И мене истото ми се случува,тоа е она дежа ву,ми се случува некои луѓе,некои ситуации,како да ги знам од порано.Мислам дека од псхиолошки/спиритуален аспект има поголемо значење тоа што ни се случува.Понекогаш кога ке запознаам некои луѓе се чудам од каде ги знам или ми се познати,а никогаш во живот да не сум ги видела.Мислам дека тоа има врска со душата на човекот,без разлика кој.Понекогаш и некаде сте сретнале теми или коментари па макар и на шега за претходен живот,меѓутоа јас лично не верувам во тие работи,но претпоставувам дека тоа дежа ву од таму потекнува,незнам.Имам прочитано но недовршена со читање книгата Патот на душите,во која еден доктор по пат на хипноза кај своите пациенти открива информации за нивниот живот,нивната свест и потсвет,за луѓе кои никогаш не ги виделе или пак некои ситуации кои им изгледале познати а незнаат од каде.Во таа книга се спомнуваше нешто слично како темава и нејзиниот вовед.Од таму и знам ете некои работи,за кои што и не сум сигурна и незнам дали е тоа така,иако тоа веројатно знаат само луѓе што ја проучуваат оваа тематика,но на крајот на краиштата тоа со сигурност па и никој неможе да го потврди.