1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Како бе така сите мислите дека не постои вистинско другарство? И вие и тоа како придонесувате за тоа да не биде вистинско. Не може само другите да се криви.
     
    На sweet-star и Jenniffer им се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    А те нападнав? :^) Извини ако така си ме сфатила, немав таква намера.
    Само сакав да кажам дека постојат вистински пријатели, верувајте во тоа. Изгледа грешка си сфатила.
     
  3. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Споствено мислење е , а и го мислев субјективно то од моја гледна точка на мојов живот. Не морат одма да се напаѓа :?[/quote]

    А те нападнав? :^) Извини ако така си ме сфатила, немав таква намера.
    Само сакав да кажам дека постојат вистински пријатели, верувајте во тоа. Изгледа грешка си сфатила.[/quote]

    Абе се надева и ја дека ке дојде то вистиснко пријателство само некако немам сретнато баш луѓе што не си прават работи зад грб, ја разбира никој не сме совршени само некогаш требат да се побара да се прости и да простиш, доста е со темава баш ми е мило ако тие што ги имате пријателите ви се вистински и ќе траат :)
     
  4. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    помеѓу машките пости вистинско пријателство и затоа преферирам да се дружам со машки... A со другаркиве иам лошо искуство сеа не сакам овде да пишувам што се иам поминато... Еве само последна случка што стварно ме иритираше бевме излезени и сеа требаше уште една другарка покасно да дојде и коа стигна као другиве толку се опијанија што глумеаа лудило им велам ајде да не се рашетува сама да не бара да излеземе они леле као у фазон пијана сум не ме чепкај девојчето се уби од звонење на крај отидов сама... A треба и да им биде страм за годините сите над 20...
     
    На Sweet-Mila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Изгледа имате преголеми очекувања од другарството кои ни вие не ги исполнувате.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Според мене, да, постои вистинско другарство. Ретко е ко дожд в пустина, ама сепак го има. Имам многу пријатели, ама само неколку другари на кои можам да сметам во било кое време и на било кое место. Само треба да ги препознаете, да ги цените и да ги почитувате.

    Најдобрата другарка ја знам од мои 7-8 години, ден-денеска го имаме истиот, близок однос меѓу себе, можеме да си кажеме буквално се, и во секое време може да сметаме една на друга. Откако се омажи, мислев дека се ќе се смени и дека нема да биде ништо како порано, ама морам да кажам дека промени има, да, нормално, но не драстични. Пак се гледаме како порано, на кафиња, муабети, само што сега тоа време поминато заедно е пократко отколку што беше пред тоа.
     
    На Sweet-Mila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    постои ама многу ретко и постои на некои посозреани години кога можеш правилно да размислуваш и созреано, без испади, напади, глупости што ги праиме тинејџерите и помалите. Коа ќе созрееме тогаш можеме да расудуваме дали е пријател или не, а другово се е фарса и замисла за пријателство :)
    сега за сега на наши години не постои пријателство, постои само корист, завист, љубомора, омраза и ред други глупости кои се жални за спомнување :)
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Постои да, не сум толку песимистички настроена за да престанам да верувам и во вистински пријател. Но, не може да имаш десетина или дваесет вистински пријатели, зборам за пријатели кои не се во роднинска врска, како сестра, мајка, а кои што и да се случи пак ќе бидат твој пријател број еден.

    Вистински пријатели можеш да имаш 2-3, ама вистински во права смисла на зборот. За мене вистински пријател е како прво некој пред кој можам да бидам тоа што сум и знам дека таква ме прифаќа и цени и сака. Јас правам разлика меѓу површни пријатели и вистински пријатели. Површните пријатели се за повремен кафе муабет-дружење, ама ним никогаш нема да им се отворам, понекогаш и исплачам или исповедам како на двете вистински пријателки кои знам дека ќе бидат за цел живот. За разлика од површните, вистинските мои пријателки имаат искривени раменици од моја тага, а и јас од нивна секако. Тоа се луѓе со кои заедно се смеам и плачам, кои не треба да прашаат дали може да дојдам, дали може вечер да преспијам кај тебе, зашто знаат дека во секое време може.

    За ваквите пријатели знам дека ништо не се менува дури и кога сме далеку многу време, знаеш дека кога ќе се вратиш се е исто, пак сте тука еден за друг во секое време. За мене вистински пријател значи да сум слободна да му звонам и во 5 сабајле кога ми е тешко или имам проблем, без да рече будала ли си спијам, туку што можам да направам.

