Постои. Мислам дека пријателства за цел живот се оние уште од мали нозе кога заедно сте се граделе како личности (на пр. од основно). Сега за сега го имам ова мислење, можеби ќе се смени некогаш.
Мислам дека во денешново време многу е тешко да најдеш пријател се се сведува на дружење заради взаемна корист тој/таа има корист од тебе и обратно. Мислам дека најдобриот пријател треба првенствено е момчето/девојката односно идниот брачен другар. Затоа што кога сите ќе се разотидат вие двајацата остануваат заедно
Да, значи имам таква другарка на која безрезервно можам да се потпрам, што ми се нашла и во добро и во лошо...другарки сме веќе 12 години и сме секој ден заедно јас сум и старосватица. Дури и сестри си се викаме Да најдеш таков пријател е навистина богатсво, од искуство кажувам, што имам пропатено јас од „другарки“ ни на најголемиот душман не му посакувам.
постои!! си ја сакам мојата другарка најнајнајмногу на свет! се дружиме долго време, кога една на друга ќе згрешиме знајме да се извиниме и мислам дека се додека е то така и нашето пријателство ке постои!
секако дека постојат вистински пријатели, да не речам вистински луѓе...најтешкиот дел е како да ги препознаеме, но тоа е мудрост што доаѓа со искуството и годините..едноставно не можеме да имаме 50 пријатели и да очекуваме дека сите ќе бидат вистински,колку и да сакаме да биде така..тоа ќе бидат макс. 3-4 луѓе,мозеби и само 1,но вреден, а од сите други треба да научиме како да се штитиме и да држиме дистанца..сите сме биле разочарани од пријател, и понатаму ќе се разочаруваме, тоа е многу нормален животен процес.. добрата страна е дека со тек на време ќе почнеме и да ги препознаваме оние вистинските... во едно нешто сум сигурна- тоа никогаш не се оние слаткоречивите, и оние кои ќе ви го зборат тоа што сакате да го слушнете-за жал најчесто токму тие се оние манипулативни сплеткари кои умираат од желба да ви забијат нож во грб ... бидете им благодарни на сите кои ве разочарале- ве научиле како прав пријател НЕ треба да се однесува
И јас имав до пред две години иста ваква најдобра *во тоа време) другарка ама затоа веќе ја немам. како Радио Милева беше и сфатив дека не треба да се расправам и само си се тргнав на страна....честопати се пронаоѓам во ситуација глава каде и вртам....Воопшто не ми е гајле...подобро да немам другарки отколку таа... Сите сме се нашле во ситуација каде смего ставиле под знак прашалник вистинското другарство но треба само да бидеме трпеливи... за секое лонче си има капаче...како сега јас си ги најдов совршените 4ца другари и никој не може веќе да не раздели низ што се поминавме.... трпение спасение
Buddygirl се согласувам со тебе во тоа што го пиша и точно е. Јас имав многу "другарки" и се уште ги имам некои така. Но, сите ме гледаат онака од корист и интерес. И не само "другари/ки", туку и другите се дволични од околу што се онака некои познаници, пријатели... и тие гледаат само корист и интерес. Мм ми вика само ај гледај си се самата гледај ме мене, фамилијата гледај си ја, убаво и моите ми викаат гледај си го маж ти само тој ти е најдобар другар. И во право се сите за тоа.
денеска навистина е многу тешко да се најде пријател од таа гледна точка дека никој никому не му мисли добро,било кој и да е да не се правиме светици "јас не ова јас не она,само мене ми се случуваат добри/лоши работи и само јас сум онаа правата која мисли на сите добро и им помага на сите без оглед на се а тие ми враќаат со лошо". сите понекогаш знаеме да скршнеме од правиот пат и на другарката да му помислиме нешто бар во смисла "како може да сум толку голем баксуз а другарками толку многу да има среќа" па макар тоа да се работи и за игра во карти. затоа нема вистинско пријателсво и вистински другарки зошто ние сме тие кои правиме да нема. не викам дека нема и лоши луѓе кои сакаат само да исмеваат и да понижуваат, и кои сакаат да докажат дека само тие се вредни другите безвредни. но се другото сами го правиме од озборувањето на другарката во присуство на други другарки или да правиме сплетки во смисол оваа рече така за тебе онаа вака, јас пак му реков онака и се испадна наопаку кога ќе дознае што ние сме збореле за неа.
Вистинска другарка? не баш..повеќе му верувам на кучето од колку што можам неа да и верувам.. знам дека колку и време да се дружиме еден ден ке ми плесне се во фаца и ке ја сватам причината зашто се дружела со мене..корист,интерес, безброј причини за кој НЕ треба да се дружиме.. веќе такви личности кои можат да ти бидат "брат/сестра" се бројат на прсти..тоа ти е исто како да бараш игла во сено... ова е црн свет со безброј маски, на кој ниеден од нас не им го знае вистинското лице кое се крие позади маската освен тие самите
Сме се дружеле со години, сме биле заедно како сестри. За неа бев секогаш тука во добро и лошо. Но, во неколку ситуации каде мене ми беше најпотребна помош, таа избега. Не беше покрај мене како подршка. И откако јас излегов од ситуациите, таа се врати насмеана, без воопшто да праша како си. (Во едниот случај беше смртен случај дома; итн.) И тоа е другарка? Или е чиста политика? Ако од нејзе добив така, што да очекувам од некој друг, кој не ми бил толку верен? Сепак верувам во вистинско другарство, само тоа е многу преретко. И кога вистински се разочарав од оваа другарка, Господ ме запозна со едно девојче сосем случајно и неочекувано и повторно ми даде верба. Таа е чист пример за тоа како треба да изгледа еден другар. Дури и без да ја прашам таа ми излегува во пресрет за се. И обратно. Тука сме една за друга во секое време и во најглувата доба во ноќта.