Порано многу, многу пати ми се случувало. После тоа останвам малку збунета, но лесно се исправав. Сега сум речиси навикната, ама не се дешава веќе толку често ...
Ми се случувало многу пати. Ама на периоди е. Сега и не ми се случува толку често. Инаку, некои велат дека дежаву е сеќавања и спомени од претходниот живот, некои велат дека по два пати го преживуваме животот и некои спомени оставаат врежани во нашите сеќавања. Најразумна теорија ми е онаа научната, дежаву е состојба на умот. Причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, овој феномен треба да го сфатиме како нешто интересно, не громорозно. Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.
Никој не го дефинирал ова ниту пак докажал,наше е да си мислиме дали сме го доживеале тоа претходно во некој друг живот, дали сме го сонувале, некогаш ми е интересно да знам, уствари да имам чуство кога ќе одам некаде и да се сетам еј абе јас сум била овде порано, сум ги видела некогаш овие луѓе
Па пред некој ден ми се случи баш некое дежа ву. Онака одам во веце ќе го чистев и нешто мм ми викна и јас му одговорив како дежа ву да беше целата слика, муабетото тоа што ме праша и јас што одговорив. И баш некако си се фатив самата како си се смешкам и дека ова како познато да ми е, како претходно да се сум се нашла во истата ситуација истиот разговор како да го водам со него како некое дежа ву.
Заради досадното секојдневие...секој ден ги правиме истите работи и очекуваме да не се чувствуваме така...
Не е секогаш така. Ми се има случено да отидам на викендичка каде прв пат одам и да ме тепаат дежа вуа
Многу често ми се случува. На почеток бев толку збунета што знаев да кренам и паника, но од кога прочитав што е се смирив и како ништо да не било .
Мене често ми се случува, уште кога бев имав некои 9-10 години почнаа такви чувства и се уште често се случува да дојде такво момент, кога знам што ќе се случи понатаму. После тоа, некако сум отсутна, како да не сум во своја кожа. Чудно. Незнам како да го објаснам, само тие што го искусиле, знаат како е!
Секогаш кога ќе доживеам нешто имам чуство дека тоа некогаш било, се случило...секогашш ова ми се случува
Често ми се случува,најчесто на концерти,секогаш кога ке почуствувам сум онака збунета,скаменета,она wut ? хех
Да мн пати ми се има ова случено, наеднаш една иста ситуација,исти луѓе,иста положба,се се потполно исто. Ке се подразмислам малце ке се збунам дури по некогаш и само ке си казам ДЕЖА ВУ.
Исто и мене мн пати ми се случило да препознаам некоја ситоација и има ја казжувам на другите што се со мене и тие ми се чудат