Секако дека се менуваат.Во принцип секоја жива или нежива материја со тек на време претрпува извесни промени,ништо не е статично,вечно,па ни луѓето не се исклучок.Причина за тоа што многумина не сакаат да признаат дека луѓето се менуваат,е тоа што очекуваат да се случи extreme makeover на карарктерот преку ноќ,особено баш тогаш кога нив така им одговара и од причина што токму нив така и во тој момент им одговара.И оттаму доаѓаат после разочаруваето,скептицизмот,недоверба итн.
Но,факт е дека постојано сме изложени на некакво влијание,и не можеме да останеме имуни на искуството,дали позитивно или негативно.Какво и да е,удира извесен печат врз нашиот карактер,не обликува,пренасочува,прекршува и повеќе несвесно отколку свесно,но несомнено не` променува на некој начин.Верувам и во можноста свесно да се промени карактерот,само е потребно многу труд и многу време.Покрај тоа,и во самат човекова природа лежи потреба за еволутивен напредок,за постојано созревање и усовршување и со самото зголемување на квантумот на интелектуален капацитет во текот на животот,доаѓа и до промена во карактерот.