    И да постои ова, можеби го барате во премногу личности, ама малку се тие што можат толку блиски и искрени да бидат. Затоа кога ќе пронајдете некој ваков чувајте го и хранете го тоа пријателство. Кога некој прави се за вас, тоа го очекува и од ваша страна, зашто во спротивно се ќе се расипе. Јас за некој што бил во секое време достапен за мене без разлика на кој начин, сум подготвена да направам се што е во моја способност да помогнам на таа личност. Вистинските пријателства се градат и зацврстуваат низ годините, сепак не се може без барем еден вистински пријател, тоа е богатство кое нема цена.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
    Ретки се вистинските другарки..
    и тешко е да најдиш таква личност.
    Секој е со тебе додека има корист...Жално, но вистинито
     
  10. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Постои, ама во денешно време е екстремно ретко. Порано беше друго, поретко имаше завидливи, луѓето си помагаа и се почитуваа, а денес некако со целото изместување на вредностите како да заборавивме што значи да бидеш до некого во секакви времиња, а и тој другар да е до тебе без никаква корист.
    И како поминуваат годините се уверувам дека ако имаш барем еден вистински пријател си пребогат човек, за жал, има и такви кои не знаат да го ценат тоа.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Вистинско другарство постои, но тоа е многу ретко. Вистински другарства, по мое мислење, се оние кои настанале во раното детство и се одржале со децении... Сите останати другарсва најчесто се моментални, траат кратко, се од некаков интерес... Не се искрени и целосни...
    - Не се согласувам со ова дека некогаш порано имало поголемо другарство меѓу луѓето. И порано имало лажни другари кои оговарале позади грб, кои завидувале, кои не му излегувале во пресрет секогаш на својот најдобар другар и слично. Така да не е се до денешното време - ДО ЛУЃЕТО Е!!!
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Некогаш мислев дека постои. Сега, не.
    Но, не би глумела повредена гуска сега, како НЕКОИ.
    И не би зборувала дека јас сум многу добра.
    Ако нема вистинско другарство, тогаш и јас не сум вистинска другарка, нели?
    Ваквите општествени вредности се многу релативни. На крај, што е другарство?
    „Тие се мои пријатели и јас ќе ги заштитам“ Да ти се плукнам на драгонболскиот сурат... |(
    За еден си другар, за друг не.

    Сепак, човек не може да живее сам, па мора да се има пријатели (да ги наречеме така), луѓе со кои ќе споделува по некој час.
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Вистинско другарство постои, според мене. Како најпрв пример ми е сестре ми. Таа ми е мојата доживотна најдобра пријателка. И не ми е само сестра ми најдобра другарка. Се запознав со едно девојче, не се сеќавам кога точно и каде, но знам дека таа никогаш не би ме повредија, а ни јас неа. Си ја сакам како втора сестра! :hug:
     
    На love-cat19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Па полека полека, брат ми мислам дека ми станува добар пријател. Барем е искрен спрема мене, ако не друго. Со другарките ( 2 ги имам и им верувам до некаде) сум многу блиска, ама сепак не се опуштам премногу. Можеби постои вистинско пријателство, ама кај мене не сум сигурна. Малку сум скептична за тие работи. Сепак кога ми даваат некои совети, другарките, мислам дека го прават тоа само за да се каже дека ме советуваат, но не верувам дека го мислат тоа што ми го кажуваат.
     
  15. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не постои, иако ги имам 2 поблиски сепак секогаш нешто уценуват и ако и најмалку се скараме или се инаетиме за нешто ми кажуват што вистински мислат за мене. :?: :|
     
  16. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Постои, но ретки се вистинските другарства. За жал, јас немам таква другарка :worried:
     
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Не постои, а нема ни да постои! Досега сум се изгорела неколку пати, така да више во таа работа јас не верувам. Иако имам некои така поблиски, пак им се јавуваа таа завист, љубомора, безосетност.. Али за на кафенце еднаш/двапати во месецот се супер. А и искрено не се ни замарам многу, многу околу тоа. :D
     
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    30.792
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека постои,но е мноооогу ретко.
     
  19. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно постои. Јас имам 2ца другари на кои што можам да сметам во секое време. Без да се навредите женски ама мислам дека машките се далеку подобри другари од женските и затоа ретко која од вас има вистински другарки.
     
    На poenta и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  20. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Ретко е ,но постои :) јас имам пријателка од 6год. и еве веќе 12год се дружиме и за овие неполни 12год.пријателство се немаме оговарано,ниту сме били лути една на друга,значи ништо во негативна смисла.Истотака имам и пријател и кога би ги споредувала останатите другарки со кои се дружам и пријателот мој ,би кажала дека повеќе доверба имам во пријателот,отколку другарките.
    Со тоа се согласувам со омг92 дека машките се далеку подобри другари од женските,но со исклучоци секако. :)