓусебе во брак. Дијаспора имаат Албанците и Турците, затоа што 98% стапуваат меѓусебе во бракови со што нивната бројка, влијание и моќ значително се зголемува, затоа што раснат деца коишто немаат сомнително чувство што се по националност пошто се од двајца родители од иста националност. Тоа е разликата од нив и нас.

    Прашањето е зошто една Германка и Французинка да не основа семејство таму со сите бенефиции, туку тоа го прави Арапка или Азијатка? Тоа е поголемиот проблем.

    Ние некогаш сме биле традиционален народ, па затоа и сме опстанале. Веќе не сме, па затоа и изумираме и остануваме без држава. Тоа ти и јас не го чувствуваме многу, но твоите деца утре и те како ќе го чувствуваат.Затоа викам дека со ваков став на размислување вие само штета правите на своите деца отколку корист.

    Тоа се големи лаги дека Албанците се далеку поситуирани од нас . Во сите државни и приватни сектори доминираат далеку повеќе Македонците во вработување. Колку Албанци работат во Вип, Оне, Телеком, Џонсон Мети и многу други фирми? Работат, но во незначителен број. Тоа нив не ги спречи да имаат деца и нормални семејства и не бараат изговори за се и сешто во животот. Нормално дека ќе се вработуваат кога тие имаат наталитет и младина и баш поради тој наталитет тие успеале да се изборат за поголеми права и федерализација. Да раѓаа Македонките деца немаше воопшто да се доведеме во ваква ситуација, зошто не е исто да имаш 10% малцинство и 28% малцинство.

    Плус, отиди на било кој пазар, улица, тезга и види кои 9-10 годишни деца продаваат таму. Или се Албанци или Турци. Нивните деца не ги воспитуваат да бидат пекмези како нашите. Уште од мали нозе ги учат да работат и да бидат вредни спротивно од нашите што висат цел ден по кафиња и дискотеки и очекуваат дека државата се треба да им пружи на нив. Спореди како живеат Албанките и Македонките, спореди како живеат Албанците, Турците со Македонците, па ќе ти биде јасно.Далеку поздраво и со понормални вредности во животот отколку ние за жал.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Мене само не ми е јасно како ти се деклараш како патриот ? Толку погрдни зборови упатуваш за македонската жена како е промискуитетна , за македонските момчиња наркомани биле , а цело време се воодушевуваш на шиптарите :puke: Ако сме толку лоши како нација па да не размножуваме бе :^)

    И те молам не споредувај криминал со личен избор и интимни желби . И немој да навредуваш жени кои не сакаат деца , или немаат поради нивни лични причини дека имаат генетски нарушувања . Да ги запалиме ако не жените кои немаат деца . И зошто жените кои немаат деца автоматски ги нарекуваш промискуитетни пример може се асексуални :D ова шала де

    Поентата на сите твои постови е дека македонката е промискуитетна иа затоа наталитетот опаѓа. Не се осмелувам да навлегувам во лични избори на луѓето . Тоа воопшто не е детско , туку почитување на една човекова индивидуа .
    Јас можам да ти кажам зошто јас сеуште немам дете , а сум 23 години и дипломирана - многу едноставно - невработена сум , а и дечко ми нема стабилни примања . Не планирам од мајка ми да барам пари за памперс :D И сериозно не планирам да имам деца оти тоа е добро за наталитетот туку за моја лична радост , јас сум од семејство со 3 деца и растењето во едно такво семејство за мене било прекрасно . Па и јас сакам еден ден моите деца да го имаат тоа . Но моите живееле во друго време каде веднаш после дипломирање се вработиле .
    А зошто некоја друга жена нема деца или се одлучила за 1 или 5 не можам да ти кажам .

    А кога сме кај пензискиот фонд , па да тој е пред крахирање не поради намалениот наталитет на Македонците туку поради големата невработеност а и големиот број на вработени кои работат непријавени , па и треба да крахира .
    Но тоа нема да се случи бидејки се уште има пензионери кои плаќале па мора да се исплатат тие пензии . За 15 години верувам нема да постои . И најубаво е, секој својот дел за пензија да си го дава во приватен пензиски фонд по негов избор , и да си одлучува секој колку сака да си издвои за пензија .

    И како влијае зголемениот наталитет на другите нации врз пензискиот и здравствениот систем? Тој се полни од даноци и придонеси на вработените , без разлика која нација . Не ги оделува посебно придонесите од Македонци и Албанци .
    Си нафрлаш само зборови чисто онака . |(

    Законот добро го прочитавме , не сме попалени феминистки како што ти милуваш да не наречеш туку реални .
    Јас сметам дека овој закон само ќе го зголеми бројот на нелегални абортуси .
    Кој намислил да не раѓа дете ќе најде начин да не го роди .
    И да и јас сметам дека се едуцирани младите девојчиња , сите знаат како се прави деца , сите знаат што е контацепција но се неодгворни спрема самите себе и се водат од тоа пу пу мене нема да ми се деси . :fubar: Тука има има врска и зрелоста , и не соочувањето со реалноста , јас лично сметам дека затоа со сексуални односи човек треба да почне кога е зрел .

    И мене ова ме интересира дали е точно ? Некој поупатен да каже .
     
    На Lolo5, Nymeria и Hipster им се допаѓа ова